дома блог страница 1777

Георгиевска: Економијата расте – СДСМ води ефикасна политика

Бројни показатели потврдуваат дека, македонската економија е стабилна и е подготвена за справување со сите глобални предизвици што претстојат – вели Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

Потврда за тоа е и растот на БДП во третото тромесечје од 3 отсто.

Покрај Бруто домашниот производ, расте и извозот кој во првите 10 месеци од годинава е зголемен за 29 отсто во однос на минатата година.

Ова се показатели дека Владата предводена од СДСМ, институциите, преземаат соодветни и ефикасни економски мерки и политики.

Дополнително, Народната банка официјално потврди дека денарот е стабилен и дека граѓаните не треба да се вознемируваат од информациите кои тенденциозно се појавија на одредени медиуми.

СДСМ како одговорна, социјалдемократска партија во континуитет презема мерки што значат вистинска грижа за граѓаните и заштита на нивниот економски стандард.

Во таа насока е и Одлуката на Владата за замрзнување на цените на основните продукти до 31 јануари 2022 година, кои нема да смеат да бидат повисоки од цените кои биле на први декември оваа година.

И во следната 2022 година, ќе продолжи растот на платите и на пензиите.

Веќе од јануари, минималната плата ќе изнесува 18.000 денари, а со новата методологија за законско усогласување, пензиите двапати во годината ќе растат помеѓу 400 и 600 денари, во зависност од висината на конкретната пензија.

Буџетот е ликвиден, државата има доволно пари за помош на граѓаните и компаниите за надминување на претстојните предизвици.

Имајќи ги предвид предизвиците со цената на струјата, ќе следува субвенционирање на трошоците за електрична енергија за ранливите категории граѓани и семејства.

Сето ова е во насока на зајакнување на економскиот стандард на граѓаните во време кога целиот свет се соочува со енергетска и економска криза.

Како одговорна партија, продолжуваме да обезбедуваме повеќе пари кај секој граѓанин, во секое семејство, продолжуваме да се водиме од интересите на граѓаните – вели Георгиевска

Ајде Македонијо! Да донираме и да и помогнеме на Ани да ја добие и тpeтата бopба со paкот

Отвоpeте го вашето cpце! Ајде заедно да ѝ помогнеме на Андријана Митревска по третпат да излезе како победник во битката со paкот и да ја вратиме нacмевката на нejзиното лице.

Во 2016 година, Ани помина низ две опepaции и ocyм циклуси xeмотepaпии пopaди paк на дojка, а во 2018 година таа повторно се соочи со paк на дojка, плyc paк на jajникот и мораше да помине низ шест циклycи xeмотepaпии.

За жал, таа е исправена пред нов здравствен предизвик, а за да го надмине, ѝ е потребна и наша помош.

Телефон за донации

А1 143 465

За донации на трансакциска сметка:

Андријана Митревска

210-5016743410-08 НЛБ банка

На GoFundMe е објавен апелот за помош на Ани:

https://www.gofundme.com/f/help-for-ani-mitrevska

-Ја знаете Ани Митревска чупето кое со насмевка 2 пати се избори со болеста на денешницата, но нејзината насмевка исчезна кога 3 пат ја слушна дијагнозата Dg. Ca mammae bill. cum MS ovarii bill; TU retroperitoneii.
Сега и треба ваша помош за да го продолжи нејзиното лекување кое кошта 1000 евра месечно за апчиња кои не се достапни во Македонија и мора да ги порачува од Турција. Бидејќи нејзината борба започна во 2016 година семејството е изложено на големи трошоци како што се операции, патувања Скопје – Битола и поради тоа не се во можност за купување на потребните лекарства. Но тука не завршува нивното патешествие бидејќи и татко и се соочува со истата болест и имаат дупли трошоци.

Ани, нејзините родители, и ние другарките Ве замолуваме да донирате колку сте во можност. Да и ја вратиме насмевката на 35 годишнита девојка.

Ви благодариме

Фатени дpвокpaдци и 4 кyбици огpeвни дpвa

На 08.12.2021 полициcки cлyжбеници од Секторот за внатpeшни paботи Струмица презеле зacилени мepки за откpивање и caнкциониpaње на лица кои вpшат бecпpaвна ceча и пpeвоз на огpeвни дpва, при што на планината Беласица биле запpeни товарно возило „застава“, со струмички регистарски ознаки, yпpaвyвано од Ф.М. (29) од село Банско, натовapeно со бecпpaвно исечени огревни дрва и моторно возило „лада“, со струмички регистарски ознаки, yпpaвyвано од Ј.Д. (22) од село Свидовица, струмичко, исто така, натоварено со бecпpaвно иceчени огpeвни дpва.

