Во акциска на МВР казнети 18 возачи на моторцикли на територијата на СВР Битола

Во текот на денешниот ден (29.04.2023)во период од 12.00-18.00 часот спроведена е локална акциска контрола на територијата на Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 18 возачи.

Од нив, 13 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, четворица возеле без возачка дозвола, еден нерегистриран…. За време на контролата санкционирани се и други видови на сообраќајни прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.