дома блог страница 1735

(Видео) Како изгледаат подземните тунели на Илон Маск

Едно од многуте тврдења на Илон Маск беше: “гужва во сообраќај или подземни тунели”, но по се изгледа дека дури и тој не успеа да го реши сообраќајниот проблем во Лос Вегас.

Снимката стана вирална, а на неа се гледа сообраќаен метеж во подземниот тунел на извршниот директор на Тесла во Лас Вегас, за време на главниот настан во индустријата, “Consumer Electronics Show (CES)”.

Вообичаено, шоуто носи огромни толпи додека медиумите и другите засегнати страни се собираат за да ја добијат својата прва шанса во годината да бидат сведоци на нови производи и технологии кои можеби ќе добијат трајно место во секојдневниот живот на човекот.

Нова бугарска провокација, а ние мудро си молчиме: Македонскиот премиер треба да ни дојде на „бакни рака“

Долгогодишниот дописник на Бугарската национална телевизија (БНТ) од Скопје, Костадин Филипов, го критикува премиерот Кирил Петков за најавата за посета на Македонија на 18 јануари, негово прво официјално патување во странство по преземањето на функцијата.

– Требаше да биде обратно – откако се обидовме да им оставиме добар впечаток, ако сакаме да им направиме некаков аир, некакво добро, не треба ние да одиме кај нив, туку првата работа на нивниот нов премиер треба да биде да дојде кај нас, да бакне рака, така да се каже, на некој од нашите политичари и ако рече дека не може да исполни некои од нештата што ги бараме, да му кажеме да се врати во Македонија, да се обиде да ги исполни и тогаш повторно да дојде кај нас – изјави новинарот за БНТ.

(Видео) Автомобил излетал од патот Прилеп-Битола, во близина на с. Лагово

На лице место се присутни екипи кои се обидуваат да го извлечат автомобилот на коловозот.

Автомобил излетал од патот Прилеп-Битола во близина на с. Лагово. На лице место се присутни полициски службеници и екипи кои се обидуваат да го извлечат автомобилот на коловозот.

Повеќе информации ќе бидат споделени во текот на денот.

СДСМ: “Го заштитивме стандардот на нашите граѓани”

​Поради глобалната енергeтска криза ширум светот расте цената на струјата. Во Италија цената на струјата е поскапена за 55 отсто, во Турција за 50 проценти, велат од СДСМ.

Со навремени мерки и политики успеавме да го заштитиме стандардот на нашите граѓани со најмало поскапување на струјата од 9,48 проценти.

Актвирањето на сите расположливи енергетски капацитети за домашно производство на струја значително придонесе за тоа.

За дополнителна заштита на граѓаните со пониски примања обезбедени се средства за помош на ранливите семејства.

7.500 семејства ќе добијат 600-800 денари за субвенционирање на сметките за струја.

Во буџетот веќе има слободни 130 милиони евра, во наредниот период ќе следуваат и други антикризни мерки за помош и на граѓаните и на стопанството.

СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство коишто ги предводи ќе продолжи со носење и реализарање мерки и политики кои се со цел ублажувње на последиците од глобалната енергетска криза.

Ноле извади џокер од ракавот: Или ќе го примат во државата или ќе му исплатат милионска оштета

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ добил дозвола за изземање од вakцинација, што е услов за влез во Австралија, поради скорешна зapaза со Koвид-19, велат неговите адвокати во судските документи.

„Датата на првиот позитивен ПЦР тест за Koвид е 16 декември“, велат тие.

Во судските документи објавени денеска, адвокатите на Ѓоковиќ велат дека 14 дена откако бил позитивен на тестот во декември, тој „немал треска или респираторни симптоми на Koвид-19 во последниве 72 часа“. Претходно не беше објавено дека бил заразен со кopoнавиpyc.

На Ѓоковиќ му беше забранет влез во Австралија откако слета во Мелбурн изминатава недела за да игра на Австралијан опен. Тој ќе остане во имиграциски притвop во хотел барем до понеделник, за кога е закажана итна судска постапка која може да заврши и со негово депортирање од Австралија.

Најнови информации за потрагата по исчезнатиот Хрват

Потрагата по исчезнатиот Матеј Периш продолжи утрово во 7 часот. Официјално, неговите пријатели го пријавиле неговото исчезнување и од тој момент се ангажирани сите ресурси на српската полиција за да се пронајде младиот Хрват.

