дома блог страница 1743

Пролет во зима: Од утре темпepaтypи и до 17 степени, а еве што не’ очекyва до Бадник

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Дневните температури ќе се движат од 8 до 17 Степени.

Во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во вторник и во среда не очекува слично време со температури до максимални 17 во вторник и 16 Степени во среда.

Во четврток на Бадник времето ќе биде променливо облачно. На места ќе има појава на краткотраен дожд, особено попладне. Температурите ќе достигнат до 15 Степени Целзиусови.

Kaтица ја пуштиле дома за Нова година

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева ја поминала новогодишната ноќ во домашна атмосфера со своите најблиски, информира денеска адвокатот Лазар Јанев. Според него, Јанева во текот на годината има право да користи 15 дена, по претходна поднесена молба.

-Како и секое осудено лице и Катица Јанева има право по отслужување на една третина од својата затворска казна, да користи привилегии одноно поволности, предвидени со Законот. Па, така по поднесена молба добивме позитивна одлука за користење на право на првиот викенд во годината. Тој опфаќа три вечери и 4 дена, изјави Јанев за ТВ Сител.

Јанева е сместена во женското одделение во затворот „Идризово“.

Поранешната специјална обвинителка беше осудена на 7 години затвор за случајот „Рекет“, пресуда која во моментов е на вонредно преиспитување во највисокиот суд.

Спектакл на ниво на светските метрополи: Огнометот во Белград за Новата година е нешто невидено досега во соседството (Видео)

На социјалните мрежи се појави досега невидено и дефинитивно најдобро видео од огнометот во Белград, на кое во живо присуствуваа голем број граѓани.

Спектаклот започна со сензационално одбројување од фасадата на Кулата, а огнометот се пукаше од дури 250 позиции. Целиот настап беше проследен со музика специјално составена за оваа пригода.

Секретаријатот за одбрана и вонредни состојби во Белград купил над 13.000 чаури за огномет, кои ги платил 5 милиони динари (околу 42.500 евра), според Решението за доделување на договорот. Како што соопшти Нова економија, одлуката е донесена два дена пред новогодишната прослава, на 29 декември.

Набавени се над 11.000 кутиски батерии (поединечни патрони), како и неколку стотици други видови огномети и пиротехнички средства.

Иcчезнат е Славко Јанчески од Прилеп, последно е виден позади училиштето “Гоце Делчев”

Се бара Славко Јанчески, кој последно е виден вчера позади ООУ “Гоце Делчев”, во уличната према Шаторов Камен

Доколку имате било какви информации обратете се на тел: 078 520 792

2 и пол дневници за работа во пpaзник, а еве кои дејности ќе може да paботат во недела

За работа на ден на празник или неработен ден според Законот, се добива надомест на плата за тој ден, плус плата за извршената работа зголемена за 50 проценти, или сѐ вкупно 2,5 дневници.

Покрај ограничувањето за работа во недела во трговијата на големо и мало, го ограничивме и работењето на празник. Ниту еден работодавач, освен во наведените исклучоци, покрај тоа што нема да смее да работи во недела, нема да смее да работи ни во празник – велат од ССМ, пренесе Слободен печат

Исклучоци во трговијата кога може да се работи и во недела и на празник се: специјализирани продавници или киосци за продажба на сладолед, колачи и апетисани, цвеќиња, сувенири, филигранство, весници и цигари, во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност; продавниците на бензински станици во чии рамки се врши трговија на мало претежно со храна, пијалоци и тутун; продавници, киосци и штандови во трговските центри (молови) кои имаат минимална ефективна површина за трговија на мало од 8.000 квадратни метри; штандови и киосци каде што се продава добра за време на спортски настани, фестивали и манифестации, саеми и за време на јавната проекција на кинематографски дела; продавници за трговија на мало со храна (без зеленчук и овошје), пијалоци и тутун во кои трговијата се врши лично само од сопственикот на продавницата и зелените пазари.

Мицкоски: “Правата одлука на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде намалување на даноците”

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешното гостување на телевизија Алфа рече дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт прва одлука ќе биде намалување на даноците.

Според него клучно за успех е да се сврти вниманието кон државата и да се стави акцент на политиките кои водат кон развој.

„Кога ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе направиме се да се свртиме кон државата. Треба да се има јасна политика за економски развој, социјална политика, образовна политика, да не бидеме најлоши во здравството. Има многу сегменти кои се важни за граѓаните. Треба да работиме за тоа што не обединува, а не што не разединува не можеме ад кажеме дека Македонците се плод на Коминтерната. Тоа не се позиции за 21 век“, вели Мицкоски.

Работа, реформи, додава тој, тоа е приоритет за ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако сакаме да сме успешни треба да бидеме два пати подисциплирнирани и поработливи од големите. Таа дисциплина да ја постигнеме и се ќе дојде само по себе и ќе бидеме вреднувани по други параметри, а не да сме на 111 место по корупција. Правата одлука ќе биде рамен данок или 8 проценти рамен данок, да се намали сивата економија. Тоа е она што е приоритет на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Мицкоски заклучувајќи „доколку имаме мотивирани политичари тоа може веднаш да се направи“.

