дома блог страница 122

Градоначалникот и заменик министерот садеа тутун заедно со тутунарите од Црнилиште (ФОТО)

Во екот на подготовките за новата тутунска сезона, заменик-министерот Албрим Хоџа и градоначалникот на Општина Долнени, Блерим Ислами, денеска беа во посета на селото Црнилиште, каде заедно со локалните земјоделци го означија почетокот на садење на жолтото злато.

Тие го посетија семејството Селмани, каде одблиску се запознаа со секојдневната работа и предизвиците со кои се соочуваат тутунопроизводителите. Домаќинот Есмир Селмани со скромно гостопримство ги пречека гостите, а жителите на селото ја поздравија посетата, истакнувајќи дека ретко високи функционери се симнуваат на терен и директно земаат учество во земјоделските активности.

Од посетата беше посочено дека годинава има зголемен интерес за одгледување тутун, а надлежните најавија дека поддршката за земјоделците ќе продолжи и во наредниот период.

„Тутунот останува важен економски столб за многу семејства, а нашата обврска е да бидеме присутни на терен и да ги слушнеме потребите на земјоделците“, било посочено за време на посетата.

“Тераса е вистински паб за убава дружба, во петок нè очекува прекрасна вечер со многу хитови”

Овој петок (08.05.), атмосферата во Pub Club Terasa oдново ќе ја загреат DUO FISH – момци кои носат посебна емоција и енергија. Им поставивме пет брзи прашања, а вие, еве зошто треба навреме да резервирате.

1. Каква вечер не’ очекува во петок?

-Во петок нè очекува прекрасна, спонтана вечер со многу познати македонски и ex-yu хитови.

2. Што најмногу ви се допаѓа кога настапувате на Тераса?

-Најмногу ни се допаѓа амбиентот, бидејќи е прав паб за фина, спонтана дружба.

3. Песна што мора да се испее заедно?

– „Ноќ ми те должи“

4. Што најмногу ви се допаѓа кај прилепската публика?

-Кај прилепската публика најмногу и отсекогаш ни се допаѓа тоа што во секој локал каде што сме настапувале гледаме публика од сите генерации – што се вели од 7 до 77. Во другите градови низ државата не е така како во Прилеп.

5. Зошто никој не смее да го пропушти петок?

-Петок не смее никој да го пропушти, затоа што очекуваме прекрасна вечер, спонтана (како и секогаш) – едноставно вечер за добро, опуштено петочно расположение.

Петок, 24.04. почеток 21:00 часот!

Резервирајте навреме на тел. бр. 070-304-967

ВЛТ НАВИВА: ВАРДАР ПРЕД ШАМПИОНСКИ ПЕЧАТ – ВЕЧЕРВА СЕ ИГРА НАЈГОЛЕМОТО МАКЕДОНСКО РАКОМЕТНО ДЕРБИ

ВАРДАР ПРЕД ШАМПИОНСКИ ПЕЧАТ – ВЕЧЕРВА СЕ ИГРА НАЈГОЛЕМОТО МАКЕДОНСКО РАКОМЕТНО ДЕРБИ

Македонскиот ракометен гигант РК Вардар 1961 вечерва е пред нов историски момент – освојување на шампионската титула и враќање на тронот во домашниот шампионат. Во СЦ Јане Сандански следува натпревар со огромен влог, дуел против вечниот ривал Пелистер, во најголемото македонско ракометно дерби.

Како партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија верува во победничкиот дух на тимот и типува на нов триумф и шампионска титула.

„Црвено-црните“ влегуваат во натпреварот со шампионски ритам и лидерска позиција на табелата со 54 бодови, а пред својата публика ќе имаат можност да стават конечен печат на сезоната. На Вардар му е потребен само уште еден бод за официјално враќање на титулата во своите витрини.

Дуелите меѓу Вардар и Пелистер отсекогаш носеле посебна тежина, страст и атмосфера, а вечерашниот натпревар носи дополнителен мотив, борба за шампионската круна пред преполна сала „Јане Сандански“.

Дербито, Вардар 1961 –Пелистер ќе почне од 19 часот во СЦ Јане Сандански.

Каде никогаш не треба да го монтирате клима-уредот?

Климатизерите се сè поприсутни во секој дом. Овие уреди носат освежување кога е жешко и топлина кога е ладно, помагаат во одржувањето на пријатна температура во просторијата, па дури и може да го подобрат квалитетот на воздухот.

Сепак, има еден важен детаљ што многумина го занемаруваат – ефикасноста и безбедноста на уредот во голема мера зависи од местото каде што е поставен.

Лошо избраната локација може да ги поништи сите придобивки од клима-уредот. Затоа е важно да се знае кои места треба да се избегнуваат и зошто.

Правилно избраното место за клима-уредот значи подобра ефикасност, подолг век на траење и, најважно, побезбеден и попријатен престој во просторот.

