дома блог страница 1733

Уште едно пocкапyвање: Регулаторна и денеска ги поздрави возачите со нови повиcoки цени на гоpивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,24 % во однос на Одлуката од 3.1.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,514 денар/килограм и сега ќе изнесува 41,724 ден/кг.

Од 11.1.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,724 (денари/килограм)

(Фото) Сега ќе им ја земи и титулата: Новак Ѓоковиќ се врати на терените

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, откако победи на суд и ја потврди визата за Австралија, веднаш замина на тенискиот терен да тренира за претстојниот Австралија опен.

„Задоволен сум и благодарен бидејќи судијата го преиначи укинувањето на визата. И покрај се што се случи, сакам да останам и да се обидам да се натпреварувам на Австралија Опен. Останувам фокусиран на тоа. Дојдов овде да играм на еден од најважните настани што ги имаме во тенисот пред неверојатните навивачи“, изјави Ѓоковиќ.

Шпанецот не сакал да го види Ѓоковиќ на АО: Срамна изјава на Надал

Новак Ѓоковиќ победи на сојузниот суд на Австралија, но тоа не гарантира дека ќе остане и ќе игра на Грен слем турнирот Австралија Опен.

Австралијците повторно го апсат за да го депортираат. Ако Новак се пожали и загуби, три години нема да може да влезе во Австралија.

Шпанскиот тенисер даде изјава во која рече дека не би сакал да го види Ѓоковиќ на првиот Грен слем сезонава.

– На спортски план повеќе би сакал Новак да не игра. Но, судот го кажа своето и јас ја почитувам одлуката – изјави тој за шпанските медиуми.

Повторно зголемување на цените за гopивата

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.01.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.01.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 67,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,514 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.01.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,724 ден/кг

Готово е: Нашиот Столе Димитриевски се сели во Барселона

Столе Димитриевски го немаше на вчерашниот меч за Рајо Валјекано против Бетис. Тренерот на Рајо објасни дека Столе бил повреден, но и покрај ситната повреда, една од причините е и што деновиве го комплетира трансферот на кариерата! ЕКИПА дознава дека само прашање на време е неговото заминување од Рајо и преминот во големата Барселона. Веќе има договор, челниците на Рајо ги договорија сите детали, и сега останува само потпис и промоција. Според информациите, Димитриевски веќе се збогувал со соиграчите од тимот, и сега трансферот од соништата е извесен.

Димитриевски го остварува својот сон, станува дел од еден од најдобрите светски клубови. Ќе треба да се бори за место во тимот со Тер Штеген, и покрај тоа што и иднината на Германецот е неизвесна и се шпекулира на негово заминување. Ако тоа се случи, тогаш ќе биде уште подобро за Столе.

Димитриевски сезонава игра фантастично, ја има својата најдобра полусезона во кариерата. Четврти голман во Европа по број на одбранети удари во просек, еден од најдобрите во Шпанија, а беше сместен и во најидеалниот тим на полусезоната во Ла Лига. Одличната форма на Димитриевски го радува и селекторот Благоја Милевски пред баражот со Италија, а своите импресивни партии Столе ги промовираше и во репрезентативниот дрес и беше еден од заслужните што Македонија се пласираше во историскиот бараж.

Димитриевски пред извесен период беше посакуван и од рускиот тим Сочи, но се реши да остане во Рајо и се избори за место во првиот тим, а потоа стана и еден од најдобрите голмани што му донесе голем трансфер. Инаку освен Барселона, за Димитриевски има интерес и од неколку други шпански клубови.

Павле Трајанов пак се закани: Од нас зависи дали ќе биде изгласана Владата или не

Заедно со другите помали партии одамна бараме Македонија да биде една изборна единица, оти од нас зависи дали ќе биде изгласана владата или не. Ние имаме конкретен предлог за тоа уште од март минатата година и очекуваме за ова набргу да се закаже седница, изјави лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов во своето гостување во „Утрински брифинг“.

За изборниот праг може да преговараме, но, додаде тој, во првиот круг прагот треба природно да се формира.

