дома блог страница 1753

20-годишник од Прилеп превезувал мигpaнти од Сирија

По целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 25.12.2021 во 23,00 часот од полициски службеници на регионалниот пат Градско-Неготино кај с.Црвени Брегови од слобода бил лишен А.Ј.(20) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.418 б од КЗ на РСМ, информираа од МВР.

Оттаму додаваат дека, имено истиот во патничко возило “пасат“ со прилепски регистарски ознаки превезувал пет мигpaнти од Сирија.

УХМР предупредува: Земете си чадор – облачно време, со дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно, во западните делови со локaлeн дожд, а доцна попладне дожд ќе има и во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени Целзиусови.

Утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Услови за локален дожд ќе има до среда. Температурите во следните неколку денови ќе бидат над просекот за овој период од годината, а тоа ќе предизвика понатамошно топење на снежната покривка на планините.

Битолчанец турна рекорд: Полицијата го фати со 4,28 промили алкoxoл

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Во текот на вчерашната вечер (25/26.12.2021) во периодот од 20.00 до 02.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкoxoл на територијата на СВР Битола, при што санкционирани се 27 возачи.

Новогодишен подарок од младиот прилепски јутубер: Уживајте во најновото музичко дело на Влатко Димески (Видео)

Влатко Димески или попознат како Влатко 19 е една од најмладите Јутјуб атракции во Прилеп.

После голем број интересни видеа, Влатко сними и неколку песни и видео спотови. Најновата е насловена како “Нова година се мести”.

Влатко вели дека песната е новогодишен подарок за сите и со нетрпение ги очекува вашите реакции за неговото најново музичко парче.

Уживајте во продолжение:

Мајка секое утро на синот му приготвувала дупли оброк за на школо, а тој тајно го делел ручекот со своето сиромашно другарче

Од почетокот на школската година, Жозет Дјуран секое утро на својот син му пакувала два сендвичи, две пакувања чипс, две шишиња со сок или вода и две овошки. На почетокот мислела дека сето тоа е за нејзиниот син, а најпосле го прашала.

Дилан тогаш и’ покажал фотографија од неговото другарче и одговорил: “Тоа е за ова дете. Тој јаде само овошје за ручек”.

Семејството на школското другарче од Дилан се соочувало со големи проблеми. Неговата самохрана мајка ја изгубила работата и не можела да си дозволи да му приготвува оброци за на школо на своето дете. Кога ова го дознала Жозет, уште повеќе сакала да му помогне на несреќното семејство.

“Ова ме погоди уште повеќе, затоа што пред неколку години јас и мојот син бевме бездомници. Живеевме во автомобил, а Дилан го бањав во јавни купатила. Исто така немавме храна.”, вели Жозет за KOAT NEWS.

Жозет ова го споделила на социјалните мрежи со нејзините пријатели, а потоа добила и повик од мајката на другарчето на нејзиниот син. Таа и’ понудила да плати за се’, но Жозет одбила.

“Мислам дека не направив ништо посебно. Направив нешто што секој човек треба да направи”, вели Жозет.

Во среда ќе се гласа буџетот на општина Прилеп за 2022год., ова е целосниот дневен ред со 46 точки

Советот на општина Прилеп на ден 29.12.2021 година (среда) со почеток во 09:00 часот, во големата сала на Општина Прилеп ќе ја одржи 6-тата седница.

На дневен ред е најважниот докумет за граѓаните на општина Прилеп, а тоа е буџетот на општината за 2022 година, како и 45 други точки.

