дома блог страница 1779

Жecтока pacпpaва помеѓу советник од Левица и претседателот на Совет на општина Прилеп (Видео)

На вчерашната седница на Советот на општина Прилеп настана жестока расправа помеѓу советникот од политичката партија Левица, Иван Јованоски и претседателот на Советот.

Во соопштението за медиуми од Левица велат:

Видео запис од седниците на локалниот Совет во живо – толкувано како кршење на Деловник и постапување незаконски, од страна на претседателот на Советот во Прилеп

Член 42, Став 2 од Деловникот за работа на Советот на општина Прилеп, јасно потенцира дека сите седници се де јуре јавни.

Член 66, „за работата на Советот можат да се водат стенографски белешки и истата да се снима на компакт диск“.

Член 123, „седниците на Советот се јавни“.

Што значи сите седници треба да се транспарентни и достапни за целата јавност. И лица со оштетен вид, и глувонеми лица. Поради тоа треба во целост и аудио и видео да е пренесувана на најмалку 3 медиуми. Законски.
И покрај наведенити и јасно цитирани ставови од членовите, советникот на Левица сепак наиде повторно на несогласување во толкувањето на јасно прецизираните ставови од целосниот член 42.

Покрај несогласувањето, кон Советникот претходно беа упатени предупредувања и суптилни закани за сносување на кривична одговорност, неиздржано.

И повторно сите точки на дневен ред доставени од советниците на Левица се целосно одбиени со изговор дека биле „неуредно“ поднесени или дека Советот не е надлежен за истите, лично од претседателот на Советот, со што директно го прекршува и истовремено злоупотребува Член 45 од Деловникот за работа на Советот на општина Прилеп:
„Дневниот ред за седницата на Советот го предлага претседателот на Советот, а го Утврдува Советот на почетокот на седницата.“

„Ако во предлог-дневниот ред, претседателот на Советот не го внесол прашањето што го предложил предлагачот, претседателот е должен да ги изнеси причините за тоа.“

„Ако предлагачот остане при својот предлог, за предлогот се одлучува без претрес.“

Советникот на Левица продолжи со искажување на мислата преку репрезентативни аргументирања кон една од начелните ветувања на новата локална власт во предизборието, дека сите седници ќе бидат јавно пренесувани – во живо и побара појаснување зошто тоа ветување, кое во еден наврат претседателот на Советот истакна дека ќе оди во итна постапка за донесување на одлука, сеуште се одолговлекува.

Очигледно е дека умешно се избегнува „донесување на оваа одлука“, иако како што неколкупати посочи и советникот на

Левица, деловнички ова е веќе дозволено. Дали постои страв од соочување со граѓаните поради неделовничко работење, кое честопати е и надвор од Законот? Дали способноста во одработување на ветеното кон граѓаните е во реципроцитет со целосната транспарентост на работата на Советот кон истите? Или е во обратнапропорционалност? Што помалку сработено, толку поголем страв од транспарентонст?

Започнува новата ера во Европа: Олаф Шолц избран за канцелар на Германија

16-годишното владеење на Ангела Меркел заврши со преземање на функцијата од нов канцелар – социјалдемократот Олаф Шолц. Поранешниот министер за финансии во најновата влада на Меркел денеска е официјално избран од пратениците.

Новиот канцелар доби 395 гласа за својата кандидатура. На Шолц му требаше поддршка од најмалку 369 пратеници – апсолутно мнозинство – од 736 пратеници во Бундестагот. Трипартиската владина коалиција што тој ја предводи зазема 416 места во Долниот дом на германскиот парламент.

Неговиот избор претставува голема пресвртница во политичкиот пејзаж на Германија, по 16-годишното непречено владеење на конзервативниот блок на Меркел, на кој му се приклучуваа или социјалдемократите или слободните демократи за време на нејзините четири мандати како канцелар.

Шолц е четвртиот социјалдемократски лидер на владата во повоената историја на нацијата.

Пpиведени 17 млади лица од целата држава и од странство: Пpoнajдена мapиxyaна, таблeти, пpaшкacта матepиja

Во периодот од 22.30 часот на 07.12.2021 до 02.50 часот на 08.12.2021 во Спортски центар „Борис Трајковски“ во Скопје, полициcки cлyжбеници од СВР Скопје лишиле од cлобода 15 лица, и тоа Ѓ.Б.(24) од Србија, Л.К.(18) од Скопје, В.А.(38) од Гевгелија, М.Ѓ.(20) од Битола, Б.Н.(22) од Свети Николе, В.Х.(23) од Скопје, Д.Т.(23) од Косово, А.С.(25) од Скопје, Љ.В.(30) од Косово, Ѓ.Д.(18) од Велес, К.М.(23) од Штип, М.Н.(18) од Штип, С.Т.(25) од Скопје, Б.С.(20) од Скопје и Љ.Ј.(20) од Скопје.

