дома блог страница 120

Шампионски настап на прилепските гимназијалци на Државниот натпревар по англиски јазик

На 09.05.2026 во организација на ELTAM МК (Ацосијација на наставници по англиски јазик на Мaкедонија), се одржа државен натпревар по англиски јазик за средните општински училишта во просториите на Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје. Гимназијалците од “Мирче Ацев” Прилеп ги постигнаа следните резултати:

Ученици од Втора година:

Тамара Николоска, трета награда – (Ментор: Панде Грабулоска Танеска)

Ученици од Трета година:

Ева Петреска, прва награда – (Ментор: Златко Костадиноски)

Ана Јованоска, прва награда – (Ментор: Маринко Шлакески)

Честитки за учениците и нивните наставници и уште поголеми успеси во иднина!

Еве зошто прилепската Гимназија е гордост за градот и желба на секој деветтоодделенец

Нов државен натпревар по Македонски јазик, нова државна награда од СОУ Гимназија “Мирче Ацев”

Дeнеска, 9.5.2026 год, во просториите на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” во Скопје се одржа Државниот натпревар по Македонски јазик и литература за ученици од IV година, за матурантите.

Во името на Ивана Атанасоска го имаме новиот вицешампион со фантастичен резултат и со тоа се продолжува низата и на Ивана и на менторот Мартин Наумоски, но и на Гимназија “Мирче Ацев” на одлични резултати во последните неколу години.

Имено, Ивана во своето четиригодишно гимназиско образование имаше исто толку учества на државен натпревар и освои дури две први места (II и III година и две втори места во I и IV година).

Ментор во сите овие години беше проф. Мартин Наумоски.

Уште еднаш се покажува дека Гимназијата во Прилеп е вистински расадник на ученици кои со квалитет и љубов го негуваат мајчиниот јазик и покажуваат како се сака и како се почитува истиот.

Во последните 5 години, државниот натпревар по Македонски за гимназијалците донесе ЧЕТИРИ ПРВИ МЕСТА, ДВЕ ВТОРИ И ЕДНО ТРЕТО што е фантастичен успех на сите инволвирани.

Честитки за Ивана, менторот и Гимназија “Мирче Ацев”. Нека се множат успесите.

28 милиони прегледи за само 90 дена – Markukule.mk продолжува да расте со рекордно темпо!

Во време кога вниманието на публиката е најтешко да се задржи, бројките повторно потврдуваат дека Markukule.mk е медиум кој секојдневно го следат илјадници луѓе.

Во изминатите 90 дена, нашата Facebook страница оствари неверојатни 28 милиони прегледи, со раст од дури 65%, додека интеракциите достигнаа 221.600 реакции, коментари и споделувања, што претставува зголемување од 54,2%.

Овие бројки не се само статистика, тие се доказ дека содржината што ја објавуваме допира до луѓето, предизвикува реакции и создава доверба кај публиката.

Дополнително, нашата заедница продолжува постојано да расте. Од почетокот на годината до денес, Facebook страницата на Markukule.mk порасна од 78.266 на 81.556 следбеници – односно повеќе од 3.200 нови луѓе кои одлучиле секојдневно да нè следат, читаат и да бидат дел од нашата приказна.

Тоа значи само едно – Markukule.mk денес е многу повеќе од информативен портал.

Тоа е медиум со силен локален досег, активна публика и реално влијание.

📈 Што значи ова за бизнисите и компаниите?

Со промоција преку Markukule.mk добивате:

✅ огромна видливост
✅ активна и лојална публика
✅ силен локален досег во Прилеп и регионот
✅ содржина што луѓето ја читаат и споделуваат
✅ можност вашата порака да стигне до десетици илјади луѓе секој ден

На крај, најголемата благодарност оди до нашите читатели и следбеници.

Вашата доверба, секој коментар, реакција и споделување се најголемата мотивација да продолжиме уште посилно.

Ви благодариме што сте дел од растот на Markukule.mk – медиум кој секој ден го избираат илјадници луѓе.

