дома блог страница 1771

Ждребката се повтори: ПСЖ ќе игра против Реал Мадрид, Интер за ривал го доби Ливерпул

Денеска во Нион (Швајцарија) се одржа нова жрепка за осминафиналните парови во Лигата на шампионите во чија фаза ќе следува вистинската борба на патот кон Ст. Петербург каде што ќе биде финалето за титулата.

Жрепката се повтори поради технички проблем со софтверот на надворешен добавувач на услуги кој им дава инструкции на официјалните лица кои тимови имаат право да играат меѓу себе.

Како што е веќе познато, пред жрепката во групата на носители беа Ајакс, Баерн, Јувентус, Ливерпул, Лил, Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид. А во групата на неносители Атлетико Мадрид, Бенфика, Челси, Интер, ПСЖ, Салцбург, Спортинг и Виљареал.

Сега добивме нешто повеќе интересни дуели во новата жрепка, Атлетико Мадрид го доби Манчестер јунајтед, Интер ќе се соочи со Ливерпул, а ПСЖ за ривал го има Реал Мадрид во можеби најинтересната пресметка од сите осминафинални.

Првите натпревари ќе се одиграат на 15/16/22/23 февруари, а реванш средбите на 8/9/15/16 март 2022 година.

Силвио е недопирлив! Ckaндалите, годините и проблемите не му можат ништо, Берлускони сака да биде претседател

Поранешниот италијански премиер и контроверзен политичар, Силвио Берлускони, сака да биде претседател.

Ниту здравствените проблеми, ниту ckaндалите и одминатите години не можат да го поколебаат поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (85), кој е решен да го исполни ветувањето што и го дал на неговата мајка: дека еден ден ќе стане претседател.

Парламентот ќе избира нов шеф на државата на почетокот од наредната година, а Берлускони се кандидираше за таа трка.

Кандидатите обично не се изјаснуваат пред избори. Меѓутоа, името на Берлускони многу често се спомнува во медиумите, а тој не се обидува да ги ублажи шпекулациите.

“Го сретнав два пати во последниве две недели и беше навистина возбуден”, вели пратеник на партијата Форца Италија за Ројтерс, кој сакал да остане анонимен. Берлускони кој едвај го преживеа Koвид-19, продолжува со својата неофицијална кампања, претставувајќи се себе си како искусен државник во европската политика.

КАКОВ CKAHДАЛ! УЕФА ги помеша топчињата: Ждребката ќе се повторува

Голем ckaндал ја одбележа ждребката за нокаут фазата на Лигагата на шампиони.

Правилото гласи дека во првата рунда на нокаут фазата не можат да се сретнат клубови кои играле во иста група или доаѓаат од иста земја.

Меѓутоа, Виљареал за противник го доби Манчестер Јунајтед. Имено, кога Виљареал беше извлечен, во садот беа ставени топчињата на освојувачите на групите против кои шпанскиот тим може да игра, но “по грешка” беше подметанто и топчето на Јунајтед.

“Не, не, тоа не е возможно. Мора да извлечиме друг клуб”, рече Џорџо Маркети.

Проблемот стана уште поголем кога се бараше противникот на Атлетико Мадрид. Потенцијалните противници на шпанскиот клуб не можеа да бидат Реал и Ливерпул. Но грешката беше повторена и отстранети беа само топчињата на Реал и Манчестер Јунајтед. Во шеширот остана Ливерпул како потенцијален противник, што е недозволиво според правилата, а на Атлетико Мадрид му беше одземена можноста да го добие Манчестер Јунајтед како противник.

Од тимот на Атлетикот ги увидоа грешките и побараа ждребката да се повтори, а истото го направија уште неколку клубови.

По кратко размислување жалбата беше усвоена и ждребката ќе се повтори во 15 часот.

Зошто се кpијат peзyлтатите од внатpeпapтиcките избopи во СДСМ Пpилеп – Гласале само 1980 членови?

Димитар Ковачевски од синоќа е новиот претседател на СДСМ.

Тој победи на вчерашните внатрепартиски избори освојувајќи 37.649 гласа.

Кандидатот под број 2 Фросина Ташевска Ременски освои 2.836 гласа и кандидатот под реден број 3 на гласачкото ливче, Јован Деспотовски, освои 3.319 гласа.

На 194 гласачки места ширум државата вкупно гласале 44.406 членови на СДСМ односно 86.5 отсто од активно регистрираните.

Тоа беше оценето како слаба излезеност, а дека тоа е така зборува и информацијата дека во Прилеп нефицијално гласале само 1980 членови.

Се поставува прашањето дали Миле Талески доживеа уште еден дебакал со оваа мизерна излезност?

Дали старото раководство ќе го протежира Валентин Божиноски за нов Претседател на СДСМ ОО Прилеп, кој потоа би бил новиот пратеник од градов?

Зошто се кријаат резултатите од членовите и дали со тоа се остава простор за сомнеж во изборниот процес?

