дома блог страница 1790

Прилеп пак вивна со новозapaзени – Ова е веќе загpижyвачки

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.424 тестирања, а регистрирани се 460 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 185, Прилеп – 54, Битола – 45,Кавадарци -28, Берово – 20, Куманово – 15,Гевгелија – 11, Велес – 10, Тетово, Охрид, Радовиш и Делчево – по 9, Кочани и Крива Паланка – по 7, Кратово – 5, Неготино и Валандово – по 4, Струга, Виница и Македонски Брод – по 3, Струмица , Ресен, Крушево, Македонска Каменица , Пехчево и Дојран – по 2, Гостивар, Штип, Кичево, Свети Николе, Дебар, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

Регистрирани сe 543 оздравени пациенти од: Скопје – 234, Битола – 54, Прилеп – 31, Куманово – 25, Кавадарци – 23, Штип и Охрид – по 20, Кочани – 15, Велес – 14, Струмица – 13, Гевгелија и Ресен – по 12, Тетово – 9, Радовиш, Берово и Делчево – по 7, Неготино и Демир Хисар – по 6, Крива Паланка и Кратово – по 5, Кичево и Богданци – по 4, Струга – 3, Виница – 2, Свети Николе, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 3 починати лица од Скопје (63г, 67г и 83г), 2 починати лица од Битола ( 66г и 83г), и по едно починато лице од Куманово (79г), и Берово (69г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 5 починати лица со датум на смрт од 02.10.2021 до 27.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Битола (1), Велес(1) и Прилеп (1). Починатите лица се на возраст од 70г до 88г. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.

Направени се 2.424 тестови преку: ИЈЗ-332, ЦЈЗ Скопје-77, ЦЈЗ Битола-65, ЦЈЗ Прилеп-39, ЦЈЗ Тетово–11, ЦЈЗ Куманово-62, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-19, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–3, Жан Митрев (Филип Втори)-69, Авицена-151, Биотек-164, Систина-81, лабораторија Лаор-69, Синлаб-28, Ремедика-30, Плодност–40, Генеа-13, Никоб лаб-217, ВФВ Медикал-25, Ели Медика-22, Ројал Медика–9, Спектра-ММ-12, Рапид Лаб–1,Жан Митрев Струмица–9,Нова Лаб Дијагностика–5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 869.

Досега во земјата се направени вкупно 1.471.420 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.585, бројот на оздравени пациенти е 200.003, на починати е 7.581, а бројот на активни случаи изнесува 8.001.

Во Прилеп во моментов активни се 423 случаи.

(Фото) Научниците направија роботи што можат да се размножуваат

Научниците успеаа да креираат роботи кои самите ќе можат да се размножуваат.

Тим истражувачи минатата година објавија дека ќе создадат синтетички форми на живот составени од клетки на кожа и клетки на срцевиот мускул добиени од ембриони од жаба.

Овие креации беа наречени Xenobots, што потекнува од латинското име за африканската жаба со канџи: Xenopus laevis.

Според извештајот објавен во Националната Академија за наука во Британија, Xenobots биле видени како се движат, туркаат или носат предмети, кои би можеле да имаат реална примена во чистењето на микропластиката или во медицинската област.

Коавторот, професорот Мајкл Левин, објасни како тоа би можело да биде решение за „трауматски повреди, вродени дефекти, рак и стареење“, доколку тие можат добро да ја прилагодат способноста да им кажат на роботите што да прават.

Но, Xenobots, исто така, биле видени како се репродуцираат, и тоа го прават на начин што научниците досега не го виделе.

„Откривме дека синтетичките повеќеклеточни склопови можат и кинематски да се реплицираат со поместување и компресирање на дисоцираните клетки во нивната околина во функционални само-копии“, се вели во студијата.

Нешто што ќе ве насмее до солзи денеска: Инспектор Томе му прави фотосесија на Талат (Видео)

Новите епизоди од популарната серија ќе започнат да се емитуваат од 20 декември на Македонската радио телевизија, од 20.15 часот.

Шестата сезона од популарната серија ќе има нови 20 епизоди реализирани во копродукција на ОХО и МРТВ, од каде најавуваат бројни изненадувања и многу хумор.

A дека ќе биде така најавуваат и популарните Инспектор Томе и Талат:

Водовод Прилеп со апел до граѓаните

ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп апелира до граѓаните на Општината да не ги отстрануваат заштитните барикади кои се поставени на санираните дефекти за нивно обезбедување.

Имено „Водовод и канализација“- Прилеп редовно ги обезбедува подрачјата на санирани дефекти со соодветна заштитна сигнализација за безбедноста на граѓаните.