Под прозорец

На прв поглед, се чини практично да се постави клима уредот под прозорецот, бидејќи е поблиску до надворешната единица. Сепак, ова често е лошо решение. Студениот воздух постојано удира во стаклото и создава температурни разлики, што може да доведе до кондензација, па дури и мраз во зима. Со текот на времето, ова го оштетува прозорецот, ролетните и околните површини. Покрај тоа, вибрациите на уредот се пренесуваат на рамката на прозорецот, што може да ги ослабне споевите и да предизвика мали оштетувања. Наместо удобност, добивате дополнителни трошоци и полоша изолација.

Во близина на извор на топлина

Клима-уредот не треба да се поставува во близина на печки, камини, бојлери или други извори на топлина. Високите температури го оптоваруваат уредот, ја намалуваат неговата ефикасност и го забрзуваат абењето. Поважно е што деловите може да се прегреат, да се деформира пластиката, па дури и да се зголеми ризикот од пожар. Ваквите ситуации лесно се избегнуваат со правилно планирање на инсталацијата.

Во простории со голема влажност

Бањите, туш кабините и кујните со многу пареа не се погодни за стандардни клима-уреди. Влагата се собира на внатрешните компоненти, што доведува до корозија и електронски проблеми. Последиците се чести дефекти, полоши перформанси и поголема потрошувачка на енергија. Филтрите се затнуваат побрзо, а уредот мора да работи понапорно за да го постигне посакуваниот ефект.

Покрај електрични уреди со голема моќност

Поставувањето на клима-уредот во близина на електрични уреди или инсталации со голема моќност може да предизвика дефекти. Електромагнетните полиња влијаат на електрониката, особено кај модерните модели. Исто така, ризикот од прегревање и краток спој се зголемува, особено ако каблите се премногу блиску. Безбедното растојание е од суштинско значење за сигурно работење.

На ѕидови изложени на вибрации

Ако ѕидот е до лифт, просторија за складирање или друг извор на вибрации, тоа не е добро место за клима-уредот. Вибрациите се пренесуваат на уредот, го забрзуваат абењето и доведуваат до бучава. Со текот на времето, носачот може да се олабави и да се расипе. Иако на почетокот сè изгледа во ред, проблемите често се појавуваат по неколку месеци.

БИТОЛА ДЕНЕС ВО ЗНАКОТ НА ВИНОТО И МУЗИКАТА – Винскиот фестивал започнува од 18 часот на платото пред Офицерски дом

Вечерва започнува Винскиот фестивал во Битола, кој од 7 до 9 мај ќе го претвори платото пред Офицерски дом во центар на доброто вино, музиката и забавата. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата музичка програма, дегустација на вина и одличнафестивалска атмосфера.

Програмата започнува во 18:00 часот со настап на resident DJ, кој ќе ја загрее атмосферата до 19:30 часот. Од 19:30 часот ќе настапи групата B52, додека од 21:00 часот следува „Пауза за ракија“, дел посветен на традиционалните вкусови и дружењето.

Забавата продолжува со DJ Carlito, кој ќе настапува од 23:00 до 00:30 часот. Оваа година учество на фестивалот земаат винариите Тиквеш, Попов, Монтеко, Сопот, Лазар, Бовин, Буре, 5ка и Винарија Охрид, кои ќе понудат богата селекција на македонски вина и уникатни вкусови за сите посетители.

Винскиот фестивал носи спој на урбана атмосфера, квалитетна музика и врвна винска понуда, а битолчани и посетителите од целата држава ќе имаат можност три дена да уживаат во уникатно фестивалско доживување под отворено небо.

Новата американска амбасадорка во прва официјална посета на Битола

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски и секретарот на општината Борче Димитровски денеска имаа средба со Никол Варнс вршителка на должноста амбасадорка во Амбасадата на САД во Македонија, која е во прва официјална посета на Општина Битола.

На средбата беа констатирани добрите пријателски односи на Македонија со стратешкиот партнер САД.

Коњановски и Димитровски во срдечен разговор со неа разменија мислења за актуелните состојби во земјава, ја запознаа со Битола градот на културата, традицијата, историјата, истакнувајќи ги можностите за продлабочување на соработката на сите полиња.

Градоначалникот Коњановски и подари пригоден подарок во знак на пријателството меѓу двете земји и двата народи, спомен кој ќе ја потсетува на нејзината прва официјална посета на Општина Битола.

Момироски: “Два месеци нема плата за ЈКП Пазари”

Во најавата за редовната петочна колумна, новинарот Зоран Момироски се осврна и на состојбите во јавните претпријатија во Прилеп.

-Два месеци нема плата за 24 вработени во ЈКП Пазари, а нема и директор на оваа ,,златна кокошка,, меѓу прилепските јавни претпријатија. Но затоа ЈКП Пазари располага со 350 тезги и 26 дуќани. Капитал преку кој може да се остварува солиден приход и стабилна финансиска подлога. Поради недостиг на разбирање за измени на Законот за храна, зеленчук, диви продавачи, па и од малски продавници зеленчукот загаден и опасен по здравјето на луѓето се продава на тротоари, на улици и раскрсници, а од овој хаос претпријатието губи 35% помалку од планираните приходи, или околу 3.000.000 денари годишно, пишува Момироски.

