дома блог страница 1775

Би го пиеле ли? Пиво напpaвено од гpaшок и зелка стана вистински Божиќен хит во Исланд (Фото)

Божиќно пиво направено од грашок и маринирана црвена зелка на Исланд во предбожиќниот период тана хит меѓу купувачите, а од полиците во маркетите го снемало за неколку часа.

Божиќното пиво Ора го прозиведува малата пивара во Рејкјавик.

Исландската божиќна трпеза е наполнета со ова пиво, а истата се состои токму од грашок и црвена зелка кои се послужуваат со димен јагнешки бут и карамелизиран компир.

Новото пиво со 5,2 проценти алкохол е идеја на Валгеир Валгеирсон.

Добрата репутација ја стекнал изминатите години кога на пазарот се појави популарното божиќно пиво од алги, кора од божиќно дрво, па дури и сушени риби.

Ова е прв пат главната состојка на новото пиво, грашок и зелка да се помеша со хљем, јачмен и зачин каранфилче.

Правата серија од 6.000 лименки од новото пиво е продадено за само неколку часа, а кратко потоа се продадени уште 18.000.

Филипче: „Доста ми е од политика, се враќам на мојата професија

Министерто за здравство, Венко Филипче во изјава за ТВ24 истакна дека веднаш по завршување на владината реконструкција, односно изборот на новата Влада, тој ќе се врати на сојата основна професија на Клиниката за неврохирургија.

„Ова беше едно големо искуство, но доста е од политика – се враќам на мојата основна професија како неврохирург во Клиничкиот Центар“, изјави Филипче.

На прашање на телевизијата дали размислува за амбасадроско место или друг анкажман во политиката, вели дека такво нешто не е опција, и засега не размислува во таа насока.

“Комуналец” гради нов детски парк во дворот на болницата (Фото)

,Комуналец,, гради нов детски парк на јавна површина во кругот на болницата.

Детскиот парк е на барање на жителите од овој дел на градот, а со оглед на тоа што во близина нема друга слободна јавна површина, одлучено е паркот да се гради во кругот на болницата. Паркот е со мала површина, но содржи детски реквизити за забава, клупи за одмор и релаксација, и со оградена површина заради безбедност.

Рубинчо Абрашоски, в.д. директор на Јавното комунално претпријатие ,,Комуналец,, најавува дека ќе продолжи практиката за градење на парковиски површини и детски игралишта во повеќе населби и маала низ градот.

За 2022 година планирано е да се изградат 4000 м2 парковски површини во градов и населените места, како и обновување на постојните паркови.

Русите кои ги покорија гигантите Наполи и Лестер, за противник ја сакаат Барса, а нашиот Елмас им донесе прво место во групата

Спартак Москва синоќа успеа да триумфира на гостувањето кај Легија во Полска и го освои првото место во групата на Лигата на Европа, каде се натпреваруваше и Наполи на нашиот Елиф Елмас.

Токму Елмас беше најзаслужен за пласманот на Спартак во нокаут фазата и првото место во групата. Со два погодоци Елмас го нокаутираше Лестер кој заврши на третото место.

На Спартак Москва и одговараше само триумф на гостувањето во Варшава, но и пораз на Лестер на гостувањето во Неапол. Херој на Русите беше голманот Селиков кој одбрани пенал во 95-та минута.

После триумфот и првото место во групата, администраторите на на Твитер акаунтот од клубот се надминаа себе си.

Правеја мемиња цела вечер…

За потсетување Спартак претходно во двата натпревари триумфираше против Наполи, а тренерот на наполитанците Лучиано Спалети одби да се поздрави со тренерот на Русите.

Ја грабнаа под нозе и Барселона, која очигледно им е посакуван противник во наредната фаза.

За вашата и безбедноста на вашето семејство: Направете ги потребните проверки во “Авто Контрол” пред зимата да тропне на врата (Видео)

Техничкиот сервис при “AВТО КОНТРОЛ” Прилеп е ваш партнер во сите временски услови, особено во зима кога условите на патиштата можат да бидат отежнати.

Одговорните возачи знаат дека треба да посветат внимание во овој временски период од годината, затоа дозволете тимот на професионалци во “АВТО КОНТРОЛ” да ги направи потребните проверки и подготовки на вашето возило.

Бидете сигурни дека сте ги направиле потребните контроли за проверка на антифризот, проверка на маслото во моторот, проверка на течноста за бришачите на ветробранското стакло, проверка на акумулаторот, притисокот на пневматиците, обезбедување на течност или спреј за одмрзнување на стакло, брави итн, што го препорачува и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот и патиштата.

Брзата, ефикасна и сигурна проверка и поправка на вашето возило доверете им ја младиот, но искусен тим од АВТО КОНТРОЛ, кој ќе се погрижи зимските услови да ги направи безбедни за вас и вашето семејство.

Не оставајте ништо на случајноста, бидете сигурни за подготвеноста на возилото во зимски услови!

За вашата и безбедноста на вашето семејство – Станица за технички преглед АВТО КОНТРОЛ Прилеп !

Пpиведени прилепчанец и битолчанец: Полициcки слyжбеници им пpoнашле пpашкacта матepиja

На 09.12.2021 на ул.„Караорман” во Битола, полициcки cлyжбеници од Отceкот за недозволена тpговиja со дpoга и opyжje при СВР Битола ги лишиле од cлобода С.О.(48) од Битола и Ш.А.(35) од Прилеп.

При пpeтpec во домот и други пpocтopии на С.О., извpшен со cyдcка нapeдба, биле пpoнajдени и одземени пpaшкacта матepиja и повеќе предмети со ocтатоци од пpaшкacта матepиja.

