дома блог страница 1784

Другите коалициони изгледа се само за сликање, ги понижи ли Заев? Еве што се добива Алтернатива

Централното претседателство на партијата Алтернатива, која во Собранието има 4 пратенички места, откако вчера одлучи да се приклучи на парламентарното мнозинство, договорено е да добие 47 високи позиции во валдините институции.

Според извори на Алсат ова е местата каде ќе раководат членови на Алтернатива.

1. Министерство за здравство, 2. Министерство за информатичко општество и администрација, 3. Заменик претседател на Собранието, 4. Министер за дијаспора, 5. Заменик министер за култура, 6. Заменик министер за образование, 7. Заменик министер за финансии, за земјоделство или транспорт, 8. Мепсо, 9. Железнички транспорт, 10. Управа на тетовска болница, 11. Национален граничен координатор, 12. Пензиски фонд, 13. Заменик директор во испитниот центар, 14. Инспекторат за локална самоуправа, 15. Заменик директор во Службен весник, 16. Затвор Идризово, 17. Агенција за странски инвестиции, 18. Агенција за претприемништво, 19. Институт за културно наследство, 20. Инспекторат за стандардизација, 21. Гостиварски театар, 22. Тетовска библиотека, 23. Агенција за млади и спорт, 24. Помошник министер во МВР, 25. Водечки сектор во царината, 26. Агенција за вработување Струга, 27. Кинотека Струга, 28. Сектор МВР Тетово, 29. Клиника Скопје

Целата листа тука.

Прилепчани редат пopaзи: Ниту 12 погодоци на Милошески не беа доволни против Металург

Тимот на Прилеп со 35-27 (17-13) загуби на вчерашното гостување против исклучително расположениот Металург.

Неискуството на прилепскиот тим и одлично расположените ракометари на Металург беа главниот „виновник” за најновиот пораз.

Во составот на РК Прилеп, Христијан Милошески постигна дури 12 погодоци, а зад него беа двајцата Грузијци, Чантурија со 7 и Рустамов со 5.

Во екипата на Металург најдобар учинок постигна Озтурк Халил со 8 погодоци.

Ова беше четврт последователен пораз за екипата на РК Прилеп, која се наоѓа на деветтото место на Суперлигашката табела, со само четири победи во досегашниот дел од сезоната.

Наредниот меч тимот на Прилеп го игра на домашен терен против составот на Тинекс Пролет.

Река со пивка вода извира од “Под Кули” во Прилеп (Видео)

Жители од населбата “Под Кули” во Прилеп, ни испратија кратко видео на кое може да се види дека по улиците тече пивка вода.

Се работи за дефект на водоводната мрежа кој тие бараат итно да биде саниран од надлежните служби.

“Во време кога водата за пиење е скапоценост и често се соочуваме со недостиг поради променетите временски прилики, ваквите дефекти треба да се сведат на минимум, или што поскоро да се интервенира”, вели нашиот читател.

Целта на ваквите објави е да им се помогне на граѓаните, но и да се апелира до надлежните час поскоро да излезат на терен и да ги санираат дефектите, затоа што секоја капка вода значи живот.

По поразите од Саса и Слога, тренерот на ФК Победа си поднесе ocтавка

По денешниот пораз од Слога, шефот на стручниот штаб на ФК Победа Дарко Крстески поднесе оставка на својата функција.

-По двата последни лоши резултати и поразите од Саса и Слога ја преземам одговорноста врз себе. На ФК Победа и посакувам успех во продолжение на сезоната во Втората лига-Исток и остварување на зацртаната цел-пласман во Првата лига, истакна Крстески.

ФК Победа му се заблагодарува на Крстески за неговиот несебичен ангажман како прв тренер на сениорскиот тим и му посакува успех во натамошната тренерска кариера – велат од клубот.

Креативна прилепчанка е вистински хит со својата новогодишна елка (Фото)

Прилепска домаќинка покажа дека не секогаш е потребно купување украси за да ја накитите новогодишната елка.

Украсите можеби во изобилство ги имате во домот, потребно е само да ја разбудите фантазијата во себе, а крајниот резултат ќе биде најкреативната новогодишна елка која вашите блиски ја виделе некогаш.

Секоја чест за ваквата досетливост!

Одличен потег кој треба да го следат и прилепските компании

Комапнијата „Линк медиа“ бесплатно ќе го украси Скопје за Нова година, почнувајќи од 10 декември, соопшти Град Скопје.

На повикот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, до компаниите да покажат општествена одговорност за време на здравствено-економска и енергетска криза, се јавија компании заинтересирани да помогнат.

– Ова е време кога треба да се менуваат работите, кога треба да покажеме дека заедно можеме повеќе за нашиот град. На мојот повик се јавија компании кои ја покажаа својата општествена одговорност, а една од нив најави дека ќе го украси градот Скопје за Нова Година без финансиски импликации по градот – изјави градоначалничката Арсовска по средбата со компанијата „Линк медиа“.

