дома блог страница 1795

Aвион co пopaка над Cкопје: “Се гледа кopyпциja” (Фото)

Авион кој во моментов лета низ Скопје, носи платно со порака.

„СЕ ГЛЕДА КОРУПЦИЈА“ – пишува во пораката.

КУРИР се обиде да побара одговор од Контролата на летање, но од таму не одговорија на нашиот повик.

Вечерва сите во Универзална: Прилеп го пречекува Бутел

Денес (27.11.2021) со почеток од 18:30 часот во рамки на 12.коло од Суперлигата екипата на Прилеп го пречекува скопски Бутел. Ако се земе предвид табелата, секако дека гостинот е фаворит, но ако се знае дека на гостувањето во Скопје испуштивме победа при крајот на мечот, во 1. есенско коло, тогаш може да се очекува рамноправен дуел. Во Универзална сала судии се Димитар Георгиевски и Дејан Георгиевски, делегат Ацо Николовски, сите од Скопје.

Натпреварот можете да го проследите и на следниот линк:

Дозволено е присуство на гледачи до 50% од вкупниот капацитет на салата.

Потребно ќе биде да покажете сертификат/потврда за извршена имунизација или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена заедно со документ за лична идентификација.

Задолжитено е носење на заштитна маска.

На нашите ракометари им посакуваме многу среќа на денешниот натпревар!

Заврши политичката кариера на Миле Талески?

Со заминувањето на Зоран Заев, од прилепската политика замина и Миле Талески.

По три катастрофални порази, по немањето никаква морална одговорност спрема гласачите и членовите, синоќа со заминувањето на Заев, заврши и политичкото “грвелкање” на Миле Талески.

Сега во тотално искомплицирана ситуација во СДСМ Прилеп, останува да се почека кога ќе се вонредните парламентарни избори и Миле да си се врати во матичната институција ПУИК, поранешен СИЗ, и како одделенски наставник ревносно да работи во интерес на институцијата.

Денеска се слави Св. апостол Филип

Денес 27 ноември, православната црква и нејзините верници слават празник посветен на Светиот апостол Филип, но и Божиќни поклади – последниот ден кога годинава е дозволено да се јаде месо и масно.

Имено, утре започнува големиот Божиќен пост, кој ќе трае до празникот на раѓањето Христово на 7 јануари, поради што овој празник понекогаш се нарекува пост на Филип.

Светиот апостол Филип е роден во Витсаида близу Галилејското Море. Тој ревносно го проповедаше Евангелието во Азија и Грција, каде што Евреите сакаа да го убијат, но Бог го спаси со моќни чуда. Така, еврејскиот епископ, кој брзал да го победи Филип, одеднаш ослепел и поцрнел.

Умрел на 86-годишна возраст со тоа што бил распнат на дрво од паганите и Вартоломеј. Луѓето истрчаа да ги соблечат, но тие успеаја само да го спасат Вартоломеј, додека Филип почина.

Моштите на Свети Филип подоцна биле пренесени во Рим.

Народни верувања

Според старото народно верување, на овој ден треба да подготвите богата вечера и да се радувате со семејството.

На прославата на Божиќ му претходи голем Божиќен пост, но му претходи божиќни поклади или празници. Изобилуваат со разни народни обичаи.

По покладите започнува постот, што значи воздржување од мрсна храна, храна од животинско потекло и алкохолни пијалоци. Тоа е телесен пост, додека духовниот пост значи и воздржување од лоши мисли, желби и најважно дела.

Различни обичаи се поврзани со овој ден, што зависи од крај до крај. Некаде после вечерата, сите синџири во куќата се врзани, лушпите од изедените јајца се фрлаат во оган, стапалата се мачкаат со лук, а децата ги облекуваат своите превртени пижами и маици пред спиење.

Постои верување дека навечер стапалата треба да се мачкаат со лук и да се изговорат следниве зборови: „Вештерка како конец, забите како кол“.

Народните верувања го поврзуваа овој период со зголемена опасност од злобни сили и вештерки, од кои луѓето се штитеа на симболични начини, како на пример со лук или со палење ритуални огнови („олалија“). Во Хомоj, меѓу влашкото население, постоел обичај да скокаат над огнови и да играат околу нив.

Македонија има нов дијамант: Со 17 години постигна 18 поени против моќната Шпанија

Македонија синоќа ја пречека моќната Шпанија во првото коло од квалификациите за Светското првенство во кошарка.

Нашите момци загубија со високи 65-94. Висок пораз, но не и неочекуван. Нашите момци одиграа едно солидно прво полувреме после кое разликата беше достижни 11 разлика за Шпанците.

Но, Шпанија ја покажа целата своја моќ во третата четвртина, која ја добија со 17:29, па веќе немавме шанси за некакво изненадување.

Сепак во овој висок пораз има и нешто позитивно, а за тоа се погрижи фантастичниот Тео Симиќ, 17-годишниот играч на Барселона кој постигна 18 поени.

Младиот македонски кошаркар имаше скор 6 од 8 и 3 од 4 за три поени.

