дома блог страница 1760

(Видео) Еди Рама скрши чаша за да го разбие малерот: “Злите очи после ова нема да се опорават”

Премиерот на Албанија, Еди Рама денеска за време на својот говор на состанокот на „Отворен Балкан“ несакајќи скрши чаша.

Објаснувајќи му на комесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји, дека се скршило чаша, Рама посочи дека во нивната традиција кога ќе се скрши чаша „злобното око добило удар со неможност за опоравување“.

„Добри вести за Отворен Балкан“, додаде Рама.


Видео: ТВ 21

23-годишник од Битола во банка пуштил 12.500 фалcификyвани евpa

На 20.12.2021 Единицата за финансиски криминал при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во рамки на БЈБ поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против З.Т.(23) од Битола, поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „фалсификување пари“, предвидено и казниво по член 268, во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Имено, кривичнопријавениот во текот на 2021 година набавил лажни пари, и тоа вкупно 25 фалсификувани банкноти во апоени од по 500 евра, за кои знаел дека се фалсификувани, со намера да ги пушти во оптек како вистински. На 15.06.2021 З.Т. најпрво пуштил во промет 5 фалсификувани банкноти од по 500 евра во филијала на банка во Скопје, без да бидат забележани од страна на вработениот во банката дека се фалсификат, по што на 17.06.2021 повторно пуштил во промет 20 фалсификувани банкноти од по 500 евра, во истата банка.

Со ова пријавениот З.Т. пуштил во промет вкупно 12.500 фалсификувани евра, со што се стекнал со противправна имотна корист во вредност од 766.250 денари, на штета на банката, со што ги извршил кривичните дела „фалсификување пари“, предвидено и казниво по член 268, во врска со член 45 „продолжено кривично дело“ од Кривичниот законик.

Aлбанец се cтpyполи од бандepa на земja обидyвајќи се да иcкине cpпcко знаме (Видео)

Пред Владата на Албанија во Тирана започна протест против иницијативата „Отворен Балкан“, организирана од албанската опозициска Демократска партија на поранешниот премиер Сали Бериша.

Протестот се организираше во пресрет на доаѓањето на премиерот на Македонија, Зоран Заев и претседателот на Србија, Александар Вучиќ на состанокот на иницијативата за регионална соработка „Отворен Балкан“, што вчера и денеска се одржува во Тирана.

Еден од демонтантите во центарот на градот се качи на бандерата за да го тргне српското знаме но тоа му остана в рака.

Учесници во протестот сепак успеаја да го запалат српското знаме, кое беше истакнато во знак на добредојде на улицата што води кон Владата, по што следеше бурно одобрување на насобраните, а едно момче падна од јарболот обидувајќи се да го собори знамето.

Започнyва зимата, денecка е нajкpaткиот ден во годината

Зимата започнува денеска во 16 часот и 59 минути, а во исто време, летото започнува за жителите на јужната хемисфера.

Сонцето изгрева во 7:12, а заоѓа во 15:59 часот, што значи дека денот ќе трае 8 часа и 47 минути, а ноќта ќе трае 15 часа и 13 минути.

Денеска е најкраткиот ден во годината, најдолгата ноќ, а кругот околу Арктикот ќе биде во темнина цели 24 часа. Сепак, после тоа деновите многу постепено, ќе почнат да се продолжуваат и ќе бидат малку подолги до крајот на годината.

Само во овој град во Македонија нема ниту eден заболен од Koвид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 1.766 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 90, Охрид – 9, Битола и Штип – по 6, Кавадарци – 4, Струмица – 3, Прилеп, Ресен и Виница – по 2, Куманово, Кичево и Струга – по 1.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Досега во земјата се направени вкупно 1.551.730 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.411, бројот на оздравени пациенти е 208.209, на починати е 7.825, а бројот на активни случаи изнесува 5.377.

Ковачевски го објави името на новиот Генерален ceкpeтap на СДСМ

Новиот претседател на СДСМ и мандатар за составување на новата влада, Димитар Ковачевски за „Фокус“ изјавил дека Миле Зечевиќ ќе биде предложен за генерален секретар на партијата.

Тоа е единственото кадровско решение што можам да го потврдам, за сѐ друго е уште рано да се говори, вели Ковачевски.

Тој додава дека при составувањето на новото партиско раководство, но и идната влада, ќе се запази принципот на континунитет, ќе има и има освежувања, а ќе се ценат и досегашните перформанси на функционерите.

Според инфорамциите до кои дојде „Фокус“ најветојатно задутре треба да се одржи седница на Централниот одбор на СДСМ, на кој треба да се бира новиот генерален секретар, но засега неизвесно е дали на оваа седница на ЦО ќе се прошири со нови членови и дали ќе се вклучат нови членови во Извршниот одбор.

Сите легенди на прилепската кошарка во среда на хуманитарен натпревар

Почитувани љубители на кошарката и спортот,

На 22.12 во Среда, со почеток од 19:30ч, во салата на “ООУ. Добре Јованоски – Прилеп“ ќе се одржи хуманитарен кошаркарски настан.

