дома блог страница 153

Прилепските гимназијалци апсолутни победници на престижен меѓународен натпревар по германски јазик

На меѓународниот младински натпревар „KIKUK“– Вештачка интелигенција креативно и критички“ под мотото „Мојата иднина со ВИ“ – иновативен проект, кој обедини учесници од целиот свет, тимот на прилепската гимназија “Мирче Ацев” блесна како апсолутен победник.

Гимназијалците, ученици во трета година: Бојан Филипоски и Петар Граороски го освоија првото место и поставија нови стандарди со својата креативност, знаење и исклучителен тимски дух .

„Генијалната креативност на двајцата гимназијалци испреплетена со желбата, ентузијазмот и љубовта кон изучувањето на германскиот јазик ги доведе Петар и Бојан на светскиот врв!“ – вели нивната професорка Елена Келтаноска Лашкоска.

Резултати од натпреварот организиран од Гете-Институт:

1. место: Македонија – What Don’t You Want to Forget? / Was willst du nicht vergessen?
2. место: Босна и Херцеговина & Тајван – Hinter dem Nebel (Beyond the Fog)
3. место: Босна и Херцеговина & Пакистан

Честитки до сите учесници, а на нашиот победнички тим му посакуваме и во иднина уште многу големи успеси!

Погледнете го нивното прекрасно дело на линкот во продолжение:

https://what-dont-you-forget.netlify.app/?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTAAYnJpZBExVXBQZlJYZVdVTkNJWkphYnNydGMGYXBwX2lkEDIyMjAzOTE3ODgyMDA4OTIAAR4dDnIBUajHToyRup5Nh7KBhQjF-VUWio5HhQj7cLZKFC7c4l0hHozMGDXqlQ_aem_vYASDag4TXX7SP_qsG4UKw

Летна генералка за теписите и постелнините – “ЕКСПЕРТ 2Б” е решението! Јавете се и закажете термин

Во денешното динамично секојдневие, времето е највредно. Токму затоа, Експерт 2Б носи решение кое го олеснува вашиот живот – онлајн апликација за брзо закажување термин за перење теписи, теписони, постелнини…

Веќе погодувате за кого станува збор… Едноставно најдобрите во оваа дејност во Прилеп и регионот. Кога сакате брзо, ефикасно, чисто и пред се’ евтино… го баравте Дарко. А сега по модерен терк EKСПЕРТ 2Б направи и апликација за услугата да ја добиете што побрзо.

Со само неколку клика можете да:

✔️ Изберете термин што вам ви одговара
✔️ Направите резервација за неколку секунди
✔️ Ја доверите работата на тим од вистински професионалци

А што се’ прават во ЕКСПЕРТ 2Б за тие што не знаат? Епа, прават букавално се’, во нивната дејност се следните задачи:

✔️ Перење теписи, теписони, јамболии
✔️ Јоргани, ќебиња и перници
✔️ Перење, пеглање и пакување чаршави, работни униформи, медицински униформи,
✔️ Услуги за ресторани, апартмани, мотели и хотели…
✔️ Професионален третман на вашата зимска облека

Со модерна опрема и нови технологии, гарантираат брзина, ефикасност и врвен квалитет – по достапни цени. Вашите работи ги земаат од адреса и ви ги враќаат беспрекорно чисти и миризливи.

Што треба да направите? Во пресрет на Велигденските празници, препуштете се на уредување на семејниот дом и готвење, а чистењето доверете им го нив, преку закажување на следниот ЛИНК: https://e2b.bizora.mk/client/

Регистрирајте се, најавете се и одберете термин! Лесно во три чекори!

За дополнителни информации обратете се на телефонските броеви:

078 701 000
078 701 107

🟢 Експерт 2Б – Вашиот избор за чистота без компромис!

14-годишник од прилепско фатен како вози aвтомобил на патот Прилеп-Македонски Брод

Од ОВР Прилеп информираат дека на 13.05.2026 во 14:40 часот на патот Прилеп – Македонски Брод, кај селото Сарандиново, бил лишен од слобода 14-годишен жител на селото Пешталево, општина Долнени.

При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал малолетникот, при што било утврдено дека возел без да има стекнато право на управување, односно без возачка дозвола.

По целосно документирање на настанот ќе следи соодветна пријава.

Кривична за прилепчанец – во кафана агресивно се однесувал кон обезбедувањето, а потоа нападнал и полицајци

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против А.Г.(42) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“, ,,спречување на службено лице при вршење на работи од безбедноста“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 10.05.2026 во угостителски објект, пријавениот агресивно се однесувал и упатувал закани кон вработените од обезбедувањето, агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеници, кои извршувале службени дејствија, информираат во полицискиот билтен на МВР.

