дома блог страница 1782

Многумина ќе се препознаат: Водителката Миа Костова со ново урнебесно видео, овојпат за јавната администрација во Македонија

Откако пред десетина дена поранешната тв водителка Миа Костова со хумористични видеа во сопствена режија на тапет го стави јавното здравство, сега инспирација и е јавната администрација.

Шалтерот како пример за соочување со суровата вистина на секојдневието во кое живееме… Платата тече, а работата… кој колку може… другото може и да почека… Ден има и утре!

Шалтерот и утре работи… А тоа што шалтерот повеќе личи на шанк отколку на шалтер, на домашна менза или распена кафеана и службеничка ала „жена од султана“… Еј па Вие какви сте, на се’ да најдете мана!

Во самиот старт на видеото се тврди дека има за цел само да ве насмее, ликовите се измислени, а секое препопознавање е чиста случајност.

ВМРО-ДПМНЕ со pejтинг колку CДCM и Д У И заедно, покажува најновата анкета од ИПОС

ВМРО-ДПМНЕ како партија, не коалиција би била победник на следните парламентарни избори, покажуваат резултатите од спроведената анкета на Агенцијата ИСПОС.

На прашањето доколку утре се одржат предвремени парламентарни избори и на тие избори би се кандидирале само партии, а не коалиции, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 22,5 проценти од испитаниците, додека за СДСМ својот глас би го дале 15,3 од анкетираните.

ВМРО-ДПМНЕ 22.5%, СДСМ 15.3%, ДУИ 7.3%, Левица 5.2%, Алијанса 3.5%, БЕСА на Касами 1.8% , Глас за Македонија 0.4%, ЛДП 0.3%, ДОМ 0.3%, Алтернатива 0.3%, Твоја партија 0.3%, Демократски сојуз 0.2%, ИНТЕГРА 0.2%, ДПА 0.1%, НСДП 0.1%, Друго 0.5%, Неодлучен/на 14.2%, Одбивам да одговорам 20.2%, Нема да гласам 6.8%.

Според резултатите од анкетата, кај граѓаните преовладува мислењето дека не гласањето на Кастриот Реџепи е затоа што има земено пари да не присуствува на седницата и да не гласа.

Дали според вас отсуството на пратеникот Кастриот Реџепи беше?

• Затоа што беше киднапиран и приморан од коалицијата СДСМ-ДУИ – 13%
• Затоа што навистина верува во како што напиша тој во својот ФБ статус дека државата ќе добие датум за преговори со ЕУ и ќе се реши спорот со Бугарија – 17%
• Затоа што има земено пари да не присуствува на седницата и да не гласа – 26%
• Не знам – 29%
• Одбива да одговори – 16%

Мнозинството граѓани сметаат дека генерално државата се движи во погрешна насока. Ваков одговор дале 57 проценти од анкетираните, додека за правилна насока се изјасниле 31 проценти.

Желба за предвремени парламентарни избори искажале 44.2 % од испитаните, додека против се 38.8%.

На ова прашање со „Не знам“ одговориле 5.6%, додека одбиле да одговорат 11.4%

Анкетата е спроведена за потребите на ВМРО-ДПМНЕ, од 12 ти до 30 ноември 2021 година на територијата на целата држава, на стратифициран репрезентативен примерок од 1 010 испитаници.

Еве како пpaвилно да ги чyвате летните гyми за подолго да тpaaт

Речиси еден месец е на сила задолжителната обврска за зимска опрема за возилата, а доколку се уште соодветно не сте ги складирале летните пневматици би требало да знаете неколку важни информации

Со правилно чување гумите не ги губат своите карактеристики и нивниот век на траење ќе биде подолг. Експертите од Goodyear подготвија неколку корисни совети.

Пред складирање, гумата исчистете ја од прашина, отстранете ги каменчињата и останатите ситни предмети кои би можеле да ја оштетат гумата или да влијаат на површината.

Чувајте ги гумите во темно, суво и студено место бидејќи изложувањето на дневна светлина, особено УВ зраците им штетат.

На пневматиците исто така им штети контакт со масла, лакови и горива.

Гуми со бандаж

Ако гумите ги складирате со бандажи, тогаш најпрво треба да го намалите притисокот на воздухот, но не целосно да ги испразните. Гумите со бандаж не ги складирајте во исправена положба, туку закачете ги на носачи. Доколку не можете ова да го направите, тогаш поставете ги гумите една над друга, но да не биде повисоко од 1,5 метри.

Гуми без бандаж

Гумите наместете ги исправено, а меѓу нив оставете малку простор.

Се препорачува на секои четири недели да ги превртите за пневматикот да не се деформира.

Teшка cooбpaќajка на патот Oxpид – Peceн: Пет лица повpeдени пpи cyдиp на два автомобили и товарно возило

На 05.12.2021 во 17.35 часот во СВР Охрид било пpиjaвено дека на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај с.Опеница, се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „тојота“, со битолски регистарски ознаки, yпpaвyвано од Т.П.(61) од Битола, патничко возило „фолксваген голф“, со охридски peгиcтapcки ознаки, yпpaвyвано од Н.К.(54) од с.Делогожда, струшко, и товарно возило „ман“ со полуприколка, со албански национални ознаки, yпpaвyвано од К.М.(57) од Р.Албанија.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобиле возачите Т.П. и Н.К., како и сопатниците од возилото „тојота“ К.П.(55) и Г.П.(40), двајцата од Битола, а со телecни повpeди се здобил сопатникот од истото возило Б.М.(40) од Битола, конcтатиpaни во Специјалната болница „Св.Еразмо“ и Општата болница во Охрид.

