дома блог страница 175

5 прашања со Метрополис Бенд: “Во сабота енергија од прва до последна песна и сите на нозе, ве чекаме на ТЕРАСА”

Дечките од МЕТРОПОЛИС БЕНД оваа сабота ќе приредат уште една луда забава во PUB CLUB TERASA, локалот кој стана синоним за ноќен живот и убав помин во Прилеп. Им поставивме пет брзи прашања, а вие, еве зошто треба навреме да резервирате.

Што ветувате за сабота?

-Енергија од прва до последна песна! Свириме хитови што сите ги знаат… нема седење.

Што ја прави Тераса посебна за вас?

-Публиката! Тука секогаш има посебна енергија што те носи да дадеш 200% од себе.

Песна што гарантира лудница?

-Имаме неколку „тајни адути“, веруваме дека рефрените ќе ги кренат сите на нозе!

Најлуд момент од настап?

Кога цела тераса станува еден глас, тоа не се заборава.

Зошто да дојдат луѓето во сабота?

-Затоа што, како и секогаш ќе биде вечер за паметење. Без филтер, само добра музика и топ атмосфера.

Сабота, 25.04. почеток 21:00 часот!

Резервирајте навреме на тел. бр. 070-304-967

Во Битолскиот театар премиера на претставата „Секстет“ во режија на Марјан Георгиевски

Денес во НУ Народен театар Битола се одржа прес-конференција по повод најновата премиера „СЕКСТЕТ“ од Марк Камолети, во режија и адаптација на Марјан Георгиевски.

На средбата со медиумите присуствуваше дел од креативната екипа на претставата: актерите Николa Пројчевски и Марија Цветановска, режисерот Марјан Георгиевски, како и директорот на НУ Народен театар Битола, Васко Мавровски, кој во своето обраќање, истакна дека претставува особено задоволство на сцената на театарот, по пауза од 25 години, повторно да се постави ваков тип на комедија — жанр кој со својата динамика, духовитост и современ сценски израз ветува одлична комуникација со публиката.

Премиерата е закажана за 25 април и веќе е целосно распродадена, додека првата реприза ќе се одигра на 27 април со почеток од 20 часот.

Режисерот и актерите зборуваа за процесот на создавање на претставата, за специфичниот комичен ритам на текстот на Камолети, како и за предизвикот и задоволството што го носи работата на ваков сценски проект.

На прес-конференцијата беше најавена и нова соработка со две успешни компании од Битола — СН Сервис, професионален сервис за хигиена, и MAK BPO, компанија која нуди “аутсорсинг”(надворешни) услуги за деловни процеси (BPO), специјализирана за поддршка на медицинска и правна пракса, со посветен тим од искусни професионалци и најсовремени технолошки решенија.

НУ Народен театар Битола изразува благодарност за поддршката и довербата, како и за интересот на медиумите и јавноста за оваа долгоочекувана премиера.

„СЕКСТЕТ“ наскоро премиерно пред битолската публика.

Креативен тим:
Режија и адаптација: Марјан Георгиевски
Костимографија: Андреј Георгиевски
Сценографија: Влатко Чачоровски
Музика: Александар Димовски
Светло: Горан Петровски
Тон: Николче Терзиевски
Дизајн на колажи: Сандра Грибовска
Дизајн на постер: Михајло Димитриевски – The Micho

Играат:
Николчe Пројчевски, Катерина Аневска Дранговска, Александар Димитровски, Сандра Грибовска Илиевска, Марија Цветановска, Борче Ґаковски

Инспициент: Димитар Михајловски / Оливер Петровски

Суфлер: Гордана Михајловска

Плинот намален за 5 денари по литар

Цената на течниот нафтен гас – плинот од денеска е пониска, откако на пазарот е регистрирано намалување и во малопродажбата и во трговијата на големо.

Од полноќ „Макпетрол“ ја намалил малопродажната цена на плинот за 5 денари по литар – од 59 на 54 денари. Истовремено, во трговијата на големо е евидентирано намалување од 10 денари по килограм, што во пресметка значи приближно 5 денари по литар.

„Она што е особено значајно е дека и останатите компании на пазарот го следат овој тренд. Во малопродажба, цените на течен нафтен гас на бензинските станици веќе се намалени во распон од 5 до 6 денари по литар и се движат од 53 до 54 денари,“ потенцираше на прес-конференција портпаролот на Владата Марија Митева која изрази благодарност за општествената одговорност која што е покажана.

