Контејнери на шпедитар низ прилепските улици, кај може да одат?
Ќе се санкционираат родителите чии деца се насилни, но и родители што ќе одбијат да соработуваат со училиштето
Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека се работи на законските измени со кои ќе се предвидуваат санкции за родителите чии деца прават насилни дела. На денешната прес-конференција министерката рече дека со пратениците веќе се работи на дефинирање на законските измени.
– Државниот секретар е во постојан контакт со пратениците. Ммислам дека во овој момент се во Собранието за да ги дооформат овие предлози. Веќе е донесена одлука, тие измени ќе се направат и останува глобата од 250 евра за секое сторено насилно дело на детето да биде казнет родителот, но и тоа што е многу важно – и кога родителот ќе одбие да соработува со училиштето и другите институции – рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање.
Министерката Јаневска ги најави законските измени пред два дена посочувајќи дека мора да се создаде безбедна училишна средина откога во изминатиот период јавноста е сведок на неколку случаи на врсничко насилство, од кои последниот во основното училиште „25 Мај“ во Ченто кога со остар предмет беше повреден 15-годишен ученик.
Историја во прилепската болница: Пуштени во употреба нов дигитален рендген и видео ЕЕГ кабинет, први од ваков тип надвор од Скопје
Во ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп денеска официјално беа промовирани нов дигитален рендген-апарат и современ видео ЕЕГ кабинет за деца, со што болницата прави значаен исчекор кон модернизација и целосна дигитализација на здравствените услуги.
На настанот симболично беше означен крајот на аналогната ера во радиодијагностиката. Последната аналогна рендген снимка во историјата на болницата ја направил директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, додека првата дигитална снимка на новиот апарат ја направил директорот на болницата, Кире Јоноски.
Новиот дигитален рендген-апарат е веќе имплементиран во постојната инфраструктура на радиолошкиот оддел, кој годишно изработува околу 30.000 снимки. Со ова, Одделот за радиодијагностика во Прилеп станува еден од првите целосно дигитализирани оддели надвор од скопските клиники.
Од болницата информираат дека станува збор за една од најголемите поединечни инвестиции во медицинска опрема во поновата историја на установата, реализирана целосно со сопствени средства. Процесот на набавка започнал пред речиси две години, веднаш по назначувањето на директорот Јоноски, кога модернизацијата на радиологијата била поставена меѓу приоритетите на менаџментот.
Опремата е набавена од италијанската компанија Villa Sistemi Medicali, со компоненти произведени во Соединетите Американски Држави. Новиот апарат овозможува и снимање на целиот ’рбет, што значително ќе ја подобри дијагностиката и квалитетот на услугите за пациентите.
Покрај новиот рендген, денеска официјално беше пуштен во употреба и нов видео ЕЕГ кабинет на Детското одделение, единствен од ваков тип надвор од Клиника за детски болести.
Видео ЕЕГ методата овозможува истовремено снимање на мозочната електрична активност и видео следење на движењата и однесувањето на детето, што е од особено значење за прецизна дијагностика на епилептични напади, разликување на епилептични и неепилептични состојби, како и следење на ефектите од терапијата.
Од болницата посочуваат дека новиот кабинет ќе биде од огромно значење не само за децата од Прилеп, туку и за пациентите од целиот Пелагониски регион и пошироко.
Со овие инвестиции, прилепската болница продолжува со процесот на модернизација и унапредување на здравствените услуги, со фокус на современа медицинска опрема, дигитализација и подобри услови за пациентите и медицинскиот персонал.
Градски распродаден за концертот на Дејвид Гета за Денот на независноста – 50.000 влезници се купија за помалку од 12 часа
Концертот на Дејвид Гета кој ќе се одржи на 8 Септември на Градскиот стадиот „Тодор Проески“, а по повод 35 години независност на Македонија, официјално е распродаден.
-Продадени се 50.000 влезници во помалку од 12 часа! Повеќе од 250.000 луѓе, голем дел од нив во ист момент, се приклучија на avalonbooking.mk, што предизвика потешкотии при логирањето и купувањето влезници кај дел од корисниците, земајќи предвид дека побарувачката евидентно го надмина капацитетот и бројот на достапни влезници, информираат од Авалон.
Секој што има купено влезници ќе го добие својот PDF со влезниците најдоцна до недела (17 мај) имајќи предвид дека станува збор за 50.000 влезници кои треба да бидат процесирани.
Од Авалон посочуваат дека статистиката покажува дека 93% од влезниците се продадени на корисници од Македонија, додека останатите 7% се продадени на корисници ширум светот.
