дома блог страница 1740

(Фото галерија) Прилепските гимназијалци се враќаат во клупите: Погледнете како изгледа, сега најубавата Гимназија во Македонија

Гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп наскоро ќе го добие својот целосно нов изглед.

Во изминатиот период се изврши реконструкција на кровот, а потоа следуваше реконструкција на фасадата, промена на дограмата, поставување на лифт за лица со инвалидитет и уредување на подрумскиот простор, каде ќе бидат отворени две или три нови училници.

Исто така, проектот опфати санација на двата санитарни јазли во подрумот, како и обезбедување нови тоалети за лицата со инвалидитет на сите три ката по вертикала.

Исто така извршена е и реконструкција на котларата.

Учениците во изминатиот период наставата ја следеа онлајн, а најавите се дека ќе се вратат со физичко присуство од второто полугодие на школската година.

Во Штип првото бебе се poди по 3 дена, диpeктopoт на болницата не го пyштил градоначалникот да го даpyва новopoденчето

Во штипската Клиничка болница изутрината во 9 часот се роди првото новороденче во 2022 година. Станува збор за здраво женско бебе, тешко над 4 килограми, а неговата мајка е од Радовиш.

Но, традиционалната посета и подароци за првороденото бебе годинава во Штип изостанаа. Градоначалникот Иван Јорданов и претставниците од неговиот кабинет доцна попладнево беа пред вратата на Гинекологија и акушерство, но од другата страна никој не им отвори. Образложението од болницата е дека има посебни протоколи, а директорот, Ален Ѓеорѓијев најави дека на прес-конференција утре ќе образложи,зошто градоначалникот со подароците не влегол на одделението.

-Наместо првото новороденче за 2022 година да донесе општа радост и да ги сокрие фрустрациите на Директорот на Клиничката болница, во најлош облик го откри нечовечкото во него.

Иако уредно најавени, со одобрение од дежурниот доктор и родилката, со традиционални подароци за првата среќа во нашиот град за оваа година, сепак по наредба на директорот, некултурно и дрско бевме оставени пред вратата на Акушерското одделение.

Односно, наместо раководните лица годинава да смислеа како да се заврши Клиничката болница, наместо да внимаваа да не се изгубат парите за неа, очигледно повеќе енергија трошат како да унесреќат уште еден недолжен сограѓанин и во најсветлите моменти за него – напиша штипскиот градоначалник на ФБ.

Tpи лицa повpeдени пocле тeшka cooбpaќajка помеѓy тpaктop и автомобил на патот Битола-Нижeпoлe

На 03.01.2022 во 18.40 часот во СВР Битола било пpиjaвено дека на патот Битола – Нижеполе се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу тpaктop „ИМТ 539“, без peгиcтapcки ознаки, yпpaвyван од З.Б.(61) од с.Карамани, битолско и патничко возило „опел фронтера“, со битолски peгиcтapcки ознаки, yпpaвyвано од Д.Ч.(29) од Битола.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобил З.Б., додека Д.Ч. и неговата сопатничка А.Ч.(25) од Битола се здобиле со телecни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид извpшила екипа од Полициcката станица Битола – информираат од МВР.

Прилепската Гимназија и кacapна го одбележаа својот патpoн, xepojoт Мирче Ацев

На денешен ден, 4 јануари 1943, во Скопскиот затвор, после сурово и нечовечко мачење, од страна на бугарскиот фашистички окупатор, убиени се македонските херои Мирче Ацев и Страшо Пинџур.

Во спомен и во чест на патронот на Прилепската Гимназија и касарната во Прилеп, денес беа положени цвеќиња во Алеата на Могилата на непобедените, на бистите на народните херои, во дворот во Гимназијата „Мирче Ацев“ и во касарната „Мирче Ацев“.

Градоначалникот Јовчески ја искористи посетата на Гимназијата и направи увид на лице место во градежните активности за реконструкцијата на гимназијата.

Од страна на изведувачот и надзорот беше кажано дека реконструкцијата е при крај. Градоначалникот Борче Јовчески истакна дека мораме да направиме се што е во наша надлежност што побрзо да ги вратиме учениците во училишните клупи и да посетуваат настава со физичко присуство, онака како што им доликува на средношколците.

