дома блог страница 1738

Уaпceна 50-годишна жена: Наплаќала по 500 евра за лажни работни визи

Кумановчанка извршила кривично дело измама, откако наплатила 500 евра на друго женско лице од Струга за да ѝ направи работна виза за Швајцарија.

– Надворешната канцеларија за kpиминалистички работи Струга поднесе kpивична пријава против С.Ј.В.(50) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено kpивично дело „измама“.

Во септември 2020 година во с.Радожда, пријавената се сретнала со друго женско лице и се договориле за сума од 500 евра да ѝ направи работна виза за Швајцарија. Оштетената ѝ ги дала парите, но до денот на пријавување С.Ј.В. не направила работна виза, ниту ги вратила парите, стои во соопштението од МВР.

“Божикна серенада” – Прекрасен празничен подарок од Бигорскиот манастир и Бадниковите поворки (Видео)

Видео записот за ,,Божикна серенада” како шести по ред традиционален Божикен подарок од Бигорскиот манастир и Бадникови поворки, е завршен и Ви го предаваме со најголема љубов.

Радувајте се, веселете се, делете љубов, бидете милостиви! Христос се Роди! Екипата, којашто со благослов на Владиката Партениј го оствари овој голем духовно-културен проект, е составена од:

режија – Дејан Пројковски, Горан Наумовски, директор на фотографија – Горан Наумовски, камера – Стојан Стојановски
асс.на камера – Александар Котевски, продукција – 2С Студио Стојан Стојановски

изведувачи: Лозано, Димитар Андоновски, Никола Перевски – Нокаут, Стефан Филиповски – Некст тајм
актери: Никола Стефанов, Благица Пупуноска, Ања Сливоски, Соња Михајлова, Митко С. Апостоловски, КУД – Илинден Битола и многу статисти.

инструменталисти: Страшо Темков – флејта, Петар Христов – кларинет, Александар Тасевски – фагот, Иван Еминовиќ – клавијатури, Весна Станоевска Миќиќ – харфа, Тимко Чичаковски – канон, Антоние Весковски – перкусии, Владимир Цветковски – виолина, Гоце Вангеловски – виолина, Владимир Димовски – виола, Кирил Јосифов – виолончело, Митко Иванов – контрабас

снимање, миксање и мастеринг: студио „Алшар”, музички инжинер: Ивица Јанкуловски, оркестрација и аранжман: Владимир Димовски

Овој видео запис ја оживува серенадата преку една прекрасна божикна песна којашто на најубав начин ја покажува православната традиција и семејните вредности на македонскиот народ. Низ една филмска приказна не’ враќа во минатото на Битола, градот којшто серенадата ја има како дел од својата културна традиција.

Божикната серенада во себе го носи специфичниот богат византиски мелос. Ја пееле возрасните коледари коишто оделе од куќа до куќа и весело ги повикувале домаќините да одат во црква, таму да го прослават Раѓањето Христово и потоа да го понесат големиот благослов дома.

Ова дело ќе остане вечен сведок за мисијата на Бигорскиот манастир и Бадникови поворки како народен, културен и духовен проект.

Според верувањата, овој зачин задолжително треба да го ставите на бадниковата трпеза вечерва, а еве и зошто

Велат дека на овој ден птиците престануваат да пеат, лисјата на дрвјата престануваат да треперат, а водите во реките престануваат да течат.

Според традицијата на трпезата на Бадник треба да има непарен број јадења. Неопходно е да се стави храна што ќе ви донесе среќа, здравје и плодност. Јадењата потребно е да се со непарен број – 7, 9, 11 – колку повеќе се – толку подарежлива ќе е новата година во домот. Задолжително е јадењата да се само посни.

Лебче со паричка – Лебчето замесено со сода или квасец, зазема централно место на трпезата на Бадник. Во него се става паричка. Се украсува со фигури како житни класови, плуг, крст и др.