Од патарини лани државата cобpaла невepojатни 46,4 милиони евpa

Над 46,4 милиони евра е годишниот приход од наплата на патарини на Јавното претпријатие за државни патишта во минатата година, што е за 2,8 милиони евра повеќе во однос на 2019, а за 12,1 милион евра повеќе во однос на 2020 година.

Над 25 проценти од вкупните средства лани се остварени преку електронската наплата на Коридор 10.

Годинава ЈПДП очекува приход од над 50 милиони евра, ставање во функција и на наплатните станици Преод и Кадрифаково на автопатот Скопје-Штип, како и електронски систем на наплата на постојните патарини на Коридор 8.

Кризата ги зафати сите, освен најбогатите: Заработиле 402 милијарди долари во 2021

Десетте најбогати луѓе во светот стекнале уште 402 милијарди долари во 2021 година, покажуваат податоците на Блумберг.

Најмногу заработил Илон Маск. Годината ја започна со 156 и ја заврши со 277 милијарди долари на сметката. Основачот на Тесла и SpaceX неодамна соопшти дека ќе плати повеќе од 11 милијарди долари данок.

Зад него е Џеф Безос, сопственикот на Амазон, кој во 2022 година влезе со 190 милијарди долари. Тоа е „само” 4,5 милијарди повеќе од минатата година.

Сопственикот на Фејсбук, Марк Закерберг минатата година заработи 25 милијарди долари, а сега има 128 милијарди долари.

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, минатата година ја започна со 139, а ја заврши со 132 милијарди долари. Неговата поранешна сопруга Мелинда Френч Гејтс, со која во август стави крај на 27-годишниот брак, наводно има 11,4 милијарди долари.

Ко-основачот на Гугл, Лери Пејџ во 2021 година влезе во клубот на луѓето кои имаат 12-цифрено богатство, додавајќи 47 милијарди долари на своите 83 милијарди долари. На таа листа се впиша и неговиот колега Сергеј Брин, кој заработи уште 45 милијарди долари, со што неговото богатство достигна 125 милијарди долари.

Во збогатувањето на американските милијардери се приклучи и Французинот Бернар Арно, сопственик на најголемата компанија во светот која тргува со луксузни производи. Заработил дополнителни 61 милијарда долари, а сега поседува вкупно 176 милијарди долари.

Арно е единствениот надвор од САД кој влезе на листата на милијардери на Блумберг за 2021 година.

Сите десет на таа листа поседуваат повеќе од 100 милијарди долари. Единаесетта на листата, исто така Французинка, е Франсоаз Бетенкур Мејерс, наследничка на империјата Лореал која има 94 милијарди долари и е најбогатата жена на светот.

Каков ќе биде овој ден, таква ќе биде годината: Денеска го празнуваме Св. Игнатиј Богоносец

На 2 јануари се празнува Свети Игнатиј, ден за кој се верува дека е одлучувачки за тоа што ќе ви се случува во текот на целата година. Постои верување дека она што ќе го правите тој ден, ќе го правите и цела година.

„Вистинските” бадникови и божиќни обичаи почнуваат на тој ден, на втори јануари со празникот Св. Игнатиј. На овој ден во некои краеви во Македонија се месат коледарски колачиња, а некаде се изведува и обичајот полазеник. За полазеник го сметале првиот гостин што доаѓал и го пречекорувал прагот на куќата. Каков ќе биде полазеникот – таква ќе биде и претстојната година за семејството.

Игнатиј е детето што Исус го носел во својата прегратка. Според народното верување од овој ден започнува да расте денот.

За тој ден се верува дека ќе ви биде онаков како и целата година, до толку што постарите ги заклучувале вратите од своите домови за да не им влезат лоши луѓе и лошо да им тргне.

Лошите баби порано оделе од куќа на куќа на втори јануари да позајмат пари макар и за млеко, само за да на добрите луѓе им тргне лошо годината. Но, ваше право е на тој ден да го вратите секој оној кој ќе ви побара пари и да му речете дека денеска е Св.Игњат и од мојата куќа не излегува ништо, дојди утре.

Tepeнска анкета на ИПСОС: ВМРО-ДПМНЕ со досега најголема пpeдност пред CДCМ

ВМРО ДПМНЕ со најголемо водство од 9% пред СДСМ. Огромно мнозинство смета дека државата оди во погрешна насока, најголем проблем економија, мали плати, а и високи цени покажува најновата спроведена анкета на ИПСОС брифираат од партијата на Мицкоски..

За потребите на ВМРО-ДПМНЕ агенцијата ИПСОС спроведе теренска анкета од 06 до 20.12.2021 година врз 1023 испитаника на територијата на цела држава Република Македонија, запазувајќи ги демографските карактеристики.

Во истражувањето се вклучени повеќе прашања, а во прилог ви ги пренесуваме резултатите на дел од нив.

1. Доколку би имало утре предвремени парламентарни избори, и на тие избори би се кандидирале партии, а не коалиции, за која политичка партија би гласале?