Николовски: Лидepите на BMPO и СДСМ да догoвopaт датyм за избopи, или излегуваме на yлица

Предвремените парламентарни избори се неизбежни, оценува ВМРО ДПМНЕ по изборот на Христијан Мицкоски, за уште еден мандат на чело на партијата. Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски, во емисијата „Утрински брифинг“ изјави дека по консолидација на органите во СДСМ, двете партии треба да седнат и да го одредат датумот на изборите.

Доколку нема датум за избори, опозицијата ќе излезе на улица.

„За“ предвремени парламентарни избори е и опозицијата од редовите на Албанците, Алијанса за Албанците и Движењето Беса, но без дефинитивен став за можниот датум за нивно одржување.

Oд полноќ нови повиcoки цени на гopивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на цените на нафтените деривати во просек за 3,02 % во однос на Одлуката од 6.12.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,526 денар/килограм и сега ќе изнесува 40,053 ден/кг.

Од 14.12.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 40,053 (денари/килограм)

Не постои сала која не ја освоија: Девојките од New Generation Прилеп pacтyриja на “DANCE OFF SKOPJE”

Вчера во Скопје се одржа еден од најдобрите денс настани тука во Македонија и пошироко “DANCE OFF SKOPJE”.

Поради протокилите за заштита од Kовид-19 на натпреварот учествуваа само формации.

На натпреварот учество зеде и денс студиото од Прилеп “New Generation”, со две формаци во СТРИТ ДЕНС И ТЕХНО ДЕНС јуниори.

И двете прилепски екипи освоија први места и достоинствено го презентираа нашиот град.

Од прилепското денс студио најавуваат мала пауза до месец април, а потоа ќе се натпреваруваат на Интернационалниот “DANCE OPEN” фестивал во Белград.

Вeнко се одjaви: Од 3aeв може да се научи многу за љyбовта кон татковината

Министерот за здравство Венко Филипче по изборот за нов претседател на СДСМ, доцна по полноќ се огласи на социјалната мрежа Фејсбук. Тој му се заблагодари на поранешниот претседател на СДСМ Зоран Заев, за како што напиша, приликата да соработува со премиерот во време на решавање на најважните и најтешките прашања во земјата.

-Му благодарам на досегашниот претседател Zoran Zaev за честа и довербата која ми ја укажа да бидам потпретседател на СДСМ. Особено ми е драго што имав можност да соработувам со него во време кога ги решаваше најважните и најтешките прашања во нашата земја. Тој е лидер од кого многу може да се научи за грижата, посветеноста и љубовта кон татковината.
Честитки за изборот на Димитар Ковачевски, му посакувам успешна работа и многу победи за партијата. Верувам дека има знаење и мудрост да се справи со сите предизвици и да го обедини членството, напиша министерот Филипче на социјалната мрежа Фејсбук.

Избрана најубавата жена на светот (Видео)

На 70 избор за најубава жена во израелското летувалиште Еилат, 21 годишната Мис Индија Харназ Саду е прогласена за Мис Универзум.

Саду зад себе остави 79 конкурентки, Титулата прва придружничка ја освои Мис Парагвај, додека за втора придружничка е избрана Мис Јужна Африка.

Круната, по траедиција и ја врачи минатогодишната победничка, Мексиканката Андреа Меса која титулата ја имаше само седум месец бидејќи изборот беше одложен поради коронавирус пандемијата.

Саду работи како актерка, а во слободно време се занимава со јога, тангц, готвење, шах и јавање.

На овој избор првпат се натпревараше претставничка од Обединетите Арапски Емирати, а по повеќе од четири децении се појави и претставничка на Мароко.

Најмоќното нешто досега излезено од Прилеп: Јездиќ ја објави најновата песна и видео спот

Eден од најпопуларните музичари од Прилеп во моментов, Филип Јездиќ, ја објави својата најнова песна и видео спот, која носи наслов I’ll Destroy The Slave In Me.

Мултиталентираниот музичар кој во оваа моќна композиција ги свири сите инструменти (гитара, бас, тапани и клавијатури), за неговото најново дело на социјалните мрежи напиша:

-И’ давам живот на мојата нова музика!!! ”I’ll Destroy The Slave In Me” е песна која ја напишав за хаосот во нас. За вечната борба на човекот со себе си.

Музиката и текстот се исто така негово дело, а вокалите се на Наташа Седлоска и Томе Темелкоски.

Во составувањето на ова дело учество зедоја уште и: фотографот и камерман Петар Јанкоски, актерката Ангела Наумоска и шминкерките Бојана Артиновска Трпчевска и Наташа Ачански.

Посебна благодарност Јездиќ упатува до: Дејан Стеваноски, Марија Спиркоска Илијеска, Драган Алексовски, Даринка Богојеска, Игор Дурлјанов и Саша Нацевски.

Погледнете и слушнете во продолжение: