дома блог страница 1758

Арсовска избрана за претседател на ЗЕЛС, Јовчески во Надзорниот одбор

Во Скопје денеска се одржа конститутивното Собрание на ЗЕЛС, каде за претседател беше избрана градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

На Собранието присутен беше и градоначалникот на општина Прилеп, Д-р Борче Јовчески, кој е избран за член на Надзорниот одбор на оваа организација која ги обединува сите локални самоуправи во државата.

-Денес присуствував на конститутивната седница на ЗЕЛС, како делегат на Генералното Собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа. Едногласно беше избрана градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска за претседател на ЗЕЛС, заедница која што ги обединува сите 81 општина во Република Македонија. Честитам за изборот за претседател на Данела и сигурен сум дека сите заедно ќе ги исполниме зацртаните цели кои во целост ќе ги застапуваат интересите на граѓаните. И како што кажа новиот претседател на ЗЕЛС, главна цел во наредниот четиригодишен мандат ќе биде интензивирање на процесот на децентрализација и обезбедување зголемена финансиска стабилност и независност на сите општини. Воедно сакам да се заблагодарам на честа што сум избран за член на Надзорниот одбор на ЗЕЛС. Секогаш во интерес на граѓаните, заедно продолжуваме кон реализирање на проектите – напиша Јовчески на ФБ.

MВР: Крушевчанец фатен во незаконски лов на дивеч, а прилепчанец нелегално пoceдyвал opyжje

ОВР Кичево поднесе кpивична пpиjaва пpoтив Д.Д.(56) од Крушево поради пocтoeње ocнови на coмнение за стopeно кpивично дело „незаконит лов“.

-Тој, на 15.12.2021 година на планината „Љубен“, атар на кичевското село Цер, бил затекнат при yлов на дивеч, при што одземени му се една ловечка пyшка „Црвена Застава“, 7 патpoни калибap 12 милиметpи и друга ловечка опpeма. Уловениот дивеч е предаден на ловното здружение „Елен“, а потоа на овластена ветеринарна институција – информираат од МВР.

СВР Велес пак поднece кpивична пpиjaва пpoтив М.А.(36) од Прилеп, пopaди пocтoeње ocнови на coмнение за стopeно кpивично дело „неовлacтено изpaботyвање, дpжење, пocpeдyвање и тpгyвање со opyжje или pacпpcкyвачки матepии“. На 13.09.2021, при извpшена контpoла врз лицето бил пpoнajден пиштол „Црвена зacтава“ калибap 7.65 мм и ocyм кypшyми кал. 7.65 мм, кој нелегално ги пoceдyвал – информираат од МВР.

3aeв ја иcпpaти ocтавката до Собранието, еве што напиша (Фото)

Премиерот Зоран Заев ја испрати оставката до претседателот на Собранието Талат Џафери и до пратениците.

Во продолжение интегрален текст од оставката.

-Со ова мое писмо Ве известувам дека поднесувам оставка од функцијата Претседател на Владата на Република Северна Македонија.

Оваа моја одлука ја презедов како логичен чекор кој произлегува од исходот на локалните избори и како израз на преземената одговорност за изборните резултати.

Резултатите на последните избори, иако беа локални, за политичкиот момент во кој се наоѓа земјата имаа и национална политичка тежина. Во вакви услови, за мене лично и за мене како премиер, заради политиките во кои верувам, заради демократските и европските вредностите во кои верувам, политички неодговорно и неоправдано пред мојот народ и мојата земја би било јас лично да продолжам да ја водам Владата на евроатлантскиот пат. Сметам дека друг премиер од редовите на СДСМ тоа ќе може да го оствари на подобар начин, со успех и за граѓаните и за државата.

Со мојата оставка со која ја преземам одговорноста сакам да оставам пример за да се препознаваат доблесните одлуки кога тоа е неопходно и со тоа да дадам уште еден придонес во јакнење на демократскиот капацитет на народот, но исто така и на идните лидери за да бидат свесни за својата граѓанска должност кога ја преземаат грижата за својата земја.

Затоа што демократијата значи и одговорност. Ова го направив и за да може да продолжи да се развива нашата западно-европска идеја и прогресивниот концепт во земјата да си создаде услови за сопствено освежување и зајакнување, а со тоа да не се дозволи да биде поразен на национално ниво – за да можат токму тие современи демократски сили да опстојат и да продолжат да се борат за напредокот на Северна Македонија – во име на слободата, демократијата, различностите, добрососедството, НАТО и за полесно и побрзо да ги почнеме преговорите со ЕУ.

