дома блог страница 1742

Почина Марјан Додовски, првиот министер за животна средина и поранешен директор на “Еурокомпозит”

Почина Марјан Додовски, поради компликации од кopoнавиpyc.

Марјан Додовски имаше богата политичка и професинална кариера, а ќе го паметиме по монументалниот проект за спас на Дојранското езеро.

Додовски во својата кариера беше:

Пратеник во Собранието на Република Македонија 2006-2008 година
Претседател на собраниската комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство

Раководител на секторот за заштита на животната средина и природата во Град Скопје. 2005- 2006 година

Член на Советот на Град Скопје. 2005 година

Министер за животна средина и просторно планирање и заменик министер за животна средина и просторно планирње. Влада на РМ-1998-2002 година

Реализација на Проектот за Спас на Дојранското Езеро

Професор по географија во О.У. “Крсте П. Мисирков”- Скопје1996-1997 година
Генерален секретар на Движењето на екологистите на Македонија-ДЕМ, 1997-1998 година

Секретар на Движењето на екологистите на Македонија-ДЕМ, 1995 – 1997 година
Член на претседателството на Еколошко Друштво “Опстанок” – Скопје, 1994 година

Колумнист во дневни, неделни и месечни весници;

Аматерски активности во ликовната уметност- правец интарзија.
Автор на книгата Дојранско Езеро Од агонија до живот

Регулаторна со нова честитка за возачите

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,17 % во однос на Одлуката од 27.12.2021 година.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 како и на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,850 денари за килограм и сега ќе изнесува 40,210 денари за килограм.

Од 4.1.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС – 95 75,00 денари за литар

Моторен бензин Еуросупер БС – 98 77,00 денари за литар

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 65,50 денари за литар

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 денари за литар

Мазут М-1 НС 40,210 денари за килограм

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 4,218 %, кај дизелот за 3,934% , кај екстра лесното масло за 4,093 % и кај мазутот за 3,052 %.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0, 217 % .

Да го донесеме Божиќниот дyx во секој дом: Повик до прилепчани да дониpaaт пред пapaклиcoт на Св. Никола

Организаторите “Бадникови поворки“ оваа година најавуваат голема хуманитарна акција насловена како “Црвен тепих на хуманоста”. Во продолжение следува најава за настанот:

„И оваа година поради КОВИД пандемијата, на наша голема жалост ќе изостанат нашите добро познати “Бадникови поворки“, но оваа манифестација, ќе се организира преку хуманитарен настан во кој Ве повикуваме сите вас масовно да земете учество!

Сите сте повикани да дадете свој допринос и барем малку да допреме до најранливите категории во овие светли денови од големиот празник на Христовото Рождество, да им донесат радост и утеха од времето што им натежнало.
Прилепчани се познати по хуманоста, па така нека биде и овој пат!

Сите патишта на 03, 04 и 05 Јануари нека водат кон параклисот Свети Никола пред Божиќната пештера, каде ќе биде организирана хуманитарната акција наречена како “Црвен тепих на хуманоста”! Акцијата ќе се состои во донирање и поставување на нерасиплива храна пред пештерката од 09:00 до 15:00 часот во текот на трите дена.

Во 10:00 часот на 6 јануари (четврток), детскиот хор при храмот Св.Кирил и Методиј, симболично пештерката ќе ја спроведат од параклисот на Свети Никола до камената бина на плоштадот “Александрија“, каде што хорот ќе се претстави со Божиќни песнички. Притоа, градоначалникот Борче Јовчески традиционално ќе ги дарува бадникарите со божикни подароци.

Полициcки cлyжбеници извлекле тpojца битолчани затpyпани со возило во cнег на Галичица

На 02.01.2022 во 18.25 полициcки cлyжбеници од ОВР Ресен добиле пpиjaва – повик за помош од Ј.Д.(20) од Битола.

Според пpиjaвеното, поради големи снежни наноси на планината Галичица, тој со своето патничко моторно возило „сузуки”, со битолски регистарски ознаки, заедно со своите сопатници А.В. и Ѓ.Д., двајцата од Битола, бил заглавен на регионалниот пат Отешево – Св.Наум, на кој има активна забрана за движење на возила во зима.

Полициски службеници од Граничен премин Стење веднаш излегле на местото на настанот и го пронашле возилото кое било заглавено во снегот, по што заедно со возачот и сопатниците, биле извлечени со возилото и спуштени на безбедно место.

Aнкета на ИПСОС: Дури 53% сметаат дека Заев имал лоши резyлтати како пpeмиep

53 отсто од граѓаните сметаат дека Зоран Заев имал лош резултат како премиер на Македонија, покажува теренската анкета на ИПСОС спроведена за потребите на ВМРО-ДПМНЕ, брифираат од опозициската партија.

Во истражувањето се вклучени повеќе прашања, а во прилог ви ги пренесуваме резултатите на дел од нив.

1. Како го оценувате досегашното работење на Зоран Заев како премиер на државата?

Лош резултат од работата 53%

Добар резултат од работата 29%

2. Како ја оценувате досегашната борба на Владата против корупцијата?

Незадоволителна 64%

Задоволителна 29%

3. Дали сте задоволни од пакетот мерки во економијата кој го донесе владата за справување со ковид кризата:

Незадоволни 55%

Задоволни 37%

За потребите на ВМРО-ДПМНЕ агенцијата ИПСОС спроведе теренска анкета од 06 до 20.12.2021 година врз 1.023 испитаника на територијата на цела држава Република Македонија, запазувајќи ги демографските карактеристики.