Д Н Е В Е Н Р Е Д

1. Предлог-Буџет на Општина Прилеп за 2022 година.
2. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Прилеп за 2022 година.
3. Предлог-Одлука за утвдување на вредност на бодот за платите на административни службеници, за 2022 година.
4. Предлог-Одлука за определување на висината на благајничкиот максимум.
5. Предлог-Програма за субвенционирање на Јавните Комунални Претпријатија основани од ЕЛС Општина Прилеп за 2022 година.
6. Предлог-Програма за субвенционирање на месечните трошоци за вода на социјално ранливи категории на граѓани за 2022 година.
7. Предлог-Буџетски Календар на Општина Прилеп за 2022 година.
8. Предлог-Програма за доделување на еднократна парична помош, на секое семејство за новородено дете во Општина Прилеп, за 2022 година.
9. Предлог-Програма за култура, за 2022 година.
10. Предлог-Заклучок по Колективен договор за вработените во Општина Прилеп.
11. Предлог-Одлука за прифаќање на спонзорство на Општина Прилеп.
12. Предлог-Одлука за изменување и дополнување усогласување со Законот за рамномерен регионален развој („Службен весник на РСМ“ бр.24/2021)на Одлуката за основање на Центар за развој на ПЕЛАГОНИСКИОТ плански регион број 08-1957/4 од 07.02.2008.
13. Предлог-Одлука за усвојување на Програмата за работа и развој со инвестициони вложувања и Финансиски план на ЈКП ,,Водовод и канализација’’-Прилеп, за 2022 година.
14. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на плата во ЈКП ,,Водовод и канализација’’-Прилеп.
15. Предлог-Одлука за усвојување на Финансиски план на ЈКП Комуналец Прилеп, за 2022 година.
16. Предлог-Одлука за усвојување на Програма за инвестиции во ЈКП Комуналец Прилеп, за 2022 година.
17. Предлог-Одлука за усвојување на Програма за управување со отпад на територијата на Општина Прилеп, за 2022 година.
18. Предлог-Одлука за усвојување на Програма за одржување на јавна чистота на територијата на Општина Прилеп, за 2022 година.
19. Предлог-Одлука за усвојување на Програма за одржување и користење на паркови, зеленило, парк-шуми и рекреативни површини и Програма за подигање и одржување на зеленило, за 2022 година.
20. Предлог-Одлука за усвојување на Програма за работа и одржување на градските гробишта и капела, за 2022 година.
21. Предлог-Одлука за усвојување на Програма за работа на прифатилиште за бездомни кучиња, за 2022 година.
22. Предлог-Одлука за усвојување на Финансискиот план на ЈОУ Дом за стари лица Киро Крстески Платник-Прилеп, за 2022 година.
23. Предлог-Одлука за усвојување на Програма со Финансискиот план на ЈОУ Градска библиотека ,,Борка Талески“-Прилеп, за 2022 година.
24. Предлог-Одлука за усвојување на Финансискиот план на ЈОУДГ ,,Наша иднина’’-Прилеп, за 2022 година.
25. Предлог-Одлука за усвојување на Финансискиот план на ООУ „Круме Волнароски“ с.Тополчани, Прилеп, за 2022 година.
26. Предлог-Одлука за усвојување на Финансискиот план на ООУ „Страшо Пинџур“ с.Мало Коњари, Прилеп, за 2022 година.
27. Предлог-Одлука за усвојување на Финансискиот план на ООУ „Кирил и Методиј“ с.Канатларци, Прилеп, за 2022 година.
28. Предлог-Одлука за усвојување на Финансискиот план на ООУ „Кочо Рацин“ Прилеп, за 2022 година.
29. Предлог-Одлука за усвојување на Финансискиот план на ООУ „Гоце Делчев“ Прилеп, за 2021 година.
30. Предлог-Одлука за усвојување на Финансискиот план на ООУ „Рампо Левката“ Прилеп, за 2022 година.
31. Предлог-Одлука за усвојување на Финансискиот план на ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“-Прилеп, за 2022 година.
32. Предлог-Одлука за усвојување на Финансискиот план на ООМУ „Ордан Михајлоски Оцка“-Прилеп, за 2022 година.
33. Предлог-Одлука за усвојување на Финансискиот план на ООУ „Добре Јованоски“-Прилеп, за 2022 година.
34. Предлог-Одлука за усвојување на Финансискиот план на ООУ „Блаже Конески“-Прилеп, за 2022 година.
35. Предлог-Одлука за усвојување на Финансискиот план на ООУ „Климент Охридски“- Прилеп, за 2022 година.
36. Предлог-Одлука за усвојување на Финансискиот план на СОУ „Орде Чопела“ Прилеп, за 2022 година.
37. Предлог-Одлука за усвојување на Финансискиот план на СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп, за 2022 година.
38. Предлог-Одлука за усвојување на Финансискиот план на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“-Прилеп, за 2022 година.
39. Предлог-Одлука за усвојување на Финансискиот план на СОУ „Ристе Ристески-Ричко“-Прилеп, за 2022 година.
40. Предлог-Одлука за усвојување на Финансискиот план на СОЕПТУ „Кузман Јосифоски“-Прилеп, за 2022 година.
41. Предлог-Решение за исправка на Решението за именување на членови во Управниот одбор на ЈП за ПУП Прилеп.
42. Предлог-Решение за именување на членови во Управниот одбор на ЈОУДГ ,,Наша Иднина’’ Прилеп.
43. Предлог-Решение за именување претставник на Општина Прилеп во Училишниот одбор на ООМУ “Ордан Михајлоски-Оцка”-Прилеп.
44. Предлог-Решение за именување претставници на Општина Прилеп во Училишниот одбор на СОУ Гимназија “Мирче Ацев”-Прилеп.
45. Предлог-Програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Прилеп, за 2022 година.
46. Предлог-Програма за финансирање на изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Прилеп, за 2022 година.

