Денес во НУ Народен театар Битола се одржа прес-конференција по повод најновата премиера „СЕКСТЕТ“ од Марк Камолети, во режија и адаптација на Марјан Георгиевски.
На средбата со медиумите присуствуваше дел од креативната екипа на претставата: актерите Николa Пројчевски и Марија Цветановска, режисерот Марјан Георгиевски, како и директорот на НУ Народен театар Битола, Васко Мавровски, кој во своето обраќање, истакна дека претставува особено задоволство на сцената на театарот, по пауза од 25 години, повторно да се постави ваков тип на комедија — жанр кој со својата динамика, духовитост и современ сценски израз ветува одлична комуникација со публиката.
Премиерата е закажана за 25 април и веќе е целосно распродадена, додека првата реприза ќе се одигра на 27 април со почеток од 20 часот.
Режисерот и актерите зборуваа за процесот на создавање на претставата, за специфичниот комичен ритам на текстот на Камолети, како и за предизвикот и задоволството што го носи работата на ваков сценски проект.
На прес-конференцијата беше најавена и нова соработка со две успешни компании од Битола — СН Сервис, професионален сервис за хигиена, и MAK BPO, компанија која нуди “аутсорсинг”(надворешни) услуги за деловни процеси (BPO), специјализирана за поддршка на медицинска и правна пракса, со посветен тим од искусни професионалци и најсовремени технолошки решенија.
НУ Народен театар Битола изразува благодарност за поддршката и довербата, како и за интересот на медиумите и јавноста за оваа долгоочекувана премиера.
„СЕКСТЕТ“ наскоро премиерно пред битолската публика.
Креативен тим:
Режија и адаптација: Марјан Георгиевски
Костимографија: Андреј Георгиевски
Сценографија: Влатко Чачоровски
Музика: Александар Димовски
Светло: Горан Петровски
Тон: Николче Терзиевски
Дизајн на колажи: Сандра Грибовска
Дизајн на постер: Михајло Димитриевски – The Micho
Играат:
Николчe Пројчевски, Катерина Аневска Дранговска, Александар Димитровски, Сандра Грибовска Илиевска, Марија Цветановска, Борче Ґаковски
Инспициент: Димитар Михајловски / Оливер Петровски
Суфлер: Гордана Михајловска


























