дома блог страница 1741

Близначиња родени на новогодишната ноќ, но родендени ќе слават во различна година (Фото)

Двете близначиња Ајлин и Алфредо се родија во Медицинскиот центар “Нативидад” во Салинас, Калифорнија на Новогодишната ноќ, но во период од 15 минути – едното пред Новата година, а второто во Новата 2022 година.

Алфредо се родил во 11:45ч, а неговата сестричка Ајлин на свет дошла точно на полноќ.

Нивната мајка Фатима Мадригал за медиумите изјавила: “Ова е лудо, тие се близнаци, а ќе имаат различни родендени”.

Среќната мајка и претходно родила близнаци, и тоа тројка, две девојчиња и едно момче. Таа вели дека нејзиниот син бил најмногу возбуден, затоа што добил братче.

Во Америка годишно има околу 120.000 раѓања на близнаци, што е 3% од вкупниот број на родени бебиња. Статистиките велат дека случајот на двете бебиња родени во различна година се случува еднаш во 2 милиони случаи.

Истото се случило и во сојузната држава Индијана во 2020 година, кога две близначиња се родиле во различни декади.

“Неверојатен старт на Новата година”, вака го опишува доаѓањето на свет на двете близначиња Др. Ана Абрил Ариас, која го извршила породувањето.

“Тома” не е само филм, туку филмско одличје за едно време со душа”

Фејсбук статус на Антонио Димитриевски, еден од нашите најпознати ТВ видители и новинари

„ТОМА“ – филмска приказна за душата

Гледам, сите се „подмочнувате“ на „Тома“… Само разликата е во тоа што на оние кои го живееле тоа време им течат солзи, а на „новокомпонираниве“ им „тече низ ногавици“… Оние првите носталгично сфаќаат дека ова не е само филм за „таму некој кафански пејач“, туку приказна за душата… Филм за времето и земјата во која се почитуваа вистинските вредности, беа удостоени и ставени на пиедесталот, културата, музиката, естрадата, спортот… а не политиката! Со неа за сите останати се занимаваше мала „група големци“, а не како денес, секој сељобер од улица да „бистри политика“. Кој по партии кој во Влада, Парламент, грото по социјални мрежи!

Тогаш среќата беше колективна радост кога ќе се освоеше злато на олимпијада и некое првенство, кога „Дугме“, Тома, Брена… ќе имаа турнеја па ќе дојдеа и кај нас, кога ќе стигнеш да купиш нова плоча од „Пинк Флоид“, „Дип Парпл“, „Лед Цепелин“, кога еден Ален Гинзберг ќе дојдеше на „Струшки вечери на поезијата“, плачевме кога заминаа Џенис, Хендрикс, Морисон, го следевме „стариот“ кога со „Галеб“ ќе тргнеше на светска турнеја по неврзаните…
Имаше и тогаш „шабани“, ама шабаните имаа душа и глас, емоции и златно грло, а не цицки и г’зови, силикони и колагени, перики и леќи у боја како овие сега, кои фалшираат и додека зборат, а камо ли коа пејат…!

И никој не се „подмочуваше“ од среќа дека го примиле у пионери, младина или СКЈ,зашто тоа беше нормална работа… Без да лижеш, коленичиш, молиш, да се вовлекуваш, пу*иш, подмитуваш, цинкариш, лепиш плакати за локални анонимци…
Туку со работа на Младинска работна акција, учество во некоја секција, спортско друштво, КУД, хор, радиоамтерско друштво, феријалци, извидници… И војска, како „школа живота“, наместо геј паради и маршеви на сексуалните работнички.

Тогаш се палевме на гитарата со два врата на Брега, наместо на мерцедесот за кој го осудивте Грујо и неговите, а од него не искачате, на тоа колку публика имало на „Ајдучка чешма“ , а не колку понудил за кауција Сашо, кај ќе чекаме ние Нова Година а не кај чекала Катица, ни беше важно што ќе донесат тато и мама во торбата од работа, а не колку има во Луј Витон торбата на Боки, пиевме вињак и Векија наместо виски, мастика наместо узо, вермут наместо Јегер, бела наместо жолта, шприцеер наместо Моет и ништо не ни фалеше… Пушевме МТ, филтер Југославија и Дрина, наместо џоинти со хашиш и мара, игравме Жмурки, Народна и Камај, наместо Кантер и МАФИА и ФИФА, фудбалче на мали гочиња и баскет у маало, наместо, Плејстејшн и ИксБокс и правевме уште мал милон нешта што не правеа среќни, а денес ги нема, зашто има се дуго заради кое и денешните деца и нивните родители се несреќни. Проклета могуќност избора…

Ова време има многу тоа освен едно – душа. А без неа си никој и ништо… Купуваш и продаваш, одземаш и додаваш, а пак си празен како шупливо тенеќе…

Затоа „Тома“ не е само филм за „таму некој кафански пејач“ чии песни дури не се ниту шабански… Затоа што е филмско одличје за едно време со душа… И среќно и тажно и сиромашно и богато, ама полно со емоциии сеќавања, спомени и слики што вечно се паметат.