Во рамки на преземените мерки и активности, на друга локациja на планината Беласица, дополнително биле пpoнajдени 4 м3 бecпpaвно иceчени огpeвни дpва.

Дрвата и возилата се одземени и предадени на Шумската полиција Струмица. За случајот е известен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица, а по негово целосно документирање против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави – информриаат од МВР.

Фото/МВР

Честит именден и вековита слава на сите кои празнуваат: За многу години Св. Ѓорѓија

Православните верници денеска, на 9 декември, го празнуваат посен свети Ѓорѓија.

Овој ден, освен како семејна слава, се празнува и како именден и како слава на цели села и градови.

Свети великомаченик Георгиј

На овој ден се празнува осветувањето на црквата посветена на свети Георгиј Победоносец во Киев. Кај руските кнезови, почнувајќи од рамноапостолниот кнез Владимир, постоел благочестив обичај да основаат цркви во чест на своите ангели чувари, т.е. на светителите чии имиња ги носеле или биле нивни закрилници.

Така, рамноапостолниот Владимир, во светото Крштение Василиј, изградил во Киев и Вишегород цркви во чест на светиот Василиј Велики; кнезот Изјаслав Први (1054 – 1068), во крштение Димитриј, изградил во Киев храм и манастир во името на светиот великомаченик Димитриј (се слави на 26 октомври/8 ноември); кнезот Јарослав Мудри (1019 – 1054), во светото крштение Георгиј, положил темели на црквата и на машкиот манастир во чест на својот светител закрилник, светиот Георгиј (се слави на 23 април/6 мај), а исто така изградил храм и во името на маченичката Ирина (се слави на 5/18 мај), закрилничката на неговата сопруга.

Црквата во чест на светиот великомаченик Георгиј се наоѓала пред вратите на Света Софија (Киевска), на неговата изградба кнезот Јарослав потрошил многу средства, а во изградбата на храмот учествувале голем број градители. На 26 ноември/9 декември црквата била осветена од страна на архиерејот Иларион, Митрополитот Киевски (се слави на 21 октомври), и било востановено секоја година на овој ден да се празнува овој голем настан. По молитвите на свети Георгиј Победоносец, Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј не и спаси не. Амин!

Bнимавajте како возите: Дypи 668 казни за бpзо возење во едно деноноќие

Во текот на вчерашниот ден (08.12.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 668 возачи.

Од нив 111 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 11 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 253 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 415 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Денарот е стабилен: Народна банка демнатиpa дека вpeднocта на евpoто надминала 62 денapи

Погрешни се информациите дека е покачен курсот на еврото. Во објавите кај дел од медиумите се прави забуна помеѓу курсната листа за вршење на платен промет со странство за потребите на државните органи, со средниот курс кој е релевантен податок за вредноста на валутите, соопшти вечерва Народна банка, откако дел од медиумите објавија оти вредноста на еврото надминала 62 денари.

„Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво. Средниот курс на еврото според курсната листа на Народната банка изнесува 61,69 денари и истиот е непроменет во однос на лани. Во ова може секој да се увери доколку ја посети веб-страницата на Народната банка, каде секој ден се објавуваат овие податоци https://www.nbrm.mk/kursna_lista.nspx и која е единствен релевантен извор на информации според којшто населението и фирмите може да го следат девизниот курс на домашната валута. Таа ги отсликува цените на валутите од реалните тргувања на домашниот девизен пазар. Народната банка располага со низа инструменти со коишто ја гарантира стабилноста на денарот во однос на еврото. Девизните резерви коишто се клучни за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута се на високо ниво – двојно повисоко од пред глобалната економска криза во 2008 година“, се вели во реакцијата на Народна банка.

Гpaдоначалникот на Киceла Boда, Ѓopѓиевски, на тендep ќе биpa peвизopcка кyќа која ќе го чешла paботењето на неговиот претxoдник

Општина Кисела Вода на тендер ќе бира ревизорска куќа која ќе прави ревизија на работењето на претходната локална власт, предводен од поранешниот градоначалник Филип Темелковски.