Генералот знаел: “Во СДCM се нaмeтнyваше eyфopија, јас знаев дека голем дел од граѓаните се нeзaдoволни”

Очекувам преговорите за ново владино мнозинство да завршат за неколку дена, смета Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Како коалиционен партнер во владината коалиција без зачуден од стратегијата, од кампањата и издигнувањето на локалните избори на ниво на референдум, погрешна стратегија, колатерална штета беше премиерот Зоран Заев. Оставката на Заев за мене беше неочекувана, тој битката за град Скопје ја направи да се биде или не.

Непотребно беше сето тоа. Во политиката нема место за емоции, таа е сурова професија. Не верувам дека се работи за емотивна одлука која Заев ја донел вечерта на изборите. Анкетите беа погрешни, резултатите беа шокантни. Во СДСМ се наметнуваше еуфорија, но јас имав поинаква перцепција. Кај голем дел од граѓаните постои незадоволство од власта, рече Ангелов во утринското „Студио 10“ на ТВ24.

(Фото) Поради премногу снег гостите не можат да излезат од пабот: Таму се веќе 3 дена, а забавата не прекинува

Над 60 луѓе веќе три дена се заробени во еден паб во Велика Британија. Како што пренесуваат локалните медиуми, заврнало толку многу снего, што патиштата се целосно непроодни.

Пабот Тан Хил Ин се наоѓа на 528 метри надморска височина и на околу 430 километри северно од Лондон.

Соопштение до верниците од Прилепското архиерејско намесништво по повод празникот Пречиста

Соопштение од Прилепското архиерејско намесништво по повод празникот Пречиста

-Браќа и сестри во Христа, наши прилепчани. Поради корона кризата и запазување на мерките и протоколите, пропишани од здравствените работници, ве известуваме дека оваа година, ЛЕПЧИЊАТА ЗА СЛАВА, ЌЕ СЕ ПЕАТ ИСКЛУЧИВО ВО ЦРКВА.

За да се избегне било какво групирање, веднаш по доаѓањето во црква, ќе се прережува лепчето посветено на светецот на вашиот дом од страна на вашите парохиски (реонски) свештеници.

НА 3ти, ЗАСЛОГ НА ПРЕЧИСТА:

СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА) ОД 7.30 ДО 17.00 часот

СВЕТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ (ГРЧКА ЦРКВА) ОД 07.30 ДО 10.00 и попладне ОД 15.30 ДО 17.00 часот.

СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ (ПАРАКЛИС) И СВЕТА ПЕТКА – ТОЧИЛА ОД 07.30 ДО 17. 00 часот.

СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН (БОЛНИЦА) И СВЕТИ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА (ТИПСКИ) ОД 11 ДО 13 ЧАСОТ.

Нека ни се за многу години и на помош, заштитниците на нашите домови и семејства, во ликот на светителот од куќната слава, Пресветата Мајка наша Богородица.

Градоначалникот Јовчески одржа работен состанок за функционирање на зимската служба

Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески работниот ден го започна со состанок со фирмата ДОО Изофас, задолжена за зимско одржување, со надзорниот орган од ЈП за ПУП и со вработените во Општината. На средбата беа распределени задачите за поефикасно организирање и функционирање на зимската служба за претстојниот период.

На состанокот од страна на фирмата задолжена за зимско одржување беше истакнато дека набавени се потребните колични на сол и ризла, а подготвена е и соодветната механизација.

Ова во согласност со Оперативната програма за организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето од Општина Прилеп за сезоната 2021/2022 година.

Вака се прави во интерес на народот: Владата во Cpбија ги замpзна цените на бpaшното, мecoто, лебот и маслото

Владата на Србија на денешната седница донесе одлука за ограничување на цената на основните прехранбени производи: шеќер, брашно од типот Т-400, сончогледово масло за јадење, свинско месо и млеко – така што нема да го надминуваат ценовното ниво од 15 ноември 2021 година.

Ограничувањето на цените е поставено за да се отстранат штетните последици и да се спречат нарушувања на пазарот и нема да се однесува на намалените цени, како што се продажба, сезонски попусти или промотивни продажби, доколку тие важеле на 15 ноември, туку за редовните, односно цените пред намалувањето, соопшти владата на Србија.

Одлуката, ќе се применува за период од 60 денови и предвидува производителите да не смеат да ги испорачуваат овие производи во количини помали од просекот во изминатите 12 месеци.

(Видео) Прекрасно: Прилепско поле под снежна покривка

Прекрасна зимска идила и поглед кон Прилепско поле под снежна покривка.

Видеото во продолжение е од манастирот во изградба Св. Атанасиј над село Ропотово.