Колумната за минатонеделните случувања во Прилеп, читајте ја во петок – ТУКА

Koнцерт на култните “МИЗАР” во амфитеатарот во Варош

Во склоп на манифестацијата „Денови на Крали Марко“ што секоја година се организира во подножјето на марковите кули, Општина Прилеп ќе ги почести граѓаните со концерт на групата МИЗАР.

Концертот ќе се одржи во недела на 17. мај 2026г во Амфитеатарот во Варош со почеток во 20.00ч.
Големиот македонски бенд и бренд „Мизар“ во рамките на одбележувањето на 45 години од нивното постоење, пред прилепската публика ќе се претстави со специјално подготвена „бест оф“ програма, која опфаќа теми создадени во изминативе неколку децении.

Бендот кој ни оставил богатото музичко наследство создадено со албумите „Мизар“, „Кобна убавина“, „Свјат Dreams“, „Детето и Белото море“, „Поглед кон цветната градина“, „Вечна празнина“ ќе ни понуди теми од својот повеќедецениски опус, со кои оставиле голем белег не само во македонската музика, туку и во македонската култура….. „Градот е нем“, „Униније“, „Магла“, „Дождот“, „Девојка од бронза“, „Истекувам“, „Константинопол“, „Почесна стрелба“ , „Сонце златно“ и др.

Важно известување од битолски Водовод до граѓаните

Известување од ЈКП Водовод и канализација Битола:

-Ве информираме дека на ден 07.05.2026 (четврток), поради изведба на реконструкција на водоводна линија на ул.210-та, со прекинато водоснабдување ќе останат корисниците на ул.Лавчански пат,на потегот од црквата Св.Благовештение кон село Лавци,во периодот од 09:00 часот па се до завршување на работата. Ви благодариме на разбирањето.

Исто така заради пообемна интервенција на канализационата мрежа поради поголем дефект, в недела на 10.05. дел од булеварот „1 Мај“ од зградата на судот до Црн мост ќе биде затворен за сообраќај.
Зафатот ќе биде од поголеми размери при што треба да се направи отвор длабок и до 6 метри.
Улицата ќе биде затворена за сообраќај до завршување на интервенцијата.

„Едмонд“ на Битолскиот театар во официјална програма на годинешниот јубилеен МТФ „Војдан Чернодрински“

Од 5 до 12 јуни 2026 година, во Прилеп ќе се одржи јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Оваа година десет претстави се избрани да бидат дел од официјалната програма и четири во придружната. Фестивалот годинава се одржува под мотото „Храбриот нов театар“, и темата „Кризата на човекот во општеството и кризата на општеството во човекот“.

НТБ Битола е дел од официјалната програма со претставата „Едмонд“ од Дејвид Мемет, во режија на Оливер Мицевски. Авторот е добитник на Пулицерова награда, а неколку пати е номиниран за Оскар.

„Едмонд“ е претстава за една ноќ во животот на Едмонд Бурк прикажана во 23 кратки сцени со препознатливиот остар јазик на еден од најдобрите современи американски, но и светски драмски автори – Дејвид Мeмет. Она што ја прави посебна оваа драма се не само кратките рафални реплики на авторот, прикажани во контекст на кризата на современиот човек, туку и режисерската постапка на Оливер Мицевски, кој решава да ја изгради претставата врз доминантната актерска естетика на Огнен Дранговски.

Едмонд е човек кој една ноќ остава сè што знае во својот живот и решава дека треба да исчекори надвор од конвенциите. Тој сосема наивно, но никако невино, си игра со концептот на слобода и како бумеранг му се враќа сето она што смета дека му стои на патот. Во оваа продукција на Народниот театар од Битола имаме можност да видиме современ и актуелен прочит на драмата на Мамет, која барем за миг донесува
автентична театарска приказна на македонските сцени“, стои во соопштението на проф. д-р Ана Стојаноска, уметничката директорка на фестивалот, театролог и писателка, за селекцијата на оваа претстава.

Ликот на Едмонд го игра Огнен Дранговски, а покрај него во претставата се и: Валентина Грамосли, Соња Михајлова, Марјан Георгиевски, Ана Грамосли, Борче Ѓаковски, Александар Стефановски, Филип Мирчевски,
Викторија Степановска-Јанкуловска и Маја Андоновска- Илијевски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски, а музиката на Марјан Неќак.

Фестивалот „Војдан Чернодрински“ ќе биде отворен со претставата „Мачкина глава“ на Драмскиот театар, која е селектирана во официјалната програма, а ќе биде затворен со гостување на Београдско народно​
позориште, кое ќе ја изведе последната праизведба на „Црно злато“ во режија на Оливер Фрлјиќ, по текст на Дејан Дуковски, Авторот во фокус на фестивалот годинава. По повод јубилејното издание ќе бидат доделени 4 награди за животно дело и тоа на: Атила Клинче, актер, Сашо Миленковски, режисер, Љубомир Чадиковски, основач на Театар за деца и младинци и сценограф и Веби Ќерими, актер.