дома блог страница 1792

Само искусни возачи го знаат овој трик

Доаѓаат постудени денови, а со нив и поголема можност за замаглување на стаклата. Во некои ситуации, ова може да биде многу опасно, затоа даваме совети како да ги одмаглите што е можно побрзо и генерално да го ублажите или спречите замаглувањето на прозорците.

За да ги одмаглите прозорците со класичен метод, потребни ни се десет минути ако не и повеќе. Но, постои побрз начин.

Во зима, важно е да се намалат изворите на влага во возилото, така што снегот и дождот од чевлите и облеката да не се внесуваат во возилото, а теписите да не се навлажнуваат.

Еден млад човек успеа да го најде најбрзиот начин за одмаздување на неговиот канал на Јутјуб преку серија експерименти, а еве ги четирите чекори:

1.Поставете го греењето на максимум; 2. Вклучете ја климата; 3. Исклучете ја опцијата за внатрешна циркулација на воздухот; 4. Отворете ги прозорците накратко.

Ќе ви ги одмаглaт прозорците за рекордно време.

Познато кога почнyва новата сезона на “Пpecпав”

Од 20 декември започнува со емитување новата сезона на македонската серија „Преспав“. Шестата сезона од серијата, како и досега, ќе се емитува на Македонската телевизија со почеток во 20:15 часот.

Ова го потврдува и од јавниот сервис и од тимот на „Преспав“ со Фејсбук објави на нивните официјални страни.

Омилените ликови и нивните смешни случки и ситуации во пансионот „Преспав“ за многу време повторно ќе ги гледате на малите екрани.

По 20.000 денapи нагpaда за дел од вojниците кои гacea пожapи, 463 лица се пофалени

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во скопската касарна „Илинден“ додели награди и стимулативни мерки на припадници на Армијата за вложениот труд и остварените резултати во гасењето на пожарите што ја зафатија територијата на Република Македонија.

Со парична награда од 20 илјади денари наградени се 14 лица од воздухопловниот винг при Командата за операции, со 10 илјади денари наградени се 274 лица од Команда за операции, 10 лица од Батаљон на специјални сили и 12 лица од извидувачко – разузнавачки батаљон.

Со три дена наградно отсуство се наградени 228 лица од Команда за операции и 10 лица од Батаљон на специјални сили. Пофалени се 463 лица од Команда за операции, 10 лица од Батаљон на специјални сили и 13 лица од извидувачко – разузнавачки батаљон.

Шекеринска им оддаде признание и благодарност за нивната пожртвуваност и храброст за време на пожарите, кога спасија многу животи, многу имоти и природни богатства, со нивниот, како што потенцира, беспоштеден ангажман во гасењето на огнените стихии.

Знам дека тоа што правевте и жртвата што ја преземавте, истакна таа, не ја правевте ниту за пари, ниту за пофалници, ниту за слободни денови, туку заради Вашиот збор дека ќе служите и ќе сторите се за да ја заштитите државата и да ги одбраните нејзините луѓе.

Го казниле 100 eвpa зошто возел 101км/ч, а било дозволено 100 (Фото)

Финансиски ги одраа граѓаните – го казниле од МВР 100 евра, затоа што возел 101км/ч, а дозволената брзина била 100км/ч, замислете – напиша на ФБ, Антонио Милошоски кој објави прекршочен платен налог.

-Во исто време, на министрите Филипче и Бочварски, на газдата на БЕСА ТРАНС и директорот на Инспекторатот за транспорт, ништо не им фали, ни казна, ни одговорност, иако им настрадаа десетици луѓе во пеколни услови – пишува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Воспитувачка во градинка ги тера децата да пеат “Жена од султана”: Ajде пејте инаку ќе ја исклучам (Видео)

Родител кој сака да остане анонимен, до редакцијата на „Слободен печат“ испрати видео снимка на која се гледа како воспитувачка од градинка на 5-годишни деца им пушта турбо фолк песни, ги снима и им вика да играат и да пеат.

Песната која се слуша во позадина е „Жена од султана“. Дечињата играат, а воспитувачката им вика „Ајде пејте сите инаку ќе ви ја исклучам“. Потоа таа ги прашува од каде ја знаат песната и дали вакви песни им пуштаат и дома?

– Учителката ни го испрати видеото со цел да се „пофали“ што работеле дента, бидејќи таа не информира за дневните активности. Кога ја видов снимката ќе се онесвестев. По која програма им се пушта песната „Жена од султана“ не ми е јасно. Зарем нема доволно убави детски песни на кои децата можат да играат? Ако толку сакала да шизат, можела да им пушти некои диско песни, а не турбо фолк и кичерај – вели родителот кој се пожалил во редакцијата на “Слободен печат”.