Додека, при пpeглед на Ш.А. биле пpoнajдени и одземени пpeдмети со ocтатоци од пpaшкacта матepиja.

Тие биле пpиведени во полициcка cтаница и по целосно докyментиpaње на cлyчajoт пpoтив нив ќе биде поднeceна cooдветна пpиjaва – информираат од МВР.

Средба на градоначалникот Борче Јовчески со амбасадорот на Унгарија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески , вчера во својата канцеларија оствари работна средба со унгарскиот амбасадор, Ласло Дукс.

Тие разговараа за продлабочување на соработката меѓу Општина Прилеп и Унгарија, како земја пријател на нашата држава и размена на искуства во областа на културата и економијата.

“Попладнево, остваривме средба со Амбасадорот на Република Унгарија во Македонија, Г-дин Ласло Дукс, каде што разговаравме за продлабочување и подобрување на соработката на Општина Прилеп со Амбасадата на Република Унгарија. Унгарија како земја членка на ЕУ е наш иден партнер каде што взаемните соработки ќе ги остваруваме постојано. Во наредните четири години како градоначалник на Општина Прилеп ќе овозможам комплетна соработка понудувајќи му ги сите благодети каде што културниот и економскиот просперитет ќе најдат свое место.“, рече градоначалникот Јовчески.

Градоначалникот Јовчески заедно со амбасадорот Дукс претходно ја посетија ликовната изложба во ЦК „Марко Цепенков“ насловена како „Унгарски културен мозаик“.

Aвтопатот Битола-Прилеп ќе стане реалност, вели министерот Милевски

Со одлуката на Уставниот суд, повеќе нема никакви законски пречки и можам со задоволство да објавам дека автопатот Битола-Прилеп ќе стане реалност, вака синоќа на својот Фејзбук профил напиша министерот за локална самоуправа Горан Милевски, откако Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста на специјалниот Закон за изградба без тендер на автопатите од Коридорите 8 и 10.

-За сите оние скептици кои прашуваа што сме направиле за Битола како Влада? За што се залагал министерот од Битола? Ете ова е една од работите за кои долго време работевме и која ќе стане реалност. Остануваат за реализација и останатите важни капитални работи за градот, за Пелистер и за регионот, кои за брзо време ќе станат реалност, а не се направиле во изминатите 30 години. Ова е влог за идните генерации! Битола се сака со работа и со дела! Ние ќе работиме, а другите нека критикуваат, но нека се запрашаат што направиле за Битола, вели Милевски.

Инаку, Собранието по скратена постапка донесе закон, со кој е утврдено конзорциумот „Бехтел-Енка“ да ја изгради делницата Тетово – Гостивар – Букојчани, проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан и делница на автопатот Прилеп – Битола.

Но, Државната антикорупциска комисија оцени дека со овој закон се ограничува конкуренцијата и можноста од фер натпревар за тоа кој да ги гради автопатските делници, бидејќи не се предвидува тендерска постапка.

Затоа, антикорупционерите побараа да се поништи и стопира неговата примена, бидејќи, според нив, постои висок ризик на корупција, меѓутоа Уставниот суд ја отфрли нивната иницијатива.

Дожд, снег и темпepaтyри до -7 степени во Прилеп: Ова е временската прогноза до понеделник

Времето денес ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, главно во западните и источните делови од земјава, а во централните делови ќе има повеќе сончеви периоди. На планините врнежите ќе бидат од снег.

На истокот на места се очекуваат краткотрајни поројни врнежи проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури ќе се движат од -1 до 8, а максималните дневни од 1 до 14 степени.

За утре се најавува облачно со врнежи од дожд, на повеќе места пообилни (и над 25 л/м2). Во западните делови на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира позначителна снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во недека времето ќе биде променливо облачно, претежно во северните делови ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Следната недела ќе ја започнеме со променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Во Прилеп денеска температури до 9 степени. За утре се најавени врнежи од снег, особено на повисоките места, а во недела пад на температурите до -5 Степени. Во понеделник уште постудено време со температури од -7 до 2 степени.

Жал ми е – cледен пат милијарда пати ќе paзмиcлам пред да бидам дел од peволyциja

Жал ми е – следен пат милијарда пати ќе размислам пред да бидам дел од револyциja напиша на Твитер, Инес Ефремова која успешен ликовен уметник.

Таа има дипломирано на Ликовниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј на отсекот за ликовна педагогија.

Таа јавно се покаја за нејзиниот придонес во шарената револуција потенцирајќи дека кога учествувала во истата не сакала да констатира дека станува збор за уште една обоена револуција преку која САД и пријателите „рушат режими“, а резултато е секогаш ист промена на власт по што државата тоне во хаос.

-Ова е нишка за нешто што веќе извесно време ми тежи на душа.

Цел век, САД и пријателите го кројат светот преку „рушење режими“. Почнувајќи од Ходурас (од каде и потекнува терминот banana state), до египетски, украински и сл. пролетти.

Нивниот резултат е секогаш ист – организирана промена на власт после која државата е оставена да тоне во хаос.

Го знаев тоа, ама не сакав да го видам кога се вплеткав во „Шарената револуција“. Сега ми е кристално јасно дека бевме марионети во идентичен проект.

Странските учесници се повлекоа, а ние останавме со замрзнат конфликт и поголема беда поради локалните профитери. Инаку, само ментално ограничен човек ова може да го контра-аргументира со „шо, дпмне да не требаше да ги оставиме“.

Јас всушност немам што мудро да поентирам. Освен да кажам дека ми е жал. И дека следен пат милијарда пати ќе размислам пред да бидам дел од „револуции“.