дома блог страница 174

Промоција на монографијата “Кореница” во Прилеп

На 04 мај 2026 година, со почеток во 17:00 часот, во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп ќе се одржи промоција на монографијата „Кореница“ од авторката Јасмина Колеска Кузманоска, на која промотор ќе биде Емил Димоски.

Монографијата претставува емотивен и документарен запис за селото Кореница, неговите жители, семејства, спомени и корени. Преку лични сведоштва и сеќавања, делото го зачувува духот на едно време и вредностите што се пренесуваат од генерација на генерација.Настанот е од продажен карактер, а собраните средства ќе бидат донирани во црквата „Св. Никола“ во селото Кореница, како знак на почит кон духовното и културното наследство.

Битола ќе добие факултет за медицински сестри, акушерки и физиотерапевти

Факултет за медицински сестри ќе биде отворен во склоп на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола за кој законот е подготвен од пратеници и од Министерството за образование и наука. Министерката Весна Јаневска очекува тој да биде многу бргу усвоен, со што за медицинските сестри, акушерки и физиотерапевти ќе има и академски студии и тие потоа ќе може да продолжат на академски студии од втор и од трет циклус.

Отворањето на факултетот во Битола, каде што со долга традиција постои Високата стручна школа, ќе биде дел од втората фаза на проектот „Зајакнување на образованието и професионалната регулатива за медицински сестри и акушерки во Македонија 2026 – 2028“. Неговата цел е постигнување европски стандарди во едукацијата на медицинските сестри и другиот помошен медицински персонал. Министерката очекува дека со новата образовна институција ќе се профилира кадар што ќе дава подобри здравствени услуги на населението во земјата.

Проектот се спроведува со Република Словенија и со поддршка на странски партнери. Го води Центарот за европска перспектива, официјална институција за имплементација на Словенечката програма за помош, и вклучува експерти од голем број институции, професионални здруженија, факултети за здравствени науки, канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопјe, УНФПА и УНИЦЕФ.

– Во првата фаза од проектот беше направена уницифицирана програма на сите школи и универзитети за медицински сестри во Македонија, за стекнување знаења, вештини и компетенции во корист на сите наши граѓани. Во втората фаза Министерството презема регулатива во новиот законот за високо образование и она што досега го немаше – да се дозволи, односно да се овозможи студентите од стручните школи да преминат во втор и трет циклус. Пратениците во Собранието заедно со МОН подготвија закон за отворање на првиот факултет за медицински сестри во Македонија, кој се надевам дека многу бргу ќе биде усвоен. Сметам дека е апсолутно оправдан тој предлог и дека без проблеми ќе биде прифатлив за сите. Мислам дека денес-утре ќе биде поднесен во собраниска процедура – изјави Јаневска пред почетокот на конференцијата, со која официјално почна втората фаза од проектот.

Посочи дека во ситуација кога има дефицит на медицински сестри во државата, овој проект е „токму во правец не само да добијат компетенции, туку и да се поткрене свеста и да ја сфатат суштината на нивната исклучително значајна струка за помош на населението, но и за развој на државата“.

За решавањето на проблемот со дефицитот на медицински сестри, Јаневска рече дека Министертството за здравство има многу сериозни планови и програми, со кои планира да го надомести недостигот од медицински сестри, но и на доктори во одредени региони на земјата.

– Општо е познато зошто луѓето бараат подобри услови на друго место. Но, оваа Влада во овие две години ги покажа заложбите и во образованието и во здравството, колку многу работиме и колку многу сакаме да им овозможиме соодветни услови за работа, но да им овозможиме и соодветно знаење, а со тоа заеднички да ги задржиме во земјата – рече Јаневска.

Државниот секретар во Министерството за здравство на Словенија, Денис Кордеж, изјави дека поддршката со знаење и експертиза од нивната земја ќе биде добредојдена за Македонија. Посочи дека и Словенија, како и другите земји во ЕУ, се соочува со недостиг од медицински сестри и друг кадар од здравствениот сектор.

