дома блог страница 135

По 20. пат прилепчани се поклонија пред својот заштитник и ја одбележаа градската слава Св. Никола (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Градот под “Марковите Кули” уште еднаш го прослави својот заштитник Св. Никола. Големиот христијански празник, кој за своја куќна слава го празнуваат во речиси секоја трета куќа во Прилеп, и оваа година со богат празничен ручек и музичка програма беше одбележан во центарот на градот.

Домаќини оваа година беа прилепските компании “МАТАДОР” и “БИМФУД”, а до година ќе биде “РУСТИКА КЕТЕРИНГ”.

Одбележувањето на празникот започна со Света божествена литургија во храмот Св. Благовештение, а со истата чиноначалствуваше Владиката Петар, а потоа следуваше Литија во чест на светецот низ улиците на градот.

Традицијата на одбележување на празникот започна пред 20 години, па досега повеќе компании од градот приредија богати посни трпези во центарот на градот, а гости секоја година им се голем број прилепчани и посетители од соседните градови.

Традицијата на празнување во централното градско подрачје ја започна поранешниот градоначалник на општината, Марјан Ристески, кој заедно со локалната самоуправа направија бренд од оваа манифестација.

Од 2006 година со акт на локалната самоуправа Св. Никола е прогласен за заштитник на Прилеп, а во центарот на градот беше подигнат и параклис во негова чест.

Трпезата како и секоја година ја сочинуваа малите поосни сармички, вкусното светиниколско гравче и риба, а посетителите се загреваа со топла ракија, греано вино и чај.

Токму посните сармички го внесоа Прилеп за прв пат во Гинисовата книга на рекорди. Во 2008 година во очи на празникот прилепчанки завиткаа 80.000 посни сарми, доволно за Прилеп да биде запишан и запознаен од светот.

ЗА МНОГУ ГОДИНИ!

Предновогодишно изненадете ги најблиските, DUKI DASO ја има најубавата понуда

Новата година не ја дочекуваме само со светилки, украси и желби – туку со мали гестови што носат големо значење. Подарокот не е само предмет, туку порака дека некој ни значи, дека сме помислиле на него.

Токму затоа, DUKI DASO нуди подароци кои се бираат со срце. Понуда создадена за празнични моменти, за насмевки под елката и за чувства што се паметат долго по празниците. Секое парче носи стил, топлина и внимание кон деталите – она што секој подарок треба да го има.

Без разлика дали сакате да ја израдувате саканата личност, член од семејството или близок пријател, со DUKI DASO подарувате нешто повеќе од подарок – подарувате чувство на грижа, блискост и љубов.

Овие празници, дозволете подароците да зборуваат наместо вас.
Изненадете ги најблиските со избор што остава трага.

DUKI DASO – кога подарокот доаѓа од срце!

Погледнете ја целата понуда на веб страната на DUKI DASO, ќе најдете за секому по нешто!

https://dukidaso.mk/

Донеси подарок, добиј гратис кафе! Благородна празнична хуманитарна акција на прилепско кафуле и Ротари Клуб

Oд 22 до 28 декември, Tabana Caffe Club и ROTARACT CLUB Прилеп, ќе реализираат одлична хуманитарна акција наменета за деца со посебни потреби.

Секој посетител кој ќе донира нов или внимателно спакуван подарок, како знак на благодарност ќе добие бесплатно кафе во Tabana Coffee & Billiard

Со секој дониран подарок директно придонесувате за создавање посреќни празнични моменти за децата со посебни потреби. Мал гест од ваша страна, голема радост за некого на кого му е најпотребна

📍 Локација: Tabana Caffe Club
📅 Датуми: 22.12 – 28.12
⏰ Време: 17:00 – 20:00

Заедно да ја споделиме празничната топлина и да покажеме дека хуманоста е најубавиот подарок.

Биди дел од акцијата! Биди хуман!

Точете гориво – големо поевтинување на бензините

Бензините од ноќеска се поевтини за два денара по литар, а цената на дизел горивата и на мазутот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 71 денар за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава 73 денари. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и понатаму ќе чини 66,5 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинството (ЕЛ-1) 65,5 денари, а Мазут М-1 НС 32,635 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 6,021 отсто, кај дизелот за 3,929, кај екстра лесното масло за 3,168 и кај мазутот за 0,401 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,6378 отсто.

