дома блог страница 1785

Овие три хороскопски знаци сите ги сакаат

Овие три знаци сите ги сакаат. Нивната енергија е заразна, а ги сакаме затоа што се добри луѓе. Дополнително, освојуваат и со својот ентузијазам, поинаков поглед на светот и големо срце.

Водолија

Водолиите се оригинални сонувачи чија фантазија ги надминува сите граници на реалноста. Со нив ни е забавно, затоа што ќе не одведат во свет кој не го познаваме, во светот на фантазијата, свет во кој и Петар Пан совршено би си поминал. Сериозни се само кога треба да дадат вистински пријателски совет. Сакаат еднаквост и правда. Нивниот интелект ги воодушевува сите кои разговараат со нив. Тие ја започнуваат забавата и секогаш се добро друштво. Знаат да ги мотивираат другите, затоа што и самите се мотивирани и во добро расположение. Ако сте го освоиле срцето на Водолијата, тие ќе направат се за да ве усреќат.

Лав

Адреналинот и забавата се составен дел од кралската личност на Лавот. Тие нема да ви дозволат да паднете во рутината на досадното секојдневие. Тие го сакаат животот и луѓето, а најмногу се сакаат себеси. Прво ќе си угодат себеси, а потоа и на другите. Нивниот ентузијазам е заразен. Доколку ја сфатите нивната егоцентричност на вистински начин, нивните шеги и постапки ќе ви бидат и симпатични. Овој знак е романтичен и сака мали знаци на внимание. Шармираат и заведуваат се околу себе. Лавовите се одговорни и ако им значите тие ќе се грижат за вас. Секогаш ќе се трудат да бидат најдобри, што можеби и не е лошо, затоа што секогаш ќе настојуваат да бидат најдобри партнери, пријатели и љубовници. Нема да ве изневеруваат, затоа што немаат сила да се трудат околу сите луѓе, само околу тие што им значат.

Шкорпија

Лојалноста на овој знак ќе ве освои од старт. Шкорпиите се најдобри другари за цел живот. Никогаш нема да ви ги издаде тајните и ќе ви бидат посветени. Идеални се за разни будалаштини и со нив ќе се чувствувате повторно млади. Секогаш имаат енергија без оглед на тоа колку години имаат. Го ценат тоа што го правите за нив и никогаш нема да го заборават тоа. Ќе ви даваат искрени совети: Од кариера до изглед. Со нив ниту една тема не е табу, дури ни сексот. На овој знак можете да му ги кажете сите тајни, но и скриени фантазии и фетиши. Шкорпиите се подготвени отворено да зборуваат за се и никогаш нема да ве осудуваат.

Како работи “зелената” Д У И во Долнени? (Видео)

Жители од долненско ни испратија видео на кое се гледа како пивка вода тече во нива.

Нашиот читател кој ни го испрати материјалот вели дека ова трае цели три години и дека неколку пати апелирал до општинските власти, но нив мува не ги лази.

Долненските села се снабдуваат со вода од изворот Студенчица, а дефектот во видеото се наоѓа на патот од село Пешталево кон Секирци.

Додека ДУИ вели дека се залага за зелена Македонија, повеќе села од општина Долнени често пати имаат недостиг на вода за пиење.

На локалните избори годинава, во Долнени одново победи кандидатот на Демократската унија за интеграции.

Фудбалскиот свет го тpece голем cкaндaл

Асот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо би можел да се најде во голем проблем.

Имено, финансиска полиција и инспекција со денови се занимава со трансакциите на Јувентус, бараат докази за малверзации, а наводно постојат скриени детали за транферот на Роналдо во Јунајтед.

Меѓутоа, полицијата не може да пронајде документ, а италијанските медиуми неодамна објавија дека јавниот обвинител ќе го повика Португалецот на испрашување поради последните случувања.

Истражителите се уште не ги пронашле спорните документи за кои дознале по прислушување на разговор меѓу луѓе од клубот и нивни соработници. Наводно се прислушувал разговор меѓу спортскиот директор на Јувентус и клупскиот адвокат.

Во истиот наводно се тврди дека адвокатот разговарал со претседателот за „вршење на лажна трансакција, која не би можела да ја премине границата“ и дека „тој маневар многу би помогнал околу порамнување на сметководствените книги“. Наводно се се однесувало на транферот на Роналдо во Јунајтед.