– Треба да се направи сè за да се подобри состојбата на работните места и да се уредат компетенциите и некои од нив, она што е можно, да се пренесат од докторите на медицнските сестри. Тоа се предвидува со оваа втора фаза од проектот и тоа се искуствата што ги поминавме во образовниот систем во Словенија. Ние сега, во оваа Влада, направивме национална стратегија за работа со здравствените работници за идните десет години. Поради демографијата и зголемата потреба на луѓето, потребни ни се поголем број сестри и доктори и треба да се направи добар и стабилен мултидициплинарен тим, кој ќе им дава помош на луѓето – од превенција до терапија. На тоа треба да се работи затоа што, ако не се вложува во системот, во медицинските сестри и во докторите, тогаш нема ни да ги има – изјави Кордеж.

Претседателката на Здружението на медицинските сестри, Гордана Бешлиовска, смета дека со унапредувањето на едукацијата на медицинските сестри тие „конечно, ќе добијат факултетско образование и ќе се остварат во кариерниот развој како предавачи“.

– Тоа дополнително треба да го измени членот во Законот за здравствената заштита, во кој ние сме дискредитирани. Таму стои дека може да предавате на факултетите за медицински сестри само ако имате Медицински факултет. И сето ова за да се преслика, треба некои нешта координирано да се усогласат за да може сестрите да добијат модел и во образованието, со што ќе се остварат и како предавачи. Новиот закон за високо образование не смее да го скрати тој модел со кој медицинските сестри во кариерниот развој треба да бидат носители на образовните програми за здравствената нега бидејќи тие го работат тоа во болниците. До овој момент здравствената нега и сето тоа во тој дел во образовните програми ни го предаваат докторите – изјави Бешлиовска.

Да ја спасиме Ивана – мајка на 7-годишно дете што се бори за живот

Ивана има само 32 години. Мајка е на 7-годишно девојче кое секој ден ја чека да се врати дома. Но денес, Ивана се бори со најтешката битка – карцином на матката, четврти стадиум.

Ситуацијата е сериозна, но постои надеж. Постојат можности за третман во Турција кои можат да ѝ дадат шанса за живот. Но времето е кратко. Секој изгубен ден значи изгубена шанса.

Ова не е само борба за здравје. Ова е борба на една мајка да остане покрај своето дете. Борба за уште еден ден, уште една прегратка, уште една можност да биде тука.

Семејството не може само да ги обезбеди потребните средства. Затоа денес се обраќаме до сите вас.

🙏 Донирајте – колку што можете на линкот во продолжение: Е-CROWD.MK

или на следната трансакциска сметка:

Сметка за донација:
Ивана Митрева Цветкова
Шпаркасе Банка
250-0230001068-05

🔁 Споделете – за да стигне апелот до што повеќе луѓе

Секоја донација значи надеж.
Секое споделување значи шанса.

Да не дозволиме едно дете да остане без својата мајка. Да ѝ помогнеме на Ивана да се врати дома. 💔💙

Поминаа празниците и повторно треба перење на теписите и постелнините – Еве го решението

По празничните денови, кога домот беше исполнет со гости, трпези и убави моменти, повторно доаѓа ред на чистењето. Теписите, постелнините и зимската облека бараат освежување, а во динамичното секојдневие, времето останува најголем предизвик.

Токму затоа постои решение – ЕКСПЕРТ 2Б, тимот од Прилеп кој важи за најсигурен избор кога станува збор за темелно, брзо и квалитетно чистење во Прилеп и регионот.

Наместо да губите време и енергија, оставете го најтешкиот дел на вистински професионалци. Без разлика дали станува збор за:

✔️ Перење теписи, теписони и јамболии
✔️ Јоргани, ќебиња и перници
✔️ Чаршави, униформи и постелнини
✔️ Зимска облека
✔️ Услуги за хотели, ресторани и апартмани

ЕКСПЕРТ 2Б нуди комплетна услуга – од подигнување на вашите работи од домашна адреса, до нивно враќање чисти, освежени и подготвени за употреба.