Симиќ иако е се уште многу млад полека, но сигурно се наметнува како нов лидер на македонската кошаркарска репрезентација и докажува дека ќе прерасне во голем играч.

Прифатена ocтавката на 3aeв, избopoт на нов лидep почнyва од yтpe (Видео)

На 12 декември, недела, ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката на лидерот Зоран Заев.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, информираше дека постапката за кандидатура почнува од утре, а ќе трае седум дена. Можност за гласање ќе имаат сите членови на партијата, а по изборот на нов претседател ќе следува избор на ново раководство.

Се уредува и проширува прифатилиштето за згpижyвање бездомни животни во Прилеп (Фото)

Со цел да се подобрат условите за престој на заловените кучиња, ,,ЈКП ,,Комуналец,, – Прилеп, го доуредува дворното место и боксовите за престој.

Прекубројната популација на бездомните кучиња во општинава по заловувањето се сместуваат во прифатилиштето, кое со правилно и хумано менаџираме од страна на вработените, успева да ја подобри сотојбата со бездомните кучиња.

Препораката на вработените сертифицирани заловувачи и ветеринари е жителите од Прилеп, иматели на кучиња да применуваат кастрација и стерилизација во комбинација со здравствена заштита и тоа: микрочипирање, третман против ектопаразити и вакцинација против Беснило.

Тимот кој работи на оваа проблематика ги охрабрува граѓаните да се вклучат во решавањето на комплексниот проблем со бездомните кучиња во општинава, да вдомуваат бездомни кучиња и да соработуваат со пријавување:

тел. 048/428 992
емајл: [email protected]

www. komunalecprilep.com.mk, или со порака на ФБ страниците од ,,Комуналец,, и Прифатилиштето за згрижување на бездомни кучиња.

Според законската регулатива, заловените кучиња по кастрацијата, чипирањето и медицинскиот третман се враќаат на местото на заловување, живеат во градот Прилеп, лоцирани во различни населби и се препознатливи по извршеното чипирање.

Пресметајте го датумот за среќен брак советуваат нумеролозите – еве како навреме да си резервирате

2022 година е пред нас, а ако размислувате на брак, ова се најповолните датуми за венчавка според нумеролозите.

Еден од свадбените трендови во последните години е „ловење“ на среќни датуми за свадба. Среќната седумка на 07.07.07 доживеа вистински „свадбен бум“.

Датумот со три осмици пак, кој ја симболизира бесконечноста, речиси се приближи до таков рекорд. Во 2019 година, невестите и младоженците избираат датуми „огледало“ како на пример, 19.09.19.

Нумеролозите тврдат дека датумот на вашиот среќен брак може да се пресмета. За да го направите ова, едноставно пресметајте го бројот, месецот и годината на раѓање на идните сопружници.

Да речеме дека роденденот на невестата е на 10.07.1992 година, а младоженецот е роден на 21.09.1988 година.

Сметаме:

Невеста: 1 + 0 + 0 + 7 + 1 + 9 + 9 + 2 = 27 = 2 + 7 = 9

Младоженец: 2 + 1 + 0 + 9 + 1 + 9 + 8 + 8 = 38 = 3 + 8 = 11 = 1 + 1 = 2

Сега соберете ги овие два броја: 9 + 2 = 11

Излегува дека овој пар е подобро да се венчаат на единаесетти.

Извор: “Република”

Акциcка на подрачјето од СВР Битола, санкциониpaни 17 возила за превоз на патници, 9 имале неиcпpaвни кочници

Денеска (26.11.2021) во временскиот период од 08.00-14.00 часот на подрачјето на СВР Битола била спроведена регионална акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници.

Притоа, биле контролирани 80 возила, а биле утврдени 17 неправилности, кои се соодветно санкционирани. Од нив девет за неисправен уред за сопирање, две за неисправен уред за управување итн – информираат од МВР.

(Видео) Во последен момент одлучил да не се качи во автобусот: Од семејството мислеле дека е во истиот, бидејќи не се јавувал на телефон пет часа

Во последен момент, младиот Енес не се качил во автобусот на „Беса транс“ и решил да отпатува за Истанбул со сосема друга туристичка агенција, објави „БТВ“.

За жал, неговите блиски не знаеле дека Енес во последен момент се предомислил и два дена го барале, мислејќи дека е меѓу загинатите. За среќа, тој се вратил дома здрав и жив.

Енес често патувал во Истанбул и вообичаено тоа било со истата туристичка агенција – спорната „Беса транс“.

– Размислував да одам два-три дена во Истанбул со оваа агенција („Беса транс“), но се предомислив и заминав со друга компанија. Направив тест за ковид-19 и ја сменив резервацијата. Меѓутоа, моите дома знаеја дека патувам со „Беса транс“. Не можев да ги исконтактирам, немав интернет и роаминг, на враќање кон дома немаше мрежа. И два дена подоцна, се појавив, вели Енес.

Целата статија и видеото можете да ги погледнете на КУРИР.МК.