Еве го Koвид peзyлтатот од новогодишните забави – Прилеп и Битола станyвaaт жapишта

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 7.483 тестирања, а регистрирани се 1.197 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 766, Битола – 94, Прилеп – 56, Кавадарци – 38, Велес – 31, Охрид – 24, Гевгелија – 23, Куманово – 18, Ресен – 16, Тетово – 15, Штип и Струмица – по 12, Кочани – 11, Кичево, Неготино, Крива Паланка и Радовиш – по 10, Делчево и Валандово – по 7, Струга и Богданци – по 5, Гостивар и Свети Николе – по 4, Македонски Брод – 3, Берово, Пробиштип, Демир Хисар, Крушево, Демир Капија и Дојран – по 1.

Регистриран e 331 оздравен пациент од: Скопје – 174, Прилеп – 30, Битола – 21, Кавадарци – 16, Охрид – 13, Штип – 12, Гевгелија и Куманово – по 9, Струмица – 8, Велес, Ресен, Крива Паланка, Радовиш и Демир Капија – по 4, Тетово, Кочани и Делчево – по 3, Неготино и Валандово – по 2, Кичево, Македонски Брод, Пробиштип, Дојран, Виница и Кратово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: по 3 починати лица од Скопје (55г, 82г и 88г) и Битола (60г, 69г и 90г), 2 лица од Охрид (68г и 79г) и по едно починато лице од Прилеп (68г), Велес (68г), Валандово (41г) и Струга (88г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 3 лица, по едно лице од Скопје (72г), Валандово (85г) и Гевгелија (82г). Од пријавените лица, две се починати во болнички, а едно лице во домашни услови. Починатите лица се пријавени со дата на смрт од 23.12.2021 до 02.01.2022г.

Направени се 7.483 тестови преку: ИЈЗ-342, ЦЈЗ Скопје-78, ЦЈЗ Битола-89, ЦЈЗ Прилеп-62, ЦЈЗ Тетово–14, ЦЈЗ Куманово-90, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–8, Жан Митрев (Филип Втори)-167, Авицена-333, Биотек-447, Систина-145, лабораторија Лаор-451, Синлаб-68, Ремедика-16, Плодност-83, Генеа-39, Никоб лаб-677, ВФВ Медикал-72, Ели Медика-130, Ројал Медика–70, Спектра-ММ-29, Рапид Лаб–28, Жан Митрев Струмица–17, Нова Лаб Дијагностика–7, Рамус-8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.994.

Досега во земјата се направени вкупно 1.619.276 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 227.168, бројот на оздравени пациенти е 213.505, на починати е 7.996, а бројот на активни случаи изнесува 5.667.

Петровска: Имав најголем рејтинг, им пречев на одередени личности и затоа не бев кандидирана

Доскорешната градоначалничка на Битола од редовите на СДСМ, Наташа Петровска, вели дека до ден-денес никој не ѝ објаснил зошто не била кандидирана за втор мандат на локалните избори.

Таа вели дека имала највисок рејтинг во партиската анкета, а сепак не и била дадена шанса да се бори за втор мандат.

– Да. Според она што имав можност да го видам, и од анкетите на СДСМ и од останатите политички учесници во изборниот процес, имав убедливо водство, како во однос на сите кандидати кои беа во игра во самата партија и во однос на тие од другите партии кои подоцна учествуваа на избори.

Единствено заради одредени личности на кои им пречев, пред сѐ заради нивни лични побуди, исклучиво нивни лични интереси, не бев кандидирана.

Никогаш не ми беше објаснето зошто тоа е така, што покажува дека партијата не умеела човечки да се однесува кон своите луѓе, вели Петровска во интервјуто за „Независен“.

Целото интервју прочитајте го ТУКА

Димовски: Без да ни кажат лани сме плаќале 984 денари месечно повеќе за cтpyja!