Според Митева мерката е преземена врз основа на детална анализа спроведена од Државниот пазарен инспекторат, дека биле детектирани просторите за корекција во ценовната структура, по што следувале разговори со трговците и постигнување договор за намалување на бруто маржите за течниот нафтен гас (ТНГ).

Музика и гастрономија во совршена хармонија – Овој викенд во Порта настапуваат најбараните

Викенд на симфонија од вкусови и звуци во Порта – ресторанот кој ја пишува гастрономската приказна и понуда на Прилеп. Без да должиме, изберете убаво друштво, резервирајте навреме и препуштете се на топлиот амбиент, внимателно подготвените специјалитети и музиката што создава незаборавна атмосфера, затоа што во Порта викендов настапуваат најбараните и најдобрите музички групи во моментов.

Во петок (24.04.) сцената е резервирана за Група МАРИФЕТ – вечер исполнета со емоции, ритам и како и секогаш совршено одбран музички репертоар.

Во сабота (25.04.) атмосферата продолжува со Група КАЛАБАЛАК – енергија, забава и одлична свирка до доцна во ноќта.

📞 Резервации на: 078 368 111

Порта – место каде што добрата музика и вкусот се среќаваат.

Николоски: ЕУ целосно не подржува за реализација на големите инфраструктурни проекти, заедно градиме автопатшта и железница

Државата покажува капацитет да води големи инфраструктурни проекти. Ако некаде пред година и половина зборувавме за проекти кои што беа заборавени, сега зборуваме за сериозна реализација на истите. Во Коридорот 8 инвестираме околу 5 милијарда евра во патишта и железници. Проектите се реализираат со добра динамика, најавувам и нови проекти и целосна доизградба и модернизација на коридорот, изјави вицепремиерот Александар Николоски, на работниот состанок на кој се разговара за инфраструктурните проекти што се реализираат на истиот.

На состанокот кој се организира во соработка со Делегацијата на Европската Унија, се обрати и заменик шефот на Делегацијата Бен Нупнау, а присуствуваа и претставници од меѓународните финансиски институции, директорите на железничките претпријатија и на ЈП за државни патишта.

“Денеска зборуваме за развојот на Коридор 8, витален коридор, коридор кој НАТО го прогласи за втор најзначен безбедносен коридор. Тука работите одат добро. Во делот на автопатското поврзување, почнувајќи од Деве Баир завршуваме со реконструкција на граничниот премин Деве Баир и веќе разгледуваме за втора фаза за проширување на граничниот премин. Ја пуштивме во функција обиколницата на Крива Паланка. Исто така го пуштивме експресниот пат од Страцин до Крива Паланка. Во моментот заедно со Бехтел и Енка работиме на изградба на автопатот Тетово- Гостивар и Гостивар – Букојчани. Исто така работиме на завршување на автопатот Охрид-Кичево, а во моментот сме во финална фаза на избор на изведувач за автопатот Кичево-Бокојчани, уште една делница од коридорот 8. Заедно со Европската Унија ќе работиме во рамки на Планот на раст за изградба на експресен пат помеѓу Куманово и Страцин, што значи дека од границата со Албанија до границата со Бугарија треба да имаме автопатско решение или експресен пат. Исто така ја завршивме реконструкцијата на граничниот премин Ќафасан и веќе е ставен во функција, а веќе работиме на втората фаза, тоа е проширување и го знаете оној предизвик кој што го имаме со УНЕСКО. Сакам да бидам јасен, не е воопшто доведено во прашање дали до Струга и до граничниот премин Ќафасан ќе имаме автопатско решение, прашање е само по која траса ќе се движиме и тоа е нешто што ќе дискутираме и денеска со претставниците на Европската унија, но и при посетата што ќе ја имаме од УНЕСКО”– истакна вицепремиерот.

Во однос на железницата, тој најави дека за десетина дена ќе се распише тендерот за изградба на третата фаза на пругата кон Бугарија.

“Излезе тендерот за избор на надзор за третата фаза, најкомплицираната фаза од пругата кон Бугарија, тој е активен и се надевам дека што повеќе европски и светски компании ќе се аплицираат. Очекувам не подоцна од десетина дена од денеска да излезе и тендерот за изградба, така што во текот на летото да можеме да ги започнеме градежните активности за третата фаза од пругата кон Бугарија, односно делницата која што оди од Крива Паланка до заедничкиот тунел кој што го имаме со Бугарија. Во однос на заедничкиот тунел таму работите одат добро и се надевам дека за брзо време и таму ќе почнат активностите”– изјави вицепремиерот Николоски.