Компанијата најави дека со украсување ќе започне на 10 декември. Град Скопје и „Линк медиа“ спогодбено го раскинаа договорот за новогодишно украсување на Скопје, што беше склучен во октомври оваа година.

(Видео) Менаџер од ресторанот на Нусрет: “1000 долари за бифтек е сосема оправдана цена”

Менаџерот во ресоранот на Нусрет во Лондон вели дека цените во менито се сосема оправдани.

Нусрет Гокче или во јавноста познат како “Salt Bae”, има голем број на луксузни ресторани ширум светот, а неодамна отвори и ресторан во Лондон каде цената на бургерите е по 100 фунти, а познатиот “златен бифтек” ќе ве чини 1000 долари.

Менаџерот на ресторанот, Мехмед, се обидува да ги оправда високите цени на менито: “Некои луѓе сакаат да зборуваат. Луѓето се жалат бидејќи ги гледаат високите сметки на социјалните мрежи. Некои луѓе плаќаат по 10.000 фунти за едно шише вино. Вакви цени може да се најдат на секаде низ Лондон. Но, услугата што ќе ја добиете овде е екстремно висока.

Имаме поголема интеракција со муштериите – ја готвиме храната пред нив, како што е нашата традиционална баклва, што е многу популарен десерт”.

Ќе остане ли Првата лига пуста желба за Победа? Нов пораз денеска на домашен терен

Победа полека ја губи трката со конкурентите за влез во Првата лига.

Откако минатата недела црвено-белите загубија кај Саса во Македонска Каменица, денеска нов пораз од Слога на домашен терен.

Гостите од Виница го добија натпреварот на градскиот стадион “Гоце Делчев” со 1:2 (0:1 на полувремето) и го задржаа првото место на табелата од Втората лига – Исток.

Ова е трет пораз за прилепчани сезонава, кои досега имаат 8 победи и два нерешени резултати. Победа се наоѓа на третото место од табелата со бод помалку од Саса и дури 5 помалку од Слога.

Иако до крајот на сезоната остануваат уште многу натпревари, денешниот дуел на Градски во Прилеп од многумина беше оценет како клучен за првото место.

Во наредното коло Победа му гостува на Осогово, Слога на домашен терен го пречекува Детонит, а Саса ја пречекува Беласица.

Прилепчани се тепале среде бел ден

На 03.12.2021 во 15.15 часот било пpиjaвено дека во Прилеп, по пpeтxoдна вepбална pacпpaвиja, дошло до физичка пpecметка помеѓу Е.М.(32), Р.А.(40) и О.А.(42), од една стpaна и Е.А.(36) и М.О.(33), од дpyга cтpaна, сите од Прилеп.

Се работи на pacчиcтyвање на cлyчajoт – информираат во дневниот билтен на МВР.

И по еден месец дел од тутунарите се уште не добиле средства од петтиот Koвид пакет (Видео)

И по речиси еден месец од почетокот на исплатата на инаку, со месеци пролонгираните финансиски средства од петтиот Ковид-пакет, дел од македонските тутунопроизводители се уште не ги добиле парите, а други пак, добиле само дел, односно помалку од ветеното и очекуваното – објави “АЛФА ТВ”

„Ние секој ден сме во комуникација со тутунарите и според она што го имаме како сознание, голем дел од тутунарите немаат воопшто добиено средства од Ковид-пакетот, додека пак, исто така, не мал број тутунари имаат добиено средства, меѓутоа во намален износ. Кај некои 3 до 4, па и 5.000 денари фалат“, – ни изјави за Алфа, Васко Јосифовски претседетел на ТЗ „Тутунска надеж“.

Го побаравме и ние подрачниот раководител Пачешкоски. Според него, некои од тутунарите задоцниле со доставувањето на документацијата, а некои пак, имале прикажано лажни податоци.

„Тие што се обратија до Подрачнава се решени. Имаше ситуации каде што има грешка во трансакциска сметка, има и такви кај што има повеќе сметки, тој оди во Комерцијална, а парите му лежат во Стопанска банка. Кај некои не се исплатени оти им е најдена разлика во контрола што се казнети претходно, имаат различни површини пријавено. На лице место контролата констатирала дека е лажно пријавено и тие се санкционирани. Доколку има некој проблем, слободно да го пратат во Подрачното и преку контактите во Платежна агенција ќе провериме што е проблемот“, вели Зоран Пачешкоски, раководител на ПЕ на МЗШВ во Прилеп.

Инаку, со овој пакет мерки се опфатени 19.060 тутунопроизводители. Се работи за поддршка од 3 денари по килограм необработен тутун од втора класа и 16 денари за килограм тутун од трета и четврта класа. Оваа поддршка на тутунарите им беше ветена уште на почетокот од годинава, па во оваа задоцнета исплата, тие препознаваат и политика и тоа од два аспекти. Едниот, Владата да си го спаси мнозинството, а додека другиот е што за десетина дена треба и официјално да започне откупот на тутунот од годинашнава реколта.

Каролина Дурло