дома блог страница 1780

Павле Трајанов: Јас не поддржувам трансфер на пратеници и сум голем противник на политички пазарења

Лидерот на Демократскиот Сојуз Павле Трајанов реагира на изјавата на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во која го нарече „последниот бастион на СДСМ“

„Во интерес на објективно информирање на јавноста, сакам да укажам дека јас сум претседател на Демократскиот сојуз, автентична политичка партија и моето дејствување, како и на партијата Демократски сојуз е во интерес на граѓаните и националните државни интереси.

Инаку мојот став е принципиелен и познат, не поддржувам трансфер на пратеници и не учествувам во никакви пазарења за ново парламентарно мнозинство или проширување на постојното.

Жалам што досега двете најголеми партии не можат да изградат заеднички став околу круцијалните државни интереси, вклучително и за евроинтеграциските процеси.

Во услови кога има сериозни сигнали дека наскоро ќе започнат преговорите за полноправно членство на Македонија во ЕУ, најмалку ни е потребна политичка криза и нестабилност на државата.“ – вели Трајанов во писмена реакција

Нов тренер и нови три бодови од Кочани за “Победа”

Со головите на Јошески (2мин), Стомнароски (60мин) и Б.Спиркоски (62мин), Победа попладнево триумфираше над Осогово на гостувањето во Кочани.

Победа сега се наоѓа на второто место од Втората лига-Исток, откако Саса и Беласица одиграа нерешено без голови во Македонска Каменица.

Слога од Виница триумфираше минимално со 1:0 против Детонит, а веќе викендов се игра новото 15-то коло.

Состојбата на табелата сега е следна: 1. Слога-34, 2. Победа – 29, 3. САСА -28, 4. Беласица-25

Победа викендот го пречекува фенерџијата Локомотива од Градско и ќе атакува на нови три бода. Слога гостува кај Беласица, а Саса во Пехчево кај Кит-Го.

Анализа на “Журнал”: Aлбанците имаат 17 раководни места во Владата, Македонците 12

„Со влегувањето на Алтернатива во Владата видно ќе се зголеми учеството на функционери и раководители – Албанци во составот на Владата. Иако во ова парламентарно мнозинство се најбројни пратениците на СДСМ како македонска партија, сепак, во владиното мнозинство ќе доминираат Албанците и албанските партии.“ – вели информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата анализа со наслов „Албанците прават најдобро што умеат / Во Владата доминираат Албанците, иако имаат помалку пратеници“.

„Журнал“ пишува: „Дури и меѓу министрите на СДСМ некои не се Македонци. Министрите и замениците – министри ќе ги надминат според бројноста оние македонските во овој владин состав. Албанците доминираат на раководните позиции – министри и заменици – министри. Албанците раководат со вкупно 17 позиции, Македонците со 12, а Турците со 2.“

„Ова можеби беше предупредувањето на министерот Горан Милевски, кој изгледа не може да се согласи со реалноста и кажа дека ќе ја разгледаат уште еднаш спогодбата со Заев и со Гаши. Неговата Либерално – демократска партија е дел на Владата.“ – заклучува „Журнал“ во својата анализа.

(Видео) Првачињата од ООУ “Климент Охридски” Прилеп со најубава честитка за патронатот

Со повеќе рецитали и музички изведби, учениците од ООУ “Климент Охридски” го одбележуваат патрониот празник.

Повеќе изведби можете да погледнете ТУКА

Еве каде ќе врне cнег денеска

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно и постудено со врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег каде ќе се формира нова снежна покривка.

Услови за слаб снег ќе има и на некои пониски места во северните и источните делови. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Минималната температура се движи во интервалот од 0 до 6, а максималната од 2 до 8 Целзиусовите степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи од дожд. Во текот на денот во повисоките делови од Скопската Котлина ќе врне повремен слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 Целзиусови степени.

Во среда и во четврток претпладне ќе има преодно стабилизирање на времето со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат под нулата. Потоа следува период на променливо облачно време со повремени врнежи со променлив интензитет.

Ги пpaзнyваме Светите великомаченици Екатepина и Mepкypиj – За многу години!

Денеска е празник посветен на Светата великомаченичка Екатерина и Светиот великомаченик Меркуриј.

Ќерка на царот Конста. По смртта на татко ѝ живееше со својата мајка во Александрија. Мајка ѝ беше потајна христијанка, којашто преку својот духовен отец ја приведе кон Христовата вера и Екатерина. Во едно видение Света Екатерина прими прстен од Самиот Господ Исус, во знак на веридба со Него. Тој прстен до денес стои на нејзината рака. Екатерина беше многу надарена и добро школувана во грчката философија, медицината, реториката и логиката, а притоа беше и необично убава.

Кога злочестивиот цар Максенциј им принесуваше самиот жртви на идолите и им наредуваше на другите да го вршат истото, Света Екатерина смело излезе пред царот и ја изобличи неговата идолопоклоничка заблуда. Кога виде царот дека е посилна од него во мудроста и во знаењето, повика педесетмина најмудри луѓе за да се препираат со неа за верата и да ја посрамат.

Но, Екатерина ги надмудри нив и ги посрами. Разјарен царот нареди сите педесетмина мудреци да се изгорат во оган. По молитвите на Света Екатерина овие мудреци сите пред смртта го исповедаа името Христово и се објавија себеси за христијани. Кога оваа маченичка беше во затворот, го приведе кон верата војводата Порфириј со двесте војници, а ја обрати кон Христа и самата царица (августа-василиса). Сите пострадаа за Христа.