Тој најави реконструкција на пругата од Скопје преку Јeгуновце, Тетово, Гостивар до Кичево. Во однос на пругата кон Албанија истакан дека потребен е регионален пристап за доизградба на целиот коридор.

“Се надевам дека со иста одговорност ќе работат и нашите соседи Албанија и Бугарија, зашто нема никаква поента да ние потрошиме толку пари, а од другата страна да нема активности. Така што се надевам дека ќе има посветеност и од нивна страна со цел да железнички ги завршуваме проектите” – заклучи вицепремиерот Николоски.

Сребрен олимписки медал по математика за гимназијалецот Михаил Живковиќ од Прилеп

На 05.04.2026 година во просториите на Институтот по математика, при ПМФ, се одржа XXXIII Македонска Математичка олимпијада. На истата учество зедоа двајца ученици од прилепската гимназија “Мирче Ацев”, и ги постигнаа следните резулати:

Михаил Живковиќ од четврта година, под менторство на професорката Евгенија Нешкоска, освои сребрен медал. Него го чекаат дополнителни тестирања за влез во македонскиот тим кој ќе ја претставува Maкедонија на Балканската математичка олимпијада.

Од втора година, учество зеде Васил Локвенец. Ментор на Васил е професорката Афродита Стефаноска.

Браво за математичарите и менторите! Му посакуваме успех на Михаил и учество на Балканската математичка олимпијада.

Tри дена вино, музика и уживање: Од 7-9 мај ВИНСКИ ФЕСТИВАЛ пред Офицерски во Битола

Фестивал посветен на виното, музиката и урбаното дружење ќе се одржи од 7 до 9 мај на платото пред Офицерски дом во Битола.

Првиот ден на Винскиот Фестивал во Битола е резервиран за првото наздравување.

Фестивалската програма започнува на 7 мај со настап на резидент диџеј, по што следуваат „B52“, „Пауза за ракија“ и диџеј Александар Јорданов.

Вториот ден е за оние, како што велат организаторите, кои знаат дека најдоброто вино во Битола е она што се пие во добро друштво.

На 8 мај ќе настапат резидент диџеј, „Lockdown“, „Камерен оркестар Битола“ и DJ Гоце Саф.
Од мелосот на Љубојна до лудата енергија на Паркети – вечерта ја затвораме тридневната винска магија.

На 9 мај, вечерта е резервирана за настап на резидент диџеј, „Zdrave Music“, „Љубојна“ и „Паркети“.

Викендот заслужува шанса за уште една чаша повеќe, е поканата од организаторите на фестивалот, кои додаваат дека токму музичкиот избор е една од работите што најјасно го дефинираат фестивалот и по која сакаат уште посилно да се препознае ова издание.

Идејата е овој фестивал да прерасне во препознатлив мајски настан во градот, а ја има поддршката од Општина Битола.

Уапсен екс претседателот на ФФМ, Сејдини

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Мети Сејдини.

Првично се сомничи за проневера на 700.000 евра пари од УЕФА доделени на ФФМ за поддршка и изградба на трибина во Охрид.

Акцијата ја спроведува МВР во соработка со Јавното Обвинителство.

Неофицијално, со доаѓање на новото раководство на ФФМ, увидени се злоупотреби и истите се пријавени до МВР. Подолго време старото раководство на ФФМ беше производ на скандали кои утрово завршуваат со апсења.

Дали вака им оддаваме почит на жртвите од бугарскиот фашистички окупатор? Спомен паркот кај Дабница претворен во депонија (ФОТО)

Ова е спомен паркот кај Дабница во Прилеп, место кое треба да нè потсетува на една од најболните страници од нашето минато. Тука, на 19 септември 1942 година, бугарскиот фашистички окупатор стрелал 19 жители од селото Дабница.

Ова не е само камен, ова е сведоштво, ова е спомен, ова е жртва…

А денес?

Околината е претворена во депонија. Расфрлан отпад, уништена слика, негрижа која боли. Наместо достоинство, срам. Наместо почит, целосен заборав.

