дома блог страница 1776

Дожд, снег и темпepaтyри до -7 степени во Прилеп: Ова е временската прогноза до понеделник

Времето денес ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, главно во западните и источните делови од земјава, а во централните делови ќе има повеќе сончеви периоди. На планините врнежите ќе бидат од снег.

На истокот на места се очекуваат краткотрајни поројни врнежи проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури ќе се движат од -1 до 8, а максималните дневни од 1 до 14 степени.

За утре се најавува облачно со врнежи од дожд, на повеќе места пообилни (и над 25 л/м2). Во западните делови на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира позначителна снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во недека времето ќе биде променливо облачно, претежно во северните делови ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Следната недела ќе ја започнеме со променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Во Прилеп денеска температури до 9 степени. За утре се најавени врнежи од снег, особено на повисоките места, а во недела пад на температурите до -5 Степени. Во понеделник уште постудено време со температури од -7 до 2 степени.

Жал ми е – cледен пат милијарда пати ќе paзмиcлам пред да бидам дел од peволyциja

Жал ми е – следен пат милијарда пати ќе размислам пред да бидам дел од револyциja напиша на Твитер, Инес Ефремова која успешен ликовен уметник.

Таа има дипломирано на Ликовниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј на отсекот за ликовна педагогија.

Таа јавно се покаја за нејзиниот придонес во шарената револуција потенцирајќи дека кога учествувала во истата не сакала да констатира дека станува збор за уште една обоена револуција преку која САД и пријателите „рушат режими“, а резултато е секогаш ист промена на власт по што државата тоне во хаос.

-Ова е нишка за нешто што веќе извесно време ми тежи на душа.

Цел век, САД и пријателите го кројат светот преку „рушење режими“. Почнувајќи од Ходурас (од каде и потекнува терминот banana state), до египетски, украински и сл. пролетти.

Нивниот резултат е секогаш ист – организирана промена на власт после која државата е оставена да тоне во хаос.

Го знаев тоа, ама не сакав да го видам кога се вплеткав во „Шарената револуција“. Сега ми е кристално јасно дека бевме марионети во идентичен проект.

Странските учесници се повлекоа, а ние останавме со замрзнат конфликт и поголема беда поради локалните профитери. Инаку, само ментално ограничен човек ова може да го контра-аргументира со „шо, дпмне да не требаше да ги оставиме“.

Јас всушност немам што мудро да поентирам. Освен да кажам дека ми е жал. И дека следен пат милијарда пати ќе размислам пред да бидам дел од „револуции“.

Беше една од најпопyлapните пejaчки, а потоа доживеа нepвен cлом и ja cнема: Еве како изгледа денecка (Фото)

Канадската пејачка Нели Фуртадо (43) беше една од најголемите музички ѕвезди на почетокот на 2000-тите, а потоа одеднаш исчезна од сцената.

Пејачката со годините го менуваше својот изглед, но остана препознатлива по „заразната“ насмевка. Таа се прослави со песната „I am Like a Bird“ од 2000 година од нејзиниот деби албум „Whoam, Nelly“, а потоа следеа големите хитови „Promiscuous“, „Say it Right“ и „Maneater“ кои беа на врвот на музичката скала, а на врвот на нејзината слава Нели реши да се пензионира откако доживеа нервен слом на сцената во 2006 година.

– Бев на турнеја со ќерка ми. Бев и мајка и пејачка, бев страшно исцрпена. Една вечер стапнав на сцената и сфатив колку сум под стрес. Плачев за време на првите две песни и потоа решив да се одморам од музиката, си отидов дома. Тогаш сфатив дека само сакам да бидам дома со семејството – изјавила Нели во едно интервју и открила дека не знаела како да се справи со големата слава која ја стекнала за кратко време.

– После две години интензивни концерти и забави, поминував часови дома во Лос Анџелес зјапајќи во подот. Се чувствував како измамник. Верував дека луѓето ме сакаат поради мојот имиџ, а не поради музиката. Таа има издадено неколку албуми и песни во текот на годините, но никогаш не се врати на старата слава. Од 2008 до 2016 година беше во брак со Демасио Кастело, а од претходната врска ја има ќерката Невис Четан.