Ми беше огромна чест што можев да служам и што ја имав довербата на мнозинството од народот во изминатите четири години. Особено сум горд на тоа што поддршката стигаше од сите етнички заедници, од целиот наш мултиетнички народ и што големата идеја за нашето „Едно општество за сите”, денес, полека, но сигурно почнуваат да ја прифаќаат и нејзините противници.

Во сите предизвици има периоди на мир меѓу две битки, денови кога ентузијазмот ослабнува, кога се соочуваме со неисполнување на тоа што се очекува и што е договорено.

Но, едно е сигурно дека никогаш нема да има денови, ниту ситуации, кога тие моменти биле причина да се откажеме од остварувањето на нашата голема цел што си ја поставивме со сите наши граѓани само пред четири години.

За време на моите мандати како премиер, донесовме историски одлуки поради кои Северна Македонија наместо како „поранешна република“, без свое трајно и суверено потврдено место во друштвото на народите, го доби тоа што ѝ припаѓа според нејзиното достоинство и историски заслуги. Тие одлуки овозможија Македонците и македонскиот јазик да бидат потврдени од целиот свет, а овој пат и од нашиот сосед и пријател, Република Грција. Сметам дека со тоа обезбедивме траен мир, безбедност, сигурност и трасиран пат за економски добробит на народот.

Сакам да им се заблагодарам на пратениците во Собранието, овој и претходниот состав, на членовите на двата состави на Владата за време на моите мандати и на граѓаните на нашата држава.

Прво, за изразената доверба на парламентарните избори, потоа и за поддршката за мојот избор за премиер со што прифатија дека нема такви прашања за кои нема одговор додека постои волја за нивно решавање и додека постојат взаемни односи на искрена доверба и пријателство.

Времето ќе покаже дека оваа моја одлука е во согласност со мојата определба да бидам политичар кој презема одговорност за да бидат донесени тешки, но историски важни одлуки за добрата и сигурна иднина на нашиот народ и на државата, без притоа грижата за личниот политички рејтинг да ја ставам пред државните интереси.

Посакувам благосостојба и просперитет на сите наши граѓани, на сите заедници, на целиот наш народ.

Со 11 милиони евpa гapaнциja, Сашо Миjaлков излегyва од пpитвop

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков излегува од притвор. Апелацискиот суд во Скопје ја прифатил гаранцијата од 11.106 501 евро, јави „360 степени“.

Неговата жалба, како што пишува порталот, била уважена и решението за притвор е преиначено со прифаќање на гаранцијата. Апелациските судии му определиле мерки на претпазливост односно одземање на пасошот и обврска да се јавува во судот.

Гаранцијата над 11 милиони евра, се состои и во недвижен и во подвижен имот.

Мијалков треба да излезе од притвор кога ќе завршат административните процедури со ставање на хипотеката на имотот што е понуден како гаранција дека нема да избега.

Tpaopно cведоштво на poдилка од Тетово: Повpaќaв фекалии, а доктopката ми велеше дека не ми е ништо

Нов траорен скандал ја тресе Македонија. Имено, Дона Неделковска, млада тетовка преку својот Фејсбук профил ја објави страшната приказна низ која поминала во Гинеколошко-акушерското одделение во Клиничката болница во Тетово.

Како што раскажува таа, имала закажано царски рез на 1 јули во болница во Тетово во 7 часот наутро, целата возбудена не ни почуствувала всушност каков хорор ја очекувало наредниот период.

– 1ви Јули, 2021. Локација, озогласената болница во Тетово. Закажан царски рез во 7 наутро. Страв, возбуда, не ни сонував каков хорор следи. Спинална анестезија, јас будна, пратам што се случува цело време. Бебето го извадија за кратко, го слушнав како плаче и веднаш го однесоа. Очекував да ме сошијат, и крај. Ама не. Слушам дека нешто не им оди како што треба. Слушам дека никако не можат да го допрат крварењето. Се вртам лево од мене гледам цел куп гази со моја крв, почнува да ми се врти и да ми се стемнува и плачам ги молам да ме спасат да не искрварам. Слушам како трчаат и носат кеси крв од трансфузиологија. Ја молев една од сестрите да ме држи за рака, да не се чувствувам толку осамено и исплашено, да ми даде малце утеха. Го молев анестезиологот да ме утеши дека се ќе биде добро. Ги молев сите присутни да ми кажат нешто позитивно, добра вест. Три часа. Хоророт траеше цели три часа и јас цело време бев будна и цел живот ми помина пред очи. После три часа, слушнав “ајде веќе затворај ја не крвари веќе”. Јас во полусвест, немам веќе сила, ама не сакам да заспијам. Ме однесоа во шок-соба, каде тазе родилки влегуваа и излегуваа ден по ден, а јас бев во истиот кревет без никаков напредок, не смеев да јадам, не смеев да пијам. Зошто, немав одговор. Следното утро почна уште поголемиот хорор. Почнав да повраќам на секои 30 минути. Плачев, исплашена, ги прашував зошто повраќам, што ми се случува, сестрите ми велеа “од анестезијата е, нормално е”. Трет ден. Јас се послаба и послаба, сеуште повраќам, ама воедно и стомакот ми станува тврд, целиот со грутки. Барам помош, барам одговори. Имам студирано на медицински факултет и знаев дека нешто лошо ми се случува, ама се чудев како толку доктори и сестри околу мене, кои тврдат дека не ми е ништо, дека цревата ми се мрзеливи, дека имам ГАСТРИТИС ( да, драга докторке, сеуште ги чувам СМС пораките каде ме тешиш дека имам гастритис, дека ќе ми помине ). Не ми беше ништо? Се извинувам на читателите за тоа што следно ќе го прочитате, но има еден израз во медицината, се вика мизeрере. Тоа е кога цревата не работаат, и измет излегува низ уста. Повраќав фекалии. Доктори ме гледаа и ми кажуваа дека не ми е ништо, дека имам гастритис. Драгата докторка задолжена за царскиот ми даваше билни чаеви и ми ставаше врели шишиња на стомак. Докторке, доколку читаш, а читаш, од СЕ ИМАМ СЛИКИ. Бев слаба, ама се борев. Знаев што ми се случува и знаев дека ќе ми требаат докази, објаснува Неделковска.

Таа вели дека четвртиот ден ситуацијата и станувала се полоша. Молела за помош и конечно некој се смилувал да викне некој постручен и да и стават назогастрчна сонда ( црево од нос во желудник ) за да ја испрзнат содржината од желудникот и да се чека цревата да се нормализираат.

– Преку таа сонда ми извадија цели 5 литри течност од желудникот. Итно рентген – со количка, тогаш веќе не бев способна ниту да се движам. Инфузии, лекови, немаше вена која не ми беше боцната. Веќе почнав да гледам страв и кај нив. Мајка ми, сопругот, цела фамилија и другари на нозе, трчаат бараат спас, молат да ме пратат во Скопје. Ама и покрај се, ме држеа уште една вечер. Ми рекоа многу си нервозна, ќе ти дадеме дијазепам за да спиеш, не ти е ништо. Таа вечер го молев Господ да го дочекам утрото. Знаев дека спас ме чека во Скопје. Ама таа вечер, не бев сигурна дека ќе издржам до следното утро. Ама се молев. И издржав. Следното утре итно ме пратија во Скопје со возило од брза помош, и драгата докторка не испрати со зборовите “ако не ја примат во Скопје, не ми ја враќајте тука, немам што да и правам”. Како спиеш навечер “ДОКТОРКЕ”? 5ти јули. Ме примија во Скопје, веќе во полусвесна состојба. Итно снимање, итно инфузии и на крај, итна операција. Се разбудив следниот ден, со огромна рана на абдоменот и не знаев што се случило. Ми кажаа дека ми е извршена хистеректомија т.е. отстранување на матката, бидејќи била некротизирана т.е. СКАПАНА. Да, во Тетово цели 5 дена ме чувале со некроза на матка, на раб на сепса, ме лечеа со чај од нане и рузмарин. Само Господ и двајцата доктори од Скопје кои ме оперираа ме спасија и се причина зошто сум сега тука и го пишувам ова и моето дете има мајка. Не сакам да ги именувам, ако прочитаат знаат кои се, и сакам да им кажам на двајцата и на цел тим од абдоминална хирургија и хирургот од ГАК дека сум ви вечно благодарна, појаснува младата родилка.

Дона Неделковска напиша дека бебето за прв пат си го видела после 12 дена, а излегла од болница 15кг послаба, со хематом на секоја вена, со две огромни лузни на стомак, не можела да се движи сама, не можела да се бања сама.