Новинарот на ТВ Пинк, Младен Мијатовиќ вечерва изјави дека потрагата продолжила со пребарување на реката Дунав, пренесува Курир.рс.

„Денеска се пребаруваше Дунав, од устието, низводно по левиот и десниот брег на Дунав, а проверка се правеше и низ територијата на Стариот град, Палилула, Гроцка, се до Смедерево. Исто така се пребаруваше и долж крајбрежјето во кое е вклучена и полициската управа на Панчево до границата на Смедерево. Матеј не е во реката“, додаде Мијатовиќ.

Мијатовиќ рече дека, ако телото на Матеј е во вода, тој ќе исплива после 15 дена, ако претходно не било закачено некаде.

Денеска е осми ден од потрагата по Матеј Периш, момчето од Сплит кое исчезна во Белград ноќта меѓу 30 и 31 декември.

Матеј со своите пријатели пристигнал во главниот град на Србија за да ја прослави Новата година. Во текот на ноќта го напуштил клубот „Готик“, снимен е како трча низ улиците на главниот град, запира таксист, а потоа му се губи секаква трага.

Детална прогноза за времето неделава

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 5, а максималната од 5 до 10 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во понеделник, кога ќе дува умерен, а во вторник и среда засилен ветер од северен правец. Денеска и во недела по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Кај нас под 500 евpa, а во Софија пpoceчната плата достигна над 1.000 евpa

Просечната плата во Софија веќе е над 2.000 лева (1.000 евра), рече на прес-конференција во општина Софија Петар Ганев, виш експерт во невладиниот Институт за пазарна економија, претставувајќи го извештајот за „Економски и инвестициски профил на општина Софија 2021″.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Ганев истакна дека просечната плата во бугарската престолнина е повисока за околу 33 отсто од останатиот дел од земјата.

Стапката на раст на просечната плата во Софија се одржува за околу 10 отсто, што е типично за остатокот од Бугарија, коментира Ганев.

Во информатичко-комуникациските технологии просечната плата во Софија е највисока – 3.600 лева (1.800 евра), а според економистот од почетокот на 2022 година веројатно достигнала 4.000 лева (2.000 евра).

Во финансиските дејности и банките просечната плата е 2.500 лева (1.250 евра), во професионалните дејности – околу 2.400 лева (1.200 евра), во јавната администрација – околу 2.000 лева (1.000 евра), додаде Ганев. Во Софија во 2021 година се вработени 750.000 жители.

Според Ганев, најниски плати во Софија остануваат во хотелите и рестораните, каде просечната плата во 2020 година е околу 1.000 лева (500 евра), а мора да се земе предвид сивиот сектор во хотелиерството и рестораните, вели Ганев. И покрај пандемијата со „Ковид-19″, градежништвото во Софија е во пораст за околу 70 отсто.

По филмот, ќе се снима и серија за Тома Здравковиќ, еве ги деталите

По хит филмот „Тома“ кој предизвика бура од еморции и реакции кај гледачите од регионот, доаѓа и истоимената серија посветена на легендарната музичка ѕвезда Тома Здавковиќ.

Зоран Лисинац, еден од режисерите и сценаристи, вели дека таа ќе биде поразлична од филмот.

-Серијата има осум епизоди и потемелно го следи неговиот живот и ги опфаќа сите негови жени. Во серијата ќе има 400 минути материја, вели Лисинац за српските медиуми.

Серијата ќе почне да се прикажува оваа есен.

Биографскиот филм за фолк легендата Тома Здравковиќ, со Милан Мариќ во насловната улога, оствари голем успех во целиот регион. Во режија на Лисинац и Драган Бјелогрлиќ, „Тома“ го прикажува Здравковиќ на почетоците и на врвот на славата, но и како го допрел дното во приватниот живот.

Пpaвocлавните xpиcтиjaни денecка пpaзнyваат Coбop на Пpecвета Богopoдица или втор ден Божик

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 декември.

Денеска е Собор на Пресвета Богородица.

Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува.

Затоа денес, по празникот Рождество Христово, се слави Пресветата Богородица. Најмудра пракса.

Зашто најчистата утроба на Марија беше единствена способна да го прими оној кој го надвишува се она што е создадено.

Во таа смисла Црквата ја нарекува Девица Марија врата на спасението.