дома блог страница 1734

Потсетување на едно време кога рускиот Москвич на педали беше главна детска атракција

Eдно време рускиот Москвич на педали беше главна детска атракција, за разлика од денеска кога се продаваат скапи детски играчки на далечински управувачи.

Ако имате 25 минути слободно време проследете го видеото во продолжение, ќе ве фасцинира од прва до последна секунда.

Ќе стасаме до над 500 евpa просечна плата, вели новиот лидep на CДCM Ковачевски

Ова Влада има можност во следните 2,5 години континуирано и без изборни циклуси, да се посвети целосно на економијата и квалитетот на живот на нашите граѓани, рече во интервју за МИА претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

„Во фокус ќе биде спроведувањето на успешни економски политики и поставување на ефикасен економски модел за новото време. Владата веќе има поставено одлични економски политики, но за кои е потребен многу подобар систем на имплементација од сегашниот. За таа цел, ќе се фокусираме на систем на работа и исполнување на обврски и превземање на одговорности. Нас ни треба ефикасност, ефективност, позитивни исходи и видливи резултати“ вели Ковачевски.

Со ваков начин на работа Ковачевски очекува раст на економијата, повисоки плати и пензии и намалување на невработеноста на најниско ниво досега.

„Со ваква работа очекувам континуиран раст на вкупната економија со стапки од најмалку 4,6% до 5,9% годишно. Најавувам драстично зголемување на домашните приватни и корпоративни инвестиции и влез на странски директни инвестиции, но многу повеќе нивно поврзување со домашните компании. Ставаме фокус и на намалување на невработеноста која веруваме дека до крајот на мандатот конечно за првпат во историјата на биде едноцифрена. Така ќе ја зголемиле значајно и личната потрошувачка.

Новата Влада и понатаму останува посветена на зголемување на платите и пензиите. Ги правиме последните анализи за времето и висината на зголемувањето на минималната плата, а најавувам и дека наскоро просечната плата ќе ја надмине висината од 500 евра месечно и ќе продолжи да расте.“ вели Ковачевски за МИА.

Што се однесува до даночната политика, Ковачевски потенцира дека таа ќе остане иста со задржување на сегашните даночни и социјални придонеси но најавува промени за зголемување на приходите преку директно намалување на сивата економија.

Tурците произведија вистински убавец, и тоа електричен (Видео)

И Турците го направија  автомобил, и тоа електричен. Го нарекоа Transition Concept Smart Device . Сепак дизајнот потпишан од познатот студио Pininfarina ветува дека доста сериозно ја имаат сфатено работата и дека еден ден ќе се наметне на пазарот.

Погледнете го:

(Видео) Како Бугари купуваат од Амазон

Најбогатиот човек во светот и сопственик на компанијата за онлајн продажба Амазон раскажува за првата порачка која ја имал од Бугарија.

Таа се случила во 1995 година иако тогаш тој не бил свесен дека во Бугарија имаат интернет, а Бугарите платиле во кеш 200 долари.

Она што е интересно и било напоменато е дека Бугарите на царина краделе пари па истите морале да ги скријат во флопи диск, а каде се парите пишувало на англиски во пратката бидејќи цариниците не разбирале англиски.

Сега многу нешта се појасни:

Неколку совети како да ја искористите останатата храна од празниците

За време на празниците повеќето домаќинки приготвуваат безброј вкусни специјалитети во кои ужива целото семејство. Вкусните грицки и новите рецепти ни ја скокоткаат фантазијата, а често претеруваме со количината на подготвената храна.

Во наредните денови сме во дилема што да правиме со остатоците бидејќи не би сакале да ги загреваме, а штета би било да ги фрлиме. Затоа во продолжение ви откриваме неколку кулинарски трикови кои ќе ви помогнат остатокот од празничната трпеза да го претворите во одлични гурмански деликатеси.

Ова се многу едноставни идеи кои не бараат многу труд, а гарантираат одличен резултат. Остатоците од лосос, печено пилешко или преостанат шампањ може да се искористат толку убаво што ништо нема да фрлате, а сепак имате вкусен оброк што ќе го сака целото ваше семејство.

Што да направите со остатоците од печено пилешко или мисирка?