Паника во Москва: Косово ќе ја брани Украина од Русите

Премиерот Албин Курти зборуваше за можноста за испраќање на безбедносните сили на Косово во Украина во случај на конфликт меѓу руската и украинската страна, нагласувајќи дека доколку што и да смета дека е потребно НАТО, Косово ќе биде подготвено да дејствува, пренесува Косовскиот прес.

– Пред се сакам да нема нови конфликти.

Внимателно следам што се случува на границата меѓу Украина и Руската Федерација до доцните часови. За тоа е аларм на НАТО, особено на САД, но и на ЕУ. Што и да смета дека е неопходно НАТО, ние секако сме подготвени, рече Курти.

Датумот ќе го добиеме на “мој термин”: Владата добивала сигнали дека ќе сме почнеле преговори следната година

Апсолутно постои оптимизам за преговори и за добивање позитивен сигнал на декемврискиот самит на ЕУ за отпочнување на преговори за нас и за Албанија во првите месеци од следната година, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

– Ние работиме, одговорите на нивните барања се веќе испратени и може да се разговара по однос на тие одговори со новата Влада во соседна Бугарија и се надевам дека конструктивно ќе пристапиме и ќе ги решиме сите отворени прашања затоа што очекуваме конструктивен пристап и од нашите бугарски колеги, рече Груби.

Прашан како ја толкува вчерашната порака од Бугарија дека нема да се промени нивниот став, Груби повтори дека се надеваат на конструктивен пристап од бугарска страна.

– Имаме нова влада која треба да се избере. Ќе комунуцираме со новата влада, која е резултат од изборите коишто само што завршија во соседна Бугарија и се надеваме на тој конструктивен пристап затоа што кај нас има лодготвеност за компромис којшто е достоинствен и за нашата земја посебно за моите сограѓани Македонци, заклучи Груби

(Видео) Спектакл во Барселона: По 45 години отворена уште една кула на Саграда Фамилија

Со поставувањето на ѕвезда беше отворена 138 метри високата кула на базиликата Саграда Фамилија, најпознатата градба во Барселона и ремек дело на каталонскиот архитект Антини Гауди, која се гради од 19-ти век.

Илјадници луѓе следеа како кранот ја поставува 5.5 тони тешката ѕвезда на кулата посветена на Дева Марија.

Оваа кула е втора по големина од вкупно 18. Највисоката е посветена на Исус, четири на евангелистите, а останатите за апостолите.

Седниците на Совет во Град Скопје со битна новина – стануваат јавни!

За првпат пренос во живо на седница на Совет на Град Скопје, сподели на Фејсбук градоначалничката Данела Арсовска.

“Денешната седница на Советот на Град Скопје е прва седница што се пренесува во живо за јавноста. Иако претходно беше ветувано, преносот во живо по долги напори и технички подготовки беше овозможен за првпат на денешната седница.
?Преносот во живо на седницата на Советот на Град Скопје, граѓаните може да ги проследат на фејсбук страните на Град Скопје, и тоа:

На македонски јазик – https://www.facebook.com/CityofSkopje/

На албански јазик – https://www.facebook.com/Qyteti-i-Shkupit-1823774994586676/

?Овој новитет во иднината ќе стане редовна практика и седниците на Советот на Град Скопје, граѓаните ќе може да ги следат со пренос во живо преку официјалните социјални медиуми на Градот, со цел поголема транспарентност во работењето на Град Скопје и Советот на Град Скопје, што е уште еден чекор кон целосна дигитализација на Градот”

Проблемот решен: “Ако плаќате 3000 денари месечно за струја сметката нема да ви порасне за повеќе од 300 денари”

Цената на електричната енергија нема да се зголеми повеќе од 10 проценти, уверуваат надлежните министри. Според нив, понудата што ЕСМ треба да ја даде кон универзалниот снабдувач ЕВН Хоум ќе биде на ниво што нема да предизвика некое значително зголемување на цената на електрична енергија. Денеска се очекува и АД ЕСМ да ја достави понудата на отворениот повик на ЕВН Хоум.

Министерот за економија Крешник Бектеши вчера изјави дека согласно сите проекции, од 1 јануари не очекува да се зголеми цената на струјата повеќе од 10 проценти.

