дома блог страница 1752

Heвepojaтно! Гpoм yдpи диpeктно во човек, а тој поминал само со изгopeници на paцете (Видео)

Чувар во компанија во Индонезија пpeживea диpeктен yдap на гpoм.

Во нecpeќата тој се здобил само со изгopeници на paцете. Мажот бил xocпитализиpaн неколку дена, а потоа бил отпyштен на домашно лекyвање.

Се претпоставува дека бил погоден од гpoм бидејќи во paцете држел вклyчена радио-станица.

Пред два дена девojка од Скопје, а вчера и момче од Велес тепал полицaeц

На 24.12.2021 во 16.05 часот во близина на автобуска станица Скопје на подрачје на Аеродром од полициски службеници од СВР Скопје е лишена од слобода Т.Ј.(26) од Скопје.

Приведената, околу 16.00 часот агресивно се однесувала и физички нападнала полициски службеник.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

-На 26.12.2021 во 05,00 часот пред дискотека во Велес бил лишен од слобода И.Т.(25) од Велес затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Ами сега кој ќе го чисти снегот: Самка си даде ocтавка од диpeктop на “Македонија пат”

Претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), Самка Ибраимовски денеска најави оставка од функцијата заменик-директор на Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонија пат”, образложувајќи ја ваквата одлука со тврдењето дека како партија не им биле остварени ветувањата за нивно учество во извршната власт. Оваа одлука е донесена по денешниот состанок на Централното претседателство на ПЦЕР што се одржа во Тетово.

– Утре ќе ја депонирам мојата оставка од причини што не се исполнети ветувањата кои требаа да се исполнат кон нашата политичка партија. Втората одлука е сите едногласно по барање на повеќе ромски политички партии утре да имаме лидерска средба со сите ромски партии – да се донесе ромска платформа каде што ќе настапуваме заеднички на следните парламентарни избори. И тоа беше усвоено едногласно. Трета работа остануваме во коалиција со СДСМ се до средбата со новиот мандатар Ковачевски, да видиме кои се неговите мислења во делот на нашата коалиција, односно дали ќе има парче колач од она што е ветено да се даде на ПЦЕР, истакна Ибраимовски по состанокот.

Според Ибраимовски, ПЦЕР како една од најстарите коалициски партнери на СДСМ од осамостојувањето на земјата, сега од новиот мандатар Ковачевски ќе бара поинакво учеството во институциите.

– Требаше да бидам генерален директор на „Македонија пат”, не се исполни тоа ветување и нормално е да се повлечам и да оставам простор некој од членовите на СДСМ да ја преземе таа функција, бидејќи не успеавме на некој начин и политичката ситуација која беше во државата, беа локалните избори, кога требаше да настане таа промена, дојдоа локални избори се одолговлечи времето и јас одлучив да ја депонирам оставката и да останеме во коалиција се до разговор со новиот мандатар Ковачевски, потенцира Ибраимовски.

Првиот човек на ПЦЕР рече дека Ромите во државата се околу 100 до 120 илјади и очекува во пописот да бидат 7 проценти од вкупното население.

– Јас и минатиот попис не го признав, така и сега ако биде процентот ист, нормално дека нема да го прифатам 100 процентно, бидејќи ние ја знаеме бројката на Ромите во Северна Македонија и се што ќе биде под овој сегашен процент ќе биде негативно оценето. Нашите проценки се дека има 100-120 илјади Роми, сега има 2,66 проценти, но по наше треба бидеме над 7 отсто., рече Ибраимовски.

На Конгресот на ПЦЕР во 2019 Самка Ибраимовски доби нов мандат да ја води партијата четири години.

Уште еден кадар од времето на Бранко Црвенковски се враќа во СДСМ

Социјалдемократите утре одржуваат Централен одбор на кој се очекува да биде предложено ново партиско раководство и да биде промовиран Советот за креирање и имплементација на политики.

Со Советот, според неофицијалните информации би раководел поранешниот пратеник на СДСМ, Игор Ивановски-Шема.

Со партиски ангажман во СДСМ се враќа и поранешниот пратеник и екс градоначалник на Општина Карпош, Андреј Петров.

– Да, разговаравме со претседателот Ковачевски, но не зборувавме за тоа на која позиција ќе бидам поставен. И јас ги читам написите, но ајде да почекаме до утре, оставам на Ковачевски и на органите и телата на партијата да го утврдат тоа – изјавил Петров за Нова ТВ.

“Ако сакате да го подземите детево” (Видео)

Цела јавност ја виде снимката на која на настан во чест на проектот Отворен Балкан во Елбасан се сликаа Зоран Заев, Еди Рама, Александар Вучиќ и Димитар Ковачевски.

Но само Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит открива дека Ковачевски не бил дел од оргиналниот протокол туку откако е направена првата сесија Заев го повикува со зборовите: Таче дојди бе со нас.