А вас денес по што ќе ве паметат? Направивте ли нешто, покажавте ли, оставивте ли некој траг , некое дело, достигање, резултат по кој ќе ве запаметат? Ништо… Е затоа за вас никогаш нема да снимат филм. Не филм, ниту селфи со вас никој нема да сака да направи! Зашто душата на ѓаволот му ја продадовте за ситниш, а сега и гратис му ја нудите… Само што сега не сте сигурни дали ѓаволот воопшто сака да ви ја купи! А па ниту тој не сака нешто што е труло, расипано, гнасно, смрдливо,безвредно… За неа место нема ниту на неговата депонија!

Е, затоа на „Тома“ и ви „тече низ ногавици“, наместо солзи низ лице… За солзи треба да имаш душа… и мадиња, да го издржиш сето она што во таа душа ќе ти се насобере и напати, а судбината потоа низ животот ќе ти го наплати или возврати!

И да… Притоа не се сите исти. Има нешто малку ДУША и меѓу денешниве деца. Само сељоберите во одела, кравата и опинци не им даваат да ја покажат. Оти штом посакаат, тие би веднаш да им ја земат,извадат, украдат, присвојат, продадат… Оти од нивната душа се хранат! Егото, највеќе!

Бебе за прв пат пробува пица, неговата реакција ќе ве воодушеви (Видео)

Гурманско дегустирање кое ќе ве воодушеви…

Малата општина Новаци издвои 3 милиони денари за субвенции за термофасади (Видео)

Како едно од предизборните ветувања кои ќе бидат исполнети во првите 90 дена на градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, денеска започна да течи тримесечниот рок за пријавување на заинтересираните за користење на субвенција за изградба на термоизолациони фасади.

„Денеска го објавивме јавниот повик за субвенционирање на жителите на Општина Новаци за изградба на енергетски ефикасни домови односно изградба на термоизолациони фасади во станбените објекти за индивидуално домување.Повикот ќе трае 3 месеци почнувајќи од денес. Ова е уште еден проект понуден во мојата предизборна програма, ветување кое го реализираме во првите 90 дена од преземањето на функцијата градоначалник на општина новаци.Финансиските средства ќе се доделуваат по принципот прв дојден – прв услужен , до исцрпување на предвидените средства за таа намена , во вкупен износ од 3 милиони денари.“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Финансиските средства на овој Повик се обезбедени од Буџетот на Општина Новаци за 2022 година – Програма Р1 – Заштита на животна средина, согласно Дополнувањето во Програмата за заштита на животна средина за 2021 година и Правилникот за субвенционирање на жителите на Општина Новаци за изградба на енергетски ефикасни домови односно изградба на термоизолациони фасади во станбените објекти за индивидуално домување.

„Финансиските средства на овој повик, ќе се користат за делумен надоместок во висина од 30 % од вкупната сума на фактурата но не повисока од 90 000 денари бруто износ по барател. Барател на субвенција за изградба на термоизолациони фасади мора да биде лице жител на Општина Новаци чиј што објект се наоѓа на територијата на општината со целосно спроведена постапка за легализација.“ рече Стевановски.

Покрај барањето, барателот треба да поднеси

– имотен лист ( не постар од 6 месеци)

– понуда од економски оператор

– копија од трансакциона сметка на барателот

– копија од лична карта од барателот

– изјава заверена на нотар од подносителот на барањето дека нема добиено финансиски средства за изградба на енергетски ефикасни домови и

– фотографии (во боја) од објектот пред започнување со изградба на термоизолационата фасада

По разгледување на барањето Комисија составена од 5 члена излегува на терен со цел да ја утврди фактичката состојба на објектот и доколку истата соодејствува со поднесената документација, со барателот склучува пред договор за субвенционирање.

„Барателот за да го оствари правото на субвенција има рок од 9 месеци од поднесување на барањето, да ги достави до комисијата документите согласно повикот кој што е јавно објавен на огласната табла и на веб страната на општина новаци, како и на мојата фан страна на социјалната мрежа фејсбук.“ рече Стевановски.

Барателот за да го оствари правото на субвенција има рок од 9 месеци од поднесување на барањето, да ги достави до комисијата следните документи:

– платена фактура од економскиот оператор со комплетна спецификација на материјалите кои се користени и вградени при изградбата на термоизолационата фасада и

– фотографии во боја од станбениот објект по изградбата на термоизолационата фасада

Комисијата по изградбата излегува на терен и доколку сите услови се исполнети согласно повикот и доставената документација, составува ранг листа според која се исплаќа субвенцијата на трансакциона сметка на барателите.