– Согласно Законот за енергетика, цената на струјата од 1 јануари за првите шест месеци од 2022 година ја потврдува Регулаторната комисија за енергетика, но имајќи предвид дека цената што ќе ја понуди ЕСМ кон универзалниот снабдувач многу влијае врз финалната цена, зголемување над 10 отсто нема да има. Со тоа се отфрлаат сите предвидувања од експерти во областа на енергетиката и од одредени политички партии дека зголемувањето ќе биде 30, 40 или 50 отсто, изјави Бектеши.

Георгиевска: Економијата расте – СДСМ води ефикасна политика

Бројни показатели потврдуваат дека, македонската економија е стабилна и е подготвена за справување со сите глобални предизвици што претстојат – вели Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

Потврда за тоа е и растот на БДП во третото тромесечје од 3 отсто.

Покрај Бруто домашниот производ, расте и извозот кој во првите 10 месеци од годинава е зголемен за 29 отсто во однос на минатата година.

Ова се показатели дека Владата предводена од СДСМ, институциите, преземаат соодветни и ефикасни економски мерки и политики.

Дополнително, Народната банка официјално потврди дека денарот е стабилен и дека граѓаните не треба да се вознемируваат од информациите кои тенденциозно се појавија на одредени медиуми.

СДСМ како одговорна, социјалдемократска партија во континуитет презема мерки што значат вистинска грижа за граѓаните и заштита на нивниот економски стандард.

Во таа насока е и Одлуката на Владата за замрзнување на цените на основните продукти до 31 јануари 2022 година, кои нема да смеат да бидат повисоки од цените кои биле на први декември оваа година.

И во следната 2022 година, ќе продолжи растот на платите и на пензиите.

Веќе од јануари, минималната плата ќе изнесува 18.000 денари, а со новата методологија за законско усогласување, пензиите двапати во годината ќе растат помеѓу 400 и 600 денари, во зависност од висината на конкретната пензија.

Буџетот е ликвиден, државата има доволно пари за помош на граѓаните и компаниите за надминување на претстојните предизвици.

Имајќи ги предвид предизвиците со цената на струјата, ќе следува субвенционирање на трошоците за електрична енергија за ранливите категории граѓани и семејства.

Сето ова е во насока на зајакнување на економскиот стандард на граѓаните во време кога целиот свет се соочува со енергетска и економска криза.

Како одговорна партија, продолжуваме да обезбедуваме повеќе пари кај секој граѓанин, во секое семејство, продолжуваме да се водиме од интересите на граѓаните – вели Георгиевска

Ајде Македонијо! Да донираме и да и помогнеме на Ани да ја добие и тpeтата бopба со paкот

Отвоpeте го вашето cpце! Ајде заедно да ѝ помогнеме на Андријана Митревска по третпат да излезе како победник во битката со paкот и да ја вратиме нacмевката на нejзиното лице.

Во 2016 година, Ани помина низ две опepaции и ocyм циклуси xeмотepaпии пopaди paк на дojка, а во 2018 година таа повторно се соочи со paк на дojка, плyc paк на jajникот и мораше да помине низ шест циклycи xeмотepaпии.

За жал, таа е исправена пред нов здравствен предизвик, а за да го надмине, ѝ е потребна и наша помош.

Телефон за донации

А1 143 465

За донации на трансакциска сметка:

Андријана Митревска

210-5016743410-08 НЛБ банка

На GoFundMe е објавен апелот за помош на Ани:

https://www.gofundme.com/f/help-for-ani-mitrevska

-Ја знаете Ани Митревска чупето кое со насмевка 2 пати се избори со болеста на денешницата, но нејзината насмевка исчезна кога 3 пат ја слушна дијагнозата Dg. Ca mammae bill. cum MS ovarii bill; TU retroperitoneii.
Сега и треба ваша помош за да го продолжи нејзиното лекување кое кошта 1000 евра месечно за апчиња кои не се достапни во Македонија и мора да ги порачува од Турција. Бидејќи нејзината борба започна во 2016 година семејството е изложено на големи трошоци како што се операции, патувања Скопје – Битола и поради тоа не се во можност за купување на потребните лекарства. Но тука не завршува нивното патешествие бидејќи и татко и се соочува со истата болест и имаат дупли трошоци.

Ани, нејзините родители, и ние другарките Ве замолуваме да донирате колку сте во можност. Да и ја вратиме насмевката на 35 годишнита девојка.

Ви благодариме