Кичево доби целосно реконструирана спортска сала
Денеска во посета на Општина Кичево беше Премиерот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Христијан Мицкоски, заедно со пратениците г-дин Ѓорѓија Сајкоски, Министерот за социјална политика, демографија и млади г-дин Фатмир Лимани, заменик Министерот за јавна администрација г-дин Лазе Јаќимоски и заменик Министерката за животна средина г-ѓа Ане Лашкоска, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Кичево, Александар Јовановски.
Заедно извршивме увид во целосно санираната спортска сала „Јанчица“, која беше една од најпогодените инфраструктурни објекти по поплавите што го зафатија нашиот регион. Денес, оваа сала повторно е подготвена за користење и ставена во функција на младите, спортските клубови и сите граѓани.
Воедно, беа посетени и повеќе инфраструктурни зафати низ градот, меѓу кои и реконструираната улица „Маршал Тито“, како една од најзначајните сообраќајни артерии во Кичево, која доби нов асфалт и подобрени услови за безбедно и непречено движење.
Продолжуваме посветено да работиме на модернизација и развој на Кичево, преку реализација на проекти што значат подобар живот за сите граѓани.
Благодарност до Владата за поддршката и соработката во реализацијата на проектите од значење за нашиот град.
Нова голема поддршка за ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – Клубот отсега ќе го поддржуваат три големи фирми
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска присуствуваше на објавата на влегувањето на нови спонзори во ракометниот клуб „Еурофарм Пелистер“. Станува збор за групацијата на „Пелистерка“, „ЗК Пелагонија“ и „Здравје Радово“.
Претседателот на клубот Зоран Стерјeв кажа дека во изминатиот период многу интензивно работеа на продолжување на ракометната платформа заедно со општината, на привлекување дополнителни спонзори кои што ќе го зајакнат капацитетот на клубот.
„Ќе помогнат во наредниот период клубот да остане на нивото на кое што е и овие изминати години, активно да се бориме за највисоките дострели, во националното првенство за освојување на шампионатот на нашата држава и се разбира националниот куп, а на меѓународен план колку е можно да стигнеме подалеку во некои од европските натпреварувања“ рече Стерјeв.
Истакна дека чест и задоволство е што денеска се официјализира влегувањето во клубот на еден голем спонзор, а тоа е групацијата на „ЗК Пелагонија“, „Пелистерка“ и „Здравје Радово“.
Стерјев искажа голема благодарност до сопственикот на групацијата Цветан Панделевски и неговиот тим за како што рече, разбирањето кое што го имаат кон клубот, желбата да се помогне и идејата заедно да се направи повеќе.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски рече дека успешната приказна на „Еурофарм Пелистер“ и Општина Битола преку платформата со ова нова додадена вредност која ја имаме сега со спонзорството, продолжува и понатаму за што сме горди со овој клуб.
„Вие сте брендот кој го осветли образот и на општината и на градот и на државата во изминатиов период. Со ова денеска објавување, официјализирање на овој партнерски однос, ова спонзорство, значи многу, значи една стабилност која ќе ја зајакне спортската платформа меѓу Општина Битола и „Еурофарм„ и нов поттик за вас секако како спортисти, за градот уште посилно и во едни стабилни услови да продолжиме понатаму да го градиме името на Пелистер“ рече градоначалникот Коњановски.
Договорот во име на групацијата го потпиша сопственикот Цветан Панделевски кој кажа дека му е чест што ја доби можноста финансиски да помогне на овој успешен клуб да продолжи со успехот кој досега го имаше.
„Со тој успех клубот го претставуваше градот Битола и Македонија надвор од границите. Како општествено одговорна фирма која има три компании во Македонија, особено во Битола „Пелистерка“, „Здравје“ и „ЗК Пелагонија“, сакаме да помогнеме овој клуб да го задржи нивото и да има уште подобри успеси, а со тоа преку клубот да може да не претставуваат и нас како производители, стопанственици на квалитетни и врвни производи“, рече Панделевски.
По потпишувањето на договорот, Панделевски од страна на клубот доби дрес со неговотото презиме и бројот 27, кој всушност е денот на неговиот роденден.
СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: К.Џ. ОД КИЧЕВО ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 6.417.692 ДЕНАРИ
Најновиот добитник на СУПЕР МИЛИОНЕР е К.Џ. од Кичево. Тој освои џекпот вреден 6.417.692 денари.
Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена на видеолотариските терминали кај деловниот соработник Евротип на 13.05.2026 година во Кичево. Среќната игра е 40 Супер хот.
Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија му честита на добитникот.