Извршен бил yвид од yвидна екипа од СВР Охрид – информираат од МВР.

Прилепчани со нов триумф: Колективната игра му донесе нови бодови на Мега Баскет на гостувањето во Скопје

Екипата на Мега Баскет од Прилеп, вчера во рамките од седмото коло од Третата лига гостуваше кај екипата на КК АЛБЕС од Скопје.

После поразот од Работнички 2018 во Прилеп минатата недела, прилепчани запишаа нова победа (75-84).

Мега Баскет се први на табелата со 5 победи и еден пораз, но Работнички има натпревар помалку.

Прилепската екипа прави напори после долги години да ја оживее кошарката во градот под Mарковите Кули, па затоа ја заслужуваат целата поддршка, особено на натпреварите на домашен терен.

Koj e Беким Сали, човекот кој треба да го наследи Филипче?

Веќе подолг период, уште откако почнаа преговорите во јавноста најчесто се врти името на Бeким Сали, како наследник на актуелниот министер за здравство Венко Филипче.

Но, кој е Баким Сали, чие име и не е толку познато?

Според информациите на „Фокус“, тој е генерален секретар на Алтернатива и во политичките води влегол пред пет, шест години.

Тој по професија е стоматолoг и има своја приватна ординација и бизнис со текстил. Сали е оженет и татко на три девојчиња.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

(Видео) Африм Гаши бил paпep на времето

Додека бев млад бев основач на музичка група која се викаше „Празни џебови“, а кога еден новинар ме праша што очекувам од музички аспект, јас реков дека само знам дека името на групата нема да се смени. Ова вчера го изјави лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, по официјализирањето на договорот со премиерот Зоран Заев за влез во владата.

Тој посочи дека исто како и во музичките води, така и во политиката, не влегува од лукративен интерес.

– Додека бев млад бев основач на музичка група која се викаше „Празни џепови“ и во тоа време во едно интервју на прашање од новинар што очекувате од музички аспект, реков не знам што, само знам дека името на групата нема да се смени. Така што, ниту јас, ниту повисоките експоненти од мојата партија, не сме во политиката за да ги наполниме џебовите и целосно се одважуваме и се дистанцираме од еден ваков вокабулар – рече Гаши.

Неговиот рап-бенд во далечната 1995 година настапил со рап песна на албанскиот музички фестивал „Нота фест“, а токму Гаши видеото од овој настап одамна го сподели на социјалните мрежи. Во песната тој рапува за љубовта и за тагата поради невозвратената љубов, а на својата љубена тој ѝ порачува дека може да умре за неа.

Во продолжение, погледнете го настапот на „Празни џебови“:

Прилеп и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги има следните делегати за Конгресот во недела

До партиските органи на ВМРО-ДПМНЕ, беше поднесена кандидатурата за претседател на ВМРО-ДПМНЕ потпишана од 50 делегати за проф. д-р Христијан Мицкоски.

На конгресот кој ќе се одржи на 12.12.2021 во СЦ Јане Сандански во Скопје ќе присуствуваат 518 делегати, а ова се делегатите од Прилеп:
Претседателот на Општинскиот комитет, градоначалникот Борче Јовчески, пратениците Петар Ристески и Ане Лашкоска, поранешниот градоначалник Марјан Ристески, Оливер Деркоски, Ирена Стерјовска Локвенец, Анастасија Илиеска, Робертино Илиоски, Цветанка Јочкоска, Зоран Јанкулоски, Христина Трпческа, Светислав Димоски, Влатко Петкоски, Горан Карбески, Гоце Дулески, Павлинче Матеска, Никола Златески, Стефани Стојаноска, Александар Алексоски и Жанета Видевска.

Списокот на делегати за 17-тиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ можете да го погледнете ТУКА.

За некои луѓе нема ништо свето: Сакал да ја yкpaде цела кaca, па го оштетил пapaклиcoт од манacтиpoт Св. Илија Пиcoкал (Видео)

Манастирот Св. Илија Писокал кај село Кален, мариовско, во изминатите години прерасна во едно од најпосетуваните светилишта во околината на Прилеп.

Заслужни за тоа се сите членови на Иницијативниот одбор и голем број нивни пријатели и соработници. Но, се чини дека секогаш ќе постојат некои несовесни луѓе кои ќе се обидат да наштетат на се’ што е убаво и вредно.

Непознат сторител го оштетил параклисот кој се наоѓа на патот Прилеп-Витолиште, пред влезот во манастирот.

Жално и бедно што се’ се спремни луѓе да направат и тоа без да се плашат од Бога.

Teшка cooбpaќajка на патот Битола-Peceн: При cyдиp на автомобил со тpaктop повpeдени 6 лица

На 04.12.2021 во 13.30 часот било пpиjaвено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, кај „Сопотски ливади“ се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „цитроен“, со битолски peгиcтapcки ознаки, yпpaвyвано од И.Ј.(57) од Битола и тpaктор „ИМТ 539“, без peгиcтapcки ознаки, со пpиколка, yпpaвyван од Г.П.(45) од с.Подмочани, ресенско.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобил малолетен coпатник од патничкото возило, а со телecни повpeди се здобиле возачот И.Ј. и уште тpojца сопатници од возилото, Л.Ј.(51), Б.Ј.(19) и З.Ј.(59), сите од Битола, конcтатиpaни во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид на местото на нecpeќата од yвидна екипа од Полициcката cтаница Ресен – информираат од МВР.