Прилепчанки веќе го открија третманот за извајана силуета – ако вие се’ уште не знаете како, тогаш еве го решението

Во свет каде што секојдневието остава траги врз нашето тело, понекогаш најважно е да си подариме момент за себе, момент на нега, самодоверба и чувство дека повторно се враќаме во сопствената кожа. Токму затоа, во салонот Ласер и Убавина во Прилеп, убавината не се третира само како изглед, туку како чувство на леснотија, грижа и нова енергија.

Со современиот третман за body wrapping и професионалната линија на Eberlin Biocosmetics, салонот нуди длабинска нега која делува токму таму каде што е најпотребно. Овој третман не е само обична естетска процедура, тоа е процес кој му помага на телото да се ослободи од задржаните течности, да ги намали локализираните масни наслаги и повторно да ја врати цврстината и свежината на кожата.

Активните креми и гелови на Eberlin ја стимулираат микроциркулацијата и природниот процес на термогенеза, додека самото body wrapping создава идеални услови за максимално впивање на активните состојки. Резултатите се видливи уште по првите третмани, поизмазнета кожа, намален обем и чувство на леснотија кое се забележува и однадвор и одвнатре.

Но најважно од сè е чувството кое останува по секој третман – чувството дека конечно сте направиле нешто добро за себе.

Доколку сакате професионална нега, стручен пристап и третмани кои носат реални резултати, контактирајте го Ласер и Убавина на 070 287 842 или посетете ги во самиот центар на Прилеп, на булевар „Гоце Делчев“, во зградите спроти „Палма Шоп“ (влез 1, стан 7).

Младите кошаркари заслужуваат полна сала денеска за нокаут фазата против Феникс

Младата екипа на прилепски Мега Баскет која се натпреварува во Втората лига – Запад, денеска со почеток од 17:30часот во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, го пречекуваат Феникс од Скопје.

Дуелот е во рамките на осминафиналното разигрување во плеј-оф рундата, а младите надежи на Мега Баскет заслужуваат полна трибина и поддршка.

Да ја исполнеме салата во “Добре” до последно место!

Николоски: Следната година очекувам да се вози по една лента на автопатот Прилеп-Битола

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со силна динамика. Веќе следната година едната страна од автопатот ќе биде целосно завршена и граѓаните ќе можат да возат по нов асфалт, додека комплетното автопатско решение се очекува да биде финализирано до 2029 година, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во поткастот „Ноќно студио“.

-Автопатот Прилеп-Битола од една страна е нешто што е дамнешна желба. Од друга страна, веќе влезе во паневропските коридори. Тој коридор кога ќе биде завршен и од македонска и од грчка страна, ќе го скрати патувањето помеѓу Скопје и Атина за некаде до 3 часа, што многу ќе значи за економијата и за бизнисот. Едната страна од автопатот ќе биде целосно завршена веќе следната година, а комплетното автопатско решение заедно со сите споредни инфраструктурни објекти како: клучки, натпатници и споредни патишта, се очекува да биде финализирано до 2029 година, истакна вицепремиерот Николоски.

Според него, новиот автопат ќе биде значајна алтернатива на Коридорот 10- д и ќе овозможи побрзо поврзување меѓу Скопје и Атина.

Професорка од прилепското СОУ „Орде Чопела“ прогласена за „Наставник на годината“

Големо признание за прилепското средно училиште СОУ „Орде Чопела“ и за професорката д-р Мирјана Стојческа Ѓорѓиоска, која на Националниот натпревар на ученички компании во организација на Џуниор Ачивмент Македонија беше прогласена за „Наставник на годината“.

Ова значајно признание претставува потврда за нејзината долгогодишна посветеност, креативност и несебична поддршка кон учениците, кои преку нејзиното менторство добиваат поттик за иновативно размислување и развој на претприемачки идеи.

Од училиштето посочуваат дека трудот, ентузијазмот и континуираната поддршка што професорката им ја дава на учениците биле препознаени и наградени на национално ниво, а признанието „Наставник на годината“ претставува голема чест и за самото училиште.

