дома блог страница 1799

Заљубени како првиот ден: Како францускиот претседател ја освоил професорката по книжевност

Биографијата на францускиот претседател Емануел Макрон (43) открива детали за неговиот живот со 25 години постарата сопруга Брижит Макрон (68)

Автор е познатата француска новинарка Гаел Чакалоф (49), која се спријателила со семејството Макрон во 2016 година, а постојано ги следела речиси 2 години, па ја напишала биографијата “As Long as We’re Together”.

– Тие се многу поврзани, имаат заеднички распоред и од минута во минута знаат кој што прави. Уверени се дека нивната врска ја подобрува нивната индивидуалност. Претседателот заминува на спиење по разговор со сопругата која е лудо заљубена во него. Таа некогаш спие и воопшто не го слуша што и зборува, но поголем дел од времето таа го чека. Макрон и се јавува на сопругата на секој час и половин, а сите одлуки и чекори ги преземаат заедно.

– Двајцата се многу интелегенти, поврзани на различни нивоа, но и покрај тоа, сеуште се заљубени. Двајцата сакаат книги и читање и нивниот пристап кон животот е таков. Кога разговарате со Брижит или Емануел, нивниот говор е преполн со литерарни алузии. Мојата книга не е политичка книга, туку љубовна. Кога ќе ги видев заедно, а ги гледав често, секогаш се држеа за рака и се бакнуваа на лицето,
открива авторката.

Србија ќе дава по 2.500 евра за секое новороденче

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ги претстави новите демографски мерки, од кои прва е зголемувањето на финансиската поддршка на семејствата за првороденото дете од 100.000 на 300.000 динари (2.500 евра).

Вучиќ откри дека се договорени мерки за поттикнување на наталитетот во Србија како дел од демографска политика.

– Полека исчезнуваме како народ, не има се помалку, а податоците покажуваат дека наталитетот е нешто над 1,5, а потребно е за едноставна репродукција 2.15. Сите светски експерти размислуваат за овој проблем со децении – изјави претседателот.

Вучиќ рече дека е договорено, без разлика што буџетот е донесен во Собранието, од 1 јануари секое првородено дете наместо 100.000 од државата да добива по 300.000 динари. Според него, тоа е првата мерка што треба да ги поттикне мајките, а ќе се комбинира и со многу други мерки.

Што се однесува до второто и третото дете, Вучиќ потсети дека досега правило било за второ дете помошта од две години следи 10.000 месечно, за трето дете 12.000 динари месечно 10 години, а за четврто 10 години 18.000 динари месечно.

– Работиме на нови мерки за второ дете посебно и таа помош ќе биде зголемена – изјави Вучиќ.

– За студентите ја носиме мерката доколку девојка забремени и роди дете, за неа не важат испитните рокови, како и за сопругот, таткото, кој е студент. Ќе поставиме рокови за обичните факултети да завршат до 26 години, а медицинските до 28 години. Така, добиваме дека не мора да паузираат поради раѓање на дете и да ги пропуштат испитните рокови, туку секогаш ќе можат да полагаат без дополнителни трошоци и нова година – објасни тој.

Вучиќ рече дека се разговара за други мерки, а најважна е помош за купување стан.

– Таа мерка ја врзуваме за мајката, за да нема злоупотреба. Државата со неповратни средства ќе помага при купување станови, а правото на сопственост го има мајката. Ќе даваме меѓу 10.000 до 20.000 евра, со цел да ги мотивираме младите да ги напуштат домовите на нивните родители, бидејќи ако седат до 40 години со родителите, мали се шансите да основаат семејство.

Вучиќ посочи дека само мерката за зголемување на помошта за првороденото ја чини државата 5,7 милијарди динари, односно 50 милиони евра годишно.

(Видео) Лоша сигнализација и слабата заштитна ограда се главните причини за нecpeќата?

Повеќето бугарски медиуми во изминатите два дена објавија анализи, цитирајќи бугарски сообраќајни експерти, во кои за катacтрофалната автобуска нecpeќа во која загинаа 45 лица ги обвинуваат лошата сигнализација на автопатот, лошата осветленост, како и заштитната ограда, која според нив е по стари и недоволно добро стандарди.

