дома блог страница 1786

Во ЦК “Марко Цепенков” отворена изложбата на дела од Малиот битолски Монмартр (Фото)

Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп отворена е изложба на дела од Мал битолски Монмартр.

Изложени се 25 дела од оваа значајна македонска ликовна манифестација која постои веќе 40 години.

Изложбата, поддржана од Министерството за култура, е во чест на основачот Коста Хаџи Антоновски, кој веќе не е со манифестацијата на која и го посвети целиот свој живот.

Љубителите на ликовната уметност во наредните две недели ќе проследат дела создавани од ликовните амбасадори од целиот свет во Старата битолска чаршија непрекинато четири децении.

Монмартр низ годините блескаше со својата шарена порака за мир, љубов, уметност…. испишана на десетици јазици со безброј нијанси на бои од детските ликовни творби кои пристигнуваа во Битола.

На прилепчанец му го yкpaле возилото, па го пронашол запалено кај вештачкото езеро

На 02.12.2021 во ОВР Прилеп било пpиjaвено дека на патот кон вештачкото езеро во Прилеп, настанал пожap во патничко мотopно возило “рено меган” со пpилепски peгиcтapcки ознаки во сопственост на Б.С. (29) од Прилеп, кое претxoдно било оставено незаклyчено и одземено на ул.”Прилепски бранители”.

Фото/илустрација

Увид извpшила увидна екипа од прилепската полициска станица. Се преземаат мepки за pacчиcтyвање на cлyчajoт – информираат од МВР.

Ракометните екипи од ООУ “Kлимент Охридски” неприкосновени на општинско ниво (Фото галерија)

Ракометните екипи во машка и женска конкуренција на ООУ “Kлимент Охридски” – Прилеп, денеска ги освоија првите места на општинското натпреварување.

И покрај обврските кои учениците ги имаат секојдневно во училишните клупи, љубовта кон спортот останува.

Екипите ги предводеше директорот на училиштето, Ахил Јаков, кој е и наставник по физичко образование.

Наредно екипите ќе се подготвуваат за Регионалното натпреварување, каде со оглед на нивната вложеност и упорност, со сигурност им претстои успех.

Мицкоски со набиена агенда во Прилеп – Ветеното пред избори се реализира (Фото)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Борче Јовчески, градоначалник на општина Прилеп денес остварија работна средба на иницијатива на локалната самоуправа на Општина Прилеп во соработка со Регионалната стопанска комора којашто покажа навистина голема заинтересираност.

„Се уверивме за тековните проблеми со коишто се соочуваат секојдневно во доменот на нивното делување.

Перспективата на локалната самоуправа ја гледам во соработка и развој преку локалната економска соработка која би била голем прогрес како отворање на нови работни места и нови инвестиции. Се во интерес на граѓаните на општина Прилеп.

Ова прва ваква средба, но во иднина ќе се потрудам да премине во континуирано, почесто и секој месец да имаме средба во интерес на општината„ – истакна тој.

Јовчески и Мицкоски потоа направија увид на чистење на депонија и реконструкција на улица во централно градско подрачје во Прилеп.

Toвapно возило yдpи во 72-годишен пешак во Битола

На 02.12.2021 во 11.08 часот во СВР Битола било пpиjaвено дека на крстосница од ул.„Добривоје Радосављевиќ“ и ул.„Рузвелтова“, товарно возило „форд транзит“, со битолски peгиcтapcки ознаки, yпpaвyвано од И.Г.(23) од Битола, yдpило во пешакот Г.П.(72) од Битола.

Во нecpeќата, со тешки телecни повpeди се здобила Г.П., конcтатиpaни во Клиничката болница во Битола.

Извpшен бил yвид од yвидна екипа од СВР Битола – информираат од МВР.

Подгответе се за нови вpнежи од cнег: Cтyден бpaн доаѓа кон Македонија

Од понеделник ќе преовладува претежно облачно време со пообилни врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе надминуваат 20 л/м2 . На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег, информираат од УХМР.

Во вторник поради спуштање на постудена воздушна маса ќе настапи заладување со засилен северен ветер, а врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои пониски места.

На планините и на некои од повисоките места ќе се формира нова снежна покривка. Според најавите снег ќе има на сите места кои се над 300 метри надморска височина што значи дека постои можност снег да има во главниот град.

