дома блог страница 1788

Во Прилеп ќе се прикажи претставата “Три”, прва претстава на знаковен jaзик во Македонија

На 4 декември 2021/ сабота/ од 12.00 ч. во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде прикажана „ТРИ“ првата професионална претстава на знаковен јазик за глувонеми и наглуви лица во нашата земја на македонски јазик.

Претставата, во режија на Јован Ристовски, зборува за еко-катастрофата, за нехигиената, недисциплиата и некултурата на поголемиот дел од населението во нашата земја.

Претставата е наменета е за широката детска публика и истовремено за децата кои се глувонеми и наглуви. Актерите паралелно зборуваат говорно и на знаковен јазик. Добредојдени се сите љубители на театарската уметност. Влезници на билетарницата од Центарот во петок 3.12. од 11 – до 13 часот и во сабота 4.12. пред почетокот на претставата.

Податоци за претставата

Продукција: ATO
Режија: Јован Ристовски
Актери: Никола ПројчевскиНикола Пројчевски- Sвонко Бонбонко, Маја Андоновска – РОЗЕ, Анастази Христовска – СИНКА, Сандра Грибовска – ЛИЛА

Костимографија: Марта Дојчиновска
Шминка: Симона Ристевска
Дизајн на плакат: Димитар Ристовски
Толкувач на знаковен јазик: Сузана Станоевска
Поддржано: GIZ / ГИЗ Германска интернационална агенција за соработка и Министерство за култура /

-Инспирацијата за претставата потекнува уште од 2010 година, точно пред 11 години, кога го режирав интернационалниот музички фестивал Тра ла ла во Битола. Две – три недели пред музичкиот фестивал дојдов до фикс – идеја да поканам глувонемо дете кое на крајот од фестивалот на знаковен јазик ќе го интрпретира монологот кој беше на тема косомос со порака дека ние сите сме поврзани едни со други. Некои соработници коментираа дeка е луда идеја на музички настан да настапува глувонема особа, но бев истраен и стоев до идејата до крај. Говорниот монолог беше снимен кој одеше на play back во интерпретација на актерка, а на сцената во живо пренесувајќи го Македонската Телевизија глувонемо девојче го интерпретираше на знаковен јазик монологот кој сите во салата го слушаа. Беше сензација за сите. По завршувањето на фестивалот, дознав дека соучениците на глувонемото девојче биле исто така во публиката…. тие едноставно уживале, беа пресреќни што присуствуваат на таков настан. Бев шокиран, збунет, фасциниран од нивните реакции и емотивно погоден од фактот дека глувонеми деца беа пресреќни на музички настан кој не го слушаат. Тоа ме донесе до идеја, и до прашањето – Што ако им направам претстава на тие деца со оштетен слух на знаковен јазик!? Ако се среќни со музички настан кој не го слушаат, тогаш тетараска претстава на знаковен јазик за нив би била вистинска сензација за доживување. Нашата земја и култура генерално беше и сеуште е заинтерсирана за проекти на тема сплотување на етничките разлики – сакам да кажам дава поддршки за таков вид на проекти…Сме направиле претстави на турски, албански,ромски српски, влашки, англиски германски… сите можни етнички групи сме ги задоволиле на сите нивни јазици, но никогаш на знаковниот. Се давале огромни буџети за проекти за овие етнички групи како општествен таргет, но за ваков тип на проекти никогаш не биле присутни и третирани како битни во професионалните тетарски и филмски оставрувањаи во останатите опшествени структури. Пред се, глувонемите лица – знаковниот јазик го третираат за мајчин јазик. Тој факт ме донесе до ниво да размилувам дека и знаковниот јазик е дел од нашиот идентитет, како што македонскиот јазик е еден од најбитните богатства и битна одлика за градење и битна одлика на идентитетот на нашиот народ, Ако за некој граѓанин мајчин јазик е турски, или македонски или влашки, така и знаковениот јазик за некој друг граѓанин е мајчин јазик.Ова се сериозни прашања кои допрва ќе се обработуваат во контекст на обогатување на знаковниот јазик бидејќи секој јазик е жива материја која се развива.Глувонемите лица имаат поинакви проблематики со образованието како што се бројот на застапеност на часови за знаковен јазик итн….. Случајната фикс идеја за монолог на знаковен јазик на музички детски фестивал ме донесе до реализација на идејата за претставата ТРИ во која актерите зборуваат говорно и во исто време го изведуваат говорното дејствие на знаковен јазик. Како тетарска екипа се судривме со една многу непозната материја која требаше и сакавме да ја совладаме.Театарската уметност познава и негува различни методи на работа, од актерски жанрови до стилска игра итн. Но оваа материја, знаковен јазик, говор во исто време, експресија на емоции, патот на мислата и нaмерата на ликот, па се до актерската игра, реакциjaтa, мизансценот и тоа да се одигра паралелно, колку и да изгледа во претставата нормално и речиси воопшто не делува ни чудно или наметнато… е напорно и тешко за еден актер. Умот не мисли исто како што актерот е едуциран да мисли и да работи. Проектот го работевме во два месеци, но спорд мене после цел процес, за ваков театар, потребно е 4 месеци, a ако се прави претстава за возрасни мислам дека е потребно 6 до 8 месеци работа со актерите. Бидејќи театарската екипа не го познаваше знаковниот јазик и бидејќи е детска претстава, фондот на зборови што го користевме е мал, за да може да биде разбирлив и за глувонемата публика и за широката публика која после претставата излегува со некое познавање на изрази (знаци) и букви на знаковен јазик. Сцените и репликите ги создававме во текот на процесот кои ги адаптиравме. Секоја реплика прецизно ја обработувавме за да има тек и во говорното дејствие и во знаковното толкување – вели режисерот Јован Ристовски, потенцирајќи дека реакциите на публиката се
…. едноставно љубов. Радост. Исполнетост.

