дома блог страница 1798

„Огнено шoy со македонска скapa“ – Вака Бугарин jа коментиpaшe нecpeќата во Бугарија, денеcка бил yaпceн

Бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во Софија е уапсен 24-годишен маж поради неговите коментари на Фејсбук за трагичната автобуска несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија во која загинаа 45 македонски граѓани.

Како што објави БТВ, мажот ќе подлежи на истрага за ширење омраза врз национална основа.

За вакви прекршоци законот предвидува казна затвор од една до 4 години и глоба од 2,5 илјади до 5 пет илјади евра, како и јавно извинување.

„Squid Game“ беше само загревање: Излезе уште една корејска серија која одново ќе ги pyши сите peкopди (Видео)

Пред само неколку месеци беше невозможно да се замисли дека некоја серија може да ја надмине „Squid Game“.

Новата хит серија на Корејците е „Hellbound“ која во рекорден рок ги сруши сите рекорди на гледаност и се искачи на самиот врв.

Серијата беше објавена на 19 ноември и за помалку од 24 часа забележа огромен успех.

Оваа комбинација на хорор и акција преку ноќ стана глобален феномен.

„Squid Game“ досега ја гледале дури 142 милиони домаќинства од 94 земји во светот и профитот од истата изнесува 900 милиони долари.

Погледнете го трејлерот за најновата серија на “Нетфликс”:

Што се cлyчyва во Ѓорче Петров? Ова е за секоja пофалба (Видео)

За една ипол недела, Општина Ѓорче Петров во соработка со Град Скопје ја исчисти дивата депонија во Ново село.

Градоначалникот Александар Стојкоски објави дронски снимки од кои се гледа дека местото кое беше натрупано со отпад, кој повремено се палеше, сега е исчистено.

-Ветивме дека депонијата во Ново село ќе биде минато, успеваме тоа да го реализираме за една недела од почетокот на расчистувањето! Нема загадување, нема палење и чад, нема загрозување на здравје! Има чиста околина, простор за ново зеленило, зона за рекреација! Од сега, ќе бидеме ригорозни со казнувањето доколку затекнавме фрлање отпад од фирми или жители на оваа локација! Постојано ќе има патроли, но и начин како да се пријави доколку некој забележи исфрлање на отпад!, напиша Стојкоски.

УХМР со нajaва: Еве какво вpeме не’ очекyва во текот на денешниот и наредните денови

Времето денеска во Република Македонија ќе биде променливо облачно со утринска магла по одделни котлини.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, особено изразен вдолж Повардарието каде кон крајот на денот повремено ќе засилува.

Утринските температури ќе се движат од 1 до 6 степени целзиусови, а дневните од 6 до 13 степени.

Во следните денови ќе се задржи претежно облачно време со утринска магла по одделни котлини.

Под влијание на влажен бран од петок ќе има повремени врнежи од дожд, на места пообилни, особено во западните делови. На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег.

Од утре ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, што за време на викендот ќе услови повисоки дневни температури.

Претставата “Глембаеви” во петок и сабота на репрертоарот на театарот “Војдан Чернодрински”

Петок (26.11.2021-19.30) и сабота (27.11.2021 -19.30) на репертоарот на театарот “Војдан Чернодрински”
ќе следи преставата “Глембаеви”, во режија на Бранко Брезовец

Претставата „Глембаеви“ од Мирослав Крлежа, во адаптација и режија на Бранко Брезовец, премиерно беше изведена во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ септември 2019 година.

Таа беше дел и од официјалната програма на вториот ден, на овогодишниот Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Во преставата играат Андон Иваноски, Даниела Иваноска, Зоран Иваноски, Трајче Иваноски, Ангела Наумоска, Димитар Црцороски, Исидор Јованоски, Игор Трпчески и Ана Митоска-Стојаноска.

Музиката е на композиторот Никола Мицевски, сценографијата е на Ивана Кнез, а костимите на Сузана Брезовец.

180 вработувања во Тутунски Комбинат – Плата 15.340 денари

Tутунски Комбинат Прилеп објави оглас за ангажирање на 180 работници на определено работно време во траење од 3 месеци.

Огласот трае само 3 дена, заклучно до 26.11.2021год.

Основната плата изнесува 15.340денари.

Миниcтepката за кyлтypa ја paзpeши од диpeктop cecтpaта на Бени Шакиpи – со peaкциja се јави и таа

Министерката за култура, Ирена Стефоска ја разреши в.д. директорката на Театар Комедија, Нора Шаќири-Марковиќ. Таа сега се огласи на социјалните мрежи.

Нејзиниот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:

Имам обврска пред себе и пред вас да ви образложам под какви околности денеска сум разрешена.

НИКОЈ НЕ Е РОДЕН ДИРЕКТОР не сум ни јас но не е секој спремен да влезе во кал, а од тоа да нема лична корист. ЈАС БЕВ СПРЕМНА И ТЕАТАР КОМЕДИЈА СЕ ИЗДИГНА НАД СИТЕ ЦРНИ ОБЛАЦИ КОИ ГО НАДВЈАСАА

Ќе бидам кратка и јасна :

Како директор поведов дисциплинска постапка за вработен кој без никакво образложение, без слободни денови, по завршувањето на колективниот одмор замина на патување и истото го поткрепи со фотографии и за истото се изјасни пред комисијата која го донесе решението за дисциплинска казна дека е виновен и казната ја прифати.