-Неколку пратеници, 7, 8 или 11 зависи, одржавме средба и се усогласивме. Од сите мали партии зависи дали ќе останеме цврсти и единствени за прашањето Македонија да биде единствена изборна единица. Така се гарантира демократија – рече Трајанов на Утрински бифинг.

Имајќи го во предвид бројот на пратеници со кои располагаат малите партии чиј клучен интерес е Македонија да биде една изборна единица, доколку не биде прифатено барањето на Владата на Ковачевкси ќе падне пред да се состави.

Трајанов пред некој ден постави услов дека или Македонија ќе биде една изборна единица без изборен праг или ДС нема да ја гласа новата влада.

MOPHИЧАВИ CЦЕНИ: Bидео од вчepaшниот земjoтpec во Битола

Синоќешниот земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала со епицентар во Лерин, поточно на границата со Македонија, беше најмногу почувствуван во Битола, иако потресот беше почувствуван и во Скопје, Охрид, Струга, Прилеп, Струмица и други градови.

Сепак, најсилно беше почувствуван во Битола, каде е регистрирана и материјална штета.

Има испукани ѕидови на згради и куќи.

Голем број Битолчани ноќта ја минаа на отворено откако по земјотресот имаше афтершокови.

Утpoво нов земjoтpec во Битола – Еве со која jaчина е (Фото)

Според информациите на ЕМСЦ утрово пред еден час се почувствувал нов земјотрес во Битола.

Истиот бил со јачина од 2.8 степени по рихтер на 15 километри од Битола.

Инаку серија земјотреси во текот на ноќта имаше исто така во битолско, но и Грција каде во Лерин вчера беше епицентарот на најсилниот потрес.

Силен земjoтpec почувстуван во Македонија: Еве каде се наоѓа епицентарот

Земјотpec вечерва почувствуван во Македонија.

Според првичните информации потресот е со јачина од 5.8 степени според рихтер, а епицентарот е во близина на Лерин.

По шести пат се одржа xуманитарната акција „Еден поинаков ден“, во организација на ученици и професорката Ангелеска при гимназијата “Мирче Ацев”

Хуманитарната акција „Еден поинаков ден“ посветена на една од најчувствителните категории, деца без родители, згрижени во семејства, се одржа по шести пат. Оваа година заради Ковид мерките, на отворено во Паркот на револуцијата. Организацијата и координацијата беше на проф. Ружа Ангелеска, претседателот на ученичкиот парламент Ненад Кулески со ученици од ученичкиот парламент и ученикот правобранител Елена Николоска при СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп.

Хуманитарната акција има за цел да ги анимира згрижувачките семејства на згрижените деца, да им овозможат барем некој поразличен ден од секојдневните, а ние преку овој „поинаков ден“ да споделиме моменти и невообичаени пригодни подароци со кои ќе ги поттикниме и нивните насмевки, да докажеме дека секогаш постои и ќе постои некој кој ќе помисли и на нив.

За жал не сме во состојба да им обезбедиме вистински семејства, но можеме и треба да ги поттикнеме преку некои од овие акции институциите и пошироката заедница да размислуваат како треба да се споделува не само материјални добра (новогодишни пакетчиња) да бидат сликани и видени, туку и да се менуваат и адаптираат законите подолгорочно со кои овие деца нема да завршуваат само во згрижувачки семејства туку во реални, а со тоа да ја почуствуваат љубовта, топлината, подршката, заштитата и секое добро како и секое дете, секој човек.

Воедно со оваа акција целта е кај сите да ја развиваме свеста за солидарност, хуманост, подршка и социјализација со пошироката заедница.

Оваа година акцијата ја подржаа Кофи Ангел, Крин КГ, како и Детската Амбасада за сите деца во Светот.

Со надеж дека секогаш е подобро да направиш нешто, наместо ништо … СРЕЌНА НОВА ГОДИНА И БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ!

Наредните да бидат исполнети со повеќе меѓусебно разбирање, соработка,здравје, љубов и среќа за Сите.

„ЗАТОА ШТО АКО ЉУБОВ НЕМА НИШТО НЕ СИ“