дома блог страница 1801

На автобycoт му пyкнала гyма, нема тpaги од кочење – бугарски експерт кој пристигнал прв на местото на нecpeќата со детали за тpaгедиjaта

Пукната предна гума најверојатно ја предизвикала тешката несреќа на македонскиот автобус во Бугарија утрово, изјави експертот за мотори со внатрешно согорување Васко Пиргов, кој меѓу првите пристигнал на местото на трагедијата на автопатот „Струма“ во близина на Перник.

„Автобусот се судрил откако му пукнала предна гума, по што се влечел и дошло до истурање на горивото. Бидејќи греењето било пуштено, оттука избувнал пожарот. Тој почнал во предниот дел на автобусот, зашто задниот дел е зачуван. Според зборовите на полицајците таму, во автобусот имало туби со нафта“, кажа Пиргов за бугарската новинска агенција БНТ.

Загинале 45 патници. Преживеаните се превезени во болница во Софија и се надвор од животна опасност. Македонските државјани биле на враќање од Истанбул, каде што заминале на 18 ноември. Во екскурзијата организирана од една туристичка агенција од Скопје биле вкупно четири автобуси.

Пиргов вели дека делот од автопатот на кој што се случи несреќата е во совршена состојба, ограден со бариери.

„Тоа што се слушнало дека експлодирало е од предната десна гума на автобусот. На патот нема траги на кочење, што значи дека возачот воопшто не реагирал. Веројатно се движеле со 100 километри на час“, кажа Пиргов.

Јовчески ја добива битката со кадрите на СДСМ, падна уште еден вечен функционер?

Според неофицијални информации денеска оставка од функцијата директор на ЈКП “Комуналец” – Прилеп поднесе Сашо Велески.

Велески беше долгогодишен претседател на ОО СДСМ Прилеп, а со доаѓањето на СДСМ на власт прво беше Неизвршен член на Одборот на директори при АД Македонски Телеком, за потоа да стане прв човек на ова јавно претпријатие.

Велески е трет променет директор од СДСМ во јавните претпријатија во Прилеп. Пред него оставка поднесе Емил Јанески од ЈКП Водовод и канализација, а разрешен беше Илија Иваноски од ЈП за ПУП.

Денеска нови директори добија и четири основни училишта.

Метју Меконахи ќе биде новиот гувернер на Тексас?

Холивудскиот актер Метју Меконахи (52) води во трката за гувернер на Тексас, покажуваат последните истражувања на јавното мислење.

Според последните анкети, Меконахи го поддржуваат 40% од гласачите, додека за опонентот би гласале 33%. Во случај противник да му биде актуелниот гувернер Грег Абот од Републиканската партија, за актерот би гласале 43% од гласачите, а против него 35%.

Надругата страна, најлошо стои потенцијалниот кандидат од Демократската партија, Бето О’Рорк. Холивудскиот актер подобро стои и во евентуалниот дуел против кандидатот на демократите. Тој би ја добил поддршката од 49% од гласачите, додека за О’Рорк би гласале 27%. Изборите за гувернер на Тексас ќе се одржат на 8 ноември 2022 година, а се очекува актерот да се кандидира како независен кандидат.

Четири основни училишта во Прилеп добија нови директори

Четири основни училишта во Прилеп од денеска имаат нови директори

Како што дознаваме нов директор на ООУ “Гоце Делчев” е Снежана Котева, која доаѓа на местото на досегашниот директор Веле Ѓорѓијоски.

Со ООУ “Добре Јованоски” ќе раководи Панде Николоска, која доаѓа на местото на Сузана Дарковска.

Нов директор на ООУ “Рампо Левката” е Жарко Бабаноски, кој е доаѓа на местото на Менче Аџиоска.

Нов директор има и ООУ “Kруме Волнароски” во населеното место Тополчани, каде на местото на Јасмина Караниколова е назначен Дејан Бунтески.

Девојките од “New Generation – Прилеп” растурија на Интернационалниот натпревар по танцување “Stage 2021” (Видео)

Вчера во Националната опера и балет во Скопје се одржа Интернационалениот натпревар во танцување “Stage 2021”, на кој настапија и девојките од денс студиото “New Generation” од Прилеп.

Девојките се натпреваруваа со најдобрите во Македонија и постигнаа врвни резултати со кои Прилеп треба да се гордее.

Во формација Street Dance Children прво место освоија Дора Алексоска, Талија Кукулјац, Андреа Мицеска, Барбара Стојаноска и Исидора Петреска.

Во категоријата формација Street Dance Junior второ место освоија Ивана Богојевска, Магдалена Еленоска и Андреа Мицеска.

Честитки за девојките и нивниот ментор Oливер Богојевски.

Воз удри во автомобил во Битола

Очевидци велат дека рано утрово околу 8 часот локомотива која вршела сервис на железничката пруга удрила во возилото и го влечела неколку метри по шините.

Според се уште неофицијалните информации, едно од децата е во потешка состојба, додека другото е згрижено во битолската болница.

