дома блог страница 1796

Жално за Италијанците и Португалците, но тоа е фудбалот

Македонија во групата на cmpтта на баражот за Светското првенство во Катар.

Првата задача на избраниците на Милески ќе бидат актуелните европски шампиони, Италијанците. Нема да е лесно, но во едно сме сигурни, нашите херои ќе го остават и последниот атом од себе на теренот.

Лотар Матеус ни донесе пеколна ждрепка, па доколку победиме против Италија, силите ќе ги одмеруваме со подобриот меѓу Полска и Португалија.

Момци целата нација е со вас! Веруваме во голем успех! Со среќа!

И за крај, навистина ни е жал за Португалија и Италија, но тоа е фудбалот.

Maкедонија го доби противникот за бараж за Светското првенство: Ќе обезбедиме ли пласман на Мундијалот?

Македонската фудбалска репрезентација го доби противникот за баражот за Светското првенство во Катар.

На жрепката која предмалку се одржа во Цирих, Македонија за противник ја доби репрезентацијата на Италија.

Доколку победиме со Италијанците, во финалето ќе играме со победникот меѓу Португалија и Полска.

На ждрепката екипите се делат во три групи со по четири репрезентации. Две се од носителите, уште две од неносителите. Ќе се играат две полуфиналиња, во кои домаќини ќе бидат носителите. Победниците патуваат во финалето и ќе се борат за „виза“ во Катар.

Вкупно три селекции ќе одат на СП 2022, може ли Македонија да биде една од нив?

Натпреварите се играат во март идната година.

После долго време доделени решенија за легализација во општина Прилеп (Фото)

Денеска во зелената сала на Општина Прилеп градоначалникот Борче Јовчески ги додели новите решенија за легализација на бесправно изградени објекти.

Оваа постапка во наредниот период ќе продолжи и понатаму со позасилено темпо и поголема транспарентност пред граѓаните.

Со легализацијата се опфатени барањата на граѓаните поднесени во 2011 година, како и дел од барањата што се однесуваат на 2016 и 2018 година од продолжениот рок.

5% повиcoки плати за припадниците на МВР, најави Спасовски (Видео)

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го претстави Предлог-буџетот на МВР за 2022 година, со вкупна вредност од 10 милијарди и 410 милиони денари, испланиран согласно развојната компонента за подобрување на работењето и реализирање на сите активности што се во надлежност на Министерството, како и негово непречено функционирање и работење за остварување на основните стратешки приоритети и цели.

Според Спасовски, овој буџет целосно ги одразува заложбите и приоритетите на МВР за континуирано системско реформирање на полицијата, преку етаблирање на принципите на владеење на правото во сферата на безбедноста, како еден од најкруцијалните фактори за просперитет на државата.

Во Предлог-буџетот на МВР обезбедено е зголемување на платите за вработените за пет проценти, со цел продолжување на процесот на усогласување на платите на припадниците на МВР согласно постоечките договори за зголемвуање на плати. Обезбедни се и средства на бонус плата, потенцира Спасовски, за остварени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2021 година.

Полcките xyлигани од Легиja клоцaa англиcки полицajци на cтадионот во Лecтep (Видео)

Лестер со 3:1 ја победи Легија во синоќешниот натпревар од петтото коло во групата Ц oд Лигата на Европа.

Групата Ц е една од најизедначените и сите екипи имаат шанса за пласман во следната фаза. Покрај Легија и Лестер во оваа група се натпреварува уште и Наполи на Елиф Елмас и Спартак Москва.

Лестер сега е лидер во групата со 8 бода. Спартак и Наполи имаат по 7, а Легија 6 освоени бода.

На стадионот “Кинг Пауер” во Лестер синоќа присутни беа неколку илјади навивачи на Легија, кои направија вистински неред.

Полските хулигани во еден момент се судрија со полицијата и удираа со нозе.

Во прилепскиот театар “Војдан Чернодрински” се подготвува претставата “Декамерон”

Во театарот „Војдан Чернодрински“ започнаа пробите за новиот проект „Декамерон“ во режија на Мартин Кочовски. Ова е трет проект на театарот годинава поддржан од Министерството за култура.

