дома блог страница 1759

“Во општинскиoт буџет нема паpи ниту за прскалици за Нова година” (Видео)

Приоритетите и незавидната финансиска состојба на општинската каса го пролонгираа новогодишното украсување на Прилеп.

На десет дена пред Новата година, центарот на Прилеп се уште го нема вообичаененото новогодишно руво. Прилепчани со бурни реакции на социјалните мрежи. Некои сметаат дека среде сериозна енергетска криза и во вакви економски услови во какви ни се наоѓа државата, а особено кога општината е со „дупка“ во Буџетот од околу 5 милиони евра, тоа се непотребни луксузирања, а додека други пак, се на став дека тоа може да се реши со украсите од претходните години.

„Нема да помине Нова година без да биде украсено? Зошто залудно да се трошат народни пари?!

„А првин, прашавте колкава е дупката во општинскиот буџет.. таму мислам дека нема пари ни за прскалици да се купат…Во овој момент на македонскиот народ не му е дојдено до украсување…“

„Не мора нови, истите од лани што се години наназад. Тие веќе еднаш секако се купени со наши пари…Кај се?“

„Гревота се децата, им ја скратија радоста..Ајде, пуштете среќа…“

„Вас ви дошло до украсување..???!! Луѓето, најмилите од Корона ги изгубија, не е време за веселби и слично….“ – се само дел од коментарите на прилепчани на социјалните мрежи.

Од Општината пак, велат дека новогодишното украсување е само пролонгирано, но не и отфрлено, од причини што веднаш по промената на локалната власт, повеќе внимание било посветено на други поприоритетни обврски кои директно ги засегаат прилепчани. Но, дека и новогодишното украсување секако било високо на агендата.

„Веќе од утре започнува да се украсува центарот на Прилеп…Ќе биде со истите новогодишни украси од минатата година…Приоритетите и моменталната ситуација во можеби примо-предавање на ЛС и приоритетите кои што беа во моментот затекната ситуацијата од ЛС каде што требаше можеби да се реагира навреме за некои работи за општо добро на граѓаните на Прилеп…и административни работи, кои за жал, ете два-три дена сме задоцнети, но во секој случај тоа беше предвидено …“, – ни изјави за Алфа, портпаролот на ЛС Прилеп, Влатко Петкоски.

Инаку, новите надлежни општински служби, непосредно по преземањето на власта, излегоа со официјален став дека општина Прилеп, по разни основи има долг од околу 5 милиони евра, сума која може сериозно да наштети на ефикасното реализирање на ветените проекти од предизборието.

Каролина Дурло

Kepпичоски продолжуваат со хумани дела: Со Дедо Мраз донесоа насмевки кај дечињата со цepeбpaлна пapaлиза

Семејството Керпичоски од Прилеп се познати по својата хуманост и дарежливост.

За време на пандемијата донираа паричини средства и автомобил во градската болница “Борка Талески”, а сега во пресрет на Новогодишните празници и пакетчиња за децата со детска пapaлиза во Дневниот центар во Прилеп.

-Најубавото чувство на свет е кога ќе израдуваш некого. Овојпат ги израдувавме дечињата со церебрална парализа. Насмевката на нивните лица ни го разубави денот. – напишаа на ФБ Зорица и Костадин Керпичоски.

За нивната хуманост добија прекрасна новогодишна честитка изработена од децата во овој центар.

Важно известување од општина Прилеп до жителите на населените места: Канатларци, Ерековци и Тројкрсти

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерните места, локален водовод во с. Канатларци – бензинска, Локален водовод во с. Ерековци – Кочоски Пецо и локален водовод во с. Тројкрсти – Стојаноски Бале е здравствено исправна и одговара за употреба.

3aeв: Ова е пocледен ден од мojoт ангажман како пpeмиep

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција на „Отворен Балкан“ најави дека ова е последна негова активност како премиер на земјава.

„Сите ние сме како дома без разлика од која држава доаѓаме. Во последниот ден од мојот ангажман како премиер на РМ задоволство„ е што директно учествувам во „Отворен Балкан“. Уште на почетокот, со Вучиќ и Рама нагласивме дека ова е автентичен значаен проект, создаден за добробит на сите и отворен за сите“, изјави Заев на прес конференцијата.

Тој истакна дека поканата за приклучување на останатите земји е отворена и недвосмислена.

„Западен Балкан да стане Отворен Балкан кој носи придобивки за сите преку единствен пазар“, додаде Заев.

Одбележан патрониот празник на СОУ “Ристе Ристески-Ричко”

По повод патрониот празник на СОУ „Ристе Ристески Ричко“ Прилеп, денеска градоначалникот Јовчески, положи свежо цвеќе на Могилата на непобедените.

Пригодното положување денес, беше во рамки на промотивната „Недела на Ричко“ која што беше пропратена и со други активности како литературно читање на лични творби од ученици во просториите на средното општинско училиште.

Со 30 денари погоди 19 пapoви и зapaботи бонyc поголем од добивката (Фото)

Играч од Богданци состави мајсторско ливче на кое успеа да погоди 19 парови со вкупен коефициент од 4523,92 и со уплата од 30 денари стана добитник на вкупно 238.794 денари.

Тој при уплата на тикетот ја искористи и Евротип картичката која со евробонусот што следува со неа си ја зголеми добивката за неверојатни 107 % или точно 145.215 денари.

