дома блог страница 1793

Граѓаните требало да побараат дали комапнијата имала лиценца, вели висок фyнкционep од влacта

Вината може да се гледа и кај граѓаните кои требало да ја проверат лиценцата на автобусот, вели Владимир Пивоваров, Национален координатор за гранично управување.

– Одговорност имаат и граѓаните како што имаат и институциите, изјави Пивоваров, во емисијата „25 минути“ на ТВ 24.

Иритирачка изјава за автобуската несреќа во која загинаа 45 лица, даде и газдата на Беса транс, Беким Хаџиу.

– Овие тестови се од Алах и верувам дека се прифатени од секој верник, неговата волја не може да биде променета ни за минута и бараме од Алах никого да не тестира, напиша меѓу другото Хаџиу на Фејсбу.

Ваквите изјави уште повеќе го разгоруваат револтот кај граѓаните од негрижата на институциите и власта за безбедноста на граѓаните.

Прво да видел што ќе било со Бугарија – Заев уште не си оди од пpeмиep

Прво да завршат преговорите со Алтернатива, да се види како ќе одат преговорите со Бугарија, па дури тогаш премиерот Заев би ја активирал оставката. Ова тој вечерва го изјави за ТВ Телма.

„Прво треба да се завршат преговорите за парламентарното мнозинство со Алтернатива. Ако се заврши и јавно објави, ќе се направи проценка со стабилно и зголемено парламентарно мнозинство да се влезе во Парламентот со постапка за избор на влада со Алтернатива, а во зависност од преговорите со Бугарија. Една од најзначајните причини поради која Алтернатива би влегла во влада е да обезбеди стабилна влада и стабилно мнозинство поради почеток на преговорите со ЕУ“, вели Заев.

После вчерашната изјава на првиот вицепремиер Артан Груби од ДУИ, денеска и неговиот сопартиец министерот за надворешни работи Бујар Османи упати апел Заев да остане на премиерската функција , да не се загрозат евроинтегративните процеси и државата да не влезе во нови проблеми.

Од друга страна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бара од Заев, по поднесената оставка во партијата, да поднесе оставка и во Владата.

Министерството за надворешни работи со историски најголемиот буџет за 2022 година

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешната прес конференција го претстави Буџетот на министерството за надворешни работи за 2022 година кој воедно преставува историски најголемиот буџет на МНР, со кој не само што се прекинува праксата за намалување на средствата наменети за дипломатијата, туку има зголемувањето од без малку 30% (28%) во однос на 2021 година што преставува сериозен потенцијал за обновување на сите функции на дипломатијата.

„Отсекогаш надворешната политика била притисната меѓу потребата за силна, современа и професионална дипломатија од една страна, и економската состојба и со тоа буџетските приоритети на државата од друга страна. Буџетот на МНР за 2022 година е предвиден на една милијарда и шестотини и педесет милиони денари, или околу 27 милиони евра; што преставува зголемување од нешто над 360 милиони денари, или околу шест милиони евра“, истакна Османи.

Министерот информирајќи ја јавноста за буџетот на МНР за 2022 година напомена дека овие средства ќе бидат наменети за издатоците поврзани со пополнување на сите испразнети амбасадорски места, доекипирање на амбасадите и конзулатите со дополнителен дипломатски кадар, а во овие средства се влезени и издатоците за економските советници во амбасадите, но и зајакнување на кадарот за комуникација со дијаспората.

Покрај редовната дипломатска активност, во следната 2022 година Република Македонија ги започнува и обврските поврзани со претседавањето со ОБСЕ во 2023 година; процес кој суштински трае три години, почнувајќи за нешто повеќе од еден месец, на 1 јануари следната година. За оваа намена во буџетот за 2022 година предвидени се околу 110 милиони денари, или без малку 1,8 милиони евра. Соодветно на преземените обврски за претседавањето со ОБСЕ, во 2022 година предвидено е да се упатат над 15 лица во мисијата во Виена, кои ќе работат и на нашата улога во рамките на претседавачкото трио, но и ќе се подготват за финалното преземање на претседателството со ОБСЕ во 2023 година.

„Само да напоменам дека за самото претседавање во 2023 година, дополнително уште од сега се мапирани нови осум милиони евра, но тоа е ставка која ќе биде дел од буџетот за 2023 година“, дополни Османи.

