Дали претеруваме со користењето на пиротехнички средства за време на Новогодишната ноќ? Вашите размислувања оставете ги во коментари под објавата.
Видеото е дело на Лука Конески
„Преземените и реализирани градежни работи вредни околу 35 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на МВР не само што генерално ќе ги подобрат условите за секојдневно работење на нашите колеги при Одделението за внатрешни работи Прилеп, туку истовремено се и предуслов за очекувано и натамошно подобрување на ефикасноста на полициските служби, дотолку повеќе што со извршените работи и просторно, не само инфраструктурно, се решаваат наследените проблеми преку обезбедување на нов простор за дел од службите при ОВР Прилеп“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при неговата денешна работна посета на ОВР Прилеп во присуство на дел од раководството на МВР.
Во рамки на денешнава посета Спасовски оствари работна средба и со раководството на оваа организациона единица на која што стана збор за актуелни теми што ги засегаат граѓаните , по што присутните извршија увид во завршените градежни работи на објектот на ОВР Прилеп.
Безбедносната состојба на подрачјето на ОВР Прилеп од областа на криминалитетот, јавниот ред и мир и сообраќајот за 2021 година беше оценета како релативно добра и стабилна. Состојбата прикажана со статистички податоци на ниво на ОВР Прилеп во поглед на криминалитетот заклучно со ноември 2021 година, споредбено со 2020 година, бележи намалување од околу 30 проценти.
Министерот Спасовски изразувајќи задоволство од постигнатите резултати во работата на ОВР Прилеп потенцираше дека позитивните статистики дополнително мотивираат да се продолжи со активностите врз основ на однапред утврден динамички план за работа, со цел инвестирање во подобрување на општата инфраструктурна кондиција на сите оние објекти за кои што е оценето дека е неопходна реконструкција или санација, а за кои изведбата би била извршена согласно меѓународно прифатените стандарди како на ниво на градежно изведување така и на ниво на техничко-професионални стандарди.
Покрај ова министерот Спасовски информираше дека во моментов се работи на седум објекти во разни организациони единици низ државата и тоа: ОВР Делчево, ОВР Берово, ОВР Радовиш, ОВР Свети Николе , ЕВР Карпош, ЕВР Гази Баба и објектот на Одделот за заштита на определени личности и објекти, за што од буџетот на Министерството се издвоени околу 82 милиони денари.
„Дозволете ми да потенцирам дека изминативе неколку години, преку низа конкретни, мерливи и проверливи активности, вклучително и во овој сегмент успеавме – не само да се поместиме од нулта точка, туку и преку континуираната ангажираност да докажеме дека и тоа како може со сопствени сили и со сопствени средства да се креираат и воспостават квалитетни претпоставки, како во поглед на натамошно подобрување на материјално-техничката состојба во којашто работат полициски службеници, така и во поглед на поквалитено остварување на нивните секојдневни работни обврски а во интерес на сите наши граѓани“, рече министерот Спасовски.
Министерот Спасовски ги брифираше новинарите и за безбедносната состојба во текот на новогодишната ноќ на територијата на државата, која помина мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир. Притоа, регистрирано е намалување на бројот на кривичните дела на територијата на цела држава, приведени се вкупно 12 лица, а регистрирани се 18 прекршоци на јавниот ред и мир, од кои најголем дел физички напади и физички пресметки. Во текот на новогодишната ноќ се случиле и седум сообраќајни незгоди, од кои најголемиот број со материјална штета, при што не се регистрирани жртви.
Белорусија воведе ембарго на стоки од „непријателски земји“, а меѓу нив се најде и Македонија.
Власта ја усвоила оваа мерка како одговор на петтиот пакет санкции на Европската Унија. Декрет за ова прашање беше усвоен на 7 декември 2021 година и влијае на „широк опсег на стоки произведени во земји кои според Минск спроведуваат дискриминаторска политика и непријателство“.
Забраната нема да важи за производи увезени од белоруските граѓани за лична употреба, како и за храна за бебиња и многу други. Сепак, Минск се закани дека ќе ја прошири листата на забранети стоки „во случај на натамошни деструктивни дејства“ против Белорусија.
Познатиот холивудски актер Кевин Спејси вчера допатува во Загреб во посета на познатиот режисер Јаков Седлар.
Според хрватските медиуми, режисерот се подготвува да снима филм за првиот хрватски претседател д-р Фрањо Туѓман, а во него треба да глуми Спејси.
Наводно, Спејси треба да го толкува ликот на претседателот Туѓман.
Пред неколку дена Седлар потврди дека преговорите со познатиот актер се во тек. Така, тој на 29 декември замина во Париз, каде што почнаа преговори, а вчера Спејси пристигна во Загреб каде треба да остане извесно време. Меѓутоа, се уште не е официјално потврдено дека Седлар и Спејси постигнале договор за снимање на филмот.
Сите детали се уште се чуваат во тајност, а ниту режисерот Седлар не сака да зборува премногу за проектот.
– Одиме полека, преговараме и тоа е се, изјави Седлар за „Јутарњи лист“.
Познато е дека режисерот со години кажува дека сака да сними филм за ликот и делото на Фрањо Туѓман, со оглед на тоа што во Хрватска не е снимен ниту еден игран филм кој на тој начин би го прикажал првиот хрватски претседател.
Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица – Прилеп, Новата година ја започнаа за жал работно.
Нивната интервенција спречи ширење на пожap кој избувнал на една од терасите во зградите од населбата “Точила”.
Неофицијалните информации говорат дека пожapoт настанал од пиpoтexнички cpeдства, но засега тоа не е потврдено.
Пожapoт го пријавил граѓанин од соседните згради кој прв го забележал пламенот.
Како Генерален директор на Друштвото 11 Октомври Еурокомпозит АД Прилеп сакам да изразам голема Благодарност до Владата на РСМ од мое име и од името на сите поранешни и сегашни вработени за дореализација на Законот за доплата на пензискиот стаж на сите вработени од шести месец 2012 год. до 30.09.2019 год – напиша на ФБ, Милан Тоцев.
-Сакам да ја информирам јавноста дека Владата обезбеди 1.700.000,00 евра кој треба денес да се уплатат за да се подмират трошоците за Пензиско и инвалидско осигурување на вработените.
Голема Благодарност до поранешниот Премиер Г-дин Зоран Заев, како и до Потпреседателот на Владата и Министер за економски прашања Г-дин Фатмир Битиќи и неговиот тим за успешното реализирање на Законот. Ова многу ќе значи за сите вработени во Друштвото, а посебно за моментално пензионираните работници кои во иднина ќе имаат право на повисоки пензии.
На сите Ви посакувам пред се добро здравје во Новата 2022 година, остварување на повисоки пензии и успех – пишува Тоцев.
Алексеј е првото родено бебе во битолската Клиничка болница, а се роди само две минути по полноќ и е второ дете на неговите родители.
Мајката е породена по природен пат, бебето е добра состојба, информира директорката на битолската болница, д-р Билјана Гагачовска.
Гагачовска информираше дека утрово се родени уште две девојчиња.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, на првороденото бебе му додели штедна книшка со 10.000 денари, а на останатите две по 6.000 денари, како и пригодни подароци.