Направете ќофтиња:

Месото исечкајте го, па измешајте го со јајце, презла, билки, сечканите ореви (или бадеми, лешници) и формирајте топчиња, валкајте ги во презла и пропржете во длабоко масло. Послужете со салата, пире од компири или зеленчук на скара.

Друга опција е готовите ќофтиња наместо да се пржат, да се сварат во сос од домати и да се послужат со тестенини или ориз.

Направете вкусен оброк-салата:

Во сечканото месо додадете свеж праз, печени или варени компири, брокула на пареа, малку сенф, вински оцет, каперси и маслиново масло. Се добро измешајте и вашиот оброк-салата е готов!

Направете егзотично кари:

Во загреаното тавче се додаваат ситно сечканиот ѓумбир, кромидот и лукот и се пропржува малку. Додадете ситно сечкано пилешко или мисиркино месо и пржете додека месото не добие ситно златна боја. Кога месото е готово, додадете неколку лажици кокосово млеко, малку коријандер и рендана кора од лимон и динстајте уште малку за да се соединат сите вкусови. Послужете со варен ориз или пита леб и свежа салата.

Што да се прави со остатоците од риба?

Направете вкусна паштета:

Парчињата риба ситно исечкајте ги, па измешајте ги со власец, зелено јаболко исечкано на ситни коцки, малку маслиново масло, неколку лажици јогурт, малку кора од лимон и неколку капки сок од лимон. Намачкајте ја паштетата на тост или послужете со јаболка на пареа.

Направете сочни солени колачиња:

На исечканите парчиња риба додадете ги изматените јајца, павлаката, сечканите билки и смесата префрлете ја во калап за колачи или за мафини. Печете на 200 ° C околу 15 до 20 минути. Послужете со салата.

Направете вкусен намаз:

Измешајте ги парчињата риба со малку ситно крем сирење, додадете малку кора од лимон, бибер и морско оревче. Сето убаво соединете да добиете хомогена маса, па премачкајте го на тост леб и послужете со салата.

Што да правите со остатокот од шампањ:

Направете вкусни шербети:

Измешајте шампањ со овошен сируп, па оставете го во замрзнувач најмалку два часа добро да се стегне. Послужете со егзотично овошје.

Направете италијански гранит:

Измешајте шампањ со овошен ликер по желба или одмрзнати бобинки и послужете како освежителен пијалок.

Направете вкусни желеа:

Измешајте џем по желба, шампањот, малку шеќер, сок од лимон и желатин и оставете да се стегне. Се сече на коцки, па се послужува со овошна салата.

Наместо ревизија и истрага за проектите во ЈП, се повеќе слики за соживот

Само до пред 100 денови секојдневно слушавме најави дека сите сомнежи за кpиминал ќе почнат да се pacветлуваат од првиот ден со доаѓањето на новата власт.

Темите за индиции за кpиминал во набавката на автобусите, адвокатските услуги во јавните претпријатија, набавката на резервни делови, привремени вработувања, легендарното мовче од “милион евра”, булеварот, сообраќајните знаци од по 8.000 евра еден… и уште многу теми, беа мотив да се чека разврската за овие небулози.

Наместо официјални бројки за борчот на општината и јавните претпријатија, до денеска ниту една институција не излезе со официјален пресек колку е задолжена. Во 70 денови нема ни една пресконференција од раководителите на таа тема.

Дали има превработеност и каде? Дали има несоодветни кадри на раководни места? Овие се прашања на кои прилепчани очекуваат одговори. Единствено што добиле досега се сликите од предновогодишните прослави, кои како да праќаа порака на соживот и дека борчовите повторно ќе ги плаќаат граѓаните, а виновноци кои ќе одговараат за проневера дека ќе нема?

Да Ве потсетиме дека во првите месеци од мандатот во 2017та, за најбанални работи тогашаната власт на екс градоначалникот му поднесе преку 25 обвиненија…исто така и на директорите на ЈП….

Честити празници и да се гледаме за добро!

Ни доаѓа снегот и студеното време

Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови од земјава ќе има пообилни врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег, соопшти УХМР.

Утре ќе се задржи облачно со пообилни врнежи, локално над 25 литри на метар квадратен, кои во западните и северните делови, како и на повисоките места ќе бидат претежно од снег. Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови (и во Полог и Пелагонија). Повремени врнежи од снег ќе има и во делови од Скопската Котлина.