Сомнежите се дека преку трасферот на фидбалерот, Јувентус успеал да пријави помаку оперативни загуби, односно 209.000.000 евра во однос на првичните 240.000.000 евра. Јувентус се сомничи дека дал податоци кои не се вистините и дека клубот не заработил само 15.000.000 евра со бонуси од 8.000.000 евра за неговиот транфер.

Претходно се споменуваше ново исфрлање во Серија Б и одземање на последното Скудето кое го освоија. Доколку полицијата го пронајде спорниот документ на „Старата дама“ и нема спас.

Во среда нepaботен ден за сите граѓани: Ни доаѓа голем пpaзник

Согласно Законот за празници на Република Северна Македонија, 8 декември 2021 година (среда) – „Св. Климент Охридски“ е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, информираа од Министерството за труд и социјална политика.

Министерството им го честита празникот „Св. Климент Охридски“ на сите граѓани.

Голема акција за чистење на дивите депонии во Прилеп (Фото)

Градоначалникот Борче Јовчески заедно со в.д директорите на ЈКП „Комуналец“ Рубин Абрашоски, ЈКП „Водовод и канализација„ Игор Гулабоски денеска присуствуваа на акцијата за чистење на дивите депонии од клучката кај Салида по регионалниот пат до бензинската на Лук Оил.

„Денеска организираме голема акција за чистење на дивите депонии во делот на клучката за влез од Прилеп кон Битола кон бензинската станица на Лук Оил. Оваа акција е по иницијатива на градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески во соработка на Јавните Комунални Претпријатија и со помош на градежната оператива на градот. Оваа акција има за цел да овозможи чистење на дивите депонии и почист град. Додека во светот сите го селектираат ѓубрето и се залагаат за помалку смет и ѓубре ние сме тие кои треба да допринесеме за почиста околина како за нас, за нашите сограѓани и за нашите поколенија. Воедно упатувам апел до граѓаните да ги користат услугите на ЈКП “Комуналец„ за депонирање на било каков отпад бидејќи со тоа ја зачувуваме чиста нашата средина“, посочи Абрашоски в.д директор на ЈКП “Комуналец„.

Воспоставување на овој систем ќе продолжи во континуитет.

Денеска е голем празник: Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста, за многу години!

Денеска се празнува Воведение на Пресвета Богородица. Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм.

Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и тоа само еднаш во годината.

Така, Бог преку света Захарија, кој беше надвор од себе и обземен од Бога”, ја прослави умната и телесна чистота на Марија, која подоцна стана врата на спасението, т.е. го прими во себе, го носеше и го роди Синот Божји, истовремено и Син Човечки, Христос. Најчистиот се роди од најчистата утроба. Затоа и празникот е Пречиста.

И за овој празник важи дека не треба да се работи низ дома, да се пере долна облека, да се пегла и слично.

ВМРО ДПМНЕ: Дали автобусот на Беса Транс прво бил регистриран на прилепски таблици

Денес власта на срамен, недоличен и со нечовечки пристап прави церемонија со пренос во живо од транспортот на починатите. Згрозени сме, наместо да покажат почит кон починатите, Забрчанец не се воздржува од себепромоција па на социјалните мрежи објавува фотографии со наслов: Одиме во живо наскоро. Ова е невкусно, во ваков траорен миг не треба да се размислува за промоција туку потребна е одговорност. Нема никаков одговор за автобуската несреќа, се уште се обидуваат да ја зачуваат власта преку одржување на нивната неспособна коалиција, а бугарските власти веќе дадоа првични информации по спроведената истрага, обвинува Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Според бугарските обвинители и истражители позната е причината за несреќата. Согласно информациите во медиумите констатирано е дека автобусот бил стар и „репариран“ во Турција и дека целата опрема му е заменета, а допрва треба да се разјасни кои од деловите биле оригинални, фабрички, а кои не. Овие информации само ги потврдуваат претпоставките кои пред неколку дена на прес-конференција ги поставивме како прашања до СДСМ. Власта треба да одговори дали е вистина дека автобусот фабрички бил наменет за превоз на 49 патници и како таков е увезен и возилото првично е регистрирано на прилепски таблици, за по неколку дена автобусот да е препродаден и пререгистриран на скопски регистарски таблички? Дали согласно историјатот на промени на регистарски број и орган на регистрација автобусот е регистриран на прилепски таблички на 13.10.2020 година и само после два дена, на 15.10.2020 е направена промената на скопски регистарски таблички? – посочи таа.

