На 01.06.2026 во 14:38 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул.„Партизанска“ и ул.„Македонска фаланга“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Л.Х.(21) од Битола и патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.Т.(67) од Прилеп.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „пежо“, 76-годишната К.Т., додека со телесни повреди 56-годишната сопатничка од истото возило С.М., двете од Прилеп, констатирани во Клиничка болница Битола, информира МВР.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.

