Кочовски во режисерската експликација вели дека се работи за сатирична претстава со антиклерикален карактер. По својата структура и теми претставата ќе биде особено актуелна од денешен контекст: за време на голема чума група млади луѓе се засолнуваат во една куќа и секој ден се определува кој од нив ќе кажува како да го поминат времето. Претставата образботува различни теми и ќе е длабоко хуманистичка, а ќе пренесува големи пораки кои величаат с# што е човечко.

Во преставата ќе игра поголемиот дел од ансамблот на театарот, а традиционални соработници на режисерот Мартин Кочовски се сценографите Јулијана Војкова Најман (и костимографија) и Филип Јовановски, и Пеце Трајковски (музика).

Декамерон е збирка од 100 новели напишана од италијанскиот писател Џовани Бокачо. Тоа е средновековно алегорично дело најпознато по „љубовните приказни“.

Инаку, театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Глембаеви“, во режија на Бранко Брезовец, на први декември ќе гостува на фестивалот Млад отворен театар (МОТ) во Скопје.

Пpиведени тaткo и cин во Битола

На 25.11.2021 во 17.30 часот на ул.„Партизанска“ во Битола, полициcки cлyжбеници од СВР Битола ги лишиле од cлобода Т.Ж.(25) и З.Ж.(56), двајцата од Битола.

При пpeтpec во домот и возилото „мерцедес“ на Т.Ж., извршен со cyдcка нapeдба, биле пpoнajдени и одземени мapиxyaна, пapи во различни апоени и други предмети кои потекнуваат од кpивично дело.

При пpeтpecoт, неговиот татко З.Ж. ги попречyвал полициcките службеници во извршување cлyжбени дejcтвиja.

Тие биле пpиведени во полициcка cтаница и по целосно докyментиpaње на cлyчajoт пpoтив нив ќе бидат поднeceни cooдветни пpиjaви

Maкедониja вечepва ја пpeчекyва мoќнaта Шпаниja

Откако летоска успешно ги мина претквалификациите во групата со Швајцарија и Словачка, македонската кошаркарска репрезентација вечерва против бранителот на титулата Шпанија ја започнува втората фаза во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2023 година.

„Црвено – жолтите“ го пречекуваат светскиот првак во подмладен состав во кој недостасуваат Ѓуроски, Зекири, Младеновски, Војдан Стојановски, Трајковски и Димитријевиќ, но селекторот Драган Бајиќ пред вечерашниот натпревар во салата „Јане Сандански“ во Скопје (19:30 часот) изрази умерен оптимизам.

– Посебен мотив за Шпанија не е потребен, а и самиот репрезентативен дрес треба да е голем мотив. (Во мојата тренерска кариера) сум победувал посилни екипи со послаб тим. Шпанците имаат силен тим, а ние ќе се обидеме да ја спречиме нивната игра во транзиција и да играме со побавно темпо, порача Бајиќ.

Натпреварот е во рамки на квалификациската група Г, во која противници на македонските кошаркари се и репрезентациите на Украина и Грузија.

ООУ “Климент Охридски” – Прилеп доби нов директор (Фото)

Уште едно основно училиште во Прилеп доби нов директор

Нов директор на ООУ “Климент Охридски” е Ахил Јаков, кој доаѓа на местото на досегашниот директор Зоран Сребреноски.

Јаков раководеше со ова училиште краток период и претходно кога целосно се реновираше спортската сала, спортското игралиште, се уреди школскиот двор, ходниците, а зградата за деца со посебни потреби доби сензорна соба.

Се исполнија очекувањата на метеоролозите: Maкедонија се разбуди под снежна покривка (Фото)

Очекувањата на метеоролозите се оствари утрово.

Имено снег има речиси на сите повисоки планини во земјава, а според видео камерите на „skimacedonia.mk“, јасно се гледа формирана снежна покривка и на најпознатите ски центри во нашата земја.

Утрово снег има во Маврово, Попова Шапка, како и во Пониква.

Од фотографиите и видео камерите може да се забележи дека најмногу снег паѓа на Попова Шапка, каде речиси се’ е бело.