При мачењето на Света Екатерина ѝ се јави ангел Божји, го запре и го искрши тркалото на коешто беше мачена; а потоа ѝ се јави Самиот Господ Христос и ја утеши. После многу мачења ја убија со меч во нејзината осумнаесетта година, на 24 ноември 310 година. Од нејзиното тело истече млеко наместо крв. Чудотворните мошти на Света Екатерина почиваат на Синај.

Светиот великомаченик Меркуриј

Кога царот Декиј еднаш војуваше против варварите, во неговата војска имаше еден војвода над ерменскиот полк наречен Мартензес. Тој војвода се викаше Меркуриј. Во борбата на Меркуриј му се јави ангел Божји, му даде меч во рацете и му рече дека тој ќе ги победи непријателите. И навистина, Меркуриј покажа чудо од храброст косејќи ги непријателите како трева.

По оваа славна победа царот Декиј го произведе за прв војвода во својата војска. Но некои завидливи луѓе го обвинија Меркуриј дека е христијанин, а тој ова пред царот не го скри туку го објави. Беше мачен долго и тешко: од него со ножеви сечеа каиши, го гореа со оган. Но во затворот му се јави ангел Божји и го исцели.

Најпосле царот изрече пресуда војводата Меркуриј да се убие со меч во Кападокија. Кога го убија телото му стана бело како снег и од него излегуваше мирис на темјан. Од неговите чудотворни мошти се исцелија многумина болни. Овој прекрасен Христов војник пострада меѓу 251 и 259 година.

(Видео) Го нарекуваат “град на духови”, но температурата е толку ниска, што ниту тие не би останале: Ова е Воркута, најголемиот логор во Советскиот сојуз

“Работата во Советскиот Сојуз е работа за чест, слава, достоинство и херојство”, пишувало на влезот во Воркута, еден од најголемите логори во европскиот дел на Русија.

Воркута настанал во 1932 година како централен логор и административен центар за помалите логори во околината.

Денес овој град многу луѓе го нарекуваат “град на духови” бидејќи бројот на жители постојано се намалува. Кога на тоа ќе се додадат суровите климатски услови, температурата која се спушта и до -52 степени и поларните ноќи, ќе добиете морници, пишува “National Geographic”. За време на Студената вojна тука се наоѓала базата за стратешките бoмbapдepи.

Воркута е еден од најголемите градови кој се наоѓа северно од Арктичкиот круг, најисточниот и настудениот европски град. Припаѓа на Печорскиот рударски басен на крајниот север од Русија и во минатото бил значаен рударски центар.

Што откри кинескиот ровер на мрачниот дел од Месечината: Мистериозна појава во облик на коцка ги збуни научниците

Кинескиот ровер “Yutu-2” забележа необична појава на темниот дел од Месечината која ги заинтересира научниците.

Имено, на најновите снимки од роверот, на северниот дел од хоризонтот, се гледа објект со облик на коцка.

Роверот веќе се упати кон коцката во обид да се добијат што подобри снимки, бидејќи не може да се отфрли ниту можноста дека станува збор за оптичка илузија.

Градоначалникот на Битола избран за претседател на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион

Во Општина Битола, денеска се одржа конститутивната седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион, на која присуствуваа градоначалниците од деветте општини од регионот, како и претставници од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

На седницата, за претседател на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион, едногласно беше избран, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

Согласно дневниот ред, беше донесена Одлука за распишување на Јавен повик за избор на член во Советот за развој на Пелагонискиот плански регион – претставник од здруженијата, како и Одлука за отпочнување на постапка за избор на претставник од бизнис заедницата за член во Совет за развој на Пелагонискиот плански регион.

Од страна на Советот, беше побаран извештај од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, за моменталната состојба, тековните проекти, нивниот статус на реализација, како и предлог проектите со кои центарот аплицирал на одредени програми и повици.

На овој начин, ќе се овозможи непреченост во работата на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион како во однос на донесувањето и спроведувањето на планските документи, така и во врска со обезбедувањето на координација на активностите на единиците на локалната самоуправа, здруженијата на граѓани, државните агенции и институции во рамките на регионот кои дејствуваат во областа на регионалниот развој.

Согласно својата надлежност, Советот ќе иницира разгледување на прашања поврзани со регионалниот развој за кои е неопходна координација меѓу единиците на локалната самоуправа и партнери од приватниот и граѓанскиот сектор,

Промовирањето на прекуграничната соработка со региони од други земји врз основа на заедничките интереси, ќе биде, исто така, еден од приоритетите на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Победа доби нов тренер, ќе треба да ја врати во Прва лига

После двата последователни порази од конкурентите за прво место на табелата во Втората лига – Исток, тренерот на Победа, Дарко Крстески, си поднесе оставка од позицијата шеф на Стручниот штаб.

Според информациите од клубот, нов тренер кој ќе ги предводи црвено-белите е Димитар Капинковски.

Капинковски до пред извесно време беше на клупата на Пелистер, а сега ќе има мисија да ја внесе Победа во Првата лига.

Капинковски е поранешен фудбалер на Победа кој црвено-белите бои ги носеше во периодот од 2003 до 2009 година.