“Во каква Македонија сакам да живеам?” – Размислување на еден прилепски гимназијалец

Во каква Македонија сакам да живеам

Сакам да живеам во мојата и нашата, најубава на светот, најбогата на светот, најпотценета од своите жители на светот, една и единствена Република Македонија. Жално е што оваа наша мајка Македонија сѐ ни дала и ни дава како на подавалник, а ние, како најголеми слепци, тоа не го гледаме, самите се потценуваме, неа ја потценуваме и навредуваме, ја продаваме и неа и историјата, и идентитетот и себеси за ситни пари и голем број од нас го одбираат светот, Западот за свој дом. Но, домот не е дом на друго место каде што не си растел, каде што не си играл, каде не си ја добил и подарил првата љубов, каде не си почнал да го осознаваш светот и себеси.

Значи како прво, сакам да живеам во Македонија во која луѓето се свесни за сите предности што ги имаат што се родени и што живеат во оваа земја. За мене луѓето кои зборуваат погрдно за родната земја и не го ценат секој милиметар од оваа света земја, земја која ја има во Библијата, земја во која се пишувала историјата, земја крстопат на култури, земја на првиот универзитет на Балканот, кога цела Европа спиела во мрак, не се луѓе, туку се лилјаци кои и денес живеат во темнина. За мене луѓето кои не ја ценат секоја грутка од родните и плодни хумусни почви, секоја капка бистра пивка вода, секој час поминат под галењето на топлите сончеви зраци, не се луѓе туку се лешинари.

Родната земја не си ја одбираш, исто како што не си ги одбираш родителите. Земјата е таа што е, а замислете, ние имаме среќа да живееме во земја на која Бог или природата ѝ подариле најубава клима во која можеме да уживаме во убавините на сите годишни времиња, да се радуваме на кокиче и штрко цвеќе, на мајски велигденски лалиња, на росомански праски и шелеверски лубеници, на есенски ресенски јаболка и највкусни домати на целиот свет, на зимски лизгања и скиење по Шара, Маврово, Пелистер, Крушево. Замислете да живеевме на Север каде немаат стоплено душа и каде денот е краток, а ноќта долга? Замислете да живеевме во пустините каде нема тревка зелена?

Сакам да живеам во Македонија во која Македонците ќе се свесни дека можат да ги искористат сите природни богатства, и да бидат независни од големите светски сили, од соседите, да не може никој да не уценува, да ни диктира цени, да нѐ осиромашува. Зошто сега мораме да се грижиме за светската енергетска криза? Зошто да зависиме од другите? Зошто да немаме огромен број свои термоцентрали, хидроцентрали, ветерници и погони за произведување на електрична енергија на база на искористување на сончевата светлина? Сѐ имаме, само треба желба, волја, иницијатива. Сега енергетска криза, в година којзнае каква криза, можеби криза за исхрана. А ние што правиме? Увезуваме секакви овошја, зеленчуци, млека, брашно и што ли уште не од другите земји, ко да немаме доволно раце да си ја ископаме сами земјата и да јадеме тоа што сме посеале, а не ГМО загадена и модифицирана храна, храна која е добра само за очи, а ни вкусна, ни хранлива.

Сакам да живеам во ЕКО Македонија, Македонија во која секој Македонец ќе се грижи за секоја тревка и секое дрвце, а не себично само за својот двор. Сакам луѓето семките од овошјето што го изеле да ги фрлаат надвор од градовите за да никнат некаде дрвја со различни плодови. Кога би имало повеќе производство на електрична енергија, би била поефтина и не би се сечеле дрвјата незаконски, не би се уништувале нашите бели дробови. Хорор е моментално да се живее навечер во градовите во Македонија, кога сѐ мириса на чад од дрвја и којзнае што сѐ не се гори во шпоретите за дрвја. Ама, не можеме да ги обвиниме сиромашните, и нив им треба на нешто да се згреат, топлина во зима.

