дома блог страница 1787

Hoви вpeдни акции на “Спорт Лајф”

Од 30 ноември до 30 декември, играчите на Sport Life ќе имаат Втора шанса за подарок.

Играчите со најмногу тикети со еден промашен натпревар според правилата на „Втора кеш шанса“ ги очекуваат вредни подароци. Најдобриот ќе добие „Iphone 13“,  второпласираниот – „Samsung“ смарт телевизор (55 инчен, кристал 4К лед екран), а за третото место следуваат 500.000 СЛ маркет поени.

Акцијата ги опфаќа само тикетите со една комбинација, микс тикетите и тикетите уплатени од понудата за обложување во живо, со приложување на СЛ клуб картичката.

За членовите на СЛ клубот во тек е уште една екслузивната понуда – тоа е Sport Life менито за „спортските гурмани“.

Секој ден, од понеделник до петок, играчите кои ќе ги уплатат тикетите со приложување на својата СЛ Клуб картичка, имаат можност да освојат различни бонуси и подароци како на пример: 10% бонус на сите игри, 10% кеш бек, двојно поени за СЛ маркет, 500 денари вредносен ваучер на СЛ клуб картичка и 10% бонус на игрите на голови.

Дополнително Sport Life ви ја нуди да ја симнете и новата андроид апликација за целосен преглед на комплетната понуда и можност за брз тикет.

Сите дополнителни информации како вашиот тикет да вреди повеќе, можете да ги прочитате на www.sportlife.com.mk

Прилепското ОВР поднесе кpивична за жена од Битола: Ветувала вpaботyвања, полагање на иcпити на жени од Прилеп и земала пapи

ОВР Прилеп поднесе кpивична пpиjaва пpoтив М.Л (39) од Битола пopaди пocтoeње ocнови на coмнение за стopeно кpивично дело „измама“.

Во периодот од февруари до април 2021, пpиjaвената во повеќе наврати измамила повеќе гpaѓани, претставувајќи им се лажно и нудејќи им услуги за кои оштетените и давале пapи, по што заминувала и не ги извршувала услугите.

Во февруари, на жена од Прилеп ѝ понyдила да ја вpaботи ќерка и’ во фабрика за што добила 65.000 денари.

На крајот на aприл 2021 година на жена од прилепско село понудила да помогне при полагање на инсрукторски испит за што добила 240.000 денари.

Исто така, на крајот на април на лице од прилепско село му понудила да ја забрза процедурата околу купување на стан за што добила 35.000 денари.

Од истото лице добила и 25.000 денари за ангажирање на дизајнер за уредување на станот – информираат од МВР.

Лaзаpoв го обjaви cписокот на ракометари за Европското првенство: Македонија ќе отвори со Словенија

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за Европското првенство, кое во јануари следната година ќе се одржи во Словачка и Унгарија

На списокот на нашиот селектор се најдоа 35 ракометари, но поради ковид-протоколите на шампионатот, Лазаров не повика четворица ракометари кои беа предвидени во неговиот список.

Согласно регулативата на ЕХФ за заштита и превенција од ковид-19 за учество на шампионатот, долунаведените ракометари беа предвидени во списокот, но не ги исполнуваат условите за натпреварување:

• ЕМИЛИЈАН ЃОРГОВСКИ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
• ДАВИД САВРЕВСКИ РК ВАРДАР 1961
• ПАВЛЕ АТАНАСИЈЕВИЌ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
• ПЕТАР АТАНАСИЈЕВИЌ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

Репрезентацијата на Македонија е во група A заедно со репрезентациите на Словенија Данска и Црна Гора. Натпреварите од група А ќе се одиграат во „Фоникс Арена“ во Дебрецен, Унгарија.

Распоред и термини на одигрување на натпреварите на машката сениорска репрезентација на Македонија:

13.01.2022 Словенија – Македонија (18:00 часот)
15.01.2022 Македонија – Црна Гора (18:00 часот)
17.01.2022 Македонија – Данска (20:30 часот)

Важни совети за иcxpaна кои треба да ги знaaт сите жени доилки

Една од важните работи за доилките е да пијат доволнa количинa на течности: вода, јогурт и млеко, лесни билни чаеви, супи, свежо цедени сокови.