Во периодот од 04.05.2026 до 10.05.2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати вкупно 15.335.821 денари кон играчите на ВЛТ терминалите низ Македонија, и тоа :
• 1 СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот- 7.780.338 денари
• 4 МИЛИОНЕР џекпот добивки – вкупно 5.851.552 денари
• МИНИ џекпот добивки – 1.703.931денари
Видеолотарија Касинос Австрија повеќе од една деценија успешно работи во согласност со сите законски регулативи и меѓународни стандарди. Мината 2025 година беше година на рекорди, еуфорија и многу среќни ВЛТ добитници! Видеолотарија Касинос Австрија им исплати на играчите на ВЛТ импресивни 814.512.912 денари, односно повеќе од 13 милиони евра за џекпот добивки.
Момироски: Охрид 70, а Прилеп 12 милиони денари за спорт…. ама и тие уште ги нема
Во најновата неделна колумна за случувањата во Прилеп во изминатите седум дена, новинарот Зоран Момироски се осврна и на распределбата на финансиската поддршка од општината за спортските клубови и невладините организации. Ветените 12 милиони денари се’ уште ги нема на сметките, а не се знае ни кој колку ќе добие од општинскиот буџет.
-Сезоната завршува, одлука на Советот на градот и распределба на средства од општинскиот буџет нема, реагираат прилепски спортски работници. Во интерес на вистината со идењето на Декио за прв човек на градот, овие буџетски средства се двојно зголемени, во споредба со тие кои беа на располагање во изминатиот мандатен период. Се знае дека од поранешните 6 милиони и 500 илјади денари за поддршка на спортски клубви и на невладини организации и граѓански здруженија, сега на располагање се ставени 12 милиони денари, што е почетен, но добар старт, ако се цели на зголемување на овие средства во следната година. Но, зошто се доцни со нивна распределба нема одговор. Меѓу спортските работници има и негодување, како ќе биде направена оваа распределба. Во минатиот мандатен период пари добивале и приватни клубови, кои не се членови на некоја федерација, ниту пак некогаш се натпреварувале во официјални лиги кои постојат во државава. Овие спортски работници велат дека е потребно да се направи правилна распределба во самите спортски клубови. Кои се за спорт со профит, а кои за спорт во систем на натпреварување, оти според неофицијални податоци во Прилеп, вкупно ги има околу 70, а половина сигурно се за спорт со профит. За споредба, добро упатени тврдат дека Охрид со буџет помал од Прилеп, годишно се издвојуваат околу 70.000.000 денари, но овие пари се насочуваат за клубови кои се во систем на натпреварување.
Целата колумна на Момироски прочитајте ја ТУКА
Чонески домаќин на евроамбасадорот Рокас во Крушево
Градоначалникот на Крушево, оствари средба со евроамбасадорот Михалис Рокас, при што се разговарало за актуелните проекти, развојните планови и можностите за понатамошна соработка со европските институции.
Како што информира Чонески преку објава на социјалните мрежи, средбата била посветена на европските перспективи на локално ниво и идниот развој на општината.
Во рамки на посетата биле реализирани повеќе активности, меѓу кои и средба со советниците од Советот на Општина Крушево, состанок со претставници од граѓанскиот сектор, како и изјава за медиумите. Дел од агендата била и заедничка средба со невладини организации, на која се разговарало за потребите и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните и младите.
Евроамбасадорот Рокас го посетил и ЕУ-проектот на полетиштето за параглајдери во Крушево, кој претставува пример за поддршка на локалниот туризам и развојните иницијативи во општината.
Посетата завршила со отворена дебата со граѓаните, посветена на европските вредности, можностите за развој и иднината на Крушево.
„Продолжуваме посветено да работиме за модерна, развиена и европска општина“, порача градоначалникот Чонески, заблагодарувајќи му се на евроамбасадорот Рокас за посетата, поддршката и интересот за Крушево.
Денес полуматурантите одлучија: Гимназијата е нашата иднина, таа е најдоброто училиште во регионов (Фото галерија)
Денес во Гимназијата “Мирче Ацев” – Прилеп успешно се реализира Отворениот ден, исполнет со позитивна енергија, дружење и многу насмевки.
Отворениот ден беше пропратен со низа спортски и музички активности во кои се вклучија и идните гимназијалци.
Полуматурантите имаа можност да се запознаат со образовните програми, наставниот кадар и активностите што се реализираат во училиштето.
-Благодарност до сите кои денес беа дел од овој настан и придонесоа за негова успешна реализација. СОУ “Мирче Ацев”, продолжува да биде место каде младите учат, создаваат и ја градат својата иднина. Полуматуранти, Ве очекуваме да бидете дел од нашара приказна – стои во соопштението од прилепската гимназија.
































