Ќе почне да дува умерен северен ветер кој во вторник и во среда ќе биде засилен.

Повремен локален снег ќе има во вторник, а од среда времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, на места и под -10 степени, а и дневните на места ќе останат негативни.

Tpeт ден Божик: Пpaвocлавните xpиcтиjaни го пpaзнyвaaт Cв. Cтефан, заштитник на бoлнитe, cтapите и cиpoмашните

Православните христијани денеска на третиот ден од Божик го празнуваат Свети архиѓакон и првомаченик Стефан, кој бил каменуван зашто проповедал дека во Исус не веруваат само лошите луѓе. Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко…

Веднаш по слегувањето на Светиот Дух во Ерусалим била формирана христијанска општина, биле избрани седум ѓакони да се грижат за сиромасите, за болните, старите, вдовиците и да ги делат подароците што христијаните ги давале на црквата. Најстар во тие седум ѓакони бил Стефан поради што бил наречен архиѓакон.

Еднаш мноштво Евреи, фарисеи и садукеи се расправале за Исус Христос. Едни тврделе дека е вистински син Божји, други дека е пророк, трети дека е измамник. Тогаш се замешал Стефан кој инспиративно зборувал за Исус Христос напомнувајќи дека во него не веруваат само лошите луѓе.

Посрамотените противници што не можеле на Стефан да му се спротивстават со факти веднаш го наклеветиле пред насобраниот народ дека ги навредувал Мојсиевите закони. Разгневениот народ поверувал на лажните обвиненија и на лажните сведоштва. Го изнесле Стефана надвор од градот и го каменувале. Умирајќи тој се молел на Бога за себе си, но и за тие што го убиле.

Во претсмртниот час извикал: „Господе, не земај им го ова за грев.“ Народот што го каменувал Стефана му ја соблекол белата облека и му ја дал на едно момче по име Савле да ја чува. Тоа момче, во тоа време жесток противник и прогонувач на христијаните, подоцна со името Павле, станало најголем приврзаник и афирматор на христијанството.

Христијаните го зеле телото на Стефана и достојно го погребале во близината на Ерусалим. Култот на св. Стефан е стар колку и самата Христова црква, зашто тој е почитуван исто колку и апостолите. Уште светиот апостол Павле него го нарекува маченик Христов. Култот особено пораснал по наоѓањето на неговите мошти и нивното пренесување во Цариград.

Преданието вели дека пренесувањето на моштите на св. Стефан во Цариград било за време на владеењето на Константин Велики и за време на патријархот Митрофан. Животните што ја влечеле колата во кои биле моштите на св. Стефан на едно место одеднаш застанале и со човечки глас рекле: „Зошто нè тепате? Светецот треба да биде поставен овде!“ Царот веднаш на тоа место подигнал црква посветена на првомаченикот.

И во црковните песни и проповеди св. Стефан се нарекува: прв, врв на мачеништвото, почеток на мачеништвото, прв во маченичката фаланга итн.

Народот го празнува Свети Стефан на 9. I./27 XII, а тоа е третиот ден од празникот Божик. Тогаш се оди на именден кај Стефановци, но сите песни, верувања и обичаи што се изведуваат на овој ден се поврзани со Божик.

Варошката црква Св. Димитрија направена од чкорчиња – ремек дело на валандовчанец

Александар Тасев од Валандово има едно интересно хоби – во слободно време си изработува прекрасни макети од македонските православни храмови од чкорчиња.

Најновото дело му е една од најстарите цркви во Прилеп, храмот посветен на Св. Димитрија во населбата Варош.

Секоја му чест за трпеливоста и умешноста. Одличен начин за продуктивно да се искористи слободното време.

Кинески демант за Сугарески: Кинезите што наводно го утнаа Кичево-Охрид, изградија тунел под езеро (Видео)

По речиси четири години изградба, отворен е кинескиот најдолг подводен тунел.

Со должина од 10,79 км, тунелот оди под езерото Таиху, во источната кинеска провинција, Џингсу, 50 км источно од Шангај.

Изградбата на тунелот чини 1,5 милијарди долари, а изградбата почна на 9 јануари 208 година.

Погледајте го видеото и преку него прошетајте низ овој тунел.