дома блог страница 1794

Прилепчанец направи фантастична најава за натпреварот Италија-Македонија што предизвикува мopници (Видео)

Македонија во март идната година ќе има историска прилика да игра натпревари за пласман на Светско првенство во фудбал.

Жребот сакаше нашите момци да се соочат со Италија, и тоа на гости во Рим. Ако Македонија успее да го помине актуелниот европски шампион, ќе игра против победникот од дуелот Португалија-Турција за пласман на Мундијалот во Катар.

Фудбалот е игра во која се’ е возможно, па затоа целата нација верува.

Мартин Пресилски од Прилеп направи фантастичен трејлер, како најава за дуелот со моќната италијанска репрезентација.

Уживајте во продолжение:

Екс пpaтеникот на СДМС „pacпали“ по инcтитyциите и coпcтвеникот на „Бeca Tpaнc“

Не дечко, не е ова тест на Алах, ова беше тест на нашите инспекциски, управни, царински и гранични служби, вели денеска Павле Богоевски поранешниот пратеник, откако со фејсбук статус се јави Беким Хаџиу, сопственикот на превозникот Беса Транс. Хаџиу рече дека несреќата била божја волја и дека со патниците биле како семејство.

„Пет дена по трагедијата, газдата на БЕСА Транс, Беким Хаџиу конечно излезе од дупка и преку фб изрази сочуство на семејствата на загинатите, а несреќата ја опиша како “тест на Алах”. Не, дечко. Ова беше тест на нашите инспекциски, управни, царински и гранични служби.

Сите тие паднаа на тестот, давајќи ти на тебе и сличните криминалци да печалите пари на сметка на безбедноста на патниците кои се дрзнуваш да ги наречеш “семејство”.

Подобро да останеше во дупката. Срамота, напиша Богоевски.

Teжок спортски викенд за екипите од Прилеп: Нов пораз вечерва и за РК Прилеп

Екипата на РК Прилеп во рамките од 12-то коло од машката Супер лига, вечерва во Универзалната сала го дочека РК Бутел.

Бутелчани докажаа зошто се наоѓаат во самиот врв на табелата и рутинирано триумфираа со резултат 23-26 (10-13 на полувремето).

Ова е осми пораз за прилепчани сезонава, а деветта победа за екипата на РК Бутел.

Во наредното коло коло РК Прилеп гостува кај Металург.

ЛИНК од натпреварот во продолжение:

Претходно денеска порази забележаа и Победа против Саса во Македонска Каменица, како и екипата на Мега Баскет против Работнички 2018.

(Фото) Полна сала, одлична кошарка, но КК “Работнички” поквалитетен во Прилеп

Екипата на Мега Баскет од Прилеп, вечерва во салата во ООУ “Добре Јованоски”, во рамките од шестото коло од Третата лига ја пречека екипата на Работнички 2018.

И двете екипи претендираат за првото место на табелата и досега беа непоразени, а вечерва подобра беше екипата на Работнички. Крајниот резултат 84-100.

Публиката уживаше во одлична кошарка, а младата екипа на Мега Баскет покажа дека ја заслужува поддршката и во иднина.

Најдобар поединец во прилепската екипа беше Стефан Стевананџија.

Бучковски за Заев: Тој е најдобриот лидер што го имала СДСМ, тајната за неговиот успех е неговата “несовршеност”

Зоран Заев е најдобриот претседател што го имал СДСМ во изминативе 30 години, вели во изјава за неделникот Фокус поранешниот лидер на СДСМ и премиер Владо Бучковски.

-Заев е најзаслужен за враќањето на СДСМ на власт, по 10 тешки опозициски години. Тој е најзаслужен за влезот на Северна Македонија во НАТО. Тајната на неговиот успех е неговиот карактер и неговата „несовршеност“, но, пред се, неговата храброст, изјави Бучковски.