Прилепчанец постигна 122 гола на 18 натпревари, и пак не се најде на списокот на Лазаров за Европско првенство

Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави списокот на ракометари кои ќе бидат во конкуренција за настап на ЕП 2026. Лазаров ќе смета на 21 ракометар за време на подготовките, а најмалку 18 од нив ќе патуваат за Хернинг.

Иако е прв стрелец со 122 погодоци постигнати во 18 натпревари, капитенот на РК Прилеп, Димитар Димитриоски, не се најде на поширокиот список на селекторот Лазаров, иако претходно беше во поширокиот список на ракометари.

Димитриоски сезонава од Шпанија се врати во Прилеп, каде е лидер на тимот и најзаслужен што прилепчани се’ уште можат да се надеваат на плеј-офф сезонава. Капитенот на РК Прилеп има дури и највисок процент на реализација од 81%.

Димитар често постигнува и по 10, 11, 12… погодоци на еден натпревар, и веројатно повторно “не заслужи” да го облече националниот дрес.

Maкедонија ќе ги започне подготовките на 22 декември, потоа заминува за Пореч каде на 28 декември е првиот пријателски натпревар против Хрватска. По Нова Година, репрезентацијата ќе биде дел од „Жолт Куп“ од 8 до 10 јануари во швјацарскиот град Винтертур, каде ќе тестира против домаќинот, Бахреин и Украина.

Еден ден пред прилепчани и битолчани го одбележаа својот заштитник на градот – Св. Нектариј Битолски (Фото галерија)

Ден пред прилепчани и битолчани го празнуваа својот заштитник на градот. Вчера утрото во Соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, со утринска богослужба и Света Божествена Литургија, со која чиноначалствуваше неговото преосвештенство Епископ Велички г. Никола во сослужение со свештенството, започна одбележувањето на Денот на заштитникот на Битола, „Свети Нектариј Битолски“.

На Светата Божествена Литургија присуствуваше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и претседателот на Советот, Бојан Бојкоски.

Потоа, следуваше Литија со моштите на „Свети Агатангел Битолски“, а во чест на патронот и заштитникот на Битола „Свети Нектариј Битолски“.

Градоначалникот Тони Коњановски, испрати честитка по повод празникот, посакувајќи доброто, секогаш да биде наша водилка на патот кон успехот.

„На сите сограѓани им го честитам Денот на Заштитникот на градот – Свети Нектариј Битолски. Неговата заштита нека биде постојано со нас. Секојдневието да го исполниме со љубов, меѓусебно почитување и добрина кои ќе не водат кон исполнување на високите вредности, со кои ќе ја градиме иднината на Битола, иднината на сите нас и генерациите кои доаѓаат“, рече градоначалникот Коњановски, честитајќи го Денот на заштитникот на Битола.

MINT Ins донираше училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“ (ФОТО)

MINT Ins продолжува со своите активности за поддршка на образованието и локалната заедница, овојпат преку донација на училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“.

Донацијата вклучува комплети со геометриски прибор, едукативни материјали и наставни помагала кои ќе придонесат за поквалитетна и подинамична настава, особено во делот на математиката и практичното учење. Со оваа поддршка, MINT Ins има за цел да создаде подобри услови за учење и да ги охрабри децата да го развиваат своето знаење со сигурност и љубопитност.

„Веруваме дека инвестицијата во образованието е инвестиција во иднината. Малите работи, како квалитетен училишен прибор можат да направат голема разлика во секојдневието на учениците и наставниците. Затоа со задоволство ја реализиравме оваа донација,“ велат од MINT Ins.

Од ОУ „Елпида Караманди“ упатија благодарност за поддршката, истакнувајќи дека ваквите донации се значајна помош во унапредувањето на наставниот процес и создавањето позитивна средина за учење.

Во две основни училишта донирани се и клима уреди.

Оваа активност е дел од пошироката општествено одговорна стратегија на MINT Ins, насочена кон поддршка на образованието, децата и заедницата во која компанијата активно делува. Компанијата и понатаму ќе продолжи со иницијативи што носат реална вредност и долгорочно позитивно влијание.

Мистepиja на гpoбот на Свети Никола: И покрај paзopниот земjoтpec останал целoceн – се останато било yништено (ВИДЕО)

Античката византиска црква која се наоѓа во турското приморско градче Демре, иако на луѓето им звучи како чудна локација, е едно од најголемите христијански светилишта. Зборуваме за црквата во Анталија, за која турските археолози тврдат дека е местото на кое е погpeбан Свети Никола.

Весникот “Хуриет” пред неколку години пренесе дека археолозите откриле недопрен храм и гpoбница под црквата Свети Никола во Анталија.

