дома блог страница 1789

Инициjaтивата “Дониpaj компjyтep” за 5 години изpaдyва 600 ceмejcтва низ Македониja (Фото)

Целта на оваа непрофитна и невладина организација е секое домаќинство да има потребен алат за учење, а компанијата Mozzart ја поддржа иницијативата со донација на техничка опрема.

Дигитализацијата е клучна за развој на економиите засновани на науки и нови технологии, но ова е тешко да се спроведе на дело ако младите генерации немаат потребна опрема да бидат во чекор со иновациите. Здружението “Донирај компјутер” работи токму на овие проблеми, такашто ширум Македонија подаруваат компјутери со цел секое семејство да има барем по еден компјутер и основно средство за учење. Компанијата Mozzart ја поддржа оваа иницијатива со донација на лап топ-и и компјутери, кои ќе бидат насочени таму каде што е најпотребно.

Оваа непрофитна невладина организација за пет години на територија на Македонија обезбеди повеќе од 600 семејства со компјутери, односно донираше повеќе од 1.200 компјутери!

На кој начин тоа го прават?

Овие вредни и способни ентузијасти собираат компјутери, ги поправаат и доведуваат во состојба повторно да се користат, а потоа ги проследуваат на стотици адреси! Привлекоа многу симпатии во претходните години, па се повеќе луѓе им се јавуваат со желба да помогнат.

“Огромна благодарност до Mozzart и нивниот тим кој ја достави нивната поддршка кон нашата иницијатива #Донирај Компјутер. Се надеваме и на понатамошна соработка со цел олеснување на образовниот процес и создавање на еднакви можности за квалитетно образование на сите дечиња од Македонија.” – нагласи претседателот на здружението “Дoнирај компјутер”, Борче Стаменов.

Компанијата Mozzart исто така веќе долги години донира техничка опрема на бројни организации и институции, затоа логичен чекор беше вклучување во оваа акција.

“Секогаш сме тука да поддржиме добри идеи и да помегнеме повеќе да се чуе за нив. Компјутерот е денес основно средство за работа, а за младите претставува можност за едукација и усовршување. Мило ни е што компјутерите кои ги дониравме ќе помогнат на семејствата ширум Македонија.” – истакна Мики Златески, менаџер за корпоративни процеси во компанијата Mozzart.

Со товapно возило yдpил во огpaда на патот Битола-Ресен, па со тешки повpeди завpшил во болница

На 30.11.2021 во СВР Битола било пpиjaвено дека на патот А-3 Битола-Ресен, пред место викано „Ротинска крстосница“, товарно возило „мерцедес спринтер“, со охридски регистарски ознаки, yпpaвyвано од Б.Т.(58) од с.Загорчани, струшко, yдpило во метална заштитна огpaда.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобил возачот, конcтатиpaни во Клиничка болница Битола.

Увидот го извpшила yвидната екипа на СВР Битола – информираат од МВР.

Србија ги „замрзнува“ цените на основните прехранбени производи

Од денеска се применува уредбата на Владата на Србија со која се пропишува 60 дена да се „замрзнат“ цените на шеќерот, брашното тип 400, сончогледовото масло, свинско месо и млеко со 2,8 отсто маснотии. Цените на тие основни намирници се задржаа на износот што беше на 15 ноември, така што нема да бидат исти во сите продавници.

„Тоа значи дека максималната цена на конкретен производ од овие пет групи може да биде цената што тој конкретен трговец ја имал на 15 ноември“, изјави за порталот Н1 секретарот на Трговското здружение во Стопанската комора на Србија, Жарко Малиновиќ.

Ограничувањето на цените нема да важи за намалените и промотивните цени – доколку некој производ од таа група бил во продажба на 15 ноември, нема да важи неговата промотивна цена, туку редовната.

Регулативата предвидува и производителите да не смеат да испорачуваат производи од овие пет групи во количини помали од просекот во последните 12 месеци.

Казни се пропишани за фирмите кои се придржуваат до начинот на пресметување на маржата или не ги ограничуваат цените на петте основни намирници.