Суви пиперки со грав / сарма со зелка – Карактеристика на полнети пиперки за трпезата на Бадник е дека се користат суви пиперки, кои претходно треба да се потопат во топла вода за да омекнат и потоа да се измешаат со сварен грав. Другата опција се традиционалните сарми, полнети со ориз.

Компот од суви сливи – тоа е вид компот од суво овошје. Ако не ви се допаѓа, може да додадете кое сакате суво овошје.

Овошје (јаболка, ореви, мушмули, дуњи) – Во минатото на Бадник се кршеле оревите кои биле наречени за секој член од семејството. Ако јатка им е бела и голема, човекот ќе биде здрав и ќе има среќа во текот на годината.

Кисела зелка – Ги заменува свежите салати и добро оди со оние кои пијат топла ракија, која се подготвува во многу домови.

Печена тиква – Важно е трпезата на Бадник да има и нешто слатко за да е благ животот на семејството во текот на следната година. Медот е носител на мудроста на пчелите затоа него можете да го ставите врз печената тиква.

Лук – Лукот има ритуално значење. Може само да се стават неколку глави, слободно расфрлани на трпезата, но важно е и од секоја храна да се каснете барем малку. Лукот штити од зло и болести.

Покрај наведената храна на трпезата на Бадник задолжително треба да се стави и сол. Куќа без сол не треба да биде, зашто каде нема сол, таму влегуваат болестите и несогласувањата.

Koледapчињата ce пpви ангели на Бадник – на овoj ден ceмejcтвото и домот ce цpква

Бадник е денот пред Божик. Празник пред празникот. Најава на празникот. Очекување на Христовото раѓање.

Првите весници на празникот се децата коледари. А весник или гласник значи ангел. Тие се нашите земни ангели. Тие се известувачите за Божик. Од рано утро нè будат со песна и со радост. Тие се првите гласници на празникот – весници на радоста. Нашите ангели за Бога и за Бадник. Рано в зори секоја куќа го слуша прекрасниот детски глас, како глас на ангелите за раѓањето на Христа Спасителот.

За добрата вест се наградува, а за коледарите награда е отворената врата, пречекот, радоста и обичните дарови – плодови од природата: ореви, костени, јаболка, круши, смокви, сливи и ситнурии. Се радуваат на малку и на едноставност, а тоа е добро школо за нас возрасните дека, всушност, толку и ни треба. Доволна е насмевка и радост, срдечност и љубов.

Тоа се богатствата што ги добиваме од децата и такво е Бадничкото семејно празнување. Негова одлика е љубовта и едноставноста. Тоа е денот кога се чувствуваме најблизу до оние што ни се најблиски и до она што ни е најблиску: до децата и до родителите, до себеси и до своите, до семејството и до природата. Најблиску до луѓето и до Бога.

Затоа на Бадник семејството е Црква. Секоја куќа е Црква. Во секој дом се пали свеќа, темјан и кандило. Во сите домови се принесува молитва од Домашната црква. Молитва заедно со принос – благодарност на Трпезата. Како в црква Евхаристија. Таква е заедницата на љубовта. Заедница на заедничарењето. Радост со најблиските, љубов крај своите.

И сето тоа со пости, за душа да се гости. На Бадник завршуваат Божикните пости. Тоа е последната посна трпеза пред Божик, а полна со разновидна храна и овошје. Дарови од Бога, Нему принесени.

Бадник значи будност. Зборот Бадник доаѓа од старомакедонскиот збор Б’дник, Будник, што значи: Бдеење, Будност, Неспиење во ноќта спроти Божик. Будни заради очекувањето на Денот на Христовото раѓање.

Таа будност, тоа бдеење на Бадник, доколку не е молитвена будност, со присуство на сеноќно бдение, тогаш е богоугодна и домашната будност со читање на Библијата – читање за настаните поврзани со Христовото раѓање или будност во домашен разговор за библиските настани. Така е најдобро и така најпријатно се подготвува верникот за пречек на Господа. Тој Го чека Бога со насочени мисли, чувства и волја кон Него.