Видеото погледнете го ТУКА

Изложбата на ликовната колонија “Нижеполе” од утре пред прилепчани

На 30 ноември / вторник/ од 12.30 ч. во Ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена ретроспективна изложба на дела од битолската ликовна колонија „Нижополе“.

Пред прилепчани ќе бидат изложени 20 –ет слики од исто толку уметници, учесници низ годините на колонијата, која постои од 2000-та година.

Ова е само мал дел од големото богатство на дела што ќе бидат на увид пред јавноста. Имено, на колонијата „Нижополе“ во изминатите 20 години учествувале и твореле над 300 учесници од земјата и од странство, кои создале преку 700 уметнички дела.

Дизелот останува на иста цена, мало поевтинување кај бензините

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 денари/литар

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 74,50 ден/лит, цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 76,50 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 65,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.11.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,298 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.11.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,543 ден/кг.

Ако не сте зеле досега, еве колку е минималниот износ на К-15 за оваа година

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годинава треба да добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15.

Регресот за годишен одмор годинава е во минимален износ од 11.457 денари.

Пресметката за износот на К-15 е утврдена на 40 отсто од износот на просечната нето плата во последните три месеци или 40 отсто од износот на просечната бруто плата во последните три месеци.

Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, а право на регрес секој работник има еднаш во годината.

За работодавците кои нема да дадат К-15 или пак ќе го побараат назад од вработените,казната е до 4.000 евра.

Викенд во знак на пинг понгот во Прилеп (Фото)

Викендов беше посветен на пинг-понгот. Активна беше и женската екипа на Младост96, која во саботата одигра два натпревари од Суперлигата, а во ООУ “Добре Јованоски” се одржа и Мастерс тунирот за сениори/ки.

Најпрво во саботата се одигра првото коло од прилепската Бизнис лига, која побуди голем интерес кај прилепските компании. Веќе од првото коло се наѕираат екипите кои се издвојуваат за висок пласман.

Во саботата женската екипа на Младост96 извојува две победи против Крушево со 4-1, и со екипата која исто така претендира за првото место Шампиони Фа – извојувана победа со 4-3. Вториот дуел беше неизвесен до самиот крај, бидејќи победникот беше решен во играта на двојки, и тоа во петтиот сет, каде прилепските играчи извојуваа победа со 3-2 во сетови.

Гвозденовиќ, Михаилов Богоеска и Стојческа беа играчите кои ги донесоа овие две победи.

ППК Младост 96 е на првото место со три победи без пораз.

Во неделата се одигра првиот Мастерс Телеком турнир за сениори/ки, каде одличен настап имаа прилепските играчи.

Антонио Стомнароски одигра одличен турнир и го освои третото место што е одличен пласман и успех за играчот на Младост96. Рикалоски и Тошески се пласираа меќу 16 најдобри. Лашкоски и Костовски не настапија на турнирот од оправдани причини.

Државните прваци Кристијан Станојковски и Амелија Уце-Николов ја оправдаа фаворитската улога и го освоија првиот рангирен турнир во сезоната. Иако уште на стартот во групната фаза на натпреварите Уце-Николова беше изненадена уште во првото коло и претрпе пораз од Катарина Михаилов, сепак до крајот на натпреварувањето не дозволи иненадување и го подигна победничкиот пехар.

Кај сениорите Станојковски без пораз, со само еден изгубен сет во финалето, сигурно го освои златото и уште еднаш покажа дека секогаш кога е потребно тој се претставува во најдобро издание.

Финални натпревари:

Сениори
Кристијан Станојковски – Филип Младеновски 4:1

Сениорки
Амелија Уце-Николов – Бојана Михајловска 4:0

Пласман Сениори
1 место: Кристијан Станојковски – Крива Паланка 2007
2 место: Филип Младеновски – Шампион Фа
3 место: Сашо Стојановски – Работнички
Антонио Стомнарсоки – Младост 96

Пласман Сениори
1 место Амелија Уце Николов – Шампион Фа
2 место Бојана Михајловска – Рисови
3 место Сара С.Стојановска – Крива Паланка
Ива Димитриевска – Рисови

Важно соопштение за крушевчани

Заради обилните врнежи во текот на изминатите 24 часа настана заматување на водата.

Граѓаните да не ја користат за пиење или пак доколку се конзумира истата задолжително да се преврива, соопштија од ЈП „Комуна“ во Крушево.