дома блог страница 1739

Грците ја направија резил Македонија: Kaзино во Дојран издавало лaжни cepтификати (Видео)

Грчката телевизија Опен објави прилог за казино во Дојран кое наводно издава фалсификувани ковид-сертификати. Во прилогото се вели дека извесно казино во близина на граничниот премин Дојран-Дојрани на македонска територија им обезбедува бесплатен лажен негативен тест на своите посетители, а со тој тест тие можат бебзбедно да се вратат во Грција.

Целта на сопственикот на казиното, како што тврди телевизија Опен, била да привлече што поголем број клиенти овозможувајќи им олеснето поминување на граничните контроли.

Лажните сертификати за брз тест, инаку ги издава овластен дијагностички центар, во кои без да биде извршено какво и да е тестирање, само се пополнуваат имињата на клиентите.

Детектиран првиот случај на Флуpoн во Македонија

Детектиран е еден случај на флуpoн (комбинирана инфекциja со виpycoт на грип и кopoнавиpycoт) кај 26-годишен пациент од Општина Зајас, соопшти Министерството за здравство.

Според епидемиолошката анкета, пациентот со коинфекциja Koвид19/Инфлуенца А, непосредно пред 31.12.2021 година се вратил од САД и според неговите кажувања таму примил вakцина за Koвид-19, односно се ревакцинирал неколку дена пред да пристигне во земјава.

– Пациентот е упатен на домашно лекување, бидејќи засега нема тешка клиничка слика, посочуваат од Министерството.

Нова година, стари проблеми: Во Прилеп владее сообраќаен xaoc

Уште еден ден во 2022-та поминат во сообраќаен xaoc. Семафорите се најдобрите новогодишни украси во градот, едноставно не прекинуваат да трепкаат.

Пред да да кажеме било што, само да напоменеме, насловната фотографија не е од Прилеп, но ситуацијата е слична.

На неколку големи раскрсници во градот семафорите не работат веќе подолг период, а безбедноста во сообраќајот е сведена на минимум. Информациите кои ги добиваме велат дека веќе се испратени неколку писмени дописи и до МВР- Прилеп, но полициските службеници денес беа забележани како ги регулираат пешачките премини.

Прилепчани веќе ги избегнуваат главните улици во центарот

Потсетување на најоригиналните прилепски коледари (Фото)

Поради пандемијата со кopoнавиpycoт минатата година изостанаа масовните собири на коледарските огнови, кои се традиција во Прилеп и околината. Оваа година здравствените мерки се полабави, па прилепчани сигурно ќе го искористат тоа и вечерва ќе распалат голем број огнови.

Во очекување на вашите фотографии од вечерашните коледарски собирања, ќе се потсетиме на најоригиналните коледари од пред две години.

Се работи за коледарите кај Здравствениот дом во Прилеп, каде трпезата тогаш беше поставена во камионска приколка.

Секоја чест за нивната досетливост. Останатите испратете фотографии на нашата Фејсбук фан страна.

Наша препорака е да празнувате одговорно и без масовни собири, затоа што без разлика што здравствените власти немаат дадено построги мерки, епидемиолошката слика деновиве во Прилеп не е баш сјајна.

Елмас по втор пат оздpaве од кopoнавиpyc

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, ќе биде во комбинација за настап во составот на Наполи на утрешното дерби во Серија А против Јувентус, откако клубот од Неапол соопшти дека е негативен на корона вирусот.

Елмас, кој е вакциниран со двојна доза против Ковид-19, по новогодишните празници требаше да се врати од Скопје во Неапол, но поради позитивен ПЦР тест што му бил направен минатиот четврток остана во домашна изолација.

Македонскиот репрезентативец минатата недела по втор пат беше позитивен на Ковид-19, откако се зарази со вирусот и во октомври минатата година кога отсуствуваше од терените три недели.

(Фото) Ахмети славеше роденден – за подарок доби торта со “Коридорот 8”

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера славеше роденден и наполни 63 години.

Неговите сопартијци го изненадија со торта.

„На својот роденден Ахмети ја пресече лентата на Коридорот 8“, напиша Артан Груби, споделувајќи фотографија на лидерот со торта на неговиот профил на Фејсбук.

Денес е голем празник: Се празнува Св. Наум Охридски – Чудотворец, исцелител и просветител

Денеска е Св. Наум Охридски, монах и презвитер. Се упокои на денешен ден во 910 година во манастирот „Свети Наум“, на брегот на Охридското Езеро.

Свети Наум му беше најблизок соработник на божествениот Климент, а и на светите браќа Кирил и Методиј. Тој е еден од основоположниците на словенската писменост и просвета.

Со последниве тој беше заедно во нивната мисија во Моравија. Потоа некое време престојуваше во престолнината на Бугарија, Плиска, а најпосле дојде да биде учител во охридско, во времето кога Климент стана епископ. Потоа тој основа манастир на Охридско езеро, денешниот Свети Наум, каде ги помина последните 10 години од животот

Тој до денес не престанува да чудотвори. Посебно е познат како исцелител на душевно болни. Затоа кај нас особено лекарите-психијатри го имаат за свој заштитник.

Српски милијардер купи клуб од англиската Премиер лига

Англискиот фудбалски прволигаш Саутемптон премина во рацете на српскиот милијардер Драган Шолак, кој е сопственик на телекомуникациската компанија Јунајтед груп, на чело на инвестициската групација Спорт Републик.

Англиските медиуми јавија дека Спорт Република за 100 милиони фунти купил 80 отсто од акциите од кинескиот бизнисмен Гао Јишенг, кој беше сопственик на Саутемптон од август 2017 година.

Ова е трета голема инвестиција во клуб од Премиер лигата во последните три месеци, откако чешкиот милијардер Даниел Кретински купи 27 отсто од акциите на Вест Хем во ноември, додека саудиски конзорциум ја презеде сопственоста во Њукасл во октомври.

Регистриран земjoтpec во Македонија

Вечерва е регистриран земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтер во Македонија.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на селото Мраморец, Општина Дебрца, на длабочина од 10 км.

Граѓаните очекуваат отчет: 70 дена нема информација колку се борч јавните претпријатија во Прилеп

Новата локална власт во Прилеп е пред сериозен предизвик. Големата поддршка на локалните избори во октомври беше одраз на големо незадоволство на граѓаните кон претходниците и начинот на кој таа гарнитура владееше со општина Прилеп во изминатите 4 години.

Мандатот на претходниот градоначалник Илија Јованоски и директорите на јавните претпријатија го следеа низа скандали, индиции за сомнителни јавни набавки и незаконско трошење на народните пари.

Опозицијата беше гласна во тој поглед и преку редица прес конференции ја информираше јавноста и бараше од јавното обвинителство да реагира во редица случаи.

Сега со промената на локалната гарнитура, клучот за откривање на начинот на кој се управувало со општината и јавните претпријатија во изминатите 4 години, се наоѓа токму во нивни раце, па затоа граѓаните очекуваат одговори.

Според анкетите кои во изминатиот период ги инициравме преку нашиот портал, граѓаните бараат час поскоро да се обзнани колку должат и во каква состојба се наоѓаат јавните претпријатија во Прилеп. Се бараше дури поставување на билборди по примерот во Тетово за сите да видат како се работело и што се постигнало.

Ревизија на претходното работење е неопходно да се направи час поскоро, затоа што граѓаните со право ја казнија претходната гарнитура и покажаа дека не може повеќе да се манипулира со народната волја.