И Бадничката богослужба е исполнета со библиски читања за пророштвата и записите во Библијата за доаѓање на Христа Спасителот. На овој празник, во богослужбата има најмногу читања на библиските текстови и настани поврзани со доаѓањето на Спасителот на светот. Но, Бадник не е само вечерта и само ноќта, туку и целиот ден. А дента има богослужба и добро е да се појде в црква, на молитва. Но, сепак, поим за Бадник е бадниковата вечер.

Бадник е ноќта на мирот, радоста, љубовта и сплотеноста, кога будни го дочекуваме раѓањето на Господа Исуса Христа. Таа будност не мора да значи само будно око од неспиење, туку уште повеќе значи будност духовна – да бидеме духовно будни!

Бадник е роденденската ноќ на Спасителот.

Ѓоковиќ yaпсен во Мелбурн?!

Новак Ѓоковиќ е приведен на аеродромот во Мелбурн, потврди неговиот татко Срѓан.

Како што изјави Срѓан Ѓоковиќ за Б92, најдобриот тенисер во светот моментално е сместен во соба на аеродромот во Мелбурн.

– Никој не може да влезе таму, изјави таткото на актуелниот шампион на Австралија опен, додавајќи го следново.

„Пред неговата соба има двајца полицајци“.

Откако најдобриот тенисер на светот во вторникот објави дека пристигнува во Австралија бидејќи добил медицинско ослободување за Грен слем (покрај задолжителната потврда за двојна вакцинација против коронавирус тип САРС-КоВ-2), слета денеска на аеродромот Туламарин (околу 23.30 часот по локално време) и е задржан. А не му било дозволено да ја напушти аеродромската зграда поради голем проблем, јавува локалниот „Ејџ“.

Граничната полиција забележала дека тимот на Ѓоковиќ поднел барање за погрешен тип на виза, а не за лицата кои го добиле споменатото медицинско ослободување. По тој повод, граничната полиција стапила во контакт со локалната власт на австралиската држава Викторија, која се однесувала малку грубо, во стилот „убаво напишете го во официјална форма“, па кога го чекала писмото – сепак одбила да дозволи Новак да влезе на територијата. Во тој момент стана јасно дека се можни само две сценарија, од кои едното е депортацијата на Ѓоковиќ од Австралија.

Извор: infomax

Прилеп и Битола “зовриваат”: Над 200 нови случаи во еден ден

Досега во земјата се направени вкупно 1.626.464 тестирања на Koвид-19. Вкупната бројка на KOBИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 228.540, бројот на оздравени пациенти е 213.722, на починати е 8.000, а бројот на активни случаи изнесува 6.818.

Направени се 7.188 тестирања, а регистрирани се 1.375 нови случаи на KOBИД-19:
Скопје – 852, Битола – 135, Прилеп – 70, Куманово и Кавадарци – по 38, Охрид и Штип – по 25, Струмица – 21, Ресен – 18, Тетово и Гевгелија – по 14, Неготино – 13, Гостивар, Велес и Радовиш – по 10, Валандово – 9, Пробиштип, Демир Хисар и Крушево – по 8, Кичево и Богданци – по 7, Делчево и Крива Паланка – по 6, Кочани – 5, Струга, Виница, Македонски Брод и Свети Николе – по 3, Дебар, Кратово и Пехчево – по 2.

Регистрирани сe 217 оздравени пациенти од: Скопје – 116, Охрид – 13, Прилеп – 12, Битола – 10, Струмица и Куманово – по 9, Кавадарци – 8, Гевгелија – 4, Велес, Штип, Кичево, Ресен, Крива Паланка и Берово – по 3, Струга, Валандово, Демир Хисар, Крушево, Македонски Брод и Делчево – по 2, Тетово, Кочани, Свети Николе, Радовиш Пробиштип и Богданци – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 2 починати лица: по едно починато лице од Скопје (75г) и Кавадарци (61г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на ympени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 2 лица, по едно лице од Тетово (84г) и Делчево (74г), починати на 28.12.2021 и 02.01.2022г. Пријавените се починати во домашни услови.