Минатата година сте плаќале 984 денари плус за струја секој месец без да ви кажат ‼️, напиша на социјалните мрежи Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение неговите пресметки:

За само два месеци од Буџетот се исплатени 86 милиони евра на енергетските компании… Тоа се пари прибрани од граѓаните, од даноци… Тие пари требало да се користат за здравство, образование, патишта… Тоа се ваши пари…

86 милиони евра платиле 1.8 милиони граѓани (толку ДЗС кажа дека се во РМ);

Секој граѓанин платил 48 евра (индиректно преку данок);

Секое четиричлено семејство платило 192 евра (11,808 денари) плус од веќе платените сметки за струја;

Секое четиричлено семејство месечно (статистички, индиректно преку данок) плаќало 984 денари за струја повеќе од тоа што реално го платило со сметка.

Доколку просечно семејство до сега плаќаше 2000 денари за струја, со овие трансфери на средства од Буџет, веќе платило за 49,2% поголема сметка за струја за сите месеци од минатата година.

РЕК Битола работеше понекогаш со само еден блок (од вкупно три), ТЕЦ Осломеј не работеше, ТЕЦ Неготино не работеше, јаглен немаше во резерва (сега се купува поскап), мазут немаше (сега се купува поскап), водата беше потрошена во езерата уште летните месеци за бизнис и трговија и сеуште ја нема…

Овој трошок од Буџетот значи дека граѓаните се оштетени заради недомаќинско планирање, работење и несоодветно знаење на раководните лица во Владата и ЕЛЕМ, напиша Димовски на ФБ.

Русите нека му ја мислат: Кличко и’ се приклучи на украинската apмиja

Поранешниот шампион во тешка категорија, а сега градоначалник на Киев, Виталиј Кличко стана член на украинската војска, посочувајќи дека Украина е во војна веќе осум години.

Кличко, кој беше шампион во три децении пред повлекувањето од спортот во 2012, почнал да учествува во Територијаната одбрана во Киев, каде што е градоначалник од 2014 година, а претходно беше шампион на Воените светски игри.

„Многумина од нас веќе имаат отслужено војска и тие вештини мора да ги вратиме. Тоа е многу важно за сите официјални лица во Украина, бидејќи нашата земја е во војна осум години. Војската е слична со спортот – ти треба самодисциплина, посветеност, упорност и фокусираност без разлика што правите“, вели Кличко во интервју за „Дејли телеграф“.

Тој побара западот да изврши притисок на Владимир Путин и Русија.

„Украина го избра европскиот пат и сака да се постави како рамноправен член на европското семејство – историски, географски и ментално. Потребна ни е помош“, вели Кличко.

Божиќно послание на поглаварот на Македонската православан црква ОА г.г. Стефан

Да подариме грижа и љубов, воплотеното Слово Божјо е најдобар показател дека промената започнува од личноста, вели во своето Божиќно послание на г.г. Стефан.

† СТЕФАН,

ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ПО ПОВОД БОЖИКНИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

Божјата љубов кон нас се покажа во тоа што Бог Го испрати во светот Својот Единороден Син за да живееме преку Него1.

Возљубени чеда во Господа,

Радосниот празник на Христовото рождество е спасоносниот ден во кој се помириja небото и земјата и денот кога Синот Божји, Кој вечно се раѓа од Отецот, се роди во времето. Денес предвечниот Бог „стана човек заради човекот“ и „Бог се вочовечи за ние да се обожиме“3. Денес, на овој величествен ден, Милостивиот Господ го ослободи човековиот род од ропството на гревот и му ги отвори вратите на рајот. Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има живот вечен. А човекољубивиот Бог уште на почетокот го избрал човековиот род за спасение, посиновувајќи го преку Својот Единороден Син – Господ Исус Христос, со што дал можност …сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината8. Тоа единство меѓу Бога и човекот било посакувано и очекувано од сите праведни и богољубиви луѓе во старозаветната историја. Уште многустрадалниот Јов копнеел да биде во близина на Бога, воскликнувајќи: О, да знаев како да Го најдам, да можев да се приближам до престолот Негов! Но дури кога се исполнило времето, Бог Го испратил Својот Син, Кој се родил од Пресвета Дева Марија и како Богочовек го спасил паднатиот во грев човеков род.

Возљубени празникољупци,

По милоста Божја, еве, и годинава се удостоивме да го дочекаме Празникот на нашето спасение, па затоа да Му благодариме на Бога за непроценливиот дар на љубовта, дарот даден како белег на оние коишто се фалат со Неговото име. Токму во овие денови на празнувања, во време на дарови и во време на прославување, повикани сме да ја побараме смислата на празникот, смислата на дарувањето, смислата на славењето, да ја откриеме пораката не само на човековите обичаи, туку и на човековиот живот, и на неговата определба и цел. Зашто, има ли некаква корист за човекот празнувањето на Божик без Бога? Која е ползата од чествувањето без духовна радост? Божествениот Златоуст вдахновено го осмислува празнувањето: „Бидејќи сите се веселат од радост, и јас сакам да се веселам, сакам да играм, сакам да торжествувам. Но… наместо музички инструменти, ги носам даровите Христови. Зашто тие ми се надеж, тие ми се живот, тие ми се спасение…“. Ваквото разбирање на празниците, ваквите зборови што придонесуваат за духовен спокој, се вистинскиот начин што ни е потребен во ова време на предизвици. Даровите Христови му ја донесоа на човекот надежта дека ќе празнува со Бога и во Бога и му ја објавија смислата на животот, што ја беше загубил поради престапот на прародителите.

И, еве, во време кога светот ги слуша само оние нешта коишто сака да ги чуе, Светата Црква го крева својот глас и му говори на современиот човек со зборови разбирливи, зборови нови, зборови од неговиот сопствен јазик, но коишто не се во согласност со неговиот начин на живеење. Црквата живее и постои во два света, но својот здив го добива од Небесното

Царство, како од вистинска Татковина на секој човек. Ете, таа Црква нè повикува да ја разбереме суштината на Божик, на Божик како празник на Божјата подадена рака, како празник за обновување на човековите духовни сили и празник на возобновените можности на човековата личност.

Поради тоа, на овој ден да си спомнеме и за последниве исклучително тешки години, исполнети со искушенија, предизвици, болки и разделби. Навистина, како човештво се соочивме дека, и покрај големиот технолошки развој посведочен во нашиов животен век, над нас висат катастрофи со кои човекот е премал да се соочи сам… Црквата, таа духовна мајка, преживувајќи ја историската и општествена реалност, му го нуди својот топол глас на современиот изморен и исплашен човек, своето автентично сведоштво дека, сепак, причината за болеста и за распадливоста во човекот е гревот. Болеста, како и секое друго зло во светот, е последица на секој наш грев, на секоја наша неправда што ја нанесуваме, на секоја омраза што ја допуштаме, на секој гневен поглед што го упатуваме…

Возљубени чеда во витлеемскиот Богомладенец,

Во Црквата пееме дека Христос дојде во светот за да ја отстрани оддалеченоста на човекот од Бога, да го разруши ѕидот на поделбата меѓу небесните и земните12. Бог се соедини со човекот, а како што вели свети Григориј Богослов: „Тоа што се има соединето со Бога, тоа и се спасува“13. А Спасителот, Кој е пред нас и со нас на секоја Божествена Литургија, ни се дава како лек за секоја наша болка, како прошка на секое наше прегрешение, како залог за единство во Неговата благодат. Само Тој е моќен, преку овие дарови, да ни ја врати слободата, се разбира, доколку се определиме да Го следиме Неговиот пат.

Во време кога сите бараме и очекуваме промени во овој свет на економска и социјална нееднаквост и на политичка поделеност, воплотеното Слово Божјо е најдобар показател дека промената започнува од личноста. Богомладенецот Христос, Кој во овој свет се покажа како мало и навидум немоќно дете, ја започна најголемата промена во историјата на светот, промена која продолжува до денес и ќе трае до крајот на времето. Нам, како на членови на Неговото свето тело, на Црквата, Тој може да ни ја даде силата и способноста да бидеме и ние почеток и продолжение на промената во светот.

Христос, како Творец на сите, не се открива секому посебно, туку на својата Црква. Христос е Спасител на сите луѓе, и да се биде во Него значи да се биде дел од Неговата божествена заедница ‒ дел од Неговата Црква. Во секое разделено општество, во секоја разделена земја, христијаните се тие коишто треба да го понудат единството и да настојуваат на него, покажувајќи им Го на другите луѓе Оној Кој им дава можност за обединување ‒ не само помеѓу себе, туку и во Бога.