Овој споменик неколку пати беше уништуван во изминатите дваесет години, па повторно обновуван. Но што вреди обновувањето, ако дозволиме повторно да го уништиме, овој пат со нашата рамнодушност?

Прашањето е едноставно: Ако не го чуваме минатото, каква иднина градиме?

Апел до надлежните институции, ова место мора да биде заштитено, уредено и одржувано. Апел до граѓаните, ова не е ничија туѓа обврска. Ова е наша заедничка одговорност, и на православни и на муслимани, окупаторот не бирал кој на каква вера и нација припаѓа…

Историјата не се брише само со чекан. Се брише и со молк. Да не молчиме!

Нова можност за младите: Пивара Скопје ја лансира „Youth Empowered“ – Академијата за млади

Со фокус на дигиталните и ВИ вештини, денес започна Youth Empowered Пивара Скопје Академијата за млади – бесплатна едукативна платформа насочена кон унапредување на знаењата и вештините на младите, со цел нивна поголема конкурентност на пазарот на труд и активно учество во заедницата.

Стартот на Академијата беше одбележан со панел-дискусија на Економскиот факултет во Скопје, на која учествуваа: министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, деканот на Економскиот факултет, проф. д-р Мијалче Санта, како и генералниот директор на Пивара Скопје, Огњен Лазиќ.

„Секогаш велам дека, како и кај куќата, најважен е темелот, така и секоја успешна кариера се гради на вистинските знаења и вештини. Со Youth Empowered Академијата на Пивара Скопје, на младите им даваме практични алатки, релевантни вештини и слобода да ги истражуваат и применуваат новите знаења. Пивара Скопје вложува во вакви програми затоа што веруваме дека успешните компании имаат одговорност да придонесуваат кон развојот на заедницата во која работат. Youth Empowered прорамата е наш начин да ги поддржиме новите генерации да учат, пробуваат и да успеат во иднината“ изјави Огњен Лазиќ, генерален директор на Пивара Скопје. Тој им порача на младите: „Youth Empowered програмата ви дава можност да ја поврзете теоријата од факултет со реалниот деловен свет. Искористете го ова искуство максимално, поставувајте прашања, истражувајте и бидете љубопитни, затоа што љубопитноста е најдобрата инвестиција во вашата кариера“.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, пред студентите ја претстави заложбата за дигитална трансформација со цел да им овозможи на младите пристап до модерната технологија. „Како Влада на сите студенти на додипломски студии од државните и приватните универзитети им овозможивме ваучер за ИТ уред од 15.300 денари. Со над 90 милиони денари го поддржавме УКИМ преку ФИНКИ како носител на проектот Везилка, центарот за вештачка интелигенција на македонски јазик кој е во финална фаза. Го дигитализиравме пакетот услуги од Државниот завод за статистика со кој што студентите ќе можат електронски да ги пополнуваат документите кои до сега ги пополнуваа во хартиена форма “, посочи Андоновски.

Деканот на Економскиот факултет, проф. д-р Мијалче Санта гледа голем потенцијал во соработката на факултетите и бизнисот. „Високото образование и приватниот бизнис се надополнуваат. Преку ваквите соработки и партнерства може да се креираат заеднички решенија и можности за подлабока едукација и практични искуства кои ќе им овозможат на студентите да креираат вредност не само при вработувањето, туку и да испорачаат вредност во самите бизниси“, рече деканот Санта. Тој го водеше и првиот модул на Академијата, посветен на вештачката интелигенција (ВИ), во кој се осврна на практичната примена на ВИ алатките во образованието, работата и кариерниот развој.

Youth Empowered Пивара Скопје Академијата за млади опфаќа осум тематски области, меѓу кои лидерство, одржливост, општествена одговорност, медиумска писменост, меки и презентациски вештини. Во рамки на програмата, во 2026 година ќе се реализираат 22 физички обуки во Скопје и други градови низ државата. Новитет во рамки на унапредената Youth Empowered Академија е и едукативната онлајн платформа со 10 модули, која, покрај бесплатните обуки во живо, нуди дополнителен, флексибилен пристап до знаење. Платформата е достапна преку веб-страницата на Пивара Скопје.

Во изминативе 10 години преку оваа програма на Пивара Скопје, над 12.000 млади луѓе од цела земја се стекнаа со вештини кои им помогнаа при вработување и основање свои бизниси.