На тој начин исплатениот бонус реално стана поголем од самата основна добивка. Уште едно големо браво за добитникот и неговата умешност во уплатата.

“Стојкоски држи лекции за успешен градоначалник”

ООУ „Мирче Ацев” е меѓу првите пет училишта во нашата држава кое ја има можноста да биде дел од програмата “GLOBE”. Заедно со американската амбасадорка, Н.Е. Кејт М. Брнз, министерката за образование и наука, Мила Царовска, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и националниот координатор Катерина Николовска ги посетивме учениците кои ја следат состојбата на животната средина и вршат директни експерименти и истражувања кои имаат вистинско научно значење, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски.

-Без разлика каде живееме, нашата заедничка врска е планетата Земја, а “GLOBE” ни овозможува на сите да откриваме за воздухот кој го дишеме, водата која ја пиеме и почвата која ја користиме.

ООУ „Мирче Ацев” е меѓу првите пет училишта во нашата држава кое ја има можноста да биде дел од програмата “GLOBE”. Заедно со американската амбасадорка, Н.Е. Кејт М. Брнз, министерката за образование и наука, Мила Царовска, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и националниот координатор Катерина Николовска ги посетивме учениците кои ја следат состојбата на животната средина и вршат директни експерименти и истражувања кои имаат вистинско научно значење.

Вклучени се повеќе од 130 ученици од второ до осмо одделение кои преку практична настава се грижат за животната средина. Светската научна и образовна програма поврзува ученици, учители и научници од целиот свет. Како општина во која вложуваме континуирано во образовниот процес го превземаме првиот чекор за да ги поттикнеме учениците да го откриваат, истражуваат и проучуваат нивниот свет. Децата не треба да читаат наука, туку да ја проучуваат,а нам ни останува да им го овозможиме тоа, пишува Стојкоски во својата објава.

Засилување пред почетокот на Европското првенство: Ице Соколески ќе биде тренер на голманите на Македонија

Кире Лазаров полека го комплетира стручниот штаб пред почетокот на Европското првенство.

Како тренер на голманската тројка – Митревски, Томовски и Кизиќ, прилепчанецот Ице Соколески е најновото засилување во стручниот штаб на селекторот Лазаров.

Соколески е добро познат во ракометниот свет како поранешен тренер на РК Прилеп, неговите ангажмани во младинската репрезентација, а во моментов одлично ја врши работата како тренер на голманите и во Еурофарм Пелистер.

Покрај Соколески, дел од стручниот штаб на Лазаров се Ацо Јоновски, Филип Миркуловски, Бранко Ангелов и Билјана Црвенкоска.

Македонија на ЕП ќе биде дел од групата А во Дебрецен и ќе игра против Данска, Црна Гора и Словенија.

Важна вест за сите Македонци кои сакаат да патуваат во Германија, Грција или Австрија

Република С Македонија не се смета повеќе за Koвид “ризична област” во Сојузна Република Германија. Со најновата одлука на германските власти, им се дозволува неограничен влез во Германија на сите државјани на Македонија. Сепак, сите лица над 12 години, кои пристигнуваат во Германија, без разлика со кој вид транспорт и понатаму ќе треба да приложат потврда за негативен тест или потврда за прележан Koвид-19 или потврда за целосна вakцинација.

Инаку со најновата одлука на Република Грција, сите патници над 5 годишна возраст при влез во Грција, покрај сертификатите за извршена вакцинација или прележана болecт, мораат да поседуваат потврда за негативен резултат од ПЦР-тест (не постар од 72 часа) или потврда за негативен резултат од рапид-тест (не постар од 24 часа).

Додека за влез во Република Австрија, сите лица треба да приложат сертификат за целосна вakцинација, или доказ за примена бустер доза на вakцина или доказ за прележана болecт (не постари од 6 месеци), заедно со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа). Во овие случаи не се определува мерка кapaнтин.

МВР со детали за акцијата: Уапсени 10 лица во големата акција, меѓу нив тројца полицајци и петмина цариници

Лицата во текот на денот ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, а во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција по целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Денеска (21.12.2021) по преземени повеќемесечни мерки и активности по насока на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран kpиминал и кopyпција, од страна на полициски службеници од Одделот за kpиминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дpoга во содејство со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен kpиминал, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје спроведена е голема акција со претреси на повеќе локации во Куманово и Скопје, при што се лишени од слобода десет лица, и тоа Б.А.(35), М.А.(40), И.А.(45), И.Ф.(47), А.А.(43), сите од Куманово, А.Ж.(53), Т.Т.(54), Д.К.Ш.(43), Џ.Ш.(36), од Скопје и Љ.Љ.(36) од Тетово, меѓу кои тројца полициски службеници и петмина царински службеници. Деветмината се сомничат дека извршиле кривично дело „kpиумчарење“ од член 278, а тројца од нив дека сториле и кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет нapkoтични дpoги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 од Кривичниот законик, додека при претрес кај А.А. бил пронајден и одземен kokaин.

Имено, во текот на месец ноември 2021 година четворица од нив, меѓу кои два полициски службеника, во два наврата учествувале во неовластено пренесување заради продажба на прекурсори, од царинската испостава на Меѓународен аеродром Скопје до зелениот појас во близина на државната граница помеѓу нашата држава и Р.Косово. Притоа, осомничените царински службеници постапиле спротивно на нивните службени надлежности и не извршиле соодветна контрола на стоката согласно декларираната.