Во зголемувањето на буџетот влегува и преземената обврска согласно одлуката на Владата која одобри повеќегодишните буџетски средства во висина до пет милиони евра, за реализација на активности на повеќе дипломатски и конзуларни имоти. Се работи за имотите во: Цирих, Атина, Канбера, Будимпешта, Бразилија и Анкара, токму онаму каде што е утврдено дека поради неопходната потреба од реконструкции, реновирања и потребни адаптации, веќе подолго време нашите имоти не се користат за потребите на дипломатско конзуларната мрежа. Реализацијата на овие капитални инвестиции понатаму ќе обезбеди заштеди на годишните трошоци кои сега се одвојуваат за наемнини и други редовни трошоци.

Cветот се затвopa пopaди новиот coj кој е најопaceн за младите и невакциниpaните

Целиот свет е загрижен за новиот сој коронавирус омикрон, откриен прво во Јужна Африка, но проширен и во Европа и Азија, поради големиот број мутации кои може да го прошират вирусот, па дури и да ги нападнат антителата од претходна зараза или вакцинација. Според научниците во Јужна Африка, младите на возраст од 20 до 30 години се разболуваат со средно тешка или тешка форма на болеста, а некои завршуваат и на интензивна нега. Околу 65% од разболените не се вакцинирани, а повеќето од останатите се вакцинирани само со една доза.

Вакцинацијата останува клучен фактор за спречување на ширењето и на овој сој.

Поради омикрон многу земји од петокот воведоа нови рестрикции за патување, а фармацевтските компании се во трка за да утврдат дали новите вакцини против ковид-19 се ефикасни. Научниците велат дека ќе трeба неколку недели за да се дефинира типот на болеста што ја предизвикува новиот сој, да се утврди колку е заразен и колку е проширен.

Некои забележуваат дека и други варијанти, како бета, прво беа откриени во Јужна Африка, но со време ги замени делта. Делта сојот останува доминантен во светот, но уште не се знае дали омикрон ќе може да надвладее.

Но најголемото прашање останува дали ќе издржи заштитата на вакцините – скоро 8 милијарди дози се примени во цел свет. И дали оние кои прележале ковид ќе бидат имуни од зараза со омикрон? Експертите не знаат и дали омикрон ќе предизвика потешка или полесна форма на болеста од другите соеви. Но, научниците немаат дилема дека вакцинацијата треба да остане приоритет, оти сепак ќе дава заштита до извесен степен. Исто така, секој треба и понатаму да носи маска, да избегнува гужви, да ги проветрува просториите и да мие раце.

Светската здравствена организација (СЗО) официјално го именуваше новиот сој омикрон, и соопшти дека има многу мутации, а првичните сознанија сугерираат зголемен ризик од реинфекција. Првичните студии покажуваат дека степенот на репродукција на омикрон е 2 – што значи дека секој заразен ќе го пренесе на уште двајца. Но омикрон има над 30 мутации во делот на вирусот кој што го напаѓаат постоечките вакцини. Експерименталните антивирусни таблети, како паксловид на „Фајзер“ и молнупиравир на „Мерк“, ги напаѓаат деловите на вирусот кој не е сменет со омикрон, така што овие таблети може да станат уште поважни ако има закана за имунитетот стекнат од вакцините.

Ердоган нapeди иcтpaга за можна манипyлaциja со валyтата: Tурcката лиpa со пад од 45%

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган нареди истрага за можна манипулација со домашната валута, откако лирата неделава нагло падна на рекордно ниско ниво во однос на доларот, јавува Анадолу.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган нареди истрага за можна манипулација со домашната валута, откако лирата неделава нагло падна на рекордно ниско ниво во однос на доларот, јавува Анадолу.

Ердоган го задолжи Државниот надзорен совет, агенцијата за ревизија која поднесува извештаи на Претседателството, да ги идентификува институциите кои купиле големи количества девизи и да утврди дали дошло до некаква манипулација.

Лирата неделава падна на рекордно ниско ниво откако Ердоган вети дека ќе се држи до политиката на ублажување на каматните стапки.

Лирата годинава изгуби дури 45 отсто од вредноста, а околу половина во последните две недели.

Имајте лесен и благословен пocт: Од денеска започнуваат шестнеделните божиќни пости

За православните христијани, кои се водат според Јулијанскиот календар, денеска почнува шестнеделниот Божикен пост.

Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик, 7 јануари, денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари.

Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, кој 40 дена поминал во пустина во пост и молитва. Постот претставува духовна и телесна подготовка на човекот за влез во тајната на претстојниот празник.