Она што ги издвојува е и нивниот модерен пристап. Со новата онлајн апликација за закажување, целиот процес е уште полесен и побрз. Со само неколку клика можете да:

✔️ Изберете термин кој ви одговара
✔️ Резервирате услуга за неколку секунди
✔️ Го организирате чистењето без телефонски повици и чекање

Во време кога секоја минута е важна, ова значи повеќе време за вас – за одмор, за семејството и за секојдневните обврски.

Закажете термин тука: https://e2b.bizora.mk/client/

Искористете го времето за себе, а чистењето препуштете им го на оние што знаат како да го направат беспрекорно.

Телефонски броеви за контакт:

078 701 000
078 701 107

ЕКСПЕРТ 2Б – Чист дом за нов почеток!

Талентираната девојка од Прилеп се подготвува за популарниот фестивал во Котор – ќе настапи со својата прва авторска песна

Младата прилепчанка Михаела Пурдеска го прави својот прв авторски чекор со песната „Два света“ – поп-рок композиција инспирирана од нејзиното лично доживување и креативна визија.

Текстот ја отвора темата за животот на младите, нивните разлики, но и невидливата нишка што ги поврзува. Музиката и аранжманот се потпишани од Борче Шабаноски, додека бек вокалите ги изведува нејзината професорка по соло пеење, Леонарда Богданоска. Токму под нејзино менторство, Михаела досега има освоено бројни регионални и државни награди со максимални бодови во категоријата класична музика.

Процесот на доработка на композицијата ќе продолжи и во наредниот период, со цел песната да го достигне своето целосно звучно и уметничко изразување. Интонациските и соло подготовките се одвиваат под менторство на Денис Димоски, во рамки на музичкото училиште „Матрикс“.

Премиерната изведба на „Два света“ ќе се случи на фестивалот „Катаро Тин“ во Котор, кој ќе се одржи на 5 и 6 јуни. Согласно правилата на фестивалот, песната нема да биде јавно објавена по студиската обработка – своето деби ќе го има токму на сцената.

Maeстрално! Момчето со ангелски глас од Прилеп одново ќе ве погоди со новата песна – Слушнете ја “Срце ми е како ракија”

Младиот прилепчанец со ангелски глас, Филип Николоски, повторно ја освои публиката со своето најново музичко остварување – „Срце ми е како ракија“, песна која веќе освојува на прво слушање, проследена со впечатлив официјален видео запис.

Станува збор за динамична и емотивна композиција во препознатлив боемски стил, во која се испреплетуваат темите на пријателството, музиката и животот без каење. Песната носи силна порака, да се живее со полно срце, со песна на усните и без товар од минатото.

„Срце ми е како ракија, гори, пее, не се крие… нема лоша судбина ако песна другар ти е“, е рефренот што лесно влегува во уво и долго останува таму, потсетувајќи дека вистинската среќа се крие во едноставните моменти.

Музиката, текстот и аранжманот се дело на Рубин Димкоски, кој заедно со Николоски го потпишува и текстот. Видео записот е реализиран од Фан Продукција, под режија на Зоран Пиловски, додека аудио продукцијата е изработена во Р Мјузик Студио.

Во проектот учествуваат и придружни вокали: Теди & Рубин, Даниел Павлоски и Јане Николоски, а авторот упатува благодарност до бројните соработници и поддржувачи, меѓу кои и Витаминка, Прилепска Пивара и Кај Кумата, кои помогнале во реализацијата.

Со ова издание, Николоски уште еднаш потврдува дека останува доследен на својот стил, искрен, народски и длабоко поврзан со публиката.

Погледнете го видео спотот на линкот:

Момироски: Во функција се 2 од 4 нископодни автобуси

Во најновата неделна колумна, новинарот Зоран Момироски се осврна и на состојбата во која се наоѓа градскиот превоз во Прилеп, кој е во склоп на работењето на ЈП за ПУП.