“Бегајте змии и гуштери, иде Еремија”: За многу години! Денeска се слави Светиот пророк Еремиј

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 мај. Денеска е Св. пророк Еремиј.

Еремија се празнува како еден од поголемите пролетни празници, а обичаите и верувањата поврзани со него се во функција на магиска заштита од змии, гуштери и други.

Роден 600 години пред Христа, во селото Анатот, недалеку од Јерусалим. Почна да пророкува во својата петнаесетта година, во времето на царот Јосиј. Им пророкуваше за поkајание на царот и на неговите големци, на лажните пророци и на свештениците и во времето на овој цар, Јосиј, одвај си ја спаси гла вата од уби ствените раце на огорчените големци.

На царот Јоаким му прорече дека неговиот погpеб ќе биде како погpеб на магаре, т. е. мpтов ќе биде исфрлен надвор од Јерусалим и телото долго ќе му се влечка по земјата непогpебано. Заради ова Јеремија беше фpлен во 3атвор. Бидејќи во 3атворот не можеше да пишува, го повика Варух, којшто застана покрај неговото 3атворско прозорче, а Јеремија почна да му диктира. Кога му го прочитаа ова проpоштво на царот, тој гн евен ја фрли хартијата во оган. Промислата Божја го спаcи Јеремија од затворот, а врз Јоаким се исполни зборот на пpорокот. На царот Јехониј, пак, му прорече дека со целото семејство ќе биде одведен во Вавилон и дека ќе ум ре таму, што наскоро и се случи.

Под царот Седекија, Јеремија си стави јарем на вратот и така одеше по градот Јерусалим, пророкувајќи го со тоа падот на Јерусалим и ропството под јаремот на Вавилонците. На еврејските pобови во Вавилон им пишуваше да не се надеваат да се вратат во Јерусалим, зашто ќе останат во Вавилон седумдесет години – така и беше. Во долината Тотеф, под Јерусалим, каде што Евреите им принесуваа на идолите деца како жртви, Јеремија зеде здрав лонец во рацете, го скрши пред народот, пророкувајќи ја брзата пропаст на Јудејското царство.

Наскоро Вавилонците го зазедоа Јерусалим, го уби ја царот Седекија, го разоpија и го огpабија градот, а огромен број Евреи беа заkлани во долината Тотеф, на местото каде што Пpорокот го искpши оној лонец. Јеремија со левитите го зеде кивотот од храмот и го однесе на ридот Нават – каде што умpе Мојсеј – и овде го скpи во една пештера. Огнот од храмот пак, го скри во еден длабок бунар.

Некои Евреи го при нудија да оди со нив во Египет, каде поживеа четири години, а потоа беше од своите сонародници убиен со камења. На Мисирците им прорече дека идолите ќе им бидат разбиени и дека Дева со Младенецот ќе дојде во Мисир. Постои предание дека самиот цар Александар Македонски го посетил гр обот на Пророкот Јеремија. На наредба од Александар, телото на Јеремија е пренесено и со почести пог ребано во Александрија. Мисирците речиси го обожаваа Пророкот Јеремија. Затоа и го пог ребаа како крал. Го сметаа за чудотворец и после смpтта. Правот од неговиот гpоб го земаа како лек против каcнувања од змија. И ден денес мнозина христијани во молитва го повикуваат Пророкот Јеремија против 3мии.

Трагична вест ја потресе Битола – Убиена 31-годишна жена

Утрово во Битола, во семејна расправија и семејно насилство, убиена е жена на возраст од 31 година.

Полициски службеници на СВР Битола се на терен, а случајот се истражува.

Според првичните информации, осомничениот 33-годишен сопруг е лишен од слобода и против него ќе бидат преземени понатамошни мерки.

Полициски службеници на СВР Битола се на терен, а случајот се истражува.

„Денеска полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Р.(33) од Битола. Тој се сомничи дека утрово околу 06.40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на место. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од СВР Битола.

Од СВР Битола се очекува во текот на денот да биде објавено официјално соопштение со повеќе детали за случајот.