Божикниот пост е втор по должина на траење, веднаш по велигденскиот. Во однос на „строгоста“ за употреба на храна, божикниот пост е „поблаг“, бидејќи дозволува користење вино, масло за јадење и риба.

Во Православната црква практика е во текот на божикниот пост верниците да се исповедаат и по можност да се причестат за да бидат што подостојни во подготовката за празнување на Христовото раѓање – Божик. Целта на постот е да се „исчистат“ духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела. За време на божикниот пост, посни се и сите славски трпези.

Со Канонот на Православната црква се предвидени еднодневни и повеќедневни пости.

Еднодневните пости се во среда и петок, Водокрст на 18 јануари, Отсекувањето на главата на св. Јован Крстител на 11 септември и Крстовден на 27 септември.

Повеќедневни пости се велигденските, петровденските, богородичните и божикните пости.

Лицата кои доследно ги почитуваат правилата постат и секоја среда и петок, бидејќи тоа се деновите кога Христос е осуден и кога умрел на крстот.

Божикниот пост, како и останатите повеќедневни постови, датира од првите векови на христијанството и се споменува во делата на светите лица од 4 и 5 век.

Првобитно постот траел седум дена, а одлуката христијаните пред празникот – Раѓањето Христово да постат 40 дена е донесена на Собор во 1166 година.

Траењето на божикниот пост се објаснува и со четириесетдневното патување на тројцата мудреци до Витлеемската пештера, во која на 25 декември е роден Богомладенецот Исус. Затоа се вели дека постот е ѕвезда водилка за сите кои христијанството го одбрале за своја вера, како што за мудреците кои верувале во пророштвото за раѓањето на Спасителот единствена водилка била најсветлата ѕвезда на небото, која се движела од западот кон истокот и која ги довела во Витлеем.

Сите мислеа дека следува ќотек, но дечките си биле примерни (Фото)

На социјалните мрежи се појави фотографија на две дечиња кои седат на трибините на меч во Германија и пијат нешто што наликува на пиво, а тоа предизвика многу коментари од германската јавност.

Додека корисниците се расправаа како е возможно децата да пијат пиво затоа што се малолетни, конечно пристигна одговор за пијалокот во чашите.

Тоа било сок од јаболка.

Залудно се налутија возрасните мислејќи дека деца пијат пиво. Тие само слатко си уживаат во сокчето гледајќи фудбал.

Мицкоски: “Промените се случуваат во општините каде ВМРО-ДПМНЕ управува – ветеното ќе биде испорачано”

Продолжуваме низ Македонија, онаму каде што сме ветувале да испорачаме тоа што сме го ветиле, истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Навистина сето ова делува импресивно, многу се мотивирани што е важно, мотивацијата е на исклучително високо ниво. Од тоа што можам тука да го видам во Свети Николе е дека изминатиот период многу малку се сработило, а тоа што се сработило се направило неквалитетно. Затоа нашите заложби во периодот кој следи ќе бидат динамични и сакаме да го зголемиме интензитетот и динамиката на реализација на проектите, на тоа што сме го ветиле пред светиниколчани и во централниот дел, но и во руралните средини и селата кои се составен дел на општината, истакна тој.

Мицкоски посочи дека градоначалникот информираше и за проектите кои ќе ги работи заедно Светска банка.

-Зборуваше и за населбите кои се уште немаат ниту атмосферска ниту фекална канализација. Зборуваше и за насушна потреба на 21 век а тоа е водовод во село Орел. Навистина импресивно сето ова делува и јас сум тука да ги поддржам сите проекти кои на чесен и транспарентен начин ќе бидат изработени со многу дисциплина и голем мотив. Преку глава им е на граѓаните од политиканство и сето она кое политичарите изминативе 30 години го прават во Македонија, а тие го гледале. Потребно е да ги засукаме ракавите и да работиме. Јас го охрабрувам градоначалникот и сите кои се дел од општинската администрација да продолжат по тој пат и да испорачаат она кое што го ветиле за време на кампањата за овие локални избори, посочи Мицкоски.

Чкатроски: “СДСМ ќе стане егземплар за одење по затвори”

Политичкиот аналитичар, прилепчанецот Даме Чкатроски, предвидува црно сценарио за раководството на СДСМ.

“Зоран Заев, толку! Земјотресите се последица на нешто долу таму во земјата кое ние не можеме да го видиме,а постои.