По повод афирмација на кошарката во нашиот град Прилеп, ќе се одиграат ревијални натпревари помеѓу екипите на КК Мега Баскет, ЖКК Мега Баскет и ветераните на КК Гоце Делчев – Прилеп.

КК „Гоце Делчев“ е првиот кошаркарски клуб во Прилеп кој е формиран на 7 март 1948 година, со фузија на двете фискултурни друштва „Гоце Делчев“ и „Прилеп“.

За екипата на КК Гоце Делчев – Прилеп ќе земат учество

Печијарески Иван – Печио, Стевананџија Тони – Цицо, Вујасонивич Томо, Алексоски Бранко – Арчио, Димитриоски Сашо – Сенката, Костоски Сашо – Џигио, Менде Младеноски – Банако, Диме Ристески – Сидро, Влатко Атанасоски – Лешперо, Дисоски Бранко – Дисо, Горан Ристески – Таленто, Гоце Ристески – Шејнио, Марјан Здравески – Крке.

Тренер на екипата Пеце Ангелески – Коритото, и како помошен тренер Брсакоски Драган – Брсако.

Судии на натпреварот Александар Дамески и Петар Деспотоски.

Ве повикуваме заедно да ја афирмираме кошарката во нашиот град, а вооедно да дадеме придонес за Новогодишната хуманитарна акција.

ХУМАНИТАРНА ВЛЕЗНИЦА: 50 ден.

Со почит,
КК Мега Баске

Заев: Со недела неработен ден ги унапредуваме работничките права

Правиме уште еден исчекор кон унапредување на работничките права и социјалната правда, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук откако во Собранието денеска беа изгласани измените на Законот за работни односи со кои од 1 јануари 2022 недела станува неработен ден односно ден на неделен одмор.

– Со ова законско решение се овозможува воспоставување рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот на работникот. Оваа рамнотежа придонесува работникот да биде поефикасен и помотивиран на работното место, а од друга страна да има и приватен живот – семеен и социјален, што ги задоволува неговите потреби и потребите на неговите блиски. Им честитам на сите работнички и работници. Вие сте столбот на нашата економија и движечка сила на државата, објави претседателот на Владата на својот ФБ-профил.

Во објавата тој посочува дека новиот закон предвидува 50 отсто повисока дневница за работниците ангажирани во дејности кои поради техничко-технолошкиот процес не смеат да бидат прекинати; 100 отсто повисока дневница за работа во недела за вработените во трговските центри и 2 отсто од прометот остварен во моловите во претходната година за работењето во недела и празници ќе бидат наменети за изградба на нови градинки.

Ресорната министерка Јагода Шахпаска на Фејсбук напиша дека од 1 јануари недела ќе биде ден на неделен одмор за 92 отсто од работниците.

– Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика го исполнија ветувањето што им го дадоа на работниците – Недела, ден на неделен одмор станува реалност. Работничките и работниците се столбот на нашата економија и движечка сила на државата. Поради тоа остануваат наш приоритет во градењето на идните политики, напиша Шахпаска на својот фејсбук-профил.

На повидок нова “шapeна peволyциja” во Макеоднија? (Фото)

Алијансата за Албанците во знак на револт за иницијативата за помилувања го обоија со црвена боја Министерството за правда.

Омер Ајдини од Форумот на мјлади на Алијансата за Албанците истакна дека бараат итна оставка од министерот за правда, заменик министерот и сите чинители кои ја преземале оваа иницијатива за помилување.

– Се наоѓаме пред Министерството за неправда да ја изразиме својот револт во врска со иницијативата на ова Министерство за помилување на криминалците и крадците во оваа држава. Станува збор за убиецот на малиот Алмир – Бобан Илиќ, за криминалците кои го украдоа државниот буџет од над 17 милиони евра како Сеад Кочанде вакви случаи. Ова е кулминација и повеќе не може да се издржи. Тоа се луѓето кои се спремни да ја згазат крвта на Алмир, нашата крв и само со единствена цел да ги чуваат своите министерски позиции. Пред Министерството за неправда симболично ја фрливме крвта на оние кои настрадаа од овие криминалци, за да ви покажеме дека се подготвени да ја нагазат оваа крв само за да ги бранат своите позиции. Бараме итна оставка од министерот, заменик министерот и целото раководство што ја презеде оваа иницијатива, рече Ајдини.

Дали новиот министер за образование доаѓа од Охрид?

По бруталната изјава на Мила Царовска дека не сака да биде дел од новиот тим на Мандатарот Ковачевски се поставува прашањето: кој ќе ја замени?

Во Собранието се погласни се шпекулациите дека нејзина наследничка ќе е охридската пратеничка Жаклина Лазаревска. Неоспорна е нејзината заслуга во одбраната на катастрофалните Заеви политики и тоа во два мандати.

Фактор плус е и тоа што таа е веќе подолго време претседател и на комисијата за образование во Собранието на Република Македонија.