Според видеото Заев го праќа наследникот да се слика меѓу Вучиќ и Рама но двајцата одбиваат тој да застане меѓу нив и го застануваат до Заев.

Во исто време Рама се шегува и на новинарите на шега им објаснува дека Ковачевски е од Монтенегро односно Црна Гора.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ застануваат во заштита на тyтyнapите (Видео)

Градоначалниците од регионите во кои се одгледува тутун и е една од поглавните егзистенцијални гранки во општините, денес се собраа на координативна средба на која се разгледуваше ниската цена на тутунот и една од главните теми беше изнаоѓање решенија за повисоки откупни цени.

Градоначалникот на општина Могила, Драганчо Саботковски, рече дека причина за оваа регионална средба е токму ниската откупна цена и еден од заклучоците кои ги донеле на тој координативен состанок бил да се достават барања до Државниот земјоделски инспекторат да излезе на терен се со цел реална проценка на тутунот.

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески ја поздрави оваа средба и најави дека ќе има почести вакви комуникации и контакти со здруженијата на тутунопроизводителите, каде што секојдневно ќе можат да им реферираат за класата и цената со која се настапува, а се со интерес правилно да бидат проценети класите.

-Еден од заклучоците беше и преку нашите пратеници од регионот секој да се погрижи на наредната собраниска седница да се издејствува, да се иницира измени во Законот за откуп на тутун со тоа што би се забранил увозот на тутун, се до оној момент додека не се откупи и последното ливче од нашиот домашен тутун.

Со тоа би го заштедиле и домашниот тутун, но воедно и секој нареден од тутунопроизводител би вложил и во иднина, со идна реколта да се погрижи да допринесе за своето семејство и би се намалило иселувањето на младите од нашата земја, исктана Јовчески.

(Видео) Најпознатиот “Јутјубер” во светот нуди по 100.000 долари за да дадете отказ од работа: Еве колку луѓе го прифатија предизвикот

Најпознатиот Јутубер во светот “Мистер Бист”, чиј што канал има над 80 милиони следбеници, направи неверојатен предизвик: “Дали ќе дадете отказ за 100.000 долари?”

Џими Доналдсон, попознат по неговиот Јутјуб канал MrBeast, е американски Јутјубер, интернет личност, бизнисмен и филантроп.

Тој стана вирален во 2017 година, откако неговото видео „броење до 100.000“ заработи десетици илјади прегледи за само неколку дена, и оттогаш станува сè попопуларен, а повеќето од неговите видеа имаат десетици милиони прегледи.

Со текот на времето, неговиот стил на содржина се прошири и вклучува видеа со предизвици и донации од илјадници долари, видеа со напорни задачи или преживување…

По две децении повторно видена рибата која „оди“

Ретка риба која „оди“ и постои само во Австралиjа е забележана првпат по 22 години кај Тасманија.

Розовата риба последен пат била видена од нуркач во 1999 година, а забележана била само четири пати. Во страв за нејзиниот опстанок, официјалните лица неодамна ја класифицираа како загрозен вид.

Австралиските истражувачи сега велат дека повторно ја нашле рибата, и ја снимиле со подводна камера претходно годинава. Рибата е забележана на длабочина и во отворени води поголема од претходните живеалишта.

Научниците првично мислеле дека рибата е плитководна која живее во заштитени заливи, но сега била пронајдена на длабочина од 150 метри.

Рибата има несразмерно големи „раце“ со кои покрај пливањето, „шета“ по морското дно.

СДСМ ги испочитува старите кадри – Шема се враќа во врвот

Според сознанијата на Телма од високи партиски извори, СДСМ во понеделник на централниот одбод на партијата ќе ќе го промовира новиот Совет за креирање и имплементација на политики кој ќе го предводи Игор Ивановски.

Игор-Ивановски е поранешен висок партиски функционер на партијата, универзитетски професор на скопскиот Економски факултет по професија, со неколку мандати како пратеник. Беше дел и од претседателскиот кабинет на Бранко Црвенковски.

Како пратеник беше дел од пратеничката група на СДСМ и коалицијата кои на 24-ти декември 2012-та (црн понеделник) кои беа исфрлени од собраниската сала затоа што протестираа против новиот годишне буџет, а откако застанаа пред собраниската говорница, тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ употреби повеќе полициски службеници во цивилно, од единицата АЛФИ, за да ја исфрлат опозицијата од Собранието.

(Видео) Охриѓани ја продолжија традицијата: Нaкитена новогодишнaта елкa во Охридското Езеро

Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ традиционално, 19-та година по ред, ја накитија новогодишната елка под вода кај Заливот на Коските во Охрид.

На уникатен начин им ја честитаат Новата година и божиќните празници на граѓаните на Македонија.

Подводната елка ќе биде своевидна атракција во склоп на музејот во пресрет на новогодишните празници .