-Поделени мислња меѓу граѓаните за работата на градскиот превоз. Едни тврдат дека е добар. Други пак дека не се задоволни. Едни со став дека за 30 денари превоз треба да се задоволни. Други дека пензионерите кои имаат безплатни карти го злоупотребуваат и без целно наместо да седат дома си се возат по цел ден. Трети најголеми забелешки имаат за тоа дека ,,ТРОЈКАТА,, не се обраќа до населбата ,,Сточен пазар,,. Од ЈП ПУП велат дека од 4 сега во функција се само 2 од нископодните автобуси со кои располага претпријатието. На едниот дефектот ќе му биде одстранет и ќе биде пуштен во редовен сообраќај најдоцна до крајот на идната недела. А за да се отстрани дефектот на вториот ќе треба да помине подолго време. Сето зависи од овластениот сервис во Скопје и за колку време би стигнале деловите од Турција. Иако ЈП ПУП има и други автобуси кои се користат за ученички превоз истите не може и не смее да ги пуштат во нормален градски превоз поради тоа што не одговараат на намената. За забелешките ,,мапа на движење,, и час на пристигнување на автобуски постојки се бара решение. Директорот Игор Неделкоски вели дека мапи со термини за пристигнување и поаѓање ќе бидат испечатени во форма на флаери а потоа распределувани на граѓаните. А сосема е сигурно дека од втората половина на мај ќе биде зголемено и летното работн време. Сега автобусите од градскиот превоз се сообрајќаат од 6 до 19 часот. Но во летниот период ќе возат од 6 до 21 часот.

Целата колумна прочитајте ја ТУКА

Мицкоски: Ќе има дополнителни мерки за нафтената криза, се бориме напорно и во исто време се бориме со хаосот кој го наследивме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „Тема на денот“ во Дневникот на Сител Телевизија говорејќи за нафтената криза истакна дека ќе има нови мерки при што посочи дека Владата се бори напорно за подобар живот на граѓаните, но во исто време се бори и со хаосот кој е наследен и долговите наследени од претходната влада.

Премиерот Мицкоски во однос на тоа како тоа оваа влада и претходната се справувале со кризите, потенцираше дека двете кризи и оваа сега и таа 2022 година се почнати во ист месец, но тогаш инфлацијата била над 10%, додека сега е 4,5%-4,9%.

„Второ излезе Меѓународниот монетарен фонд јасно кажа дека ние како држава сме трета во Европа според мерките коишто ги применивме визави процент од бруто домашниот производ. Тешко се живее, точно, никој не вели дека се живее лесно, тешко се живее и во Германија, еве сега се враќам од Австрија, тешко се живее и во Австрија, таму пак литар бензин и дизел се над 2 евра, па сега морале да ослободат околу 50 илјади барели од државните резерви да може да амортизираат цена, секаде тешко се живее. И тогаш стандардот во Германија, Франција, Италија, Австрија бил поголем од тој што бил во Македонија, но прашањето е дали таа разлика се намалила, ако ја мерите тогаш и сега, двојно се намалила.“, изјави премиерот Мицкоски.

Во врска со споредбите за тоа колку гориво може да се купи со платите во тие држави и во земјава, премиерот посочи дека таа разлика споредено со тоа кога беше претходната влада драматично е намалена, а не е зголемена и тоа е успехот во мерките и во политиките на оваа влада.

„Инаку, Германија, Франција, Италија, Австрија, Унгарија, Словенија повисок стандард имаат од Македонија, но тоа е политика децениска, можеби вековна. Ако некој очекувал ние за две години ќе вратиме годишно по 2,5 милијарди евра долгови на претходната влада, дека ќе враќаме солидарен данок кој е неуставно земен, ќе ги почитуваме сите колективни договори, и еве вчера излезе Државниот завод за статистика нето платата е за 7,5% поголема, дека ќе успееме да ја намалиме буџетската дупка дефицитот од 4,5 на 3,5%, дека шест квартали ќе имаме 3,5% раст на БДП.“, вели премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски се осврна и на критиките, при што посочи дека критиката е позитивна и ги слуша граѓаните, бидејќи тие имаат право да критикуваат и треба да критикуваат затоа што навикнати се на политичари неработници, луѓе коишто се обременети со криминал и корупција, и е свесен дека немаат трпение, а власта е таа која треба да има трпение и да работи.