Зиков: “Ние сме заложници на митови, можеби Цвета во “Македонска кpвава cвaдба” добpoволно отишла кај бегот” (Видео)

Однапред се извинувам за овие 2:12 секунди после кои секој ќе биде поглуп отколку што бил 2 минути и 12 секунди претходно, коментира Богдан Илиевски на гостувањето на директорот на МЕПСО во „Само вистина“ и неговото гледиште за македонската историја со тези како таа дека Цвета не била грабната, туку дека сама заминала кај Осман бег, преку тоа дека Македонија не била поканета на заседанието во Јајце и дека Крушевската република траела 12 дена, зотшо Османлиите тоа време биле на летен одмор.

-Бидејќи ова што ќе го слушнете е еден од налудите идиотизми кои сте ги чуле во животот. Воопшто.
Во ниту еден момент додека дрнда не е ни блиску до формирање на кохерентна рационална мисла со поента вредна за толкување и анализа. Љупчо Зиков, во полн сјај на една лејка, вели Илиевски.

Битолчани “ce cмpзнaa” yтpoво – измepeни -10 cтепени

Утрово најстудено во Битола каде беа измерени -10 степени. Утринските температури во целата држава се под нулата, освен во Дојран каде според Управата за хидрометеоролошки работи е измерен еден степен над нулата.

Во Берово утринската температура е -8 степени, во Маврово и Попова Шапка -7, во Крива Паланка и Крушево -6, во Петровац кај Скопје, Демир Капија и Струмица -5, на Зајчев Рид Скопје, Прилеп, Штип, Виница и Куманово -4, во Тетово, Охрид и Гевгелија -3 и во Претор -2 степена.

Најмногу снег има на Маврово – 22 сантиметри, потоа во Крушево 20 сантиметри, на Попова Шапка 17 и во Битола 15 сантиметри.

Според најавата на синоптичарите, денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе се движи од 5 до 11 степени.

Жена за лидер на СДСМ, Ременски се кадидираше (Видео)

Поранешната министерка Фросина Ременски денеска објави дека поднесува кандидатура за претседател на СДСМ.

-Ги предадов сите документи за самокандидирање за претседател на СДСМ. Очекувам во следниот период, согласно роковникот, да се утврдат кандидатите, со што би почнале активностите за претставување на кандидатите пред членовите, активистите и симпатизерите на СДСМ, изјави Ременски пред партиското седиште.

Вели дека одлуката ја донела врз основа на нејзиниот целокупен општествено-политички и партиски активизам.

Денеска и Димитар Ковачевски најави дека официјално ќе ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ во партиското седиште.

Партијата ги повика сите заинтерсирани да се самокандидираат, а постапката започна на 27.11.2021 и ќе трае седум дена.

Три неработни денови во месец декември

Последниот неработен ден за 2021 година, кој ќе важи за сите граѓани ќе биде 8 декември (среда).

На овој ден се празнува “Св. Климент Охридски“.

Инаку во месец декември ќе одмараат и граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.

Ќе одмараат и Kатолиците во земјава и тоа на 25 декември, прв ден Божиќ кој се паѓа во сабота.

Bpие oд полициja во центapoт на Скопje, ce пocтапyва по пpиjaва за поставен екcплозив, евакyиpaни зградите на МНТ, А1, МНР…

Неколку објекти меѓу кои и зградата во која се сместени МИА, СЕП, ДКСК, Финансовата полиција, Инспекторатот за животна средина, вечерва се евакуирани. На вработените им е кажано веднаш да излезат од објектите.

Испразнети се и зградите на А1, на МНР и соседните објекти во центарот на Скопје.

Полицијата не дозволува движење на луѓе и возила кон Мавровка, МНТ и МРТ, а блокирани се и околните улици и крстосници. Забележливо е зголемено присуство на полицијата и полициски возила.

Oд МВР излегоа со кратко соопштение во кое велат:

-Ја известуваме јавноста дека МВР постапува по пријава за напад, откако едно лице се јавило во 16.45 во билетарата на МНТ. Станува збор за стандардни мерки на МВР после ваква добиена пријава и веднаш штом ги завршиме проверките и веродостојноста на информацијата ќе ја известиме јавноста соодветно.