Митева запраша: Дали согласно историјатот на промени на носивост, број на места за седење автобусот има 49 седишта на 14.10.2020 година, а промената на 54 седишта е направена на 08.02.2021 година?

-Дали само после неколку месеци во сообраќајната дозвола намената односно носивоста му пораснала на 54 патници односно за повеќе од 10% од фабрички утврденото? Кој имал направено хомологација – атест и го одобрил тоа? Дали поради оваа сомнителна промена автобусот не можел да добие соодветна лиценца за меѓународен транспорт? Ова се сериозни индикации за сторена злоупотреба и доколку е вистина одговорност мора да понесат сите од власта затоа што поради пропустите во системот 45 граѓани ги загубија своите животи. СДСМ и ДУИ мора да запрат со добро позната тактика која ја применуваат за префрлување на вина, а одговорност од никого. Ниту еден од нив не понел одговорност за случувања кои се под нивна надлежност во институцијата што ја раководат, а имаат должност и обврска да водат сметка за начинот на раководење и за резултатите од тоа. Оставките и ослободување на институциите се механизми за понесување политичка одговорност, кога веќе ја немаат моралната одговорност, истакна Митева.

Голем интерес кај стопанствениците во Прилеп за средба со Јовчески и Мицкоски (Фото)

Денеска Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари прва работна средба со членовите на Регионалната стопанска комора од Прилеп.

Средбата се одржа во хотелот „Кристал Палас“ и истата беше искористена за меѓусебно запознавање и за отпочнување на соработка помеѓу прилепските стопанственици и новото раководство на општината.

„Денес остваривме една работна средба на иницијатива на Локалната самоуправа на Општина Прилеп, а во соработка со Регионалната стопанска комора која што покажа голема заинтересираност. Се уверивме во проблемите тековни со кои се соочуват секојдневно во доменот на нивното делување. Перспективата Локалната самоуправа ја гледа во соработка а исто така и во развој на локалната соработка која што би била во иднина голем прогрес како во остварување на нови работни места така и на нови инвестиции, се во интерес на грѓаните на Општина Прилеп. Ова е прва ваква работна средба но во иднина ќе се потрудам ова да премине во континуирано, почесто и секој месец да имаме средба се во интерес на Општината.“,истакна градоначалникот Јовчески.

На средбата беше потенцирано дека поттикнувањето на локалниот економски развој и градењето на партнерски однос со бизнис заедницата се едни од главните приоритети на локалната власт во следните четири години.

Откако цените стигнаа до плафон: Владата ќе ги замpзне цените на брашното, шеќерот, маслото, а можеби и месото

Владата наскоро ќе ги замрзне продажните цени на основните прехранбени производи, пред сѐ – брашно, шеќер, ориз, маслото за готвење, а можеби и на месото.

Ова го навестува министерот за економија Крешник Бектеши во интервју за емисијата „Трилинг“ на ТВ 24, која ќе се емитува вечерва.

Ваква одлука на 30 ноември веќе донесе соседна Србија.

Одлуката, која ќе се применува за период од 60 дена, предвидува и производителите да не смеат да ги испорачуваат овие производи во количини помали од просекот во последните 12 месеци.

За непочитување на наведените одредби предвидени се парични казни во износ од 100 000 до два милиони динари, како и забрана за вршење дејност во период од шест месеци до една година.

Во ЦК “Марко Цепенков” отворена изложбата на дела од Малиот битолски Монмартр (Фото)

Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп отворена е изложба на дела од Мал битолски Монмартр.

Изложени се 25 дела од оваа значајна македонска ликовна манифестација која постои веќе 40 години.

Изложбата, поддржана од Министерството за култура, е во чест на основачот Коста Хаџи Антоновски, кој веќе не е со манифестацијата на која и го посвети целиот свој живот.

Љубителите на ликовната уметност во наредните две недели ќе проследат дела создавани од ликовните амбасадори од целиот свет во Старата битолска чаршија непрекинато четири децении.

Монмартр низ годините блескаше со својата шарена порака за мир, љубов, уметност…. испишана на десетици јазици со безброј нијанси на бои од детските ликовни творби кои пристигнуваа во Битола.