После двата последователни порази од конкурентите за прво место на табелата во Втората лига – Исток, тренерот на Победа, Дарко Крстески, си поднесе оставка од позицијата шеф на Стручниот штаб.
Според информациите од клубот, нов тренер кој ќе ги предводи црвено-белите е Димитар Капинковски.
Капинковски до пред извесно време беше на клупата на Пелистер, а сега ќе има мисија да ја внесе Победа во Првата лига.
Капинковски е поранешен фудбалер на Победа кој црвено-белите бои ги носеше во периодот од 2003 до 2009 година.
Легендата на прилепска Победа, Николче Здравески, чие име деновиве гласно се спомнува низ чаршијата и на социјалните мрежи, како единствен кој треба да го преземе тренерското столче во клубот, вели дека не е заинтересиран, но истовремено упати гласни критики до луѓето кои одлучуваат во ФК Победа.
“Oва ви се критериуми за клуб, со реноме како ФК Победа Прилеп
-Освоена шампионска титула како фудбалер. Предадена на капитенот од рацете на тогашниот градоначалник.
-Освоен Куп на Македонија како фудбалер на Победа.
-Прогласен за најдобар спортист на град Прилеп.
-Освоена шампионска титула како шеф на Стручен штаб на Победа
-Прогласен од ФФМ за најдобар тренер во Македонија.
Како шеф на 11-Октомври освоено прво место во Втора македонска лига и влез во Прва лига.
И господо ова го пишувам не за да бидам во Победа или да ви се нудам, ако сум го сакал тоа го знам и патот и луѓето со кој треба да разговарам, но не сум заинтересиран!!!
За да не бидам погрешно сфатен. Ова сето ви го пишувам да знаете по кои критериуми се бира и тренери и раководни луѓе во клубот.
А сега за Победа одлучуваат ојлевци, дојлевци, таксисти и сл. За жал сте. И ве замолувам за мене и за прилепската јавност да одговорите по кои критериуми бирате и тренери и фудбалски работници”.
На наредната владина седница ќе се донесе одлука за проширување на одлуката за дополнителни производи чии цени треба да се замрзнат, а најверојатно тоа ќе бидат оризот и јајцата, потенцираше денеска министерот за економија, Крешник Бектеши. Тој рече дека утре имаат редовна седница на Владата, а во текот на денешниот ден треба да добијат податоци од Заводот за статистика во делот на движењето на цените, и во трговијата на мало и трговијата на големо за месец ноември.
-Aко има драстични зголемувања на цените, уште од утре ќе донесеме одлуки за проширување на одлуката со дополнителни производи, најверојатно тоа ќе биде оризот и јајцата како производите кои се користат повеќе од семејствата и се неопходни, за наредните два месеца да нема зголемување на цените. Многу е важно да се наведе дека одлуките не важат за денешните цени, важат за цените кои биле формирани од страна на трговците од 1 декември и тие цени ќе важат до 31 јануари. Цените не можат да се зголемат, можат само да се намалат, рече Бектеши.
Бектеши вели дека се во комуникација со сите производители, а нивно право е дали ќе го намалат и запрат производството.
-Ние сме во комуникација со сите домашни производители, само треба граѓаните да знаат дека оваа одлука не важи само за домашните производи. Важи и за производите кои спаѓаат во овие категории што се увезуваат, ним ќе им се намали маржата целосно што ја добиваат и големите и малите трговци. Во време кога кризите се увезени, како што е енергетската криза, затоа што во берзите е зголемена цената на електрична енергија, а претпријатијата се од слободен пазар и се снабдуваат од трговци, тогаш секако ние мора да донесеме вакви одлуки за да го штитиме стандардот на нашите граѓани. Дополнително на компаниите им излегуваме во пресрет да воведат нови технологии, да ги намалат нивните оператвни трошоци, а секако да бидат и поконкурентни, не само на домашниот пазар, туку и на европскиот пазар, рече Бектеши.
Изградбата на детската градинка во населбата “Точила” во Прилеп започна во април годинава, а според најавите на претходната локална власт требаше да биде завршена до крајот на годинава.
Жителите на најголемата прилепска населба со нетрпение го очекуваат овој објект, кој според првичните најави треба да згрижува 252 деца.
Градинката беше ветување на претходниот градоначалник, но како и поголемиот дел од ветувањата на претходната владеачка гарнитура не ја дочека изведбата во нивниот мандат.
Сега жителите од “Точила” сите надежи ги насочуваат кон градоначалникот Борче Јовчески, а според фотографиите изградбата полека но сигурно напредува.
„И целиот род да го платат во прва класа ќе биде малку со оглед на инфлацијата која ни се случува во моментов во државава“. Со вакви стравувања, дел од македонските тутунари, денеска започнаа да го предаваат тутунот од годинашнава реколта, за кој тврдат дека е со извонреден квалитет и значително помалку од лани.
„Стартот ни најавува не баш така успешна реколта. „Сокотаб“ како водечки лидер во откуп на тутунот е отпочнат со лоша проценка на тутунот, но еве да оставиме прв ден, па да видиме како ќе тече во наредните неколку дена. Она што сакам да го потенцирам до Сојузот е да биде присутен цело време на откупните ваги…исто така и земјоделскиот Инспекторат да биде буден и присутен цело време за врема на овој откуп каде што преку своите инспекции може да придонесе за пореална откупна цена“, – рече Игор Мирчески, координатор на четирите новоформирани тутунски здруженија.
„Тутунот годинава е многу убав, нема скапан, нема трул, си велиме дека ќе поминеме добро…Лани, на почетокот добро беше, после не..“- вели тутунопроизводителот Методија Ѓорѓиоски.