– Постигнавме навистина добри резултати, но вистинските работи допрва ќе се откриваат. Можеби ќе го пронајдеме и недопреното тело на Свети Никола – изјавил директорот на Агенцијата за истражување и споменици во Анталија, Ќамил Карабајрам.

Се верува дека моштите на Свети Никола се пpokpиумчарени од морепловци од областа Демре во Анталија во италијанскиот град Бари.

Според до сега пронајдените документи, турските археолози веруваат дека телото на светецот сеуште би можело да се пронајде во комплексот на храмот пронајден во Анталија.

– Постои гpoб кој е поразличен од сите останати во црквата. Гробовите на другите свештеници се на самите краеви од храмот, додека овој е на средина. Ѕидовите на гробот се и понатаму неоштетени, па веруваме дека тој е недопрен. Ова е мистерија, бидејќи, иако имало разорен земјотрес, овие ѕидови се сеуште на своето место, изјавил за Дејли Меил Карабајрам.

Пола Македонија слави, пола оди на слава: За многу години Свети Никола! Честит именден Никола, Нико, Николина…

Свети Никола е голем празник кој го чествуваме денеска, а како слава го има речиси секое трето македонско семејство. Трпезата е посна, а Свети Никола се смета за заштитник на морињата.

Христијаните веруваат дека Свети Никола Чудотворец на многу пати ги спасувал изгубените бродови и поради тоа тој е заштитник на морепловците, рибарите, бродовите.

Во христијанскиот календар, Свети Никола се слави на 6 декември според стариот Јулијански календар т.е. на 19 декември, според новиот Грегоријански календар.

И во прозните народни умотворби еднаш се раскажува како Св. Никола ги помага сиромасите, друг пат како добил два празника во годината.

Така на пример во една приказна запишана од ѓаконот Јосиф, од манастирот Пречиста Кичевска, објавена во цариградскиот весник “Новини” кон крајот на минатиот век, се раскажува дека едно време другите светци му завиделе на Св. Никола, затоа што многу бил почитуван и се поплакале на Бога.

Бог ја примил поплаката и веднаш испратил два ангела да го повикаат Св. Никола. Тие откако не го нашле по небото и по земјата го здогледале стреде море како крепи една гемија готова да потоне.

Му ја пренесле заповедта, а тој ги замолил да му помогнат да ја извадат ѓемијата на суво.

Виделе-не виделе ангелите му помогнале, а потоа така накиснат и со искинати алишта го одвеле пред Господа.

Тука во тој момент биле собрани и сите светци што се оплакувале на него. Господ само ги погледнал и ништо не рекол, а тие од погледот разбрале дека ако сакаат да бидат почитувани како Свети Никола треба да прават добри дела како што правел тој.

Тогаш, се вели во оваа приказна, Господ заповедал за сите светци да има по еден ден во годината, за Свети Никола два, а за преподобниот Касијан кој најмногу го кодошел на четири години еднаш да му се празнува денот на 29 февруари.

Нашинците во странство минатата година во Македонија испратиле 310 милиони евра

Македонците во странство минатата година испратиле во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП. Иако бележиме суфицит, личните дотации од странство кон Македонија во апсолутни бројки бележат пад во последните години од 319 милиони евра во 2023 и 331 милион евра во 2022 година.

Од земјите во регионот во апсолутни бројки најмногу дотации лани има дијаспората на Србија, која испратила 4.47 милијарди евра, потоа следи на Босна и Херцеговина со 1.99, Косово со 1.32, евра, Албанија со 1.28 милијарди и Црна Гора со 345 милиони евра.

Во 2024 година, суфицит во личните трансфери имаат девет земји од ЕУ, меѓу кои Хрватска (2,6% од БДП), Бугарија (1,3%) и Португалија (1,2%). Спротивно на тоа, Малта (-2,8%), Кипар (-0,9%), Белгија (-0,6%), Грција, Шпанија и Франција (секоја од -0,5%) покажаа најголеми дефицити на лични трансфери како дел од нивниот БДП, покажуваат податоците на Евростат.

Личните трансфери на пари испратени од жители на ЕУ кон лица кои не се жители на ЕУ, минатата година изнесуваат 52,1 милијарди евра, што е зголемување од 6% во споредба со 2023 година (49,2 милијарди евра), додека приливот на лични трансфери кон домаќинствата жители на ЕУ изнесува вкупно 14,8 милијарди евра, што е зголемување од 7% во споредба со 2023 година.