Апелираме граѓаните да останат смирени, а медиумите да ги пренесуваат официјалните и точни информации.

Новинарот Фуркан Салиу информира дека евакуирана била и црквата Св. Богородица.

Прилеп пак вивна со новозapaзени – Ова е веќе загpижyвачки

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.424 тестирања, а регистрирани се 460 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 185, Прилеп – 54, Битола – 45,Кавадарци -28, Берово – 20, Куманово – 15,Гевгелија – 11, Велес – 10, Тетово, Охрид, Радовиш и Делчево – по 9, Кочани и Крива Паланка – по 7, Кратово – 5, Неготино и Валандово – по 4, Струга, Виница и Македонски Брод – по 3, Струмица , Ресен, Крушево, Македонска Каменица , Пехчево и Дојран – по 2, Гостивар, Штип, Кичево, Свети Николе, Дебар, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

Регистрирани сe 543 оздравени пациенти од: Скопје – 234, Битола – 54, Прилеп – 31, Куманово – 25, Кавадарци – 23, Штип и Охрид – по 20, Кочани – 15, Велес – 14, Струмица – 13, Гевгелија и Ресен – по 12, Тетово – 9, Радовиш, Берово и Делчево – по 7, Неготино и Демир Хисар – по 6, Крива Паланка и Кратово – по 5, Кичево и Богданци – по 4, Струга – 3, Виница – 2, Свети Николе, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 3 починати лица од Скопје (63г, 67г и 83г), 2 починати лица од Битола ( 66г и 83г), и по едно починато лице од Куманово (79г), и Берово (69г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 5 починати лица со датум на смрт од 02.10.2021 до 27.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Битола (1), Велес(1) и Прилеп (1). Починатите лица се на возраст од 70г до 88г. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.

Направени се 2.424 тестови преку: ИЈЗ-332, ЦЈЗ Скопје-77, ЦЈЗ Битола-65, ЦЈЗ Прилеп-39, ЦЈЗ Тетово–11, ЦЈЗ Куманово-62, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-19, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–3, Жан Митрев (Филип Втори)-69, Авицена-151, Биотек-164, Систина-81, лабораторија Лаор-69, Синлаб-28, Ремедика-30, Плодност–40, Генеа-13, Никоб лаб-217, ВФВ Медикал-25, Ели Медика-22, Ројал Медика–9, Спектра-ММ-12, Рапид Лаб–1,Жан Митрев Струмица–9,Нова Лаб Дијагностика–5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 869.

Досега во земјата се направени вкупно 1.471.420 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.585, бројот на оздравени пациенти е 200.003, на починати е 7.581, а бројот на активни случаи изнесува 8.001.

Во Прилеп во моментов активни се 423 случаи.

(Фото) Научниците направија роботи што можат да се размножуваат

Научниците успеаа да креираат роботи кои самите ќе можат да се размножуваат.

Тим истражувачи минатата година објавија дека ќе создадат синтетички форми на живот составени од клетки на кожа и клетки на срцевиот мускул добиени од ембриони од жаба.

Овие креации беа наречени Xenobots, што потекнува од латинското име за африканската жаба со канџи: Xenopus laevis.

Според извештајот објавен во Националната Академија за наука во Британија, Xenobots биле видени како се движат, туркаат или носат предмети, кои би можеле да имаат реална примена во чистењето на микропластиката или во медицинската област.

Коавторот, професорот Мајкл Левин, објасни како тоа би можело да биде решение за „трауматски повреди, вродени дефекти, рак и стареење“, доколку тие можат добро да ја прилагодат способноста да им кажат на роботите што да прават.

Но, Xenobots, исто така, биле видени како се репродуцираат, и тоа го прават на начин што научниците досега не го виделе.

„Откривме дека синтетичките повеќеклеточни склопови можат и кинематски да се реплицираат со поместување и компресирање на дисоцираните клетки во нивната околина во функционални само-копии“, се вели во студијата.