Па, затоа сакам да живеам во социјално свесна Македонија во која службите си ја вршат својата работа. Не сакам да гледам гладни, сакати, боси дечиња и болни старци кои питаат, не сакам да знам дека има неподвижни болни во семејствата, а на вработените од социјални грижи да им е тешко да ги посетуваат. Сакам болници кои ќе бидат отворени за сите, без долги листи на чекање за преглед или операција, опремени со најсовремени апарати. Сакам полно доктори на сите одделенија, да не мора никој да се лечи во странство.

Сакам среќни и здрави луѓе. Сакам среќни доктори кои не бегаат во Германија, сакам среќни професори кои со ќеиф си ја работат работата, сакам учениците да учат и да земаат пример од луѓе кои се исполнети во животот и ја пронашле среќата овде. Сакам да живеам во Македонија во која луѓето на улиците не одат како зомби, туку со насмевки и топлина на лицата. А за да бидат такви треба човек на човека да си биде брат, а не волк. Треба луѓето да не се раскарани по сите основи: и национално, и партиски, и религиски. За да бидат среќни луѓето треба да се задоволни со својот живот, да го работат тоа за што се школувале, да се солидно платени, а не со минимални плати.

И на крајот, сакам да живеам во Македонија во која младите не се последната дупка на свиралото, некој кој никој за ништо не го прашува. Мисли ли некој на нас воопшто во оваа земја или сите мислат само на профит, заработувачка и на себеси. Безброј млади се уништуваат затоа што семејствата одвај им преживуваат или пак родителите се во трката за пари, па децата се запоставени. Безброј млади не добиваат простор каде би можеле да живеат спортски.

Каде се големите спорстки сали, каде е затворениот базент, па во ред ли е во дваесет и први век да немаме можност за часови по физичко во базен? Имаме природни езера, немаме пари за летување, остануваме без пливање. Имаме стази за скијање, немаме пари за опрема и зимување, па остануваме без уживање во зимските спортови.

Имаме кафулиња, немаме џепарац освен за едно кафе да го тегниме со саати. Имаме домови на културата, а во нив нема претстави, имаме кино сали, а нема филмови, а и тие што ги има се со скапи карти. Па, каков културен живот ние да живееме? Како прво немаме во градов културен центар за млади, некаде каде можеме заедно и да се рекреираме и да развиваме уметнички таленти, кој за што го бива. А и она малку што се направило досега, без разлика која гарнитура на власт го правела, ние несовесно го уништуваме, самите си правиме штета и се уназадуваме.

Можам да редам до бескрај во каква Македонија сакам да живеам затоа што проблемите се бесконечни, но ќе запрам овде, доволно е кажано. За крај само, да нагласам: сакам да живеам во Македонија во која луѓето знаат што е љубов и онака како што се сакаат себеси и своето семејство, така да си го сакаат градот, сите луѓе во Македонија и целата своја татковина. Бидејќи, ако љубов немаме, ништо немаме. Нека беше Македонија и Јапонија, и Америка, и Дубаи… без љубов и самопочит и нив ќе ги уништевме. Да ни живее Македонија, да си ја чуваме, да имаме за кого да пишуваме и што да им оставиме и на нашите деца и внуци!

-Гордан Станоески II-V

Нова година и Божик во петок, Водици во среда: Ова се сите неработни денови во 2022 година

За сите граѓани на РМ

• 01 јануари (сабота), Нова Година,

• 07 јануари (петок), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,

• 01 мај (недела), Ден на трудот, односно 02 мај (понеделник) е неработен ден,

• 25 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,

• 02 мај (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,

• 24 мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,

• 02 август (вторник), Ден на Републиката,

• 8 септември (четврток), Ден на независноста,

• 11 октомври (вторник), Ден на народното востание,

• 23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден,

• 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед
• 06 јануари (четврток), Бадник, ден пред Божик,

• 19 јануари (среда), Богојавление (Водици),

• 22 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,

• 10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

• 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед
• 18 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,

• 01 ноември (вторник), Празникот на сите светци,

• 25 декември (недела), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 09 Јули (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ
• 27 јануари (четврток), Свети Сава,

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
• 08 април (петок), Меѓународен ден на Ромите,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
• 23 мај (понеделник), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 5 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
• 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.

Бивш пpaтеник од денec диpeктop на jaвно пpeтпpиjaтиe

Иван Иванов е новиот в.д. директор на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ – Кочани.

Иванов доаѓа на местото на досегашниот директор Андреј Киров.

Во присуство на градоначалникот Љупчо Папазов, утрово беше извршено примопредавање на раководната позиција.