Албанец е вистински рекордер: Има 63 деца, 55 синови, 8 ќерки и повеќе од 120 внуци (Видео)

„Садри Кортеши, вработен во една фабрика во главниот град на Албанија Тирана, вели дека е татко на најмногу деца во неговата земја. Во животот имал 13 партнерки, но се оженил само со две. Од секое од 63-те деца, кои вели дека ги има, тој додава дека станал по двапати дедо. Значи, оти можеби има повеќе од 120 внуци и внуки.“- објави ТВ Ченел од Албанија.

Овој телевизиски медиум пишува: „Кортеши вели: ‘Сум се оженил со две девојки, но сум имал љубовници во многу градови. Имам 55 синови и 8 ќерки. Навистина имам 63 деца, но бидејќи ми недостигаат докази и правно – техничка документација, на свое име имам 4 деца: 3 со едната сопруга и едно дете со претходната сопруга. Само нивните мајки знаат дека тие се мои деца.“

„Запрашан кога ќе им ја каже вистината на своите деца, овој жител на Тирана одговара: ‘Оној ден кога ќе дојде ангелот на смртта по мене, тогаш ќе им кажам на моите деца кои се нивните браќа и сестри.“

„Таткото на 63 деца денес живее сам. Децата кои ги одгледал заминале во Франција.“

Видеото погледнете го ТУКА

Co 50 денapи ocвоила 200.000 евpa на новогодишната ноќ

Жена освоила повеќе од 200.000 евра на новогодишната ноќ во казино во Сен Мало, Бретања, Франција… Инаку, како што изјави вчера директорот на казиното, 40-годишничката ставила само 80 евроценти (50 денари) во автоматот.

– Таа е почетничка со коцкање и автоматите, и била на одмор со нејзината мајка. Таа освои 209.715,20 евра – што е втор најголем џекпот во ова казино од воведувањето на автоматите за игри на среќа пред 30 години!, изјави директорот на казиното „Бариер“ (Barrière), Франсоа-Стефан Верне.

Тој раскажува и како луѓето честопати и не сфаќаат што им се случува во такви мигови.

– Жената беше „малку изненадена“… Ја тргнавме настрана и ѝ понудивме чаша шампањ, рече тој.

Во истото казино, во 2011 година, играч освоил 425.000 евра вложувајќи 60 центи.

Cтpyjaта пocкапе, а од СДСМ велат дека ако не биле тие ќе пocкапела многу повеќе (Видео)

Со брза и навремена реакција на Владата предводена од СДСМ, спречен е ценовен шок за граѓаните и драстично зголемување на цената на струјата.

Мобилизирањето на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија, придонесе цената на струјата да биде покачена за само 9,48% што е далеку под првичните прогнози од над 25%.
Притоа евтината ноќна тарифа на струјата како и евтината тарифа во недела ќе се задржат, а дополнителни рекстрикции нема да има.

Дека цената на електричната енергија е глобален проблем потврдуваат и покачувањата на цената на струјата во многу држави, а најизразено е во Турција каде електричната енергија за домаќинствата поскапи за 50 отсто, додека за компаниите и за над 100 отсто.

Почитувани,
За граѓаните од ранливата категорија, обезбедени се и 60 милиони денари со Програмата за заштита на потрошувачите на електрична енергија.

Со оваа мерка ќе се опфатат околу 7.500 домаќинства со ниски примања во времетраење од 12 месеци, кои ќе добијат намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600 денари или 800 денари месечно, во зависност од големината на домаќинството.

Економијата е стабилна и ликвидна, државата е подготвена да им помогне на граѓаните и компаниите за надминување и на овој предизвик.

И додека Владата предводена од СДСМ е посветена на креирање мерки со кои ќе се намалат последиците од енергетскага криза, ВМРО ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски, продолжува и во време на криза со лаги, со цел да поттикнат паника кај граѓаните.

Мицкоски лажеше дека цената на струјата ќе биде повисока до 40 отсто, тој и ВМРО ДПМНЕ и оваа криза ја користат за евтини политички поени, не водејќи никаква грижа за граѓаните.

Kyче цели 13 чaca го гpeeло телото на неговиот повpeден coпcтвеник, кој паднал на највисокиот вpв во Хрватска (Фото)

Планинската спасувачка служба на Хрватска, денеска соопшти дека во спасувачка акција е спасен повреден планинар, кој се лизнал и паднал на највисокиот врв Велебит.

27 спасувачи од Задар, Сплит, Истра и Госпиќ, го барале повредениот планинар, а акцијата траела цели 9 часа.

Спасувачите објавија и еден детал кој го воодушеви целиот регион. Кучето на повpeдениот планинар цели 13 часа лежело на него и го греело неговото тело.

Пролет во зима: Од утре темпepaтypи и до 17 степени, а еве што не’ очекyва до Бадник

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Дневните температури ќе се движат од 8 до 17 Степени.

Во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во вторник и во среда не очекува слично време со температури до максимални 17 во вторник и 16 Степени во среда.

Во четврток на Бадник времето ќе биде променливо облачно. На места ќе има појава на краткотраен дожд, особено попладне. Температурите ќе достигнат до 15 Степени Целзиусови.