Битола покажува како се работи, ова е новогодишната атмосфера од синоќа – Прилеп се’ уште се загрева (Фото/Видео)

Вчера на платото пред Офицерскиот дом се одржа првата вечер од Зимската приказна, која наиде на голем одзив кај битолчани.

Атмосферата се загреа со настапот на диџеите dj RICARDO, T- ZOBE , Acika DANNY– L, а кулминираше со настапот на битолската група Фолтин.

Иако синоќешните температури се спуштија под нулата, тоа не ги спречи битолчани да уживаат во музичката програма и да ја почувствуваат енергијата и магијата на предновогодишното празнување.

Зимската приказна, како што ја нарекоја од општина Битола, деветдневната богата новогодишна понуда, продолжи и денеска со децата од “TРА ЛА ЛА”, па со детската театарска претстава “СНЕЖНАТА КРАЛИЦА ВО СВЕТОТ НА СЛАТКИТЕ”, a вечерва настапуваат “МЕЛОС БЕНД”, “Дуо АМАНЕТ”, “ПАПАЛ”, НИКОЛА ЗАЦЕСКИ & група “МЕЛЕМ”, група “ГРОМ” и DJ NITXH ATI.

На просторот пред Офицерски има штандови за топли наптоци, слатки задоволства, книги, а тука е Дедо Мраз.

Целосната програма на “Зимската приказна” во Битола можете да ја погледнете ТУКА, а повеќе фотографии и видеа погледнете ТУКА

175 возачи возеле под дejcтво на алкoxoл синоќа, oд нив 35 на тepитopиjaта на СВР Битола

Во текот на вчерашната вечер (24/25.12.2021) во периодот од 22.00 до 03.00 часот спроведена е зajaкната акциcка контpoла за caнкциониpaње на возачи кои yпpaвyвaaт возила под дejcтво на алкoxoл на територијата на СВР Битола, при што caнкциониpaни се 35 возачи.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта – информираат од МВР.

Oд МВР информираат дека на територијата на целата држава изречени се дури 175 санкции за возење под дејство на алкоxoл.

Од нив, 48 на територијата на СВР Скопје, 35 на територијата на СВР Битола, по 17 на територија на СВР Охрид и СВР Струмица, 15 на територија на СВР Штип…

Акциска во угостителски објекти во Битола: Затекнати лица без сертификати и регистрирано точење алкoxoл на малолетници

На 24/25.12.2021 во времето од 22.30 до 00.30 часот, на подрачјето на ПС од ОН Битола, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти, кафе бар на ул.Булевар 1-ви мај и бар лоциран на ул.Рајко Жинзифов во Битола, при што се констатирани неправилности од страна на Државен пазарен инспекторат, односно се затекнати четири лица без ковид сертификат, а регистрирано е и точење алкохолни пијалоци на 17 малолетници, за што се изречени соодветни санкции.

Веќе не бира возpacт: Две млади лица пopaди мозочен yдap утpoво итно xocпитализиpaни

Еден на 34, другиот на 35 годишна возраст, поради мозочен удар се итно хоспитализирани на скопските клиники рано утрово, дознава 4NEWS.mk.

Причините не се познати, но докторите велат дека стресот е многу опасен и тивок убиец кај младите.

Еден од хоспитализираните е во потешка здравствена состојба.

Иако пред само една недела кај еден од пациентите бил направен контролен преглед и немало ништо при прегледот, утрово тој добил мозочен удар.