Тој смета дека има 3 етапи од развојот на СДСМ, при што првиот е поврзан со Бранко Црвенковски, вториот со него и Радмила Шеќеринска и третиот со Заев.

Oдлична вecт за Македонците: Германија конечно ќе дозволи двојно дpжaвjaнcтво

Програмата на новата коалициска влада во Германија предвидува промена на Законот за државјанства, со што двојното државјанство ќе биде дозволено за државјани кои не се членки на ЕУ – објави iamexpat.de

Со оваа измена на граѓаните кои доаѓаат од земји што не се членки на Европската Унија за прв пат ќе им биде дозволено да се одлучат за двојно државјанство.

Ова е одлична вест за голем број македонски гастарбајтери, кои во моментите кога ќе стекнат услови за германско државјанство мораа да се откажат од македонското.

Покрај Македонците, измената на Законот ќе биде од корист и за припадниците на турската заедница, која брои неколку милиони во Германија.

Повеќе информации за добивање германско државјанство можете да погледнете ТУКА

42-годишна жителка на прилепско донесена почината во прилепската болница, известен е jaвен обвинител

На 26.11.2021 во 16.14 часот во полициcка cтаница Прилеп од општа болница Прилеп било пpиjaвено дека кај нив била донесена почината В.Ј.(42) од с.Марyл, прилепско.

Известен е jaвен обвинител по чиja нapeдба над телото на починатата ќе се изврши обдyкциja – информираат од МВР.

Во соопштението од МВР не даваат дополнителни информации за настанот.

Показна вежба: Прилепските пожарникари спасуваа дете од бунар

Прилепските пожарникари денеска изведоа показна вежба спасувајќи дете од бунар со вода во прилепско село, на длабочина од преку осум метри. Ова е официјална вежба за да се покаже подготвеноста на единицата за спасување животи.

„Последниот период сме имале неколкку ваккви несреќи во рурурална средина. Еве би го споменал случајот од пред 2 недели кога ја обезбедувавме трката на down hill на Топташ. За 2 дена имавме 2 повреди, едната беше со скршена вилица, а другата со набиеници на пршлените. Дури моравме лицето да го транспортираме во положба во која и го стекнавме, а тоа беше во лежечкка положба на стомак. Така и го транспортиравме бидејќи се наоѓаше на високите ридови на Шаторов камен“, истакна Дарко Неданоски, пожарникар.

Прилепската единица има човечки ресурси но останува пропблемот со недостиг од опрема или таа што ја има е речиси дотраена или неатестирана. Во Пожарната имаат три комплети за вакви несреќи, но опремата не е атестирана.

Видео: Канал 5 Телевизија

Победа декласирана во Македонска Каменица

Во рамките од 12-то коло од Втората лига – Исток, Победа денеска гостуваше во Македонска Каменица кај Саса.

Домаќините славеа со 3:0 и ја симнаа Победа на второто место на табелата. Ова е втор овосезонски проаз за црвено-белите, кои останаа на 26 освоени бода.

Нов лидер на табелата е екипата на Слога од Виница, кои денеска триумфираа на домашен терен против Локомотива од Градско со 3:0.

Во наредното коло Победа на Градски во Прилеп ќе ја пречека токму Слога, дуел кој можеби ќе одлучува за првото место и директен пласман во Првата лига.

Кастриот Реџепи: “Можно е да променам место на седење во Собранието”

Пратеникот Кастриот Реџепи, во гостување на емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77, изјави дека е можно да го промени местото на седење во Собранието.

„Се уште сме немале пленарна седница, a таму се обележани местата. Јас им кажав на колегите, се сретнав со колегата Фазил Зендели од БЕСА и разговарав со него бидејќи гледам дека инсистираат на тоа дека јас сум исклучен од партијата, иако тоа е дискутабилно. Му сугерирав дека можно е да променам место на седење, иако тоа не е некаков проблем. Секој си го има своето столче“, кажа Реџепи.