Инженерот Јонко Иванов во изјава за „Дојче веле“ вели дека стрмните падини и свиоци на тој дел од патот се несоодветни за автопат. Според него овој автопат е дизајниран според стари правила. „Патиштата во Бугарија се многу лоши. Според европските анализи ние сме на последно место по сигурноста на патиштата“ кажа Иванов. Според експертите, просторот за рекреација, каде што се случи несреќата, не е обележан и возач кој не го познава патот може да биде доведен во заблуда. Ако сака да остане на десната лента, одеднаш ќе открие дека повеќе не е на пат.

Димитар Илиев, автомобилски експерт и тркач сугерира дека патот не е квалитетно обележан и дека недостасуваат знаци кои го обележуваат тој дел од патот. При посетата на местото на несреќата Илиев истакнува дека на патот е дозволено да се вози 120 километри на час, иако тој не ги исполнува тие услови. Илиев вели дека знаците и ознаките се многу важни при возење ноќе. Во своето виртуелно излагање тој наведува дека никаде не видел знак за зоната за одмор, каде што се случил инцидентот. Тој вели дека во април 2021 знакот што ја означува зоната за одмор е таму, но во месец мај истиот го нема, како што видел на Гугл Мапс, или поточно таму е, но паднал на земја без никој да забележи.

“Удри бриге на весеље”: Хармоникаш поставен за директор на РЕК Битола

На седница на Управниот одбор на АД ЕСМ донесена е одлука за кадровски промени во РЕК Битола и во РЕК Осломеј.

Разрешен е директорот на РЕК Битола Златко Ќурчиевски и на негово место за в.д. директор е назначен Пеце Матевски, човек кој што е поставен како вработен во РЕК Битола пред 2-3 год.

Пред неколку месеци Матевски е поставен за директор на Термоелектраната во кој период се случија и најголемите хаварии и дебакли. Претходно истиот Матевски работел како продавач на мастики Airwaves по продавниците низ Битола.

Несомнено, ова е уште повеќе деградирачки за РЕК Битола со фактот дека Пеце им своја група со која свири по свадби. Денес во РЕК Битола луѓето се исмејуваат со назначувањето на новиот директор и не им се верува дека покрај сите компетентни луѓе за таква позиција Управниот одбор се одлучил за Пеце да стане директор на РЕК.

Градската река во Прилеп стана Црна Река (Фото)

Градската река во Прилеп од утрово е обоена во модро сина боја.

Прилепчани велат дека ова не е прв пат реката да изгледа вака.

По 6.000 денapи за секое прваче во општина Новаци

Општина Новаци и оваа година доделува еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 6.000 денари. Целта на овој проект е да се олеснат трошоците на родителите за новиот ученик во семејството.

„На првата седница на новиот Совет на Општина Новаци на мој предлог донесовме одлука паричниот надомест за прваче кој се исплаќа во бруто износ од Буџетот на општината, од 5000 денари да го зголемиме на 6000 денари. На овој начин ги враќаме парите назад кај граѓаните, овозможуваме пријатен почеток на првата учебна година и подобри услови во образовниот процес за секое дете. Иста таква одлука донесовме и за зголемување на паричниот надоместок за новородено дете кое сега е зголемено на 6000 денари “ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Родителите на сите првачиња запишани во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци можат да поднесат барање за еднократната парична помош во висина од 6000 денари. Во ЦОУ „ Славко Лумбарковски “ Новаци во учебната 2021/2022 година се запишаа вкупно 24 првачиња. Досега се исплатени 114 000 денари согласно поднесените барања за 19 првачиња, додека останатите 5 барања треба да се докомплетираат со документација и истите ќе бидат проследени на исплата.

Барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2021/2022 година може да се подигне во општината.Во прилог на барањето потребно е да се достават следните документи:Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2021/2022 година,извод од матичната книга на родените, копија од лична карта од еден родител и копија од трансакциска сметка од примателот на паричната помош (на еден од родителите/старателите) .

Барањата можат да се поднесат во архивата на Општина Новаци секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот.

Лукашенко: Не ме интересира дали Западот ме смета за легитимен, мене ме избpa нapoдот, а не ЕУ

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, во интервју за Би-би-си изјави дека не го интересира дали Западот го смета за легитимен претседател или не.