Единството во Светата Црква се остварува преку смирението и преку послушанието, преку согласноста во Светиот Дух. Гласот на полнотата на Црквата, е гласот на Светиот Дух, Кој говори од единството, а не од поединецот. А за да бидеме такви, треба да се облечеме во Господа, да се удостоиме да учествуваме во Неговата вечна радост и да се исполниме со Неговиот божествен мир. Впрочем, животот на секој вистински христијанин треба да е постојано доживување на Христовиот живот на земјата. За да го исполниме тоа, треба да сме дос­тојни членови на Црквата, да живееме во Црквата и со Црквата, со која Господ Христос раководи.

Бог е Оној Кој дава и зема, Кој помага и гради, без Кого залудни се сите човечки напори19. Она што можеме да го направиме за другите во секоја прилика, е да покажеме грижа. Грижата за доброто на човекот во еден свет што лежи во зло, грижата за здравјето на другите во едно време на погибија и на страдање, грижата за насушниот леб на оние кои се во тешкотии и во економска несигурност, грижата за ближниот – тоа е она што ќе го спаси светот и нас со него.

Затоа, и на овој Божик, и во сите дни, заедно со даровите, да подариме и грижа, да подариме и љубов! Милостивиот Бог нека ни дава сила да се покажеме и ние како Христоносни јасли, да ги издигнеме срцата кон небото и да не го забораваме својот призив и својата должност, благодарејќи Му на Спасителот за непроценливиот дар на љубовта, што им го дал како белег на оние кои Го носат Неговото име.

Возљубени чеда на мајката Македонска Црква,

Од нас, како од македонски народ, држава и Црква, во ова време преполно со искушенија, се бара поголема грижа и дополнителна внимателност при решавањето на наметнатите прашања, коишто во последно време некои ги исправија пред сите нас. Да внимаваме, зашто никогаш и никаде не се дошло до вистината со отстапки од своите духовни, национални, историски и културни посебности. Само народи коишто немаат свое, посегаат по туѓо. Затоа никој и пред никого, нема право да се откажува од она коешто, како дар Божји и како сенародно наследство, им припаѓа и на поколенијата пред нас, како и на оние по нас. Ниедна привремена добивка не е достојна замена за последиците што можат да произлезат од загубата на она што нè прави посебен народ, на ова парче македонска земја, дарувано од Бога и зачувано со безбројните жртви на нашите предци.

Честитајќи ви го Божик, на сите чеда на Македонската Православна Црква, овде во Татковината и насекаде по светот, ви посакуваме мир и изобилни дарови од Новородениот Богомладенец, поздравувајќи ве со радосниот поздрав:

Х Р И С Т О С С Е Р О Д И !

Близначиња родени на новогодишната ноќ, но родендени ќе слават во различна година (Фото)

Двете близначиња Ајлин и Алфредо се родија во Медицинскиот центар “Нативидад” во Салинас, Калифорнија на Новогодишната ноќ, но во период од 15 минути – едното пред Новата година, а второто во Новата 2022 година.

Алфредо се родил во 11:45ч, а неговата сестричка Ајлин на свет дошла точно на полноќ.

Нивната мајка Фатима Мадригал за медиумите изјавила: “Ова е лудо, тие се близнаци, а ќе имаат различни родендени”.

Среќната мајка и претходно родила близнаци, и тоа тројка, две девојчиња и едно момче. Таа вели дека нејзиниот син бил најмногу возбуден, затоа што добил братче.

Во Америка годишно има околу 120.000 раѓања на близнаци, што е 3% од вкупниот број на родени бебиња. Статистиките велат дека случајот на двете бебиња родени во различна година се случува еднаш во 2 милиони случаи.

Истото се случило и во сојузната држава Индијана во 2020 година, кога две близначиња се родиле во различни декади.

“Неверојатен старт на Новата година”, вака го опишува доаѓањето на свет на двете близначиња Др. Ана Абрил Ариас, која го извршила породувањето.