Денеска и утре прва фаза од ларвицидната дезинсекција во Прилеп и прилепско, ќе се прска во овој период и на овие локации

Се известуваат граѓаните на општина Прилеп дека на ден 14.05.2026 година (четврток) и 15.05.2026 година (петок), во периодот од 09:00 до 15:00 часот, на територијата на Општина Прилеп, екипи од Центарот за јавно здравје – Скопје ќе ја спроведуваат првата фаза од ларвицидната теристичка (од земја) дезинсекција, со цел уништување на ларвените форми на комарци.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени водени површини, односно места каде што постојат идеални услови за раст, развој и размножување на комарците, како што се: фонтани, мини езерца, одводни канали, блата и мочуришта, делови по течението на градската река, делови од Дабничкиот канал, Селечка Река, областа Маркова Чешма, Поводеници, Вештачкото езеро, Волковските езерца, областа Ѓумушица, Сарика, како и водени површини во населените места Беровци, Кадино Село, Галичани, Чепигово, Тројкрсти, Мало Коњари и Големо Коњари.

Во случај на неповолни временски услови, активностите ќе бидат одложени за следниот ден.
Општина Прилеп континуирано се грижи за здравјето и безбедноста на граѓаните и навремено ја заврши постапката за избор на фирма-изведувач за спроведување на превентивна дезинсекција и дератизација.

Во периодот од 06.04.2026 до 24.04.2026 година беше спроведена превентивна дератизација, додека првата фаза од ларвицидната дезинсекција беше одложена поради неповолните временски услови и врнежите од дожд.
Согласно годишната програма, за 2026 година предвидено е спроведување на:

-3 ларвицидни дезинсекции,
-3 адултицидни дезинсекции и
-2 дератизации на подземниот канализационен систем на градот, со посебен акцент на објектите од јавен интерес.

Целиот процес на спроведување на мерките ќе биде контролиран од страна на Центарот за јавно здравје – Прилеп.

Хуманитарна трка со срце – PRILEP RUN 2026! Пријавете се!

На 14.6.1016 Ротаракт Клуб Прилеп ќе ја организира хуманитарната трка „Трка со срце“, спортски настан кој оваа година ќе се одржи на патеките од 5 и 10 километри низ улиците на Прилеп.

Настанот има за цел преку спортот да се испрати силна порака за хуманост, заедништво и инклузивност, покажувајќи дека трчањето не е само натпревар, туку и начин да се помогне таму каде што е најпотребно. Под мотото „Трка со срце“, сите собрани средства од трката ќе бидат наменети за донација на електромагнетен стимулатор, како и поддршка за повредените во Кочани.

Организаторите најавуваат учество на рекреативци, професионални тркачи, млади луѓе и граѓани кои сакаат да бидат дел од една позитивна, хумана но и пред се инклузивна приказна. Трката ќе биде симбол на солидарност и потсетник дека малите чекори на секој поединец можат да направат голема промена за некого.

Поради непречено и безбедно одвивање на настанот, дел од улиците во централното градско подрачје ќе бидат затворени во времетраење од околу 3 часа во недела на 14 јуни во утринските часови (08:00-11:00).

Од Ротаракт клубот упатуваат молба до граѓаните за разбирање, трпение и почитување на времената сообраќајна регулација.

„Ова не е само спортски настан, туку повик за заедништво, емпатија и поддршка. Веруваме дека Прилеп повторно ќе покаже дека има големо срце“, велат организаторите.

Пријавувањето за учество е веќе отворено, а организаторите ги повикуваат сите љубители на спортот и хуманоста да бидат дел од „Трка со срце – Prilep Run 2026“ и заедно да испратат силна порака дека хуманоста секогаш победува.

Регистрација на е-маил адресата: [email protected] или на телефонскиот број: 075 416 731

БРАВО! Прилеп има државни шампиони во ракомет

Екипата од ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ го освои ПРВОТО место на Државниот натпревар во ракомет. Дечките докажаа дека Прилеп е расадник на млади таленти со кои треба да се работи во иднина.

-Посветеноста, трудот, борбеноста и тимскиот дух донесоа заслужен успех и гордост за сите нас. Со секој натпревар покажавте дисциплина и интегритет. Честитки до нашата наставничка Теодора Кочоска, која го предводеше тимот. Шампиони, нека оваа победа ве поттикне кон уште поголеми успеси, стои во соопштението од ООУ “Кире Гаврилоски”.

Затвореници од прилепскиот затвор ја косат тревата на новите градски гробишта (ФОТО)

Врз основа на склучениот Меморандум за соработка со ЈКП Комуналец Прилеп, осудени лица од КПД Прилеп беа ангажирани во активности за уредување и одржување на просторот на новите градски гробишта во Прилеп – информираат од Управата за извршување на санкции.

-Со ваквите активности се придонесува за успешно вклучување и ресоцијализација на осудените лица, како и за создавање почиста и поуредена животна средина. Продолжуваме со заедничка соработка и активности во интерес на локалната заедница – стои во соопштението.