Чкатроски распали по Пендароски и Заев

Aналитичарот Даме Чкатроски тврди дека ако примиерот и претседателот наименуваат амбасадор во некоја земја таа одлука не може да биде блокирана од опозицијата како што сега тврдат од СДСМ.

– Нема сила која може да го оповргни тоа освен домаќинот. Затоа немојте да го лажете членството на СДСМ дека некој Антонио Милошевски блокирал.. Тие приказни таму да си ги правите (а, ако не знаете како се прави тоа си има запознаени ќе ви објаснат), пишува Чкатроски.

Предходно тој реагира и на сличните поплаки од министерот за надворешни работи Бујар Османи кој се пожали на опозициска блокада за мисијата во ОБСЕ каде Македонија е претседавач.

– Бујар држи прес дека преседаваме со ОБСЕ а во најголемите држави и најбитните 5 години не наименуваја амбасадори..Генијалци, пишува Чкатроски кој важи за добар познавач на дипломатските и меѓународните односи.

Важно соопштение до жителите на општина Прилеп: Водата од овие чешми не е исправна за пиење

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерно место Плетвар- крајпатна Че, не е здравствено исправна и не смее да се користи.

Водата од мерно место, локален водовод во с.Ореовец – јавна чешма сред село, има зголемена матнотија и треба да се изврши повторна анализа.

Во мерно место, локален водовод во с. Беловодица – јавна чешма водата не е здравствено исправна и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути.

Возот од Битола за Скопје yдpил во човек кој лежел на пpyгата кај Бpaилово

На 02.01.2022 во 14.00 часот во СВР Битола било пријавено дека патнички воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје, на потегот помеѓу стојалиште „Браилово“ и стојалиште „Слепче“, yдpил во едно лице кое лежело на пругата.

Лицето починало на местото на нecpeќата, а по извpшениот yвид било конcтатиpaно дека cтанyва збор за М.Д.(44) од Република Албанија.

По нapeдба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдyкциja.

45-годишен пpилепчанец пpoнajден мpтoв на улица

На 02.01.2022, во ОВР Прилеп било пpиjaвено дека на ул. “Кузман Јосифоски-Питу”, бил пpoнajден починат А.Ѓ. (45) oд Прилеп.

Од страна на лекap конcтaтиpaна е cмpт без тpaги на нacилcтво, а по нapeдба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдyкциja.

Најстарата жена во светот го прослави 119-тиот роденден

Најстарата жена на светот го прослави својот 119 роденден во Јапонија, објавувајќи дека е решена да го продолжи рекордот за уште една година.

Кане Танака, која сака газирани пијалоци и чоколадо, во неделата одбележа голем ден со вработените во домот за стари лица во кој живее во префектурата Фукуока во југозападна Јапонија, пренесува Гардијан.

Гинисовата книга на рекорди го запиша животниот век на Танака во март 2019 година, кога таа имаше 116 години. Таа го постави јапонскиот животен рекорд на сите времиња кога достигна 117 години и 261 ден во септември 2020 година.

Родена во 1903 година, кога браќата Рајт го направија својот прв моторизиран лет и првиот Тур де Франс, Танака преживеа пет јапонски царски владеења и се надева дека ќе го прослави својот 120-ти роденден, објави новинската агенција Кјодо.

Танака, која е родена шест месеци пред Џорџ Орвел, е една од големиот број јапонски стогодишници.

Според проценката објавена во септември во пресрет на годишниот Ден на почит кон старите лица, јапонското Министерство за здравство соопшти дека рекордни 86.510 лица се на возраст од 100 или повеќе години, што е зголемување за 6060 во споредба со претходната година.

Кога истражувањето за прв пат беше спроведено во 1963 година, Јапонија имаше само 153 стогодишници, но бројот се искачи на над 10.000 до 1998 година.

(Видео) Објавено видео од Бил Гејтс старо 28 години: Еве како рзмислувал младиот милијардер

На YouTube е објавено 15-минутно видео од 1994 година, во кое тогашниот директор на Мајкрософт, Бил Гејт, им посакал добредојде на новите вработени и им објаснува како е создадена и како се развива оваа компанија.

Видеото е објавено на YouTube каналот на Центарот за компјутерска историја во Кембриџ. Гејтс тогаш имал 39 години и веќе бил многу богат во тоа време. Според деловниот весник Форбс, тој имал богатство од 9,35 милијарди долари, а сега има богатство од 136 милијарди долари.

Тој во своето обраќање имаше пофални зборови за Apple, што е изненадувачки ако се земе предвид дека Apple е најголемиот конкурент на Microsoft. Тој потсети како со својот пријател Пол Ален основал една од најголемите корпорации во светот.