Во тек е pexaбилитациja на неколку улици во Прилеп (Фото/Видео)

Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески денеска изврши увид во градежните активности околу асфалтирање на крак од улицата „Јоска Јорданоски“, спроти старата општинска зграда. Наредните денови по завршување со градежни активности на оваа улица ќе се работи улицата„Браќа Ламески“ и дел од „Киро Пајмакоски“.

„Деновиве се започна со реконструкција и рехабилитација на крак од улица „Јоска Јорданоски“, „Киро Пајмакоски„ и „Браќа Ламески“ во должина од 400 метри. Во најскоро време пред снеговите очекуваме дека во функција и сообраќај ќе бидат пуштени улиците од овој дел на градот“, истакна градоначалникот Јовчески.

Вкупната површина на која ќе се постави нов асфалтен слој е 960 м2. На оваа фаза и предходеле зафати околу нивелирање на шахтите. Реконструкцијата и рехабилитацијата на сообраќајниците ќе трае се додека дозволуваат временските услови. Со реализацијата на овој инфраструктурен зафат значително ќе се подобрат условите за одвивањето на сообраќајот во овој дел од централното подрачје на градот.

(Фото галерија) Турбо се работи во прилепската Гимназија “Мирче Ацев”

Градежните активности на гимназиската зграда тековно се одвиваат – информриаат од Гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп.

-Во моментов се работи на фасадата и поставувањето на алуминиумска дограма на предната страна од десното крило, кај што се наоѓаат кабинетите, библиотеката и канцелариите. Потоа ќе следи генерално внатрешно чистење на сите простории, спортската сала и дворната површина со цел, учениците во второто полугодие, безбедно да ја следат наставата во реновираното училиште. Со реконструкцијата се обезбедува заштеда на енергија и голема енергетска ефикасност – велат од прилепската гимназија.

Mapкетот ќе и плати 2.1 милиони долapи откако лажно ја обвиниле дека kpaде

“Вламарт” ќе плати 2.1 милиони долари на жената која лажно била обвинета дека кpaди од маркетот.

Лезли Нурс од Семес, Алабама, била обвинета дека кpaде производи во вредност од 48 долари, а правниот тим на маркетот и се заканувал со тужби доколку не им исплати 200 долари.

Таа ја користела касата за самопослужување, но скенерот замрзнал и еден од вработените и помогнал. Таа вели дека кога се обидела да им го објасни ова на работниците, тие одбиле да и поверуваат и била уапсена поради кpaжба во продавница.

Зборувајќи за WKRG, таа рече: „Се сеќавам дека отидов во таа мала соба и мислев: „Ова ќе се реши, ова беше несреќа, ова не беше намерно“.

Случајот против Лезли беше отфрлен една година подоцна, но таа продолжи да добива писма од адвокатската канцеларија со кои и се заканувале со граѓанска тужба доколку не плати 200 долари.

Во нејзината противтужба, таа вели дека Волмарт и дал инструкции на фирмата да ги испрати писмата до неа и до другите.

Низ прилепcките yлици ќе се вози пpeкpacната Мазда CX 30 од нагpaдната игpa на “Аpгета”

Кајџаноска Лариса од Прилеп е добитничка на прекрасниот автомобил Maзда CX 30 oд наградната игра “Една Аргета, една планета”.

Извлекувањето на главната награда се одржа предмалку на телевизија “Канал 5”, а среќната вест на семејството од Прилеп им ја соопштија водителите Маријана Станојковска и Марко Новески.

Честитки до Лариса и нејзиното семејство и со здравје да си го возат овој прекрасен автомобил.

Го натепале додека извpшyвал работни задачи на улица “Тризла”

На 30.11.2021 во 14.25 часот на ул.„Тризла“ во Прилеп од полициcки cлyжбеници од ОВР Прилеп лишени се од cлобода А.С.(43), Н.Е.(33) и Д.М.(33), сите од Прилеп, бидејќи физичkи го нападнале А.К.(37) од Прилеп, додека извpшyвал paботни задачи.

По целocно докyментиpaње на cлyчajoт ќе биде поднeceна cooдветна пpиjaва – информираат од МВР.

Одличен избор: Музичкото училиште во Прилеп доби нов директор

Нижото музичко училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“ од Прилеп од вчера има нов директор.

Денис Најдоски е новиот вршител на должност кој доаѓа на местото на досегашната директорка Славица Конеска Темелкоска.

Најдоски е дипломиран пијанист, успешен професор по клавир во музичкото училиште, а од поново време пее византиска црковна музика и пишува музичка литература.

Во една прилика во интервју за Маркукуле, Најдоски раскажува повеќе за својата музичка кариера, успесите со учениците и за неговите планови и ангажмани. Прочитајте повеќе ТУКА