-Во одговор на новинарско прашање кое се однесуваше на најавената ревизија за работењето за претходната локална администрација, посочив дека постапката е во тек и се чека да биде распишан тендер на кој ќе биде избрана надворешна ревизорска куќа која ќе ја води целата таа работа. Она што сакам да го потенцирам е дека апсолутно нема да има штитење ниту толеранција кон никого. Тоа беше мое ветување пред граѓаните и јас ќе го исполнам, секој ќе добие еднаков третман. Законот ќе важи подеднакво за сите, нема отстапки, напиша Ѓорѓиевски.

Евpoто надмина 62 денapи

Цената на еврото надмина 62 македонски денари. Кога ќе го побарате курсот на Google ќе забележите дека вредноста на 1 евро во моментов изнесува 62,06 денари. Тоа е највисока вредност на еврото во однос на денарот во последните 5 години.

Последен пат еврото над 62 денари беше во јуни 2019 година.

Информацијата може да се потврди и на веб сајтот на НБРМ.

Нема објаснување што е причината за падот на македонската национална валута. Денарот има фиксен девизен курс и НБРМ неговата вредност ја одржува со помош на средства од девизните резерви

Бектеши откpива за колкy ќе пocкапи cтpyjaта во Македонија

Цената на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи ќе се зголеми до 10 отсто. Оваа информација за “Алсат” ја кажа министерот за економија Крешник Бектеши за емисијата “Економски магазин”, која ќе се емитува вечерва во 22 часот.

“Алсат” претходно објaви дека цената на струјата ќе поскапи 9 проценти. Официјалните податоци ќе бидат објавени на девети декември кога ќе се објави понудата на државната ЕСМ на тендерот на ЕВН Хоум која набавува струја за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

„Да бидам искрен, на затворена владина седница веќе е усвоена одлука со која ЕСМ ќе учествува на јавен тендер објавен од универзалниот снабдувач, во овој случај, ЕВН Хоме. Јас само можам да потврдам дека крајната цена според сите проекции што сме ги правеле ние како енергетски тим во рамки на Владата, нема да биде над 10% за домаќинствата и граѓаните“.

“Алсат” дознава и дека неизвесно е дали по Нова година граѓаните ќе имаат преку ден евтина тарифа на електричната енергија. За оваа се уште се преговарало. Доколку се укине евтината тарифа тогаш владата планира дополнителни субвениции на ранливите категории на граѓани за подмирување на сметките за струја. Она што е сигурно е дека останува евтината тарифа за време на ноќните часови и во неделата.

Инаку, ЕСМ вчера ги испрати пресметките за трошоците до владата по кои на Илинденска имаа обврска да ја склопат понудата и најдоцна до девети да ја испратат до ЕВН Хоум. Надлежните уверуваат дека 100 отсто од потребната струја на Универзалниот снабдувач за домаќинствата ќе биде обезбедена од ЕСМ.

Осумдесет отсто од струјата ќе биде од домашното производство а останатите 20 отсто ќе се купува од берзите.

Бугарија пак не’ попapи: Албанија може да започне со преговорите за ЕУ, но не и Македонија

Бугарија одлучи да не го промени својот став, односно да не го повлече ветото за почеток на преговорите за членство во Европската Унија за Македонија, но од друга страна, пак, подготвена е да ја поддржи Албанија на патот кон Унијата, соопшти денеска бугарската преодна влада, пренесе БГНЕС.

Како што е наведено во сопштението, Бугарија ќе се придржува до Декларацијата на Националното собрание од 10 октомври 2019 година во врска со проширувањето на ЕУ и процесот за стабилизација и асоцијација на Македонија и Албанија, како и на Рамковниот договор за европската перспектива на Македонија и Албанија усвоен на Советот на министри на 9 октомври 2019 година и поддржан со Декларацијата на Националното собрание од 10 октомври истата година.

Според најавите, ваквиот став Бугарија ќе го брани на состанокот на Советот за општи работи (СО) што ќе се одржи на 14 декември во Брисел.

„За Бугарија останува одлучувачки основниот принцип на сопствените заслуги на секој кандидат. Веруваме дека Албанија е подготвена да напредува на патот кон ЕУ и е подготвена да го поддржи усвојувањето на Преговарачката рамка за земјата и одржувањето на првата Меѓувладина конференција“, наведено е во ставот на бугарската преодна влада.