Зоран Заев си замина од активната политика за да се посвети на фамилијата.

Со оваа реченица многу политичари во Европа и САД заминале последниве 50 години.

Така и Зоран Заев.Европско или американски,модерно,да се посвети на семејството.

Останаја неговите следбеници на она што велат Стратиште Хисторије.Допрва крајот нема да може да им се најде.

Кај и да е сега ќе ја нагазат со тотал корупција каде ќе се скапат по затвори следните 10 години.Сосе судење сосе се и сешто.

Кај нив владее следно-Ма оставете Зоран Заев што замина,да видиме до следни Парламентарни да има повеќе време и да се одериме крадење.

Добре дојдовте во нови шеми, брзи пари,лесни дечки..Све је лако кад си на власт. Потаму ќе видиме.

Овој СДСМ ќе биде егземплар за одење по затвори.Тоа можам лесно да ви го гарантирам.

Од Зоран Заев надолу тие што ќе останат ќе си се расправаат со Вмро-Дпмне и судските лавиринти тешки мачни години.

И тоа не е се. Хаосот допрва иди.Партијата внатре ќе полуди.Двете партии и СДСМ и Вмро-Дпмне до март на многу ќе им дадат нога ,да би се спремиле за Парламентарни Избори.

Ситуацијата тешко ќе ја контролира некаков Димитар Ковачевски. Доколку го праша Зоран Заев кого да го смени,би рекол дека Мила прва ќе лета у свемиру.
Мало ама за летање спремно.Со тоа таа ќе си ја заврши политичката кариера за следните 2 декади. Потаки не сум толку видовит.

Многу од отупуканите по резултати од Вмро-Дпмне и СДСМ во 2022 година ќе ги завршат политичките кариери.

Има датум нема ли датум или има датум за датум,дел од Шарените пренесени во влада така дебело се испостраја да од Шарени варени и барени еден куп ќе излезат на крај од 2023 година.

Политичката слика на Македонија полека ќе почне да се менува. Тоа ќе е посебно во 2023 година.
СДСМ ќе оди кон амбисот под будно око на заинтересираните и со партиски отпор од внатре по системот –Да ги стегнеле редовите.Вие не можете повеќе ништо да стегните.Убавите моменти поминаја.

СДСМ треба да се подготви да победи на некакви избори во 2027/2028 година,а тоа најмалку ќе го направи со оваа постава денес,вклучувајќи го и Зоран Заев па и некаков Димитар Ковачевски.Од оваа постава за тие избори нема да остане ни буква.

И добро е тоа. Веќе ќе немаат политичките елити со кого да прават договор во сезоната 2027/2028.Тоа ќе биде Република Северна Македонија која во кој ли знае какви преговори со ЕУ заглавила.

Овие дечки нема да преговараат тогаш ..Нема да постојат. Времето се движи и е единствената работа која со пари не се купува.

До тогаш Груевски ќе го управува Будапест Хотел, со сиот шарм и ќе се труди да го изгради стилот и модата.

И тој и Зоран Заев нема никој ни да ги спомнува..2027 /2028 година ќе биде година на други деца и други принципи и менталитет.
Од нас толку. Време е да се посветиме на семејствата. И ептен ми е мака за Шараните. Ваков пушашчки шинобус само во Македонија.

Дечки нека ви е на здравје”

За оние кои не вежбаат, а сакаат рамен стомак- oва е решението

Имате сало на стомакот, а никако не можете себеси да се принудите да уплатите месечна членарина за теретана или едноставно да започнете да трчате?

Нормално дека не постои напиток кој што налик на волшебно стапче од бајките ќе ве претвори во супермодел. За добра линија сепак е потребно засекогаш да се откажете од нездравите навики, особено во исхраната, како и да влијаете на самоконтролата.

Сепак, ако сакате предлог за оброк или ужинка, кој што може да ви помогне во процесот на слабеење, нутриционисти предлагаат да го пробате овој банана шејк со бадемово млеко.

Покрај тоа што е многу вкусен, лесно се подготвува.

Состојки: 500мл бадемово млеко, 2 смрзнати банани, 2 мали лажички бадемов путер или кососово масло, 2 лажици грчки јогурт, 2 мали лажички јаворов сируп или мед (по избор), малку морско оревче.

Подготовка: Сите состојки ставете ги во блендер и пасирајте. Турете во чаши и уживајте.