Алкохолните напитоци треба да се изостават, а кафето и чаевите од видот на црн и зелен чај, да се сведат на минимум. Се препорачува внес на 3 порции млечни производи во текот на денот и тоа посебно збогатени со витаминот Д (1 порација = 250 мл млеко или јогурт = 80 грама немасно сирење = 50 гр кашкавал).

Треба да консумираат разновидно овошје и зеленчук во најразлични бои, а да ги избегнуваат намирниците кои предизвикуваат надуеност: грав, леќа, соја, кикирики.

Јаткастите плодови (ореви, лешници, бадеми) и семките (ленено, сончоглед, семки од тиква) да се консумираат секојдневно.

Треба да се внесуваат доволни количини на месо и риба, особено сардина.

Секојдневно треба да се користат намирниците кои се извор на јаглени хидрати: леб, тестенини, ориз, компир. Но, потребно е да се избегнува храна која содржи транс масти како масни пецива, кекси, грицки, соленки.

Повеќето лекови преминуваат во млекото, па задолжително пред пиењето на било каков лек консултирајте се со лекар.

Локвенец: “СДСМ потрошиле милион евра за времени вработувања во Општина. Одговорност мора да има” (Видео)

Ирена Стерјоска Локвенец, претседател на комисијата за финансирање и буџет, денеска одржа прес конференција на која ја изнесе финансиската состојба на Општина Прилеп која е затекната после локалните избори 2021 година. Во продолжение текстот од прес конференцијата.

„Ви благодарам за вашето внимание денес да присуствувате на брифингот за финансиската состојба и кондиција на Општина Прилеп која ја затекнавме после локалните избори 2021г. Она што е воочливо и што сакаме да го потенцираме денес се обврските со кои ја превзедовме локалната самоуправа. Вкупните обврски, во кои спаѓаат тековните обврски, долгорочните обврски и обврските по договори за јавни набавки претставуваат висок износ од 292.562.164,00 денари. Овој Висок износ на обврски оставени од претходната локална власт предводена од СДСМ можно е да го доведат под ризик извршувањето на Буџетот во 2022г.

Ризик фактор за извршувањето на Буџетот ќе претставуваат и судските спорови, посебно судскиот спор кој е поведен од изведувачот на реконструкцијата на мостот на градската река на улица Трајко Николоски. Во минатото време кога ВМРО ДПМНЕ бевме опозиција, реагиравме по информациите со кои тогаш располагавме,дека има сомнителни и спорни постапки во овој предмет и проект. Тоа сега и го увидуваме преку документацијата од каде лесно може да се констатира дека и покрај поминатиот временски период за реконструкција, првиот договор е склучен на 10.05.2019г. со времетрање од 365 дена, сепак на 18.12.2020г. или 7 месеци по пробиениот рок склуќен е анекс договор со што вредноста на првичниот договор е зголемен за 4.150.206,00ден. Она што исто така е интересно ,е тоа што овој мост беше пуштен во употреба во декември 2020г во присуство на министерот за транспорт и врски г-н Бочварски, а на 30.03.2021г. повторно е склучен нов анекс договор кој го поништува анекс договорот од 09.04.2020 со бр. 03-50/12. Вредноста на мостот кај сточен пазар стигна приближно 600.000 евра.

Исто така, друга ставка која остава впечаток при анализата на финансиската документација е ставката на привремени вработувања. Рекапитулацијата на оваа ставка во период од 2018 до 2021година е фантастични 66.468.765,00ден. Од тука може да се види на кој начин се водела кадровската политика на ниво на нашиот град. Само за споредба, во период од 2013г. до 2017г. на оваа ставка биле потрошени 5.400.000,00ден.

Она што треба да го знаат граѓаните е тоа што овие високи средства на буџетски пари се на сметка на намалување на средствата за капитални расходи кои можеле да бидат наменети за некои капитални проекти.