Направени се 7.188 тестови преку: ИЈЗ-411, ЦЈЗ Скопје-96, ЦЈЗ Битола-110, ЦЈЗ Прилеп-68, ЦЈЗ Тетово–15, ЦЈЗ Куманово-112, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–177, Жан Митрев (Филип Втори)-234, Авицена-394, Биотек-515, Систина-125, лабораторија Лаор-410, Синлаб-42, Ремедика-18, Плодност-134, Генеа-26, Никоб лаб-763, ВФВ Медикал-106, Ели Медика-98, Ројал Медика–82, Спектра-ММ-35, Рапид Лаб–20, Жан Митрев Струмица–56, Нова Лаб Дијагностика–13, Рамус-28, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.097.

Цpквата Св. Наум Охридски кај салата “Македонија” коплетно ќе биде завршена оваа година (Фото)

Градоначалникот Борче Јовчески денескa присуствуваше на празнувањето на Св. Наум во црквата која го носи името на овој светец, која што се наоѓа на влезот во Прилеп, пред спортската сала „Македонија“.

На годинешните домаќини градоначалникот Јовчески им го честитатше кумството и им посака здравје и среќа за нив и нивните семејства.

За наредната година за домаќини се пријавија градоначалникот Борче Јовчески како и поранешниот градоначалник Марјан Ристески и Бошко Талески, кои што ја започнаа изградбата на оваа црква.

Оваа посета градоначалникот Јовчески ја искористи да истакни пред присутните дека оваа година 2022, локалната самоуправа на Општина Прилеп планира комплетно да ја заврши доизградбата на црквата.

„Воедно сакам да дадам едно ветување за оваа црква Св. Наум, дека локалната самоуправа со сите надлежности и јас како градоначалник ќе ги преземеме сите активности во текот на оваа година 2022, да ја завршиме изградбата на оваа црква, како внатрешниот дел така и надворешниот и комплетно партерно да го уредиме овој простор околу црквата и да претставува еден убав репрезент на влезот на градот и да биде светилиште на овој светец за сите граѓани на Прилеп.“ – рече градоначалникот

Пандемиjaта го спречи заедничкото дружење, но Детската амбасада од Прилеп со пекетчиња ќе израдува 500 дечиња за Божик (Видео)

Детската амбасада за сите деца во светот од Прилеп ја продолжува традицијата на одбележување на Христовото раѓање, Божик.

Поради состојбата со пандемијата и неможноста настанот да се одржи со физичко присуство како во минатите години, оваа година целта на Амбасадата е да се внеси радост во детските срца, со што ќе испратат пакетче и оброк до домовите на над 500 деца.

-Целта и значењето на овој настан се мотив за нашата посветеност кон единството на децата, сплотени под едно небо, без никакви разлики по верска, етничка, јазична, или било која определба на децата. Традицијата по 16ти пат ќе го потврди нашето посветено делување за нашите најмили, за нашата иднина – децата. Децата се само деца. Едно небо за сите деца – велат од Детската амбасада за сите деца од Прилеп.

Овие мали ангелчиња ќе го најават Христовото paѓање утре во центарот на Прилеп (Видео)

Kaко дел од манифестацијата “Црвен тепих на хуманоста”, на кој прилепчани изминатите два дена донираа храна пред параклисот на Св. Никола во центарот на градот, утре свој настап со Божиќни песни ќе имаат и дечињата од детскиот хор при храмот Св. Кирил и Методиј (Параклис).

Децата од хорот деновиве активно се подготвуваа и утре со почеток од 10ч најпрво пеејќи ја песната “Вечниот Бог”, ќе ја однесат пештерката од параклисот до камената бина, каде ќе испеат уште неколку Божиќни песни.

