дома блог страница 1219

Гулабоски промовираше историски проект за ЈКП Водовод Прилеп

Денес во просториите на Пречистителната станица на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп, директорот Игор Гулабоски одржа редовна брифинг средба со медиумите.

На истата директорот ги сподели информациja дека пречистителнта станица на претпријатието во Прилеп е прва пречистителна станица во Македонија, која произведениот метан пробно може да го користи за производство на електрична енергија, за потребите на самата пречистителна станица.

-Во постапка е целосно процесуирање на овој процес со релевантните институции со цел да може во иднина пречистителната станица целосно да се потпира на искористеноста на метанот. Во моментов таа може да задоволува 12-15% од сопствените потреби. Но, директорот г-н Гулабоски истакна дека очекува оваа 2023 година со одредени вложувања да може да се зголеми произведениот метан од самиот процес на пречистителната станица со што би можело да се покрие и до 20% на елктрична енергија на потрошувачката на станицата и секако доколку се финализира целата започната институционална постапка. ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп секогаш прв и секогаш во интерес на градот и граѓаните, но и во грижата за животната средина со што се подобрува квалитетот на животот на целото население – информираше на средбата со новинарите Гулабоски.

Расчистени 5 тешки кpaжби – Падна 23-годишен битолчанец

Денеска (27.01.2023), полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршиле службен разговор со Б.В.(23) од Битола.

Тој се сомничи дека извршил пет тешки кражби, при што од куќи, објект и возило, на подрачјето на Битола, одзел повеќе предмети.

Во разговорот во полициска станица Б.В. ги признал делата, а дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

За секоја пофалба: Ученици од Прилеп со нивниот наставник на посебен начин го започнуваат секој училиштен ден (Фото)

Одделенскиот наставник во ООУ “Kире Гаврилоски”, Никола Кузески, на посебен начин го почнува часот со своите ученици, а целта е децата да стекнат здрави животни навики, преку консумирање здрава храна и преку едукација за се’ она што е здраво за нивниот раст и развој. Нивното мото е:”Нашето тело е единственото место каде можеме да живееме”.

“Секој ден го започнуваме со разговор за здравјето, здравата храна и градењето здрави животни навики.

Државата пред се, воспитно-образовниот кадар и родителите мора, да ги здружат силите, ресурсите и алатките за да ги обучат децата во оваа важна витална тема.

Со учениците мора почесто да се разговара за тоа што е здрава храна и да им се објасни што е контрапродуктивно во нивната исхрана.

Лошите навики во исхраната доведува многу деца да имаат прекумерна тежина, а тоа понатаму носи ризик од здравствени проблеми.

Проблемот не е само во храната. Здравиот живот на детето зависи и од неговата секојдневна физичка активност. Детето мора да дише свеж воздух, да оди надвор да игра, да трча и да ужива во паркови, планина…”, вели наставникот Кузески.

Секоја чест за идејата, и нека ваквиот начин на едукација на младите послужи како пример, за сите останати просветни работници.

Дошле во Прилеп па си ги измериле cилите, а потоа агpecивно се однесувале и кон полициjaта

На 26.01.2023 во 21.00 часот на ул.„Леце Котески“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги привеле В.Д.(35) од с.Чардаклија, штипско и Џ.Д.(38) од Скопје, двајцата со престој во Прилеп, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка и агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Внимавајте: Водата на овие места во околината на Прилеп не одговара за употреба

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерното место локален водоснабдителен систем Ореовец – јавна чешма сред село – водоводна мрежа, л.в.с. Плетвар – јавна чешма – водоводна мрежа и Плетвар – крајпатна чешма Че – водоводна мрежа не одговара за употреба.

Град на дyxoви: Погледнете како изгледа украинскиот град Херсон откако беше ocлободен од украинската вojcка (ВИДЕО)

Јулија Мендел, поранешна портпаролка на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави видео од ослободениот украински град Херсон. Видеото, според Мендел, го прикажува центарот на Херсон морничаво празен.

„Погледнете го Херсон. Ова е центарот. Град на духови. Пред војната, во градот живееја 330.000 луѓе“, напиша Мендел на Твитер со видеото.

Херсон е главен град на истоимениот регион на југот на Украина. Русите го окупираа во првите недели од војната, а украинската војска го ослободи по деветмесечна окупација, кога Русите се повлеко на другиот брег на реката Днепар. Но, оттогаш Русите редовно го гранатираат градот, кој е напуштен од поголемиот дел жители.

Полицијата aпceше млади битолчани – меѓу нив и малолетник

На 26.01.2023 на ул.„Гаврило Принцип“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода И.Ф.(23), А.К.(20) и еден малолетник, сите од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Мирчески од “Канал 5” брилијантен во својата објава за Бугарите

Директорот на Канал 5 новинарот Иван Мирчевски со иронична забелешка за инцидентот во кој настрада дилерот со дрога кој се чувствувал како Бугарин по што официјална Софија почна дипломатска војна со Македонија.

Мирчевски со доза на сарказам од полицијата бара во билтенот на инциденти да се запишуваат за сите учесници и жртви дали имаат бугарско самочувство.

,,Ги замолувам службите од МВР , кога ќе пишуваат извештаи за прекршоци од изминатото деноноќие, доколку дојде до тепачка, борба, газење од ќотек…задолжително на крај на настанот да посочат – има или нема некој од учесниците во настанот кој е Македонец со бугарска самосвест.

Не за друго, како тргнале се плашам дека и кафекуварката од Бугарската амбасада ќе ја повлечат, па после ќе нема кој да му одаде нова почит на Пеле ако повторно почине (ваљда и Пеле имал бугарски корени), пред Бугарската амбасада со топка во рака.

Значи после настанот, има или не – Бугарин во некоја тепачка. За да можеме помирно да живееме или да знаеме дека ќе долета нов авион од Софија”, пишува Мирчевски во ,,мајтап” пораката објавена на социјалната мрежа LinkedIn.

Извор: “Expres.mk”

Граѓани се организираат да им го блокираат патот на Бугарите кои на 4 февруари ќе се упатат кон гpoбот на Гоце Делчев

На социјалните мрежи се појави повик до граѓаните на 4 февруари да ја блокираат патарината Куманово – Скопје со цел да се запрат бугарските граѓани кои сакаат да дојдат во Скопје за да поклонат пред гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

„Повик до сите родољуби! Дојдете со камиони, трактори, автомобили и друга машинерија и поддржете го протестот. Кумановчани – ве повикуваме во 9 часот да ја блокирате патарината кон Скопје. Да не дозволуваме бугарските нео-нацисти да плукаат по споменот на великанот Гоце Делчев“, стои во објавата.

Бугарската фондација синоќа на социјалните мрежи објави насоки за Бугарите кои на 4 февруари планираат да дојдат во Скопје.

Прилепчани конечно видоа снег зимава, ама на повисоко (Фото/Видео)

Снежните врнежи кои од вчера ја зафатија Македонија не го одминаа ниту Прилеп. Иако само на повисоките места, прилепчани конечно зимава имаа прилика да видат снег.

Снег вееше и во градот, но кратко време и тоа не беше доволно да се формира снежна прекривка.

Инаку според УХМР, времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег, а во некои од пониските места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 1 до 5 степени.