При пpeглед кај нив биле пpoнajдени и одземени мapиxyaна, бела пpaшкacта матepиja, повеќе видови таблети и пакyвања со твpда матepиja.

На 07.12.2021 во 21.30 и 21.35 часот, пак, на паркинг пpocтop на Спортски центар „Борис Трајковски“ во Скопје, полициcки cлyжбеници од СВР Скопје ги лишиле од cлобода Л.К.(20) од Косово и Н.В.(25) од Куманово, затоа што кај нив биле пpoнajдени и одземени мapиxyaна и пpaшкacта матepиja.

Сите 17 лица биле пpиведени во полициcка cтаница и по целocно докyментиpaње на cлyчajoт пpoтив нив ќе бидат поднeceни cooдветни пpиjaви – информриаат од МВР.

Екс диpeктopoт на ЈП за ПУП pacпали по Coветот: “Cлични сте co “БECA ТУPC”?

Откако на вчерашната седница на Советот на општина Прилеп беше нејавена контрола на финансиското работење на ЈП за ПУП и сега веќе екс директорот Илија Иваноски, се јави и тој со реакција на социјалните мрежи.

“Пред да почните со ревизија на финансиското работење на ЈП за ПУП кое едвај преживуваше во предходниот период и едвај собиравме средства за плата. Успеав во период на Пандемија да добијам Сертификат за општествена одговорност, претпријатие кое успешно се справуваше со сите предизвици предизвикани од пандемијата.

Прв во државава извршив и вршевме дезинфекција на сите автобуси и во целиот период имавме најмал број на заразени вработени од Ковид-19. Во еден период автобускиот превоз беше во прекин, се работеше во смени, а и 300 паркинзи ги изгубивме.

Во 2018год кога се вработив затекнав еден исправен автобус, сега ви оставив 8, ама пак за брзо ќе почните да броите наназад.

На ниеден вработен не му беше раскинат договорот за работа, за разлика од вашата постапка од пред една недела.

Стојам зад сите најуспешни и најзначајни проекти за Прилеп, Новата Детска Градинка, Паркот на езеро, Булеварот Гоце Делчев, Градскиот стадион, Новиот затворен базен, Новите градски автобуси и преку 100 проекти за средните и основни училишта во Општина Прилеп, а вие со моето разрешување и поништување на огласот за вработување во прашање го доведовте работењето на проектантското одделение заради одземање на Лиценцата за проектирање.

Сакам на граѓаните да му одговорите колку штета направивте после моето разрешување кое е без Правна поука и датум од кога се разрешувам имајќи во предвид дека во тој период бев на боледување.

Во рок од една недела при контрола на автобусите за Градски Превоз од страна на МВР утврдено е дека еден од нив е Нерегистриран и Технички неисправен, а другиот технички неисправен. Имате случај кога несовесен возач од невнимание и ја затвора вратата на жена и ја повредил и нормално ќе ве тужи. Имате нападнат возач исто заради несовесно однесување при што во опасност сте ги ставиле и другите патници.

Кој сега ќе сноси одговорност и кој ќе одговара за настанатите ситуации, и ќе ја плаќа штетата предизвикана од несовесното работење имајќи во предвид дека имате 3ца шефови. Слични сте со Беса Турс ама со време реагирале надлежните органи.

Господа од почеток се гледа вашата грижа за патниците и граѓаните на Прилеп”, пишува Иваноски.

На неговиот ФБ статус следуваа реакции од граѓани, според кои не само сега, туку договори за привремени вработувања не биле продолжени ниту пред 4 години, кога повеќе луѓе останале без работа.

Иваноски беше трет директор на ова јавно претпријатие во мандатот на претходниот градоначалник Илија Јованоски.

Како сега да почнува со кариерата: Лазаров “дyпи” мpeжи и на 41 година (Видео)

Во меч од Европската лига, во кој нашиот капитен Кирил Лазаров постигна еден погодок за неговиот Нант во мечот против Бенфика

Но, тој беше за паметење, со оглед што беше реализиран со вистинска „бомба“ од десетина метри.

Бектеши: “Цената на cтpyjaта ќе се зголеми до 10%”

Цената на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи ќе се зголеми до 10 отсто. Оваа информација за Алсат ја кажа министерот за економија Крешник Бектеши за емисијата Економски магазин која ќе се емитува утре во 22 часот. Алсат претходно обајви дека цената на струјата ќе поскапи 9 проценти. Официјалните податоци ќе бидат објавени на девети декември кога ќе се објави понудата на државната ЕСМ на тендерот на ЕВН Хоум која набавува струја за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

„Да бидам искрен, на затворена владина седница веќе е усвоена одлука со која ЕСМ ќе учествува на јавен тендер објавен од универзалниот снабдувач, во овој случај, ЕВН Хоме. Јас само можам да потврдам дека крајната цена според сите проекции што сме ги правеле ние како енергетски тим во рамки на Владата, нема да биде над 10% за домаќинствата и граѓаните“.

Алсат дознава и дека неизвесно е дали по Нова година граѓаните ќе имаат преку ден евтина тарифа на електричната енергија. За оваа се уште се преговарало. Доколку се укине евтината тарифа тогаш владата планира дополнителни субвениции на ранливите категории на граѓани за подмирување на сметките за струја. Она што е сигурно е дека останува евтината тарифа за време на ноќните часови и во неделата.

Инаку, ЕСМ вчера ги испрати пресметките за трошоците до владата по кои на Илинденска имаа обврска да ја склопат понудата и најдоцна до девети да ја испратат до ЕВН Хоум. Надлежните уверуваат дека 100 отсто од потребната струја на Универзалниот снабдувач за домаќинствата ќе биде обезбедена од ЕСМ.

Осумдесет отсто од струјата ќе биде од домашното производство а останатите 20 отсто ќе се купува од берзите.

Извор: kurir

На предлог на Локвенец финансиското работење на ЈП за ПУП и Пазари оди на ревизија

Советот на Општина Прилеп денес ја одржа петтата редовна седница на чиј дневен ред се најдоа 23 точки.

Како точки на дневен ред меѓудругото беа разгледани тримесечните извештаи за финансиското работење на ЈП за ПУП и ЈКП „Пазари“-Прилеп, но не беа усвоени.

По однос на овие точки со мнозинство гласови беше прифатен предлогот на претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Ирена Стерјовска Локвенец, Советот да покрене постапка за вршење контрола над материјалното и финансиско работење пред надлежен орган за надзор и да се дополнат одлуките за давање согласност на тримесечните извештаи за финансиското работење на овие две јавните претпријатија.

Со пapи од Јапонската амбасада, реновиpaно училиштето “Св. Кирил и Методиј” во прилепско Канатларци (Видео)

ООУ „Кирил и Методиј“ во населено место Канатларци е целосно реновирано преку Јапонската програма за мали грантови (GGP).

Со проектот се заменети старите и дотраени врати и прозорци со нови, направена е и реконструкција на дренажа како и бојадисана е училишната зграда. Оваа инвестиција чини 57.365 илјади евра.

Амбасадорот Савада Хиронори посочи дека е задоволен од тоа дека ја подобриле животната средина за учење во ова основно училиште која како објект ќе послужи не само за сегашните туку и за идните генерациии.

Исто така посочи дека заедно со градоначалникот Борче Јовчески оствариле позитивна дискусија за тоа дека изградиле одлични врски и пријателство како и можности за идна соработка во повеќе свери.

Градоначалникот Борче Јовчески се заблагодари на амбасадорот на Јапонија во Македонија Н.Е. Г-дин Савада Хиронори за денешната посета, посочувајќи дека на денешна средба разговарале за реализација на голем број проекти и продлабочување на соработката со амбасадата на Јапонија.

Исто така посочи дека, денеска во ООУ „Кирил и Методиј“ во населено место Канатларци преку проектот за подобрување на училишната средина во основните училишта успешно се реновира ова училиште со замена на врати, прозорци и дренажа околу училиштето.

Оваа практика за подобрување на условите во училиштата ќе продолжи и понатаму се со цел да обезбедиме подобри услови за настава и квалитетно образование.

Ова е втор проект кој е реализиран во Општина Прилеп од страна на Јапонската амбасада.

Зapaзната “Ах, тие очи зелени” доби нова уште појака верзија и видео спот

Се сеќавате на “Ах тие очи зелени” од популарниот јутубер од Охрид? Епа сега песната доби уште една нова легендарна верзија и видео спот.

Вик Какаротски (WIK KAKAROTSKI) е охриѓанец со десетици илјади следбеници на социјалните мрежи. Човек со позитивна енергија кој прави добри дела и истовремено успева да ги насмее сите.

Иако беше сфатена на шега прво, песната во изминатата година се емитуваше и свиреше на сите веселби. И не е важно која е целта, важно е луѓето да бидат весели и расположени.

Токму тоа го постигна популарниот Вик, а ќе ви се допадне и најновата верзија во продолжение:

Во Kpaтово падна дoceга нajjaкиот погодок во Maкедонија (Видео)

Во Втората лига денеска се играа натпреварите од 14-то коло. Силекс забележа нов триумф над Тетекс во Кратово и се зацрврсти на првото место.

Натпреварот се играше на каллив и снежен терен, а домаќините подобро се справија со ваквите услови и триумфираа со 3:1.

Особено интересен беше третиот погодок на Јордан Серафимовски, кој при еден шут од триесетина метри далечина се слизна, но успеа атрактивно да го совлада противничкиот голман.

Погледнете:

Видео: ЕКИПА