По анонимна пријава за мобинг пратена до Заменик на Претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси министерот Љупчо Николовски во театарот дојде винреден инспекциски надзор односно Државниот инспекторат за труд кој донесе записник во кој се наведува дека ИНСПЕКТОРОТ НА ТРУД НЕ МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ ИНСПЕКЦИСКА МЕРКА врз основа на член 22 и 23 од Закон за спречување на корупција и судир на интереси и предметот ќе биде испратен до ДКСК како надлежен орган.

Во однос на ова сакам да ве известам дека до овој момент од ДКСК ништо не е пристигнато, па по тој основ решението за мое разрешување е неосновано и дека во институцијата не е стигната никаква пријава за вршење на мобинг од мене кон вработен.

Она што е моја гордост е тоа дека работев согласно закон, дека ја имам безресервната поддршка од сите мои колеги, се изборив театарот да се врати во полн сјај без долгови, со три нови претстави, со прекрасен репертоар и неколку фестивали од кои два во продукција на театарот.

Намерата е јасна, делата зборуваат за сите нас

ГОРДА СУМ НА СЕ ДО СЕГА НАПРАВЕНО

ГОРДА СУМ НА ТОА ДЕКА КОНЕЧНО ВО ТЕАТАРОТ СЕ ВРАТИ КОМУНИКАЦИЈАТА, РАЗБИРАЊЕТО И ПОЧИТТА МЕЃУ ВРАБОТЕНИТЕ

Судете сами дали недоаѓањето на работно место е казниво за раководното лице или за лицето кое не се појавува на работното место без образложение..

Благодарам на сите мои колеги за поддршката и вербата во мене, за заедништвото да го вратиме ТЕАТАР КОМЕДИЈА ВО ПОЛН СЈАЈ

Во театар комедија се ширеше љубов, а не омраза

Ви благодарам и на останатите за поддршката.

Средба на градоначалникот Јовчески со рускиот амбacaдор: Прилеп наскоро ќе се збратими со руски град (Видео)

Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, денеска оствари средба со рускиот амбасадор во Македонија, Сергеј Баздникин.

На средбата се разговараше за унапредување на соработката меѓу Општина Прилеп и на Руската Федерација како значаен партнер на нашата држава.

„Денес остварив средба со амбасадорот на Руската Федерација, Н.Е. Сергеј Баздникин, кој ми го честиташе изборот за градоначалник. Взаемно изразивме желба за продлабочување на добрата соработка меѓу Општина Прилеп и Амбасадата на Руската Федерација, преку размена на позитивни искуства и добри практики во повеќе сфери на општествениот живот. Го запознав со програмата која се надевам дека во мојот четиригодишен мандат ќе биде реализирана. Воедно идејата која пред десетина години ја започнавме за збратимување на Општина Прилеп со град од Русија се надевам дека ќе ја реализираме. Денеска добивме и понуда како предлог од амбасадорот дека со еден град од московскиот регион наскоро ќе бидеме збратимени. Тоа беше и еден од проектите кои од 2017 година тежнееме да го реализираме благодарение и на Руско – македонското друштво од Прилеп“, изјави градоначалникот Јовчески.

Амбасадорот Баздникин се заблагодари за средбата и потврди дека односите на двете земји се на високо ниво и дека постојат отворени можности за соработка во областа на културата, туризмот и економијата.

„Ние сме потполно отворени за соработка во сите области кои се од интерес за граѓаните на Општина Прилеп. Убеден сум дека тоа ќе биде голем придонес за подобрување на животите на граѓаните“, изјави рускиот амбасадор, Сергеј Баздникин.

Ова е прва средба на Јовчески со рускиот амбасадор како градоначалник на Прилеп.

Брзо ви се мрси косата? Можеби овој трик ќе биде наједноставното решение за вашиот пpoблем

Доколку сте од оние кои се борат со мрсна коса, можеби ова едноставно решение кое го покажала една тиктокерка ќе ви биде од корист.

Се разбира, таа не открила никаква топла вода, но најчесто ваквите едноставни решенија се најдобри.

Таа се запраша зошто на луѓето им се масни косата толку брзо и дошла на идеја дека можеби сепак има проблем со четките. Кога ја сушите косата или после сушењето, задолжително користете четка или чешел, а доколку не сте ги исчистиле долго време, веројатно се насобрала нечистотија, која потоа ја мрсни вашата коса.

Сите четкички ги потопувала во топла вода, со шампон и ги оставила еден час, а кога се вратила имала што да види – водата била буквално кафена.

Видеото погледнете го ТУКА

Бил невин, а во затвop поминал цели 43 годни пopaди cyдcка гpeшка

Афроамериканец, на возраст од 62 години, со одлука на судот во американската сојузна држава Мисури, вчера беше ослободен откако невин минал 43 години во затвор поради судска грешка.

Затвореникот, Кевин Стрикленд (62) во 1979 година бил осуден на доживотен затвор од поротата (инаку составена од белци) поради тројното убиство што тој го порекнувал.

– Ниту еден материјален доказ не го поврзува (Стрикленд) со делото и тој беше осуден исклучиво врз основа на сведочењето на преживеаниот сведок кој подоцна го повлече своето сведочење, истакна во одлуката судијата Џејмс Велш.

Притоа, двајца од четворицата сторители на крвавиот напад потврдија дека тој е невин, посочи судијата.

– Довербата во судот во случајот со осудата на Стрикленд е целосно нарушена, рече тој, наредувајќи итно ослободување на затвореникот.

Главната обвинителка на Округот Џексон, Жан Петерс Бејкер, која побара да се укине пресудата, ја поздрави одлуката.

„Овој човек, кој толку многу настрада од несреќната судска грешка, конечно доби праведна правна одлука“, се вели во соопштението на Бејкер.