Ова е само еден дел кој сега го изнесуваме пред прилепската јавност за финансиската состојба и ризици за општината, како и одредени финансиски можни злоупотребикои ќе треба да ги истражат соодветни правни, финансиски и ревизорски инстанци“, изјави претседателот на комисијата за финансирање и буџет Ирена Стерјоска Локвенец.

Изложбата на дела од Малиот битолски Монмартр од утре пред прилепчани

На 3 декември 2021/ петок/ од 12.30, во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде поставена изложбата на дела од Малиот битолски Монамартр. Во наредните две недели ќе бидат изложени 25 дела од оваа значајна македонска ликовна манифестација која постои веќе 40 години.

Изложбата, поддржана од Министерството за култура, е во чест на основачот Коста Хаџи Антоновски, кој веќе не е со манифестацијата на која и го посвети целиот свој живот.

Љубителите на ликовната уметност ќе проследат дела создавани од ликовните амбасадори од целиот свет во Старата битолска чаршија непрекинато четири децении. Монмартр низ годините блескаше со својата шарена порака за мир, љубов, уметност…. испишана на десетици јазици со безброј нијанси на бои од детските ликовни творби кои пристигнуваа во Битола.

„Монмартр живее за децата, а јас живев за нив!“велеше основачот Коста.

“Комуналец” знаел што сака народот – до директорот било?

На потегот од мостот кај ОУ ,,Кочо Рацин,, до мостот Табана, комуналците засадија дрвја од видот бела бреза.

Заради оштетување на дрвјата и кршење на истите, новозасадените дрвја ќе бидат заштитени.

Локалната самоуправа и ЈКП,, Комуналец,, – Прилеп, водат посебна грижа за обновување на зеленилото во сите населби, и правилно и навремено одржување на постојните тротоарски и парковски дрвја, со нивно редовно кастрење и полевање – велат во соопштението од ова јавно претпријатие.

“Че те чекам после на чошето душо, немој, немој да не си дошла”: Слушнете ја легендарната “Прилепска молитва” (Видео)

“Дејгиди млади прилепчанчиња ем дојденчиња,да даде господ вие младите да прајте шо праефме ние старите. Убај моми по корзоно прилепско да штипите, по чошиња, ФУШКИЈА со нив да се прајте!” – вели на почетокот oд оваа композиција легендарниот Ванде.

Текстот е на Ацо Цик, музиката и аранжманот се на Горан Милошески, а специјален гостин е актерот Димитар Вандески.

Малку подзаборавена, но секогаш добра за потсетување творба од секогаш досетливите и иновативни прилепски шегаџии.

Постарите генерации сигурно ја помнат, а еве прилика и помладите да ја научат легендарната “Прилепска молитва”. Песната датира од 1988 година и е вистинско ремек дело.

Уживајте во продолжение:

Hecлавен peкopд: Typчин влезе во Гиниcoвата книга на peкopди за нajголем нoc (Видео)

Мехмед Озурек, чиј нос е долг 8,7 сантиметри, рекол дека го исмевале затоа што бил дете, но подоцна сфатил дека тоа е негов адут.

Турчинот, кој го собори Гинисовиот рекорд за најдолг нос на светот, смета дека поради големиот нос има почувствителен мирис.

-Пријателите ме викаа „нос“ за да ме нервираат. Сепак, сфатив дека Господ ме направил ваков и научив да живеам со тоа како изгледам, рече тој.

Озурек е убеден дека може подобро да ги детектира мирисите поради големиот нос.

На пример, кога ќе влезам дома, веднаш можам да кажам што се зготвило тој ден – додава тој.

Koнтpoли на полициjaта: Фатени 63 неиcпpaвни возила за превоз на патници, 31 биле со неиcпpaвни кочници

На 01.12.2021 од 8 до 11 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за техничката исправност на возила што вршат jавен превоз на патници, претежно автобуси и комбиња.

При контролата откриени и санкционирани се 63 неисправни возила.

Од нив 31 возило имало неисправен уред за запирање, две возила неисправен уред за управување и др.

Од овие 63 возила, 22 биле санкционирани на територја на СВР Скопје, 16 на територија на СВР Охрид, осум на територија на СВР Тетово, пет на територија на СВР Штип…

Сите неисправни возила исклучени се од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци.