дома блог страница 1778

Бугарите се налутија, затоа што Русите ни го честитале празникот Св. Климент Охридски само нас

Русија сакала да забие клин меѓу Бугарија и Македонија. Руска провокација која има за цел да ја искриви вистината до крајно невозможен степен – бугарскиот професор Пламен Павлов, ја оценува честитката од Амбасадата на Русија во Скопје по повод празникот Св. Климент Охридски.

Како што објави БГНЕС, реакцијата на Павлов, кој според агенцијата, е еден од најголемите познавачи на бугарската и балканската средновековна историја, следи по честитката од руската амбасада во која пишува дека Св.Климент Охридски бил „голем просветитек, прв словенски епископ, еден од основоположниците на кирилското писмо кое ги поврзува современите руски и македонски јазик”.

Во објавениот текст се наведува и дека руската амбасада во Софија никогаш не ѝ го честитала овој празник на Бугарија и на бугарскиот народ.

Oд руската амбасада на социјалните мрежи напишаа:

-На братскиот македонски народ му го честитаме државниот празник – Денот на Свети Климент Охридски, големиот просветител, првиот словенски епископ, еден од основоположниците на кирилското писмо кое ги поврзува современите руски и македонски јазици!

Лукашенко воведyва caнкции пpoтив непpиjaтелcки земjи, меѓу кои и кон Maкедонија

Официјален Минск од следната година ќе воведе ембарго на стоки од земји кои водат непријателска политика кон Белорусија, соопшти прес-службата на Советот на министри.

Според декретот на белоруската Влада објавен денеска, забраната за увоз се однесува на одредени стоки од ЕУ, САД, Канада, Норвешка, Албанија, Исланд, Велика Британија, Црна Гора, Mакедонија и Швајцарија, пренесе агенцијата ТАСС.

„Имајќи ги предвид континуираните обиди на колективниот Запад за незаконски санкционен притисок врз нашата земја, Белорусија презеде соодветни мерки. Според одлуката донесена од Владата, ембаргото за храна ќе биде воведено од 1 јануари 2022 година во однос на широка листа на стоки произведени во земји кои спроведуваат дискриминаторска политика и вршат непријателски дејствија против нашата земја“, се наведува во соопштението.

Белорусија од овие земји увезла храна во износ од над 530 милиони долари во рок од десет месеци годинава, соопшти белорускиот Совет на министри.

Листата вклучува прехрамбени производи особено свинско месо, говедско месо, сушено или чадено месо, колбаси, зеленчук, овошје, јаткасти плодови, кондиторски производи, сол итн.

(ВИДЕО) Српската полициja апceше млади момчиња од Македонија, кpaделе накит, пapи… по станови во Белград

Припадници на српското МВР во Белград расветлија повеќе кривични дела – тешки кражби и приведоа тројца државјани на Северна Македонија, од кои едниот има и српско државјанство, поради постоење основи на сомнение дека го сториле ова кривично дело, јавува Блиц.рс.

Полицијата ги уапси Б.С.(1997), Б.Н.(1990) и А.К. (1998), кои се обвинети дека во текот на ноември и декември годинава упаднале во станови и куќи на територијата на Белград со специјален алат за отворање блиндирани врати и од нив краделе пари, накит, часовници и други вредни предмети.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе бидат изведени во Третото основно јавно обвинителство во Белград.

Министерот Бесими зборуваше за енергетcката кpиза во “Teлма”, па истовремено ce yгacна светлото во студиото (Видео)

Која симболика, додека министерот за финансии, Фатмир Бесими говореше за економската и енергетската криза во Македонија само се изгласна светлотo во студиото на телевизија Телма каде гостуваше министерот.

Погледнете како изгледаше тоа:

Maкедонец во финалето на Европското првенство во покep: Главната награда е над 1,2 милиони евpa (Фото)

Само седум играчи останаа на овогодишното финално издание од Европското првенство во “Тексас холдем Покер”.

Листата ја предводи Чехот, Жозеф Гулаш, а помеѓу финалистите е и Александар Трајковски од Македонија.

Награда за прво место изнесува 1.276.712 евра, а дел од финалните серии беше и Илија Савевски кој претходно отпадна.

Во Прилеп одбележан празникот Св. Климент Охридски

Со положување на свежо цвеќе пред спомен бистата Св. Климент Охридски во дворот на ООУ „Климент Охридски“ денеска градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески и Советот на Општина Прилеп, директорот Ахил Јаков и вработените, ученици и подржувачи на ликот и делото на Св. Климент се поклонија пред бистата.

Вработените и учениците преку реферати го одбележаа својот патрон празник, а воедно не потсетија на делата на првоучителот и најверниот следбеник на браќата Кирил и Методиј. Градоначалникот Јовчески испрати честитка по повод денешниот празник во која стои дека Општина Прилеп на сите православни христијани им го честита празникот, посакувајќи им многу здравје, среќа и бериќет.

(Видео) Илон Маск: “Луѓето доброволно ќе можат да ги примаат чиповите на Неуралинк уште од 2022 година”

Илон Маск вели дека верува во проектот на Неуралинк, односно дека чиповите за луѓето ќе може да се користат уште од следната година, преснува LADbible.

Извршниот директор на Тесла и СпејсИкс вели дека не сака да дава “неразумна надеж”, но дека е уверен во овој проект и дека чиповите за луѓе ќе можат дак се користат уште од 2022 година.

Тој верува дека чиповите на Неуралинк ќе им помогнат на луѓето кои имаат заболувања од кои не можат да се движат.

Честитка oд градоначалникот Борче Јовчески по повод пpaзникот Свети Климет Охридски

-Денска се одбележува празникот Свети Климент Охридски – Чудотворец кој е еден од најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј и првиот македонски архиепископ. Творец е на познатата Охридска книжевна школа и најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, тој станал заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет.

Општина Прилеп на сите православни христијани им го честита празникот, посакувајќи им многу здравје, среќа и бериќет.

Градоначалник на Општина Прилеп

Борче Јовчески

Жecтока pacпpaва помеѓу советник од Левица и претседателот на Совет на општина Прилеп (Видео)

На вчерашната седница на Советот на општина Прилеп настана жестока расправа помеѓу советникот од политичката партија Левица, Иван Јованоски и претседателот на Советот.

Во соопштението за медиуми од Левица велат:

Видео запис од седниците на локалниот Совет во живо – толкувано како кршење на Деловник и постапување незаконски, од страна на претседателот на Советот во Прилеп

Член 42, Став 2 од Деловникот за работа на Советот на општина Прилеп, јасно потенцира дека сите седници се де јуре јавни.

Член 66, „за работата на Советот можат да се водат стенографски белешки и истата да се снима на компакт диск“.

Член 123, „седниците на Советот се јавни“.

Што значи сите седници треба да се транспарентни и достапни за целата јавност. И лица со оштетен вид, и глувонеми лица. Поради тоа треба во целост и аудио и видео да е пренесувана на најмалку 3 медиуми. Законски.
И покрај наведенити и јасно цитирани ставови од членовите, советникот на Левица сепак наиде повторно на несогласување во толкувањето на јасно прецизираните ставови од целосниот член 42.

Покрај несогласувањето, кон Советникот претходно беа упатени предупредувања и суптилни закани за сносување на кривична одговорност, неиздржано.

И повторно сите точки на дневен ред доставени од советниците на Левица се целосно одбиени со изговор дека биле „неуредно“ поднесени или дека Советот не е надлежен за истите, лично од претседателот на Советот, со што директно го прекршува и истовремено злоупотребува Член 45 од Деловникот за работа на Советот на општина Прилеп:
„Дневниот ред за седницата на Советот го предлага претседателот на Советот, а го Утврдува Советот на почетокот на седницата.“

„Ако во предлог-дневниот ред, претседателот на Советот не го внесол прашањето што го предложил предлагачот, претседателот е должен да ги изнеси причините за тоа.“

„Ако предлагачот остане при својот предлог, за предлогот се одлучува без претрес.“

Советникот на Левица продолжи со искажување на мислата преку репрезентативни аргументирања кон една од начелните ветувања на новата локална власт во предизборието, дека сите седници ќе бидат јавно пренесувани – во живо и побара појаснување зошто тоа ветување, кое во еден наврат претседателот на Советот истакна дека ќе оди во итна постапка за донесување на одлука, сеуште се одолговлекува.

Очигледно е дека умешно се избегнува „донесување на оваа одлука“, иако како што неколкупати посочи и советникот на

Левица, деловнички ова е веќе дозволено. Дали постои страв од соочување со граѓаните поради неделовничко работење, кое честопати е и надвор од Законот? Дали способноста во одработување на ветеното кон граѓаните е во реципроцитет со целосната транспарентост на работата на Советот кон истите? Или е во обратнапропорционалност? Што помалку сработено, толку поголем страв од транспарентонст?

Започнува новата ера во Европа: Олаф Шолц избран за канцелар на Германија

16-годишното владеење на Ангела Меркел заврши со преземање на функцијата од нов канцелар – социјалдемократот Олаф Шолц. Поранешниот министер за финансии во најновата влада на Меркел денеска е официјално избран од пратениците.

Новиот канцелар доби 395 гласа за својата кандидатура. На Шолц му требаше поддршка од најмалку 369 пратеници – апсолутно мнозинство – од 736 пратеници во Бундестагот. Трипартиската владина коалиција што тој ја предводи зазема 416 места во Долниот дом на германскиот парламент.

Неговиот избор претставува голема пресвртница во политичкиот пејзаж на Германија, по 16-годишното непречено владеење на конзервативниот блок на Меркел, на кој му се приклучуваа или социјалдемократите или слободните демократи за време на нејзините четири мандати како канцелар.

Шолц е четвртиот социјалдемократски лидер на владата во повоената историја на нацијата.