Од вкупно осумте лиценирани откупувачи, првите тројца кои денеска го започнаа откупот е и прилепскиот Тутунски комбинат, од каде ветуваат повисоки откупни цени во споредба со лани.
„Очекуваме поквалитетна реколта за разлика од минатата година. Денеска е прв ден и се уште е рано за било какви заклучоци. Очекуваме дека просечната цена ќе биде далеку повисока од онаа што ја имавме минатата година“, – ветува првиот човек на прилепскиот Тутунски комбинат, Кире Станкоски.
„Мислам дека досега што исценивме се задоволни кооперантите…Исценивме и прва класа и втора и терта класа, од сите класи, значи“, – објаснува Верче Коцеска, проценител при Тутунски комбинат, Прилеп.
Годинава, на ниво на Македонија, тутунот ќе се откупува на 204 ваги со исто толку повереници.
СДСМ испумпува пари преку Фондот за иновации со години. Откако се дојдени на власт немаат прекинато со испумпување на пари од Фондот за иновации, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
-Поддржуваат поекти кои немаат никаква врска со иновации, немаат никаква врска со поддршка на развојни иновации и технологии и немаат никаква врска со развој на технолошките иновации во Република Македонија. Доделување буџетски пари за рецепта за пица, односно доделување 40.000 евра за рецепта за пица, пинса романа, која е најпозната пица во италија и која што ја има на сите пребарувачи на интернет, нема никаква врска со иновации и нема никаква врска со нешто ново и што е измислено тука во Република Македонија или иновирано. Рецептата за пица да се плати од фондот за иновации 40.000 евра, само затоа што му текнало на Коста Петров да додели на некој негов сограѓанин од Гостивар е врв на лудилото кое го доживува власта, располагајќи со државните пари и парите на граѓаните.
Вчера, во нивниот демант, криејќи се зад некои флоскули и евалуаторски комисии, никаде не негираа дека доделиле пари за рецепта за пица, никаде не негираа дека доделиле пари на партиски човек близок до Заев од Струмица и од нивната структура, никаде не негираа дека доделиле пари на нивни поранешен директор на Фонд за здравство. Преку 150.000 евра народни пари се поделени за проекти кои немаат никаква врска со иновации, но она што е поважно е дека никој не одговара и не сноси одговорност за истите. Напротив, во лудилото кое што го доживува власта, се однесуваат како да е нивна државата. Фондот за иновации во владата на СДСМ стана само партиска каса на СДСМ и каса за поддршка на бизнисите и луѓето блиски до СДСМ. Граѓаните се свесни за сите овие сомнителни трансакции и помоши од страна на државата кон фирмите и луѓето блиски до СДСМ. Граѓаните се свесни за сето она што се случува, истакна Арсовски.
Јасно е, СДСМ само испумпува државни пари преку институциите и за тоа еден ден ќе одговараат, додаде тој.
Извршниот директор на “оnline” компанија брутално испушти 900 работници преку видео-повик, пред да им каже дека биле мрзливи, непродуктивни и дека kpaделе од своите клиенти.
43-годишниот Вишал Гарг кој е извршен директор во компанијата “Better.com”, закажал состанок со 9% од своите работници за да им каже дека се отпуштени.
На повикот, кој се чини дека бил снимен и поставен на социјалните мрежи од вработен, тој им рекол: „Ова не е вест што ќе сакате да ја слушнете… Ако сте на овој повик, вие сте дел од несреќната група која се отпушта. Вашиот работен договор тука завршува”.
„Пазарот се промени, како што знаете, и ние мораме да се движиме со него за да опстанеме, за да се надеваме дека можеме да продолжиме да напредуваме и да ја исполниме нашата мисијa”.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на
малопродажните цени на нафтените деривати.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 3,50 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 денари/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 3,016 денар/килограм и сега ќе изнесува 38,527 ден/кг.
Од 07.11.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Артан Груби, првиот вицепремиер од редовите на ДУИ, денеска изјави ДУИ ќе го добие министерското место за земјоделство, откако го отстапи Министерството за информатичко општествпо и администрација.
Вели дека ДУИ се задоволни од распределбата на министерските места.
„При тие услови на преговарање меѓу постоечките коалициони партнери и новите коалициони партнери кои што ќе дојдат, сите секако дека отстапуваат места кои што ги имале дотогаш. Ние всушност во Владата отстапивме од Министерството за информатичко општество, а го добивме ресорот земјоделие, кој што е многу голем, каде што имаме многу многуи значајни проекти кои што ги имаме во нашата програма, и за кои проекти ни е многу значајно да ги имплементираме“, изјави денеска за медиумите Артан Груби.
За ДУИ ќе биде прифатлив и нов мандатар, кој би дошол на местото на премиерот Зоран Заев, кој поднесе оставка.
„Зошто не би бил прифатлив и нов мандатар. Ја почитуваме одлуката на Социјалдемократскиот сојуз. Кого и тие да изберат за претседател, кого и да го предложат за нов мандатар, секако дека ние тоа ќед го прифатиме“, рече Груби.
На 9 декември 2021 / четврток/ од 13 часот во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се реализира манифестацијата „Унгарски културен мозаик“.
Посетителите ќе можат да се запознаат со изложба од 20 дела од Унгарците кои живеат во Македонија, како и со настап на музичари.
Манифестацијата е дел од активностите на Унгарското Здружение во Македонија Теледом и Амбасадата на Унгарија, со кои Центарот има долгогодишна соработка.
Воедно ќе има и промоција на унгарски национални десерти.
Проектот е поддржан од Агенцијата за остварувања на правата на заедниците во Македонија.