„Ќе има дополнителни мерки иако ние досега прилично многу го изложивме буџетот и ќе треба да видиме, бидејќи еве втор месец завршува од кризата која е историски најголема според Светската енергетска агенција, оваа криза е поголема од онаа во 2022 година и двете кризи во седумдесеттите години заедно, а ние сме таму каде што сме и сега сметајте да имате по 30, 40 или 60% по литар поевтино гориво од соседите. Тоа е успех, дали е доволно, не е доволно, дали тешко се живее, да, но ќе се бориме да биде подобро.“, нагласи премиерот Мицкоски.

Ангелов: Во Битола, на Тумбе Кафе пронајдени 1.067 неексплодирани убојни средства од Првата Светска војна

На Тумбе Кафе во Битола, на стотина метри од куќите, пронајдени се 1.067 неексплодирани убојни средства, рачни бомби и минофрлачки гранати, но има и тромблонски гранати останати од Првата Светска војна, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

Во изјава за медиумите, Ангелов посочи дека според стручните лица на Дирекцијата за заштита и спасување се очекува да биде откриена поголема количина убојни средства и затоа локацијата е обележана и забранета за движење.

-На ова место пронајдени се 1.067 неексплодирани убојни средства, рачни бомби и минофрлачки гранати, но има и тромблонски гранати останати од Првата Светска војна, но очекуваме да пронајдеме уште толку, и поголема количина убојни средства бидејќи станува збор за некој импровизиран магацин или локација на која тие биле расфрлени бидејќи пиротехничарите пронашле измешани бомби со гранати. Отстранувањето се врши постепно и во фази бидејќи брзање не е потребно и затоа што безбедноста на граѓаните и нашите стручни лица е во прв ред. Пронајдените гранати се уредно складирани во наш магацин и чекаме одобрение од Министерството за одбрана, а потоа на полигонот Криволак, бомбите да бидат уништени, истакна Ангелов.

На средба со новинарите, Ангелов потврди дека екипи на ДЗС ќе продолжат да пронаоѓаат, а потоа и уништат и останатите убојни средства, а дотогаш, местото е обележано со зголемени патроли и присуство на полицијата.

– Апелирам до граѓаните да се избегнува движењето околу ова место и да нема движење околу оваа локација. Инаку, во овој момент ДЗС има само два пиротехничари, еден во Битола и еден во Штип кои ги користиме низ цела држава. Во наредниот период планираме набавка на специјално транспортно возило и прилагодување на постоечките возила што би ги исполнувале минималните безбедносни стандарди за транспорт на опасни неексплодирани средства, истакна Ангелов.

Отстранувањето на убојни средства на Тумбе Кафе го врши Ѓорги Стефанов од Битола кој потврди дека убојните средства се пронајдени на длабочина од 50 до 60 сантиметри од земјиштето на кое се гради приватен објект.

– Првата пријава за пронајдените убојни средства беше на 27 март за што бев информиран од СВР Битола, а по прегледување на теренот констатирав поголема количина бомби и гранати. Дневно отстрануваме по 300 до 400 убојни средства, работиме околу еден месец и извадени се 1.067 убојни средства. Голема е веројатноста дека има поголема количина и ние ќе продолжиме со отстранување, но внимателно, за да се отстранат сите ризици бидејќи со погрешно копање бомбата може да се активира. Целиот процес мора да се одвива рачно бидејќи на овој терен неможе да се работи со машина. Имајќи пред вид дека нема регулатива, јас би предложил да се забрани градба додека не се испита теренот, односно ако некој гради на овој терен, најнапред да се испита теренот со поддршка на пиротехничар. Во секој случај внимателноста мора да биде висока затоа што пред неколку недели добивме дојава од СВР Битола дека во градското шеталиште во Битола се пронајдени три атрилериски гранати од 75 мм кои потекнуваат од Првата Светска војна , изјави пиротехничарот Стефанов.