„Честитки за ова значајно признание и благодарност за инспирацијата што секојдневно им ја пренесува на учениците. Горди сме што ваков наставник е дел од нашето училиште“, велат од СОУ „Орде Чопела“.

За денови што се паметат: Од важен момент до нов почеток

Постојат денови што не се само датуми во календарот. Денови што носат емоции, возбуда, малку трепет и многу очекувања. Денови што ги паметиме долго после кога ќе поминат. Денови што не се повторуваат.

Моменти што ги планирате со недели, ги замислувате со месеци и ги паметите засекогаш. Матура, свадба, роденден или посебна прослава, тоа се денови кога сè треба да биде токму како што сте го замислиле.

Но, реалноста често носи еден предизвик: како да се организира сè без да се создаде дополнителен финансиски притисок?

Кога секој детаљ е важен а времето и буџетот не се на ваша страна

Кога се ближи ден што се памети, сè одеднаш станува поважно, деталите, емоциите, моментите што ќе ги раскажувате со години.

Чеклистата ви е веќе во глава: облека што ќе ве направи да се чувствувате самоуверено, чевли што ќе издржат цела ноќ танцување, букет што ќе го украде вниманието, фотографии што ќе раскажуваат приказни и прослава што ќе се памети.

Подготовките често доаѓаат со ограничен буџет и кратки рокови. Трошоците се натрупуваат, а желбите остануваат исти. Во тие моменти, потребно е решение што ќе ви овозможи да продолжите со плановите, без одложување. Токму тука е Минт Кредит – како Ваш тивок сојузник зад сцената.

Минт Кредит – Решение за прослави и моменти што вредат

Токму затоа постојат решенија што ви дозволуваат да се фокусирате на суштината – на моментот, а не на грижите. Со брза и едноставна поддршка, можете да ги претворите плановите во реалност, без да правите компромиси со она што ви значи.

Со Минт Кредит, можете да ги реализирате сите ваши планови брзо и едноставно. Наместо да одложувате или да правите компромиси, добивате можност да се фокусирате на она што навистина е важно, искуството.

-Брзо одобрување за само 10 минути​
-Едноставна онлајн апликација
-Износ до 300.000 денари
-Флексибилни услови за отплата до 60 месеци

Ова значи дека можете да ја испланирате вашата прослава без стрес и без непотребни ограничувања. Затоа што секоја прослава не е само трошок – таа е почеток. Почеток на ново поглавје, нови спомени, нови приказни.

Минт Кредит – Прославете ги важните моменти без финансиски стрес

Со финансиска флексибилност и брз процес на одобрување од Минт Кредит сè станува поедноставно. Наместо да размислувате „дали ќе можам“, почнувате да размислувате „како ќе изгледа“. А тоа е огромна разлика.

Од важен момент до нов почеток – токму таму се случува вистинската вредност. Во чувството дека можете да го доживеете денот како што го замислувате, без ограничувања.

И на крајот, не се памети бројката. Се памети насмевката.

Мирјана Стеваноска го напушти ЗНАМ и коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Прилеп

Советничката од ЗНАМ, Мирјана Стеваноска, на стартот од денешната 14-та по ред седница на Советот на општина Прилеп, истакна дека отсега ќе биде независен советник, и нема да ги претставува ставовите на партијата која што ја кандидираше, ниту политиките на заедничката коалиција во Советот.

“Оваа одлука ја донесов по сопствено убедување, не прифаќам политички молк и слепо гласање, затоа одлучив да дејствувам самостојно”, рече во своето излагање Стеваноска.

Ставаноска е втор избран функционер деновиве од ЗНАМ која носи одлука да настапува како независна. Претходно тоа го стои пратеникот во Собранието на државата, Миле Цеков.

Стеваноска беше носител на советничката листа на ЗНАМ на локалните избори минатата година, и единствен советник од оваа партија во Советот на општина Прилеп.

Денеска е Марковден: Честит именден на сите МАРКОВЦИ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 април. Денеска е Св. апостол и евангелист Марко.

Именден празнува Марко.