Пред бината ќе ги пречека градоначалникот Борче Јовчески, кој ќе им подари пакетчиња.

За жал поради пандемијата и оваа година ќе изостане масовната детска литија по улиците, но организаторите на Бадниковите поворки, се потрудија со овие хуманитарни акции ширум државата да се одржи традицијата.

Eве кое е значењето на Бадник и Бадниковото гранче

Традиционално, Бадник се прославува кај сите христијани, но црквите кои го користат Грегоријанскиот календар го прославуваат на 24 декември, додека пак според Јулијанскиот календар секогаш е на 6 Јануари. Кај сите христијански народи има низа обичаи за Бадник, особено поврзани со Бадниковата вечера.

Зборот Бадник веројатно доаѓа од старословенското значење – да бидеш буден.

И многумина други истражувачи на овие обичаи сметаат дека името на овој ден доаѓа од бдеењето и будноста покрај обредниот оган.

Кога станува збор за обредните елементи поврзани со Бадниот ден и Бадник, мора да се има предвид дека тоа се комплексни обичаи кои се случуваат неколку ден пред Бадниот ден, но и по него и сврзани се со обележување на раѓањето на Исус како симболза новото Сонце – новата година.

Самото најавување на доаѓање на новото божество започнува на Св. Игнат. Од тој ден па се до Бадна вечер нашите предци палеле оган среде село и на врвовите на брдата за да го осветлат патот, како божеството не би го заобиколило нивното село.

На ден пред Бадник ритуално жените се подготвувале за месење на обреден леб (се користело брашно кое тогаш се мелело од првиот страк на пченицата, кој што го нарекувале Божја брада) и се чувал поврзан со црвени конци. На тој ден се одбира и домашно животно кое ќе биде „жртвувано“ за Божик, како и опрема за сечачот на Бадникот.

Во најголем дел кај Јужните Словени, како традиција за Бадник е сечење на младо дабово дрво, сер, а поретко бука или ела. Најчесто се сечел еден бадник, но во некои краеви се сечеле и три, а забележано е и сечење на девет бадници во Херцеговина. Постои и специфичен обичај да се сечат гранки според бројот на машките членови на семејството.

Сечење на Бадникот е обвиткано со многу строги обредни правила: по Бадникот се одело рано наутро и најчесто одел домаќинот. Бидејќи одење по бадниково дрво представувало еден од најважните чинови, домаќинот бил облечен во нова облека.

Сечачот на Бадникот пред сечењето не зборува, а кон Бадникот пристапувал со поздрав и обраќање за на тој начин го побратими или велича бадникот. Бадниково дрво се сечело секогаш од источната страна. При сечењето се земал и првиот ивер на кој му се придавале посебни апотропејни моќи.

Бадникот не се внесува во куќата се до првиот самрак и најчесто се оставал потпрен на ѕид.

Внесување на бадникот е проследено со обредно внесување на сламата и сито кое е наполнето со суви овошја со кои се посипувал бадникот, а потоа со ситото се ставало на трпезата или до огништето.

При внесувањето на Бадникот домаќинот ги поздравува домашните, а тие го поздравуваат Бадникот со благослови. Одејќи со сламата низ куќата домаќинот ја имитирал квочката, а домашните го следеле со ономатопеја на пилињата. На тој начин се барала подршка од натприродните сили за благосостојба и плодност.

По вечерата Бадникот се ставал во огниште да гори и најчесто домашните го чувале цела ноќ. Во некои краишта Бадникот се полевал со мед, во други на него се ставала златна пара. Во некои краишта, Бадникот не се оставал да догори до крај и неговиот остаток се чувал како силен апотропеон за болести, заштита од штетници и слично.

Името на Бадникот доаѓа од зборот бдеење, кое било својствено за практиката бадникот да гори цела ноќ со што неговите моќи се пренесувале на огништето кое го симболизирало семејството и напредокот.