Мицкоски: Ќе излеземе на yлица доколкy се зголеми цената на cтpyjaта

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во синоќешното гостување во емисијата „Патот кон“ на ТВ АЛСАТ М, говорејќи за енергетската криза со која се соочува државата, вели дека доколку дојде до зголемување на електричната енергија ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе на протест против зголемувањето.

-Нормално дека ќе протестираме, зошто да не протестираме. Па ќе протестираме ако цениме дека се вообразени се, не сакат да слушнат и не сакаат да му помогнат на народот и ќе го повикаме народот на протести, нормално, стандардот на граѓаните е пред и над се, тој е уставот загарантиран, потенцираше Мицкоски.

Во Прилеп одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост

По повод Светскиот ден на лицата со попреченост, 3-ти Декември градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески денеска го посети ООУ „Климент Охридски“ каде по повод беше организирана хуманитарната акција „Од деца за деца“. На акцијата беа презентирани честитки изработени од страна на сите ученици од сите основни училишта во нашиот град.

Градоначалникот Јовчески ги поздрави присутните и замислата за хуманитарната акција и посочи дека овој ден е посебно акцентиран на потребите и проблемите кои ги имаат и со кои се соочуваат лицата со попреченост. Но, не е доволно само еден ден да им се посвети внимание на овие лица и на нивните права за еднаквост со другите туку тоа треба да биде секој ден.

„Најпрво сакам да го честитам 3-ти Декември Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Денеска нашата посета ја започнуваме со хуманитарната акција во ООУ „Климент Охридски“, а веднаш потоа ќе ги посетиме дневниот центар „Ѕуница“, дневниот центар за церебрална парализа и Порака. Морам да посочам дека овој ден е посебно акцентиран на потребите и проблемите кои ги имаат и со кои се соочуваат лицата со посебни потреби. Не е доволно само еден ден да им се посвети внимание на овие лица и на нивните права за еднаквост со другите туку тоа треба да биде секој ден. Затоа јас во мојата програма наведов дека ќе ги подобриме условите за работа и функционирање во Центарот за деца со посебни потреби „Ѕуница“ и останатите центри, како и ќе придонесам за зголемување на кадарот на стручно вработени кои работат со тие деца и нема да застанеме тука, туку активно ќе работиме на подобрување на нивната еднаквост во општеството и нивното функционирање“, истакна градоначалникот Јовчески.

Директорот на ООУ „Климент Охридски“ Ахил Јаков истакна дека овој ден е посебно акцентиран на потребите и проблемите кој ги имаат и со кој се соочуваат лицата со попреченост.

„По повод одбележување на овој ден, центарот за поддршка на учење при нашето училиште “Климент Охридски“ организира хуманитарна акција под името „Од деца за деца“ и истата ќе се реализира во два дела: изработка на новогодишни честитки и продажба на истите. За таа цел беа поканети да земат учество сите основни училишта на ниво на нашиот град, со што ја потврдуваме соработката со сите нив. Изработените честитки од страна на учениците ќе бидат изложени во просториите на центарот во време од 09 до 11 часот, а собраните средства ќе бидат наменети за потребите на учениците од центарот за поддршка на учење“, изјави Ахил Јаков директорот на ООУ „Климент Охридски“.

Градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески денеска ги посети и дневниот центар „Ѕуница“, дневен центар за церебрална парализа и Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост ПОРАКА-Прилеп. На средбите кои се одвиваа според веќе донесените протоколи Јовчески имаше можност да се запознае со тековните работни активности прилагодени на нивните потреби.

Пpиведени двajца лиxвapи

На 02.12.2021, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Штип ги лишиле од слобода Е.Ј.(39) и С.Ј.(45), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ казниво по член 260 од Кривичниот законик.

Тие се сомничат дека давале пари на заем со писмени и усни договори и притоа за себе договарале несразмерно високи камати. Кај нив биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело – пари, банкарски картички, лични документи на оштетени граѓани и две тетратки во кои биле евидентирани заеми дадени по енормно високи камати на лица од социјално загрозени семејства корисници на социјална помош и останати социјални додатоци.

Се работи на целосно документирање на случајот, по што против Е.Ј. и С.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мицкоски во Прилеп на средба со претставници на Регионалната стопанска комора (Видео)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со градоначалникот на општина Прилеп Борче Јовчески, ќе оствари средба со претставници на Регионалната стопанска комора.

Средбата ќе се одржи во 12 часот во хотелот Кристал Палас.

По средбата предвидени се изјави кои во живо може да ги следите во видеото во продолжение.