Светиот апостол и евангелист Марко е христијански апостол и светец, сопатник и помошник на Апостол Петар, којшто во своето Прво послание го нарекува син свој, не син по тело туку по дух. Така го напиша Светото Евангелие, коешто го виде и го посведочи за вистинито и самиот апостол Петар. Тој го постави Марко за епископ и го испрати на проповед во Мисир. Така тој беше првиот проповедник на Евангелието и првиот епископ во Мисир. Мисир беше сиот притиснат од густиот мрак на незнабоштвото, гатањето и злобата. Со Божја помош Свети Марко успеа да го посее семето на Христовата наука низ Ливија, Амоникија и Пентапол.

Славење и обичаи

Неговиот спомен се празнува на 8 мај/ 25 април и не се смета за тежок празник. Во Гевгелиско мажите работеле, а жените го држеле за празник. Се празнувал за заштита од град. Се верувало дека ако работат град ќе го отепа полето. Поради тоа никако не влегувале во бавчата или во лозјето. Во селото Гореме, Светиврачко, овој ден бил празник на селото. Над селото имало мала височинка што се викала Кукувица и тоа место се сметало за свето место што е под заштита на светиот евангелист Марко. Не се знае од кога, но најверојатно од заселувањето на селото на овој ден, на тоа место се давало курбан за тој светител. Курбаните се колеле денот пред празникот, односно на 7 мај.

Пред да се заколеле курбаните свештеникот читал соодветни молитви. Кога ќе ги заколеле курбаните биела камбаната и престанувал секаква работа: орање, сеење, копање и др. Сите курбани се готвеле во големи селски котли под ридот Кукувица. За тоа време жените готват храна како: оризарник, баница, погача и др. Околу четири часот попладнето ја товареле храната на коњи и целиот народ одел на ридот Кукувица. Таму свештеникот светел вода и сите ги попрскувал со неа. Потоа ги кадел трпезите по што ја ставале храната. Мажите седнувале на софрите, а жените раздавале од храната. Откако ќе јаделе започнувале со ора и песни. На стемнување се враќале во селото каде што продолжувала веселбата до доцна во ноќта. Утрото на 8 мај, на денот на св. евангелист Марко, се служела божествена литургија, а потоа се правела веселба со ора и песни што траела цел ден. Во селото постои и легенда за Св. Марко.

Легендата раскажува дека во турско време на селаните им било забрането на Марковден да одат во месноста Кукувица, и им било наложено вода да светат во селото. На местото Кукувица Турците направиле касарни и тука престојувала војската. Секоја ноќ на начелникот му се јавувал белобрад старец со бела капа на главата и на неа крст, во рацете држел патерица и многу го мачел неговиот син. Начелникот загрижен за страдањата на својот син пошол кај еден старец во селото и му ја раскажал својата мака.

Овој веднаш се сетил дека тоа е светецот кој му се озмаздува затоа што забранил на неговиот ден да одат на местото Кукувица и да светат вода. Потоа повикале и свештеник кој му го кажал истото. Тогаш Турчинот го замолил свештеникот да свети вода на Кукувица и да ги попрска касарните и војниците со светена вода. „Се поклонувам пред тој ваш свет обред“, рекол Турчинот. Оттогаш веќе син му ништо не го мачело. Потоа на селаните им дозволил на ридот Кукувица да го изведуваат обредот и да светат вода како и порано. А кога се приближил празникот Турчинот подарил три овни да ги заколат за курбан на празникот Св. Марко.

Друго народно верување

Според народното верување ако на Ѓурѓовден некој го дочекал утрото во постела или тој ден некој му предал сон – значело дека во текот на целата година ќе биде дремлив, а можеби и болен – тој треба да отспие и на Марковден, зошто така ќе се „излечи“ од поспаност и болест.

Ако не сте дремнале на Св. Ѓорѓи, немојте ни на Марковден зошто цела година ќе бидете троми и поспани.

Значи, ако не сте го преспале Ѓурѓовден, вечерва легнете во некое нормално време, за да се разбудите наутро наспани и весели, а ако сте го преспале Ѓурѓовден вечерва легнете кога сакате и слободно преспијте го и Марковден.