Тој рече дека е избран од народот на Белорусија, а не од ЕУ.

„Западот не ме признава четврт век, но тоа не ме засега. Важно ми е како мојот народ ме доживува“, објасни Лукашенко.

На прашањето како Ангела Меркел, германската канцеларка во заминување, му се обратила во неодамнешниот телефонски разговор, Лукашенко одговори: „Земете транскрипт од разговорот од Германците“, рече тој.

„Мислам дека Бајден е нелегитимен претседател. Видовте што се случи на изборите во САД. Гласаа по пошта, ставаа ливчиња во контејнери за ѓубре. Правеле чуда. Сето ова ви го кажувам за да разберете дека навистина не ми е гајле што мислат за мене во Англија, или Америка, или во ЕУ“, истакна Лукашенко.

Што се однесува до прашањето за бројот на политички затвореници во Белорусија, Лукашенко во интервјуто рече дека нема политички затвореници.

„Во кривичното право на Белорусија воопшто нема казни за политички затвореници. Во затвор се само оние кои го прекршиле законот организирајќи немири. А на Запад бројот на политички затвореници сега постојано расте“, рече Лукашенко.

ЈКП “Комуналец” доби нов Директор – Градот мора одново да блесне од чистота

Рубин Абрашоски, е нов в.д. директор на Јавното комунално претпријатие ,,Комуналец,, – Прилеп. Градоначалникот Борче Јовчески, изборот го направи од постојните вработени во препријатието, каде Абрашоски, изминативе 16 години е докажан професионалец во своето работење во струката.

По вокација, Абрашоски е земјоделски инжењер, и досега ги извршува работните задачи како раководител на Одделението за хортикултура.

Неговото работно искуство во оперативниот дел, познавањето на сите сектори на ниво на претпријатие, како и познавањето на вработените, се гаранција да му се довери највисоката функција во јавното претпријатие, кое е од суштинско значење за функционирање на градот во делот на правилно тертирање и управување со отпадот, јавната чистота, одржувањето на паркови и зленило, управувањето и одржувањето на градските гробишта и ДООЕЛ ,,Терминал,, Комуналец Прилеп.

Абрашоски, доаѓа на местото на досегашниот директор Сашо Велески, кој поднесе оставка од функцијата.

Списокот на преживеаните патници: Само 7 лица успеале да се извлечат

Извори на Алсат во софиската болница информираат за имињата на преживеаните патници од трагедиjaтa во Бугарија, каде што животот го зaгубиja 45 лица.

Список на преживеани лица:

1. Ебип Пајазитовски (24.09.1972), македонски државјанин; 2. Ѓула Јашаровска (16.06.1972), македонски државјанин; 3. Зулејха Јашаровска (12.05.2005), македонски државјанин; 4. Минир Јашаровски (06.01.1971), македонски државјанин; 5. Медина Љутвиј (21.05.1996), македонски државјанин; 6. Љуљзим Сулејмани (04.05.1995), државјанин на Србија; 7. Орхан Алити (12.04.1976), белгиски државјанин.

Овие лица, како што е и претходно објавено, се хоспитализирани во Бугарија и се надвор од животна опасност.

Kaко немаат cтpaв од Бога: Kpaдци направиле пycтош во манастирот во Беранци, да помогнеме сите yкpaденото да се надoкнади

После еден безсрамен нечовечки акт на грабеж и уништување, Манастирот Свети Јован Крстител во селото Беранци заедно со конакот и кујната се оставени со обиени врати, искршени прозори, исечени кабли кренати флидижери извадени мотори шпорина на дрва и украдени вредни предмети, алати и прибор. Сето ова е купено со пари донирани од посетителите на Манастирот и жителите на селото – oбјавија од одборот на Манастирот Св. Јован Крстител во село Беранци, битолско.

Со цел санирање на штетата и обезбедување од натамошни вакви акти, би сакале да замолиме за донација.

Оние кои се во можност, можат да донираат на Жиро Сметка: 240150000273125 во Уни Банка при што на налогот треба да се нагласи дека предмет е Донација.

Ова не е прв пат да се кради ова место скоро секое година но овај пат штетата е ногу голема.

Госпот е голем и скапо ке му плати..!!!! – стои во објавата на Фејсбук.