Гранатите, како што посочи тој, биле пронајдени од деца кои копале ров за да направат скокалници за велосипеди и при копањето пронашле три гранати, кои безбедно биле отстранети.

– Според моите информации во 2000 година на истото место биле пронајдени гранати, но постапката била прекината, а локацијата затрупана, рече Стефанов.

Локацијата на пронајдените бомби и гранати на Тумбе Кафе не е реткост на овој дел од градот бидејќи долги години тука опстојувале армиски касарни со воени магацини, а со новите урбанистички планови, просторот е трансформиран во населба „Златен Рид“.

КАСИНО АУСТРИЈА ИНТЕРНЕШАНАЛ МАКЕДОНИЈА ПОДДРЖУВАЧ НА РК ВАРДАР 1961

РК Вардар 1961 и Касино Аустрија Интернешанал Македонија на заедничка прес-конференција официјално го промовираа своето партнерство, со кое компанијата станува еден од главните поддржувачи на клубот.

Соработката има за цел создавање уште посилен тим и реализација на амбициозните цели на „црвено-црните“, кои моментално се лидери во домашната Суперлига и се на добар пат кон враќање на шампионската титула. Воедно, Вардар го очекува и четвртфиналниот предизвик во Европската лига на ЕХФ.

„Денеска ми е убав ден. Пред половина час потпишавме еден договор за соработка. Ова не е договор од денеска за утре, туку соработка за која се надевам дека ќе трае и во иднина. Тие секогаш спонзорираат, почнувајќи од автомобилизам, па до кошаркарски и ракометни клубови. Но, видоа што е за нив предизвик да спонзорираат. Најголем предизвик е да се биде спонзор на Вардар. За тоа сум им многу благодарен. Ова ќе биде голем ветер во грб, за да се обидеме да се вратиме на патеките каде што припаѓаме. Немаме илузии дека веднаш можеме да ги повториме 2017 и 2019 година, но одиме чекор по чекор, да го постигнеме максимумот што можеме и да бидеме меѓу десетте најдобри во Европа.“, изјави Михајло Михајловски, актуелен претседател на РК Вардар.

Вардар е препознатлив белег и затоа Касино Аустрија Интернешанал Македонија одлучи да ги поддржи амбициите на клубот, и на домашната и на меѓународната сцена. Имаме амбиција Вардар повторно да се врати на меѓународната сцена и се надеваме дека заедно со публиката ќе придонесеме за тоа. Сакаме да го поддржиме спортот и затоа сме тука.

„ Горди сме што како компанија стануваме дел од семејството на РК Вардар. Тоа е клуб со традиција, страст и шампионски дух. Не треба многу да зборуваме, Вардар е Македонија, нешто што се знае и надвор од границите на државата.Тука сме да дадеме малку ветер во грб на раководството, клубот да се врати на старите патишта, кон самиот врв во ракометот. Се надеваме дека ќе помогнеме, и тоа во континуитет, со години, и заедно со другите спонзори кои се вклучија, Вардар да се врати таму каде што припаѓа. Сакаме да ги полниме салите, да бидеме со Вардар и заедно да ги славиме успесите на клубот. Ги повикуваме и сите други кои се во можност да помогнат, да го направат тоа. Важно е да се биде дел од Вардар. На играчите останува да се борат и да прават резултати.“, изјави Аднан Шариќ, директор на Касино Аустрија Интернешанал Македонија.

Од компанијата додаваат дека нивната поддршка претставува инвестиција во спортот, младите и вредностите што ги носи ракометот, дисциплина, тимска работа и посветеност.

Вечерва РК Вардар 1961 ќе го одбележи својот 65-ти роденден на натпреварот против РК Алкалоид, кој ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 18:00 часот. Фан-зоната на платото пред салата ќе започне час и половина пред натпреварот.