Две деца на возраст од 2 и 5 години се потешко повpeдени а нивната мајка минала со полесни повреди откако рано утрово на нив налетал воз. Според се уште неофицијалните информации, тие се здобиле со тешки телecни повpeди кога на нив налетала локомотива додека нивната мајка со автомобилот ја минувала железничката пруга. Според се уште неофицијалните информации, мајката минала преку железничката пруга иако била вклучена сигнализацијата дека треба да наиде воз.

Нови цени на гopивата: Дизелот поевтинува

Дизелот поевтинува за 1,5 денари, цената на бензините не се менува, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,50 ден/лит

Прв пораз после 2 години за екипата на Младост 96

Овој викенд се одржа 6 и 7 коло од Супер лигата во пинг-понг. Веста на денот е поразот на актуелните шампиони Младост 96, од Крива Паланка со резултат 4-3.

Ова е прв пораз по 2 години кога последен пат екипата беше поразена во домашниот шампионат. Малку фалеше да продолжи низата со победи, но во одлучувачките поени противникот беше поснаодлив.

Првите два натпревари беа изгубени со 3-2, и тоа Костадиновиќ од Катиќ, и Лашкоски против Станојковски. Костовски намали на 2-1 во партии.

Победата за 3-3 ја донесе Костовски против Станојковски во еден прекрасен меч, и со тоа му го нанесе првиот пораз на 10-краткиот првак на Македонија. Во одлучувачкиот дубл натпревар поуспешни беа играчите од противничката екипа.

Нема место за паника, екипата е компактна и покрај минатонеделните ковид позитивни случаеви на дел од играчите и тренерот.

Пред тоа Младост96 го совлада Вардар со 4-0, а потоа го одигра заостанатиот натпревар до Радовиш и исто со 4-0 го доби натпреварот.

На табелата Младост96 е на второто место. До крајот на есенскиот дел останува уште еден турнус каде Младост 96 ќе игра со Рисови и Телеком Нец.

Наредниот викенд во Прилеп ќе се одржи Мастерсот за сениори,каде ќе учествуваат и играчите на Младост 96.

Го гледав вчера “Тома” до пола и ми здосади, зошто да се палам на боем кој се дал на коцка и алкоxoл, а го имаме нашиот Јонче Христовски

Фесјбук статус на Александар Цезар Коневски

“Го глеав вчера филмот ,,Тома” мислам на српскиот Тома, а не на британскиот ,,Томи”.

Го глеав негде до пола и ми здосади! Бјелогрлиќ сакал да прикаже некоја стара боемска прича за исклучително талентиран чоек кој не му иде у љубав и се дава на коцка и алкохол (според мене некоја стара шема на денешен Аца Лукас).

Па ми текна на сите коментари што ги читав низ фејсов за тоа како се палат на боемштината и на талентот на Тома и за песМите шо ги оставил како балканско наслеЃе.

Па си викам како да се палам на боемот Тома кога имав прилика да живеам во време на балканов кога твореше најголемиот фраер Јонче Христовски.

Па колку за споредба… Јонче е роден во Битола (колку и да не ми е ќеиФ да ја фалам Битола, морам) Тома е роден у Алексинац, е па у старт има разлика.

Песните на Јонче се далеку поконкретни и помоќни, баш кафански. Македонско девојче е преведена на 20 јазици и е ставена меѓу осумдесет песни како светско наследство, Јонче бил член и играорец на Танец, ПЛУС ова ретко кој го знае:

Јонче како кореограф изработил и создал кореографии за неколку ора, меѓу кои и Калајџиското Оро. Жената и единствената љубов на Јонче загинува во скопскиот земјотрес, фраерот сам ги пораснуе своите две ќерки, никогаш не се преженува.

Јонче е ликот коj нон-стоп беше низ скопските кафани спонтан, дружељубив, кафгаџија, коа ше улеташе со него у кафана ти праеше чувство ко да се знаете сто години, ама БАШ се што следи за еден прав Боем (чоек да си помисли дека е роден скопјанец).

Па да не ја тупам пошто за Јонче би можел да пишуем до утре. Сакав да кажам дека не ми требаат боеми од Лесковац да се палам на нив, коа имам репери за таа работа. Пошто у споредба со Јонче национале, Тома е само еден обичен пи ајница.

П.с коа ќе се напалите на некоја македонска песна у кафана, и коа ќе се курчите дека е народна од времја, убаво проверете после тоа!

Зошто голема е веројатноста истата да е напишана од Јонче“, напиша Александар Цезар Коневски на својот профил на социјалните мрежи, статус кој предизвика особено вниамание”.

Камерите “уловиja” мајка мечка со две мечиња на Шар Планина (Видео)

Несекојдневна глетка се случила вчера на Шар планина и истата била забележана на видео камерите поставени среде шумата.

Имено мајка со двете мали мечиња додека правеле прошетка низ густата шума на Шар планина или додека биле во потрага по храна застанале точно пред камерата и ја овековечиле оваа несекојдневна ситуација.

Мајката и малите мечиња во еден момент се исправуваат како да наслушнуваат дека се во опасност, а потоа и се уплашуваат на момент, но сепак сето тоа на крајот изгледа слатко.