– Ми требаше време да бидам спремна да зборувам на оваа тема и додека го пишував текстов требаше да преживеам се одново и чувствувам мачнина, можеби имам и грешки во континуитет, ама помина доста време и многу работи ги потиснав и закопав длабоко. Ама мораше да излезе од мене. Со овој текст ставам крај на оваа приказна и го почнувам процесот на заборавање на оваа траума. И да, внимавајте пред да изберете доктор, распрашајте се 100 пати ако треба, за да избегнете ваква голгота, додава младата родилка во својот Фејсбук пост.

Започна новогодишното украсување на Прилеп: Ќе биде со истите украси, затоа што буџетот е преоптоварен

Централното градско подрачје и оваа година ќе биде осветлено и украсено во духот на новогодишните празници – информриаат од општина Прилеп.

Украсувањето на градот, ќе биде со истите новогодишни украси од изминатите години и без никаква финансиска импликација врз и онака преоптоварениот буџет на општина Прилеп.

Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Јовчески, ќе се потруди да се почувствува новогодишната атмосфера за претстојните празници, на која најмногу се разбира се радуваат најмладите.

Исто така сакаме да ја информираме јавноста дека локалната самоуправа во рамките на своите надлежности активно работи на решавање на проблемите со уличното осветлување и семафорите кои што во моментов не се во функција.

Уaпceн прилепчанец кој огpaбyвал аптеки

На 21.12.2021 полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи – ОВР Прилеп, по преземени оперативни мерки и дејствија, го лишија од слобода К.Ѓ.(33) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за две кривични дела, и тоа „разбојништво“, сторено на 13.12.2021 во аптека во Прилеп и „разбојништво во обид“ сторено на 18.12.2021 во друга аптека, исто така, во Прилеп.

Денеска (22.12.2021) К.Ѓ. со кривичната пријава по член 237 и член 237 во врска со член 19 се предадени за понатамошна постапка во ОЈО Прилеп.

Бугарија го одби НАТО? Не гледаат потреба од распоредување вojници на НАТО на своја територија

Бугарија не гледа потреба од распоредување вojници на НАТО на своја територија како одговор на трупањето руски сили долж границата со Украина, изјави бугарскиот министер за одбрана Стефан Јанев.

Тој ги потврди извештаите дека во НАТО се разговарало за различни опции, вклучително и присуство на бугарски и романски вojници во Црното Море, во која НАТО веќе распоредува дополнителни вojници во балтичките земји и во источна Полска.

„Мојот став е дека таквиот пристап потенцијално може да доведе до непожелно зголемување на тензиите во регионот, напиша Јанев на својот Фејсбук профил, додавајќи дека засега нема причина распоредувањето на руските трупи да се смета за директна закана за Северно-атлантската алијанса и нејзината зона на влијание. Во таа смисла, не верувам дека постојат реални околности кои можат да ја оправдаат одлуката во врска со распоредувањето на дополнителни војници на територијата на Бугарија“, напиша Јанев.

Тој додаде дека Бугарија, која се приклучи на НАТО во 2004 година, внимателно ќе ја следи ситуацијата и е подготвена да го зголеми капацитетот на своите вооружени сили како дел од засилените напори на НАТО за одвраќање и одбрана, доколку е потребно.

Денес е последниот работен ден на Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев денеска треба да го има последниот работен ден. По новогодишното обраќање на претседателот Стево Пендаровски во Собранието, Заев треба да ја депонира неколку пати најавуваната оставка во парламентот.

По поразот на локалните избори, Заев најави дека ќе се повлече од сите функции. Оставката веќе ја даде во партијата, каде за нов претседател е избран Димитар Ковачевски.

Пендаровски по оставката на Заев треба да му додели мандат на новиот мандатар. Согласно Уставот, претседателот е должен во рок од десет дена да го довери мандатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинството во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена, од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата, стои во Уставот.

Олимпијката од Прилеп, Пулексенија Јованоска се закити со “Златна Олимпија” за најдобра спортистика за 2021 година

Македонскиот олимписки комитет на свечена манифестација за првпат додели награди во неколку женски категории на манифестацијата „Златна Олимпија“.

Овој настан имаше за цел да ги прослави спортските успеси и достигнувања на жените и девојките во спортот и да ја афирмира заложбата и пораката за поддршка на родовата еднаквост во спортот. Настанот кој се воспоставува од оваа година, а ќе биде традиционален, има цел да ги потврди спортските достигнувања на жените спортисти и да даде стимул за поголеми спортски достигнувања во иднина.

„Златна Олимпија“ за најдобра спортистка за 2021 година доби каратистката oд Прилеп Пулексенија